Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Значи педофил е човек што заведува деца, што не е јасно? Сигурно она него не го завела!
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.115
    Класичен пример на педофилија. Она е дете и е манипулативна. Возрасен маж може да ја убеди дека сака секс, и она да сака, стварно. Ама нормален маж треба да и рече, дури и гола да му се соблече, дете, облекуј се и да те нема. А ако не секс, они имаат петинг веќе и бакнувања.
    Силување е под присила, педофилија е по создавње на атмосфера за секс со дете. А дете ко дете, без памет, се сака оти е ново.
    И мајка и треба да и каже, а очигледно го направила тоа, штом и брани. АКо тој педофилот уште се плетка околу керка и треба да пријави во полиција. Јас моето дете, кое е осмо одделение, би го заштитила од 21 годишен возрасен маж(под претпоставка нели, да имам ќерка).
    Секакви болни умови, па и оправдувања за педофилија, ццц.
    А нашиот закон вика дека за сторител кој ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз дете кое не наполнило 14 години, казната од минимум осум години се зголемува со најмалку 12 години.“
    Она е 14, значи поблага казна ке има...Друго полово дејствие е и кога ке прави некои други секс активности, без да и го стави. И за тоа, драга, оди затвор.
    Некој нека им го прочита ова на луѓево бре.
     
    На Waka-waka, IvanovskaM и Daydream им се допаѓа ова.
  3. Zbuneta123

    Zbuneta123 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јули 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам голем љубовен проблем за кој што ми требаат повеке мислења и совети пред било што да одлучам. Поради таа причина и се регистрирав на форумв. Малку ќе биде подолго и би ви била благодарна доколку одвоите време и ми помогнете со совет, критика било што.
    Во врска сум една година. Врска исполнета со многу љубов, недоверва, љубомора, мали и големи кавги. Не преставува проблем ниту далечината, тој е од др град, ниту годините, тој е постар 6 год ниту тоа што тој е од село, а јас од град, а ниту финансиската состојба. Туку многу повеке од тоа. И покра сите проблеми ние не се откажавме. Било кој да е е на наше место одамна би ставил крај. Мене ми е мн тешко. Тој повеке нема довррба во мене ниту јас во него. Поминавме низ многу. Многу пати ми докажал дека ме сака ама 6 мн ноќи ги имам поминато во солзи поради него.
    Јас мислам дека ме изневерил,. Од една страна сите коцки ми се совпагаат од друга пак му го знам карактерот и намерно така се однесува. А јас не смеам да се жалам и покрај тоа што ми се развикал бидејки знам дека сум крива. Признавам и јас многу погрешив. Знам дека тоа преку ноќ нема да го поправам. Сакам да си ја спасам врската а не знам како. Денес дојдов на одмор во друга држава го потрошив цел кредит јавувајки му се. Цело време мислам на него, кај е, што прави, со кој е, да не е со некоја девојка да не си најде друга. Не знам како ке издржам. И знам дека ако вака продолжиме нема уште долго да тераме. Сакам да ми верува, се да биде како порано. Што да направам?
     
  4. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Најпрво велиш дека ништо не е проблем , а потоа проблем.
    Прво и основно зошто ја изгубивте довербата еден во друг?
    Велиш ти се развикува и се обвинуваш самата себе.
    Зошто?
    Многу си конфузна во прашањата, или јас не можам да ги разберам.Кога сте ја изгубиле довербата еден во друг, и постојано се обвинувате за НЕШТО не знам што ти си знаеш, може ќе делувам безобразно, ама ако не ја оправите најбргу што можете со убав разговор и „„„„„„заборавање на минатото““““ нема да трае.Одмарај сега и не го барај ,по телефон ништо нема да направиш ,само ќе се нервираш ако не ти оговори.Остави малку работите сами да течат не брзај.
     
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Некоја слободна ако може да ми пише ЛП?
     
  6. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Ве молам за совет!
    Бевме заедно две години. Последната недела дена не ни беше тоа тоа, беше некако како напнато и сосила. Тој, најискрено фер постапи и ме викна да направиме отворено муабет. Ми рече дека ме сака, не може да рече дека не ме сака ама сето тоа не било како што ни беше во врската. Не е во прашање никаква друга девојка. Не сакал да ме лаже, па отворено ми направи муабет. Како нешто да се сменило, како да му било напнато и со сила. Искрено и јас го почувствував тоа. Ми рече да не го сфаќам како раскинување или оставање, дека сеуште ке комуницираме и ке излегуваме како другари. Дека ме почитува мене и овие две години, и дека КЕ ВИДИМЕ ШТО КЕ ДОНЕСИ ВРЕМЕТО, можеби повторно ке бидиме заедно..
    Но од тогаш мина еве еден месец, а мене ми е многу тешко. Многу го сакам. Не знам што да правам. Излегуваме во друштво се собираме, но мислам дека не му е баш најпријатно и не е најопуштен. Се плашам да не го притискам, а и вчера баш бевме излезени.. И мислам дека во една ситуација можеби ме сфати погрешно и ми се налути.. Не знам што да правам. :( Да оставам на времето? Како да го вратам пак?
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Се додека му претставуваш напор и го притискаш на некој начин (свесно или несвесно) нема да го вратиш.
    Другарство после врска и тоа не така кратка ,заборави.
    Не излегувај со него во исто друштво, близината си го прави своето, колку и да несакаш ќе погрешиш, затоа што мислата ти е насочена како пак да бидете заедно.
    Остави на времето, ако бива бива, ако пак не, секој по свој пат.
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    ^ Исто така, може кога нема да те гледа и слуша често, ќе свати колку му недостигаш и колку погрешил. Знам неколку случаи каде паузата помогнала партнерите да согледаат колку всушност се сакаат :)
     
  9. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143

    Се надевам дека ке дојде до тоа. Можеби навистина треба малку да се оддалечам, и да му оставам простор и време. Затоа што можеш да ми веруваш или не, ама тоа беше вистинска и среќна љубов. Имам верба.. ;(
    Само малку ми ја скратуваат овие од околу, што ми викаат дека штом дошло до пауза веќе не треба да се надевам,. Инаку, штио имаме заеднички слики по фб.. Сеуште ги чува, и тој и јас.
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Тие што ти зборуваат од страна нека зборуваат, секој случај е случај за себе.
    Ти не му врши никаков притисок(никој не сака гушење).Остави малку да стивнат работите, мислам дека ќе се преиспита и ќе размисли.
    На крајот на краиштата ништо не можеш да задржиш со сила.
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    После две години врска за да почувствувате потреба од т.н.пауза,значи дека постои причина која ги нарушила односите меѓу вас.Тоа што сте почувствувале напнатост последната недела само кулминирало за да се разделите.Проблемите не настануваат преку ноќ,а и не се решваат сами по себе,а уште помалку ако мислиш дека времето е решавачки фактор дали ќе продолжите заедно.Сама мораш да донесеш одлука што понатаму,но без да продолжиш да излегуваш со него како другар.Излегување со бивш дечко кон кој се уште имаш емоции,може само да ти ја отежни моменталната ситуација.Пожелно е да се оддалечиш од него и да размислиш дали вреди да ја продолжиш врската со оглед на тоа дека тој ти предложил наводна разделба.
    Кога нешто ќе се скрши колку и да се трудиш да го составиш за да ја вратиш целината тешко функционира.Така е и во љубовните врски после разделба и повторно продолжување на врската.
     
  12. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Верувај ми, немавме никакви расправии дури и до последниот ден зборувавме разумно и отворено. Само последната недела ни беше многу напната, со мали многу мали караници, кои ни ја упропастија цела недела. Ме буни фактот што тој ми рече дека не може да рече дека не ме сака, дека ме сака.. Но дека така е поубаво за двајцата за да не дојде да се скараме за глупости па да немаме ни муабет, а се знаеме добро и двајцата. И во врската секогаш го имав како пријател на прво место. Се разделивме со прегратка и бакнеж, со солза на двете страни. Се обидувам да се тргнам, но случајно можеби и над 10 пати се имаме видено и имаме седено заедно во рок на две недели. Исто така, му пишав откако му починал кумот. Поправивме муабет. Не знам, најубаво да му оставам време и простор да размисли, и да не го притискам затоа што како што кажа, тоа не носи ништо убаво.
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Позитив, обично кога парови раскинуваат заради напнатост и расправии е после подолг период, а не една недела. Мислам дека е нешто друго во прашање од негова страна, можеби поодамна не бил нешто задоволен. Размисли што, како се случувало последните неколку месеци или отворено прашај го, ама мене не ми е логично заради една недела мали караници да раскинуваш долга врска.
     
  14. K-pozitiv

    K-pozitiv Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    143
    Не раскинување, туку нешто како пауза.. Го прашав да не е нешто сменето кај мене, дали е во мене проблемот. Ми рече дека не е, туку дека е до него. Не се работи за друга девојка, не се работи за никакви лаги и измами. Само ми рече дека нештата како малку да се измениле во последната недела две, искрено иако вика дека не е до мене.. Мислам дека јас сум најголемата причина, затоа што и самата почувствував како не му давам ни простор ни време. Се надевам на најдобро ти кажав.. И најискрено не знам зошто, но верувам во нас. Мислам дека најголемата причина во ова, е да не дојде до големи расправии после кои нема да можеме да комуницираме во никаква прилика. И самиот кажа, дека времето ке ни покаже како треба да биде.. Ви благодарам за советите.. :worried:
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ајде едно прашање.
    Бивши ми ми должи пари. Не се многу пари, ама не сакам да му ги простам од хххх причини. Да не не навлегувам подетално. Неможам никако да ги земам, не си стои на збор, не крева на телефон, од сите броеви свртев. Више незнам што да направам?
    Сега пак звонев ми спушта, ми се смачи више ми требаат тие пари.

    Кажете што да направам?
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.115
    прати му опомена пред тужба. Тоа е само помеѓу тебе и адвокатот, нишо сериозно, нема судови и слично. За ситни пари ке го исплашиш :D Плус, ако се битни пари, нема да почнат да течат рокови за застарување.
    Друго, можеш да му пишеш смс, штом не крева. Со напомена дека е срамота да краде.
    Трето, не знам колку ти згрешил, ама можеш јавно да го избламираш.
     
    На tessie, Marossa и sToBiToBi им се допаѓа ова.
  17. sToBiToBi

    sToBiToBi Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    27
    Па и тој што човек ќе беше, ем си му ги дала твои пари ем не ги враќа.. :^) Јас мислам чесно-поштено да му пишиш есемес за почеток, е сега не знам шо карактер е ..ако е некој шо би те сватил,мада што не верувам, штом не ти крева значи не е таков..ама ако веќе е таков..кажи му дека долг си е долг и дека е должен да ти ги врати тие пари бидејќи се твои, а и бидејќи имаш потреба од нив.. А ако не , оди му со адвокат дома и опомени го..дека може да го тужиш за да ти ги врати парите, а да се влечка по судови би го фатило дупло .. друго не знам што да ти кажам.. зафркната ситуација, ама ќе се среди, не се секирај :*
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Тој мене тие пари ми ги зема т.е. јас му ги дадов на заем за да го направи моторот. Ама тоа не било вистина, тој со тие пари одел со друга девојка на кафе и и ставал кредити. Ете затоа не сакам да му ги простам тие пари.
    Јас се обидов со се и со порака и со се. Дури и од мобилните на моите му вртев ама џабе не крева. На домашен се јавив мајкаму крена рече ќе му пренесе и џабе.
    Не се којзнае колку пари, за јавно бламирање имам фотографии од разговор меѓу него и таа девојка, верувајте ептен експлицинтна содржина со цензура да кажам и каде да ги објавам???
    Една недела помина од кога раскинавме, место човечки да се разоотидеме да си имаме мирен живот тој прави детски работи. А 25 години има.
     
  19. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    просто и едноставно.
    Те фаќа инает затоа што ги потрошил на друга девојка, инаку би му простила и многу повеќе.
    Бре осветата е голема работа. Девојко си го изгубила, немаш потреба од освета, ќе те следи цел живот како бесмислена тетоважа.
     
  20. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Не е одмазда ако си побара нешто што дала на заем,а сигурна сум дека сепак не е мала сумата на пари.
    Бубаче89,убаво ти рече Ска,заплаши го на тој начин и ќе мора да ти ги врати.Она за јавното бламирање нема потреба,изгледа детинесто.

    Пс:Пример за одмазда е една девојка што кога дозна дека дечко и ја изневерил го испровоцира до тој степен да ја удри на лошо место,па го тужеше и си зема дебела сума пари :D
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.