Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. puzzle

    puzzle Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    19
    Не разбирам што те мачи поточно?
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    А што очекуваш да се случи за 1 и пол недела? Да се земете и да имате 3 деца.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond.bunny

    blond.bunny Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    122
    па си свагила дека не е за тебе,фала богу со време и кажиму отворено да не си прај филмови :)
     
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Јас имам дечко поголем од мене 7 години. супер ни е..немојте одма да мислите оти ми е проблем. не е. не бара ништо од мене и знам дека ќе ме чека и ме сака. но моите не ми дозволуваат да бидам со него поради неговите години. како да им објаснам ? што да правам?
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Зависи ти на колку години си?
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    На профилот ти видов и претпоставував дека имаш тука некаде години. Па и реално твоите се во право. Ти си дете сега сигурно ќе бидеш 1 години. И со тек на време ќе сфатиш дека вакви врски не успеваат. Тој сега може да ти вика дека ќе те чека, дека ќе те сака но верувај дека не е така. Најотворено ќе ти кажам не сум била со некој толку постар од мене ама сум видела 1000 примери. Ти дома ќе учиш или ќе си на училиште а што мислеш дека ако ти рекол дека ќе те чека дека сигурно ќе те чека и во меѓувреме нема да најде некоја друга? Да речеме тебе ти дозволуваат да излегуваш до 12, тој е слободен може до колку сака мислеш дека откако ти ќе си заминеш тој нема да отиде со некоја на негова возраст? Пред се како ќе се прилагодиш ти на неговото друштво? Тие сите се сигурно колку него и девојките на нивните другари се сигурно толку што ќе бараш ти таму дете од 14 години? Размисли прво за овие работи па ке праеме муабет. Кое е тоа машко што на 20 години ќе се занимава со дете од 14 години? Сега за сега ти е супер ама по некое време тој ќе почне да ти бара секс ова тоа да те наговара како сите го направиле тоа на оваа возраст и пред да се случи тоа остави го. Секако си дете ќе го сакаш 1/2/3 па и 5 месеци и на крај ќе сфатиш дека никогаш не си го ни сакала.
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не мора секс да и бара таа е дете јас да сум и родител убаво ќе ја исплескам по газот.Мувај си се таму со деца твоја возраст, а не пак со некој зрел, ај да не го наречам педофил.
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не мора да и бара ама тој е голем и си има свои потреби. И јас лично не верувам дека тој сигурно ќе се замара со дете од 14 години. Тојј сега може да и симнува ѕвезди од небо од било која причина ама сигурно си има и некоја друга. Ајде и јас сум дете, ама вие Daleron сте мајка и имате ќерка и кажете и дали би дозволиле на вашата ќерка да се мава наоколу со некој 20/21 годишен 7 години постар од неа само затоа што и ветил дека ќе ја чека и сака? И освен тоа кој уште верува во такви ветувања? :^)
     
  9. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Јас искрено се чудам како некој излезен од тинејџерските години се заинтересирал за 14 годишно девојче :x
    Твоите се во право, имаш врсници, најди си симпатија приближно на твоја возраст, ке си имате заеднички теми, заеднички пријатели...едноставно ке раснете заедно.
    Раликата од 7 години, не е голема после дваесеттата година, ама сега, на твои 14 години, не дека не е занемарлива, туку и е несфатлива.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    И јас се чудам како е заинтересиран ама имам видело 100 примери со вакви ветувања дека ќе ја сака, ќе ја чека, годините не се пречка и бла бла илјада такви глупости ама на крај ќе ја напнува за да му даде со разни изговори дека и било време бла бла ова тоа и затоа го кажувам ова тука јас не велам дека ќе се случи ама за да не се излаже девојчето и да не биде касно нека си се тргне додека е време а и воопшто се прашувам што може да види 20 годишен дечко во дете од 14 години?
     
  11. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Точно, имам сретнато и јас такви примери.Ама која е поентата? На дечко од 21 година се му е дозволено, нели му е забавно да си фати девојка која ке излегува со него, со која ке остануваат до доцна, ке си идат по гости, по викенди, одмори...Сексот го тргам на страна.
    Fallen.Angel како се запознавте вие двајцата? Кој беше иницијатор за да започне таа врска?
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Може ќе звучи малку безобразно ама мислам дека и денешните деца се лепат по такви постари. Ако некој им се допадне веднаш му се лепат. А машко како машко не пропушта прилика. Ова не значи Fallen.Angel направила така туку општо коментирам.
     
    На fallenangel и daylight им се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Во денешно време посебно во тие години децата сакаат се да пробаат, што би рекла јас сакаат на брзина да пораснат.
    Воопшто не се свесни дека еден ден тоа многу ќе им се одрази.Ружца важно ли е кој бил иницијатор.(таа не барем така мислам) сигурна сум дека тој и симнувал звезди ,или со по некое поклонче и толку му треба на тоа дете, кое што не е зрело и не знае што сака.
    Е понатака кога си се изгорел од врелото млеко и на киселото ќе дуваш.
     
    На Ruzica00 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    Не е важно, ама дали јас сум ептен старомодна или што ке е, упорно се трудам да го сфатам дечкото, што задоволство му претставува да има дете за девојка?!?
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.115
    Проблем немаш ти, има типот кој е возрасен и излегува со помлад малолетник. Во случај да имате секс, по твоја желба, он ќе си лежи затвор ако го пријават твоите(или кој било друг) , бидејќи е секс со малолетничка.
    Можеби него го возбудува желбата за секс со затвореници. Јас да сум ти мајка, ке го пријавам. Ти си дете, и сега треба да решаваш мономи и полиноми, и да ја читаш Волшебното самарче.
    За првото прашање, нема што да објаснуваш на родителите, они знаат се. А за второто - што да правам, земи ластик и играј си на улица со другарките. 21 годишен педофил во таков случај може само да седи на клупата и да збира материјал за пред спиење.
    И обајсни ми што ви е супер? Ти помага со домашните, ти купува пиво оти ти не смееш да купиш, ти ги покажува улиците низ градот, пошто до 14 би требало да го знаеш само патот до школо и назад, евенутално до музичко или до англиски?!
    Твоите треба да ти удрат котек. За да го паметиш дечко ти, оти по еден месец - два недавање, ке ти биде бивши и ке го заборавиш. Вака, после модриците, нема да заборавиш никогаш.
     
    На eliesaab, Waka-waka, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Веројатно не изгледа како дете. :D
    Јас сум запрепастена кога ќе им ги слушнам годините на некои деца а изгледаат како да се над 20 години.

    Инаку ни он не толку стар 21 година машките на таа возраст уште се незрели , па веројатно не бара врска што ќе го исполни туку нешто друго. :lol:

    Јас на 14 години си играв пред зграда и тогаш почна да се менува моето тело , па носев тесен беби дол за да ги скријам градите а денешните деца одат во диско и полнат градници 2 броја поголеми со чорапи за да имаат подлабоко деколте па не е ни чудно зошто привлекуваат постари дечки.
     
    На De-lovely и Daydream им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека твоите се во право, се знае што сака 21 годишен дечко. :wasntme: :|
    Еве јас сега само ќе ти кажам еден пример за една моја соученичка а ти размисли си.
    Имаше 12 години кога го запозна нејзиниот 18 годишен дечко, напредни генерации сме не викам не.
    После некое време веќе наполни она 13, се фатија и во школо ни се пофали на сите, сите леле маче со среќа нека ти е ова она, ја само и кажав со среќа нека ти е, ама си размислила ли ти со паметот, што сака 18 годишен дечко, а она ми врати ти ма љубоморна си ми, со тоа твое размислување никогаш дечко нема да фатиш, ни па некој ќе те сака и само и се насмеав и и реков добро. :)
    Ете година дена скоро како одеа, она сега 14 ќе напуни, а тој 19 има оваа година матура му беше, се дозна дека имал врска 2-3 години со некоја од негов клас, па и за матура партнерка му била, на фб тоа му бил лажен профил со 100 пријатели, си имал он профил со надимак некој, таму и со девојката негова во врска ставени, 2000+ пријатели, слики со неа, арно ама касно дознала таа од мој клас, он веќе ја искористил и ја шутнал, ме разбра што сакам да ти кажам мислам, еве ова нека ти послужи ко пример.
    Јас и на мама и кажав тогаш за оваа од клас и викам дали ја сум старомодна, или па уште пубертет ме нема фатено дека сум помала 1 година од нив, порано сум тргната во школо, сега сите 14 ќе полнат, само јас и 2-3 деца 13, ама нема врска тоа, а она ми кажа, не ти паметно си размислуваш, таа ќе си ја лупа после главата во ѕид ама касно ќе биде. :)
    И он во случајов е педофил, за него ти си дете и се знае што сака. :|
     
  18. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Не знам само како твоите не го пријавиле одма за педофилија!!!
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.963
    Допаѓања:
    90.295
    Пол:
    Женски
    Супер ви е ? Извини но де објасни ми што ви е толку супер ? Колку време сте заедно ?
    Да сега не бара ништо од тебе додека ти ептен не се занесеш и навикнеш на него а кога ќе биде 'хипнотизирана од многу љубов' нема да осетиш кога ќе ти побара нешто уствари кога ќе сака да те легне де .
    И ти на 14ипол години ќе го направиш тоа затоа што ти многу си заљубена и тој е единствен |(
    Абе ајде глупости ...
    Слушај си ги родителите и во никој случај не се карај и не си губи доверба во нив заради дечко.
    Животот е пред тебе имаш време за се !
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Луѓе пред се да ви кажам не мешајте баби и жаби каква педофилија па тој не ја тера со сила да биде со неа таа сама си сака. И не велете мајка и да го пријави што е виновен дечкото добро виновен е до некаде ама и девојчето е затоа што самоволно си е со него никој не ја тера. И место да ја советувате мајка и да го пријави нека си седна таа со мајка и и мајка и неа нека ја посоветува со кој треба а со кој не. И ако веќе мисли дека стигнала до таа точка да има дечко нека си најде некое дете според неа од 14 години. Инаку Dream-Girl исто така едно девојче што ја познавам не ми е другарка сега ама порано се дружевме така пред 2/3 години беше тоа исто така таа 14 години тој 22 демек у врска беа се лигавеа ама тој беше од друг град на крај ни А ни Б си се верил со друга а оваа остана така. Така да нормално е дека некој 22 годишен дечко нема да биде заинтересиран за некои си дете најреално. Ако види дека на тоа дете му лета паметот и може да го искористи тогаш може да се заинтересира.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.