Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Дали тој ја сака или не е негов проблем, не твој, не е тој викнат на роденден, ти си викната! И многу убаво ако ти се налути ако се видиш со другарка ти што нему не му се допаѓа, ајде сега ти почни на него да му забрануваш да се гледа со неговите другари, да видиме колку тоа ќе му се допадне.
    Сем тоа, големо браво за дечкото што свој став за луѓето формира на основа на рекла- кажала :up: Можам да замислам само какви муабети се вадат за млада разведена жена...
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Според нејзиниот памет може ќе чека и до пензија. :fubar:
     
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Секако дека ќе одиш, те поканила на роденден, другарка ти е, не смее да се лути и треба да има доверба...
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Тие работи тој што ги слушнал вистина се? Сеедно секој си има свој живот и ќе си го живее како што сака. Ако другарка ти решила да живее како што таа сака тогаш тоа тебе не би требало да ти пречи, а на дечко ти уште помалку. Плус те викнала само на едно кафе се работи за кафе значи одиш ќе поседите еден саат и толку. Освен тоа јас разбирам дека дечко ти може да грижи за тебе ама не е фер вака да те дели од луѓето. И нема да бидете сами ќе има и друга девојка нормално ќе испиете по едно кафе и ќе си се вратиш. Јас не гледам проблем од ова. Кажи му на дечко ти дека и ти си човек и дека имаш потреба од друштво. Ако гледаме од тој агол сите ние имаме некои маани, сме грешеле и се ама пак тоа не е причина за да не се дружиме.
     
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.963
    Допаѓања:
    90.293
    Пол:
    Женски
    Какви се тие забрани и ограничувања ? Слушнал лоши работи океј но таа тебе ти е другарка ти направила чест те поканила на роденден не гледам причина да не отидеш...
    Никогаш не гледај најпрво да му угодиш на нему тој ако те сака ќе те сака со кој и да се дружиш каква и да си :)
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    И мојот е таков Есперанса, ама знаеш зошто? Зошто премногу сум му дозволила. Немој да го навикнеш он да го тера орото а ти да играш како што сака он, бидејќи ќе ти скисне некогаш и ќе го отераш у пичку матер.
    Мене така за една другарка ваква била таква била, па јас кога реков тоа нејзино право ми вика е да бе што ке зборат луѓето за тебе, па нели викаат ским си таков си i mean pleaseeee!!
    И ај терав по негово додека не ми ги извади живците малтретирајки ме за ситници. Немој да си дозволила.
    Па и тебе сигурно не ти се свиѓаат сите другари негови нели никој не е совршен ама ај иди речи му епа и ти не смееш да се гледаш со тој другар..
    Ако он сака да ти отвори очи за некоја другарка и да ти укаже дека таа тебе те користи дека ти штети дека збори за тебе и слично, има начин, ке седне ке разговара вака и вака
    Но доколку таа е ок со тебе и не ти направила ништо лошо не гледам зашто да не излезеш на кафе
     
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Таа ти е другарка сигурно и пред него, а ќе ти остане другарка и после него.
    До кога бре македонченце ќе се замараш со рекла казала.Тој кажа, таа кажа.
    Уште од сега ако ти бира со кого ќе се дружиш, па кога (ако) ќе бидете во брак може и марама да ти стави. Изгледа тој размислува „Ским си такав си“. Извинете на грубоста, ама се испровоцирав малку (повеќе).
    Најубаво ќе му кажеш дека таа ти е другарка, каква таква и ќе одиш да ја испочитуваш.
     
  8. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    уште не сум му ни кажала дека ќе одам,дури страв ми е да му кажам за да не ме изнервира и ќе треба цел ден да се нервирам на работа,искрено во последно време ми се мота во глава да ставам крај на оваа врска бидејќи некако не сум среќна баш,се си тера по негово како што кажа WOMANINRED,знам дека заслужувам подобро,овој неможам да го поднесам на моменти,стварно,никогаш не направил нешто за да се чувствувам среќна,само ме нервира за ситници или си прави филм за работи кои не постојат,кој и да е на негово место би бил пресреќен да е со мене,ама ако пробам да раскинам секогаш ми вели дека за викенди сум сакала да се скарам и пак јас ќе излезам крива и плус сите другарки скоро имаат дечковци немам ни со кого да излегувам,ќе останам сама,ама подобро отколку да се осеќам ограничена со овој.
    Сакам некој што ќе ме цени,што ќе биде среќен што јас сум го избрала него,што ќе ме покажува во јавност со гордост,што ќе ме прави среќна барем понекогаш со некој гест,не нешто материјално,да се шетаме рака под рака и нема да мора да ме носи по скапи ресторанти,доволно би било прошетка,не барам многу но со овој ни тоа го немам,наскоро ќе се префрлам во темата како да му раскинам ;)
     
  9. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607

    Есперанса, се пронаоѓам во твојата ситуација потполно. Сигурна сум дека освен вакви забрани е крајно љубоморен и ти се лути дури и ако се поздравиш со некого. И го сваќам ова твоето се плашам да му кажам за да не се изнервира, истото и јас го правам. Пазам што ќе кажам, што ке правам само за да не го изнервирам, го молам, се трудам секогаш да ги средам работите. Јас седнав и направив сериозен муабет, се трудам секогаш сите проблеми да седнам и да разговарам за нив за да видам дали има солуција или не.
    Види ти сама најдобро знаеш, ако вреди ова вашево да се сочува седни и пробај да ги лоцираш проблемите и види дали можете да ги решите.
    Ако не, тогаш раскини. Ќе ти биде тешко но верувај не ти треба таков што те диригира како што ке му се посака. Сигурна сум дека тие таквите што постојано обвинуваат и тебе те окривуваат за било што најнечисти се. Јас постојано сумљам у дечко ми дека кога тој мене постојано ме обвинува ме окривува ми наоѓа маани, дека тој 100 работи ми прави зад грб.
    Седни размисли прво сама, дали вреди .. Со среќа
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Вака сега девојки.
    До кога ќе имате трпение да балансирате?
    Во постот на Есперанса не гледам љубов од нејзина страна, од причина што го нарекува овој(може грешам).Верувај дека никој не може да те ограничува во ништо, ти си возрасна личност.
    Според постираново мислам дека треба, јасно и гласно да настапиш со својот став и да држиш до него.
    WomanInRed сеуште е воздржана и се обидува да балансира.
    Сепак не сте престареле да се затупите со некои кои што ве ограничуваат. На таквите типови би им препорачала, да си најдат девојки кои што ке можат да си ги оформат според нив, а не самостални жени.
     
  11. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Така го нарекувам бидејќи со неговото оденсување ја уби љубовта што ја имав за него,нема да траеме долго ама кога ќе раскинам ќе направи јас да имам грижа на совест и да се осеќам мизерно бидејќи ја има само таа способност сигурно нема да направи да се осеќам посебно ниту направил некогаш.Ако му кажам за вечер ќе ме изнервира и ќе се осеќам непродуктивно и мизерно на работа,ќе ми се јави и ќе треба да се расправам ко неточна дома ќе ме слушаат
     
  12. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Pa sega ako ne chek chao :D
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Другарка ми е во иста ама буквлано иста состојба може да се каже и полошо. Значи пред се дечко и и го знае пасвортот од фб и брише пријатели прифаќа како нему му договара, ако си пишува со емне или со некого тој го чита целиот разговор од А до Ш и се изанализира и после ја прашува зошто Елена вака ти пишала зошто така. Друга работа постојано кога се заедно и го контролира телефонот а недај боже некој да и заѕвони освен ако не е мајка и и го дава инаку ако е некоја другарка се јавува тој. |( И ред други работи не дај боже да отиде некаде без него да го праша ниту пак и дава да излегува со другарки на секоја нејзина другарка и има најдено маана дури и мене и и забрнаува да се дружи. Значи само со него и него. И ако утре другден раскинат таа ќе остане сосема сама. Мој совет ти е иако викаш и самата дека не си среќна во врската раскини му. Не поради тоа што не те пушта кај колешката на роденден туку поради себе. Ако сега во врска ти дава волкава забрани и ограничувања што ќе се лсучи утре кога ќе бидете во брак. Јас верувам дека заслужуваш подобро. Значи ако во една врска не си среќна не ми е јасно што бараш повеќе во таа врска. Фино лепо раскини му и биди си слободна некое време, не заслужува тој ти да се нервираш за него. И нема зошто да се осеќаш ти крива затоа што врската ви завршила по некое време и тој самиот ќе си сфати што направил.
     
  14. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    За погоре напишаните мислења:
    :fubar: Како останувате во врска кога гледате дека не оди на добро. Зар од првата забрана не приметувате нешто дека не штима? Колку повеќе одолговлекувате толку потешко е да раскинете. Од реченицата "Јас ќе испаднам крива" ми се крева косата на главата. Ма и против цел свет ќе одам и сите нека ме сметаат за виновна кога се работи за МОЈА СРЕЌА и да бидам сакана толку колку што заслужувам.
    Од искуство ви кажувам, кога ја раскинав мојата сериозна врска со поранешниот дечко (кој си зема за слобода да ми кажува што смеам а што не) дури и моите родители мислеа дека јас сум кривецот. Се чувствував лошо и на моменти помислував дека повеќе него го сакаат отколку мене ама не попуштив, и мојата одлука си ја испочитував до крај. Самата сум си заслужна за љубовта и среќата што ја имам денес :D
     
    На Daydream, eloves, Daleron и 2 други им се допаѓа ова.
  15. shegi

    shegi Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    8
    Го сакав 2 години. Постојано имаше некоја хемија меѓу нас... сега, после толку време конечно сме(бевме) заедно.
    Секоја вечер заедно излегувавме и двапати се видовме насамо, нешто како состанок..
    Вечерва случајно додека неговиот телефон беше кај мене, прочитав пораки со друга девојка. Се зборуваше дека треба да се видат повторно или така нешто, но никој да не дознае. Потоа тој повторно и пишал но таа не вратила.
    Што да правам? Не смее да дознае дека му ги читав пораките од фб, би било грозно...
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    А тој и пишал да се видат или??
    И ако несакаш да дознае дека си ги читала пораките, а незнаеш што да направиш, ке го прашаш директно дали сака да бидете во врска вие ДВАЈЦА или сака само повремени средби. Секако на тебе е да ја прифатиш или не неговата одлука. Ако сака да бидете во врска, тогаш ке мораш да почекаш некој ден, па пофторно да го провериш и тогаш ке знаеш дали мами или не.
     
  17. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Можеби има некоја забранета љубов?
    Ти терај си го своето, ако го сакаш. Си го сакала 2 години, конечно сте заедно (бевте) можеби си му само излет. Никој не е без минато или сегашност.
    На крај ако го сакаш бори се за него.
     
  18. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Како да го натерам повторно да се видиме? Повторно да биде исто како порано? Или барем дел?
    Расќинавме заради некои причини, и сега повторно сме во контакт. Паѓаат убави зборови сега за сега но понекогаш ме нервира што игра топло ладно. Кога и да се откажувам тој пак се појавува и ми дава уште многу причини да се борам за него. Се борам но понекогаш се изморувам и посакувам да се откажам. Губам сили но љубовта кон него како да не сака да згасне. Не си заминува колку и да вложувам напор за тоа.

    Да му кажам да се видиме нема шанси, не сакам да ме смета како некоја нападна девојка која трча по него секој пат кога ќе и се јави. Не можам да бидам јас таа која превземува постојано иницијатива за нешто, за смирување, за разговор. Си велам доста понижување зошто и јас имам гордост ама пак што да правам со оваа љубов која ја чувствувам кон него? Наеднаш не може да замини ниту пак можам да глумам лудило како ми е сеедно за се. Не ми е сеедно и не сакам да го загубам. Го сакам а тоа ми е најголемата лудост во животот.
    Еден ми вели откачи го, друг да се борам а трет да играм тактичќи (игнор). Ако нешто мразам тоа се тие игрици на недопирливост. Знае дека го сакам, знае дека не ми е потребен друг, а и зошто да глумам пред него кога и двајцата знаеме дека една годишна врска тек така не се преболува. Почна да љубомори зошто неговите пријатели ме додаваат на фб. Не сакал да бидат блиску до мене.

    Од друга страна мајка ми ме излудува кога ме прашува за него а јас за да го оправдам и кажувам лаги а самата сум свесна дека не е така.
    Понекогаш го имам фатено како се крие од мене, или барем јас така се чувствувам.
    Знам дека некој ќе ми рече дека не ме заслужува, да го оставам и да барам друг. Ама поентата не е да најдам друг кога мене на срце ми лежи тој. И што ако се потрудив да барам друг кога мене ми значи само една личност? Дали би било фер кон таа личност ? Да бидам со еден сакајќи друг? Ниту спрема мене, ниту спрема него.
    Имам 22 години и доволно сум свесна кого сакам, и колку сакам. Понекогаш си велам дека самата сум заслужна за сето ова што се случи помеѓу нас. Да, дел и јас сум виновна, признавам.
    Знам дека со една средба се ќе си дојде на место, ќе се склопат коцките и пак би било исто.

    Единствено што не знам е како да го изведам сето тоа. Средба, и разговор. На фејсбук не доага во предвид а и врската на далечина беше.
    Ама не можам да играм против неговиот инает.
    Размислував да започнам разговор на фејсбук околу ситуацијата ама нема да биде тоа тоа. Или ќе завршиме со кавга, и едниот ќе се исклучи. Или пак со несакан ефект.

    Драги мои, сум имала и други партнери но никој не е тој ! Никој го нема она што го има тој. Сум сакала и други, ама не вака.
    Го сакам на некој див, луд начин. На начин кој е тешко да се објасни, туку само се чувствува.
    Пред некој ден буквално ќе доживеев нервен слом затоа што ми недостигаше премногу. Неописливо.

    Ќе ве замолам феминќи да ме сфатите. Воопшто не ми беа лесни тие два месеци. Преголтав и навреди, простив лаги кажани во нервоза само за да останам покрај него. Будала јас, што се ќе направиме за љубовта.
    Не можам да го гледам како другар, се потрудив. Не можам да бидам со друг иако имам додворувачи.
    Тој го имаше сето тоа што го сакав, исто и јас го имав за него. Се уште ми кажува како само јас знам да го насмеам, и дека го имам повеке од сите девојќи усрекено како што ми кажа дека ништо не заборавил од она што поминавме, дека мене ме сакал повеќе од сите девојки кои ги имал до сега.
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    МОРЕ ДЕЦА.. :!: .ЗАРАДИ ТАКВИ ПСИХОПАТИ ОД ДЕЧКОВЦИ ИМАМЕ НЕКОЛКУ УБИСТВА И САМОУБИСТВА и тоа само ОВАА ГОДИНА!!!! Берете памет и советувајте се со родителите,тие лошо не ви мислат.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ниту јас ниту некоја друга девојка овде од форумот неможем е да ти кажеме што тој точно прави и што планира. Него фино лепо смирено ќе си го прашаш дали планира нешто посериозно меѓу вас да има или онака само да се гледате од време на време. Па според тоа ти ќе си одлучиш натаму.