А, кој будала ќе и каже дека се зеза со неа? Сигурно и да го праша ќе рече дека секако планира сериозно со неа, дека нејзе само и се причинува дека тој е несериозен..... Без навреди мене ми е малку јадно и понижувачко да седеш со некого и да го прашаш мислиш ли ти нешто сериозно со мене? Се доведуваш во ситуација да кажеш, еве јас сум ти на располагање а се останато зависи од тебе. Малку понижувачки нели? Тоа можеби функционира кај тинејџерите но кај возрасните тоа се препознава дали е вистинска врска или само те користи, за некои работи нетреба зборови, едноставно се чувствуваат. Што се однесува до конкретниов случај што да правиш, мислам дека одговорот е кај тебе, секој има различна точка на толеранција, некои сакаат да бидат понижувани бидејки тоа значело дека ги сака, на други не им пречи ништо, само за да бидат со таа особа..... Но реално мислам дека треба да си го фатиш патот под нозе и да исчезнеш од негов видокруг, доволни се 2 години за да видиш каков кретен е. Има ли поголемо понижување додека е со тебе да бара друга? За мене нема, едноставно нема хемија помегу вас, иако ти велиш дека има. Не е хемија да се пленете еднаш двапати неделно и да кажеш тоа е тоа, хемија е нешто многу повеќе. Очигледно тој не ја чувствува таа хемија помегу вас. Ако сакаш да се залажуваш тогаш тоа е твој проблем.
...понекогаш не е доволно само едниот да сака. И самата кажа дечкото си игра топло ладно или не те сакам ама на друг не те давам. А тој најмногу така се понаша оти гледа дека трчаш по него. И мајка ти како мајка и секој родител се грижи ама што има постојано да те прашува и зошто воопшто да ја лажеш? А со самото тоа што ја лажеш мајка ти се лажеш и самата себе. Никој не ти рече да бидеш со некој друг но некое време одалечи се од овој и терај си го животот. Знаеш машко како машко колку повеќе му даваш внимание тој толку повеќе ќе те игнорира. Некое време немој да го бараш ако навистина му значи ќе те побара и ќе се видите. И преку фејсбук не се решаваат проблемите. Не му пишувај, не му се јавувај, не прави апсолутно ништо. Ако те побара договорете се идете зборувајте и конечно одлучете што и како. Јасно е дека има некои чуства ама машко како машко ...
бах девојчето кажува дека го сакала 2 години и дека два пати излегле на само но таа видела порака во неговиот телефон од друга девојка. И мислам дека е подобро да го праша отколку да си ќути и да не прави ништо. Ако праша може тој ќе рече дека планира нешто посериозно и таа ќе го прифати тоа но ако види дека тој си продолжува по старо тоа е доволна причина за да го откачи нели? И јас не реков таа да му биде на располагање туку подобро е да знае на што е отколку да се залажува со многу прашања во главата зошто е така или што ќе беше ако беше. Ме разбираш?
И јас имав сличен проблем со сегашниот дечко, на почетокот кога свати дека го сакам почна нешто како топло ладно да се понаша се додека јас не свртев друг лист, е кога виде дека и јас можам да се понашам како него се врати и сега тој се плаши да не ме изгуби.. Значи мој совет ти е малце да се држиш на страна, да си излегуваш , да си поминуваш супер не од инает тој да те види или дознае за тоа туку пред се заради самата тебе, бидејќи ако многу му покажуваш дека ти значи, ќе си мисли дека во секое време си му достапна и ќе те врти на малиот прст..Е дури тогаш тој ќе свати многу работи и ќе знае да те цени.Со среќа
Јас не гледам ништо лошо во тоа да се направи муабет од типот на `што правиме ние?`. Ако сака да бидеме заедно, супер, ако не чао, пријатно. Сто пати подобро за мене е да знам какви намери има дечкото отколку да се влечкаме неколку месеци за после да ми каже дека он всушност не сака врска. Џабе ќе си давам лажна надеж, џабе ќе му ги анализирам постапките со другарките кои, другарки како другарки, ќе ме тешат дека ме сака. Па уште ако се заљубам, само за мене ќе биде полошо кога ќе се соочам со реалноста дека од старт сум му била само мувачица. Отворен муабет му е мајката. Ако барам дечко за сериозна врска, нема зошто да се гледам со дечко кој не е заинтересиран за врска, до толку е едноставно А за тоа дали ќе лаже или не, тоа е веќе до неговиот карактер, има луѓе со години во брак па изневеруваат, на чело на никого не му пишува каков е Зошто да претпостави дека ја лаже ако и каже дека сака да биде со неа? Ќе му даде шанса, ќе проба па ако види дека не го бива, тогаш ќе му ја даде корпата, вака уште непочната романсата ќе заврши од пусто параноично `а што ако ме лаже?`
Сето тоа ми е јасно. Но како да продолжам да си го терам животот кога секој пат ќе помислам на него се појавува болка во душата зошто не сме заедно или помислата дека ако не се борам ке дојде некоја друга и ке ми го земе. Не можам да го замислам со друга. Или не можам уште долг период да се замислам без него. Интимно, дури ми е прв. Чекав некој како него кој знаеше да ми ја исполни душата а сега се случува вака. Ко да му е сеедно.. Наеднаш ко да му е сеедно а кога ќе ми се приближе некој другар ко да се плаши. Ако избришам профил се лути. Не знам повеќе.. Дечково го сакам како никој друг. Немам сила повеќе ниту да чекам ниту да продолжам. Збеснувам. Морам да ја лажам мајка ми бидејќи кога и да почне со нејзините црни мисли мене ми уништува расположение, желба за борба и мотивација. Или пак ме полни со омраза кон него. Што се случувало, дека јас сум виновна за се, дека вака ке биде или онака. Лудница. Овие два месеци пред да започнеме со повторна комуникација (кој тој ја започна) ми беше празно. Не знам како издржав. Ама размислувам да не го вклучувам некој период фејсбукот, да не го барам на телефон. Да го осети моето отсуство. Не знам дали ке упали тоа.
Ако тој те сака ни една друга нема да ти го земе,во тоа биди сигурна,Тој знае дека го сакаш и нема потреба да се трудиш толку,затоа и вака прави,а кога ќе ти се приближи некој збеснува е тоа ти се вика ем му се иска ем му стиска, затоа ти реков излегувај шетај уживај, тој ќе види дека имаш и други преукупации и сам ќе ти отвори тема за повторно да сте заедно ..
Ме мрзеше да читам, ама штом го прочитав болдираното више ми стана јасно. Неможеш да го натераш девојче, да бидеш со некој кој не те сака и нејќе повеќе со тебе. Ништо нема да биде како порано, бидејќи времето не се враќа. Мислам дека ти си опседната со него, до некаде. Второто болдирано, што се ти укажува? Како гледаш, тој искача со други, и те гледа како другарка. Па нормално, ако седите во друшство со него и ако ти е блиску до тебе секако дека ќе ти се гледаат како знаци. Јас секогаш сум била против тоа после врска да се остане другар со некого. Не, така не. Ете потешко за тебе си направила. Јас мислам да си свртиш нов лист. Дека викаш имало и убави зборови за тебе на фб, па можеби од учтивост го направил тоа. Ако сакал со тебе да биде пак немаше да бараш совет на фемина. Извини што сум груба, но понекогаш сами си правите. Млади сте, животот е пред вас, а вие плачете за некој што си дозволил да ве изгуби.
Марчела мила, во незавидна ситуација си и знам дека не ти е лесно но не е љубов едниот да се труди а другиот да глуми лудило. Ти твоето си ги направила, си се трудела да успеете но време е да кажеш крај. Никој не може да знае утрешината што носи, можеби ќе бидете заедно, можеби не, но тоа веќе не зависи од тебе, се што ти можеш сега да направиш е да се свртиш кон себе си - излегувај со другарките, забавувај се, посвети се на некое хоби, едноставно продолжи си го животот без него! Не е фер ти да тапкаш во место поради некој недозреан шапшал што не знае што сака.
Мислам дека спомна дека било врска на далечина ако не се лажам, сеедно ако е така полесно ќе ти биде. Нема причина зошто да не го вклучуваш фејсбукот туку едноставно не му пишувај, Не му се јавувај на телефон. Зошто не отидеш некое време на одмор некаде да се одмориш и забавувап со друштвото? Или беше веќе? И не си ти виновна зошто да си виновна и подобро ќе биде на мајка ти да и ја кажеш вистината отколку да ја лажеш сеедно еден ден ќе ја дознае навистина ситуацијата таква каква што е а и ако не сега и ако не се смирите некогаш ќе мора д аи кажеш дека не сте заедно повеќе. И таа ти е мајка треба да те разбере и подржи, а не обвинува.
Eпа тогаш зошто повторно ме побара тој да контактираме? Зошто пагаат убави зборови од него како порано? Ден се однесува супер ден му е сеедно. Пред да почнеме со тоа пагаа навреди и потоа се свести како ме повредил и како сакал да бидеме заедно но било потребно време да се средат работите. Инаку не излегува навечер, ниту пак со други. Тоа можам да ти го гарантирам со сигурност. Петок, Сабота навечер преку ден или е на фб или е на работа. И нема други девојки туку збореше за тие пред да почне врска со мене. И зошто збеснува ако некој другар ми се доближува? И зошто сум јас виновна кога се борев за она што го сакав. Дадов шанса втор пат. Ако тоа ме прави виновна не знам што да кажам. Само сакам да се покае. И да ме моли и да ме бара.. Зошто со мене го немаше она што го немаше со никоја друга. Љубов, почит и внимание. Мака ми е бе луѓе. Мака ми е многу. Криво ми е. Ми гори душата по него. И да го баталам повторно би ми било тешко. Поминав многу работи со него.
eloves и Nausicaa За некои работи не се потребни зборови тие се чувствуваат, ако дечкото неа ја сака, тогаш ќе се потруди неа да ја освои а не да се договара со друга. Разговорот ништо не одлучува одговорот ќе биде, да секако дека мислам сериозно бла, бла и на крајот пак она ќе остане повредена. Ако дечкото уште сега нема интерес за неа тука пиши пропало. Се извинувам ако ви звучи малку грубо, но мене никогаш не би ми се допаднала девојка која сама ми се нуди. Врската не е ствар на договор, помегу двајца, туку е ствар на чувства и емоции, кога ќе исчезнат тие чувства љубовта се гасне. Дури и да разговара со него и да и рече да, мислам за озбилно, од каде да знае дека после недела дена нема да излезе нешто и да раскинат, и повторно ќе биде поредена и ќе го дави со тоа, па нели ми рече дека е за озбилно. Некои девојки тоа за озбилно си го сваќаат доживотно па така може човек сериозни проблеми да си навлече. Мој совет, девојки, пуштете машките да ве освојуваат, обидете се и вие да ги освоите со заведување а не со преговори на маса. Љубовта на е бизнис, љубовта е нешто повеќе, љубовта не се искажуа со зборови, ниту се ветува за навек, љубовта е миг кој треба да го живееме сега, а не да планираме дали е за волку или онолку време. Од каде да знаете и вие дека нема некој друг да се појави во вашиот живот и за миг да го заборавите оној што бескрајно сте го љубеле? Јас несакам девојки кои љубовта ја договараат на маса, туку сакам, и се трудам љубовта да ја покажувам секојдневно, секојдневно да ја освојувам љубената и таа мене, а не да седнема и да се договориме дали е за озбилно или не. Немам намера никого да држам крај себе, ниту јас да бидам крај некоја само затоа што сме си ветиле, љубовта е нешто возвишено и не трпи кафези, а ветувањето е кафез кој ја убива љубовта и ме ограничува да бидам со некоја, само заради тоа што сум ветил. Љубовта е како птица, пуштете ја слободно да лета, ако ви се врати значи дека постои нешто помегу вас, доколку одлета обидете се по добро да ја памтите. П.С Марчела, да не си ласкаш малку повеќе? Што побргу се помириш со тоа дека не те сака подобро за тебе, и без гајле ќе се снајде тој без тебе, многу девојки и многу машки го мислеле тоа дека се единствени покрај кои можат да бидат среќни па не биле единствени. А, зошто те вика, или како ти што викаш моли? Ај несакам да кажам, размисли малку ќе ти текне, пробај да размислуваш од машка гледна точка.
Го сакаш затоа што ти опонира. Прави и ти топло ладно , а не само жешко па ќе видиш. Го сакаш и што сега, чекаш покајание кое што нема да го добиеш. Повлечи се малку за да видиш дали ќе му недостигаш, тешко е ама воздржи се.
Па веројатно е сам, и нема со кој да искача, нема женска или не може да фати. И знае дека го сакаш и кај тебе се враќа. Машкото скоро никад нема да се покаје за нешто, а особено за женско. Не им дава машкоста.
Е ако е така како што кажуваш тогаш најверојатно сеуште имаш шанси кај него. Сепак сте биле заедно подолго време + сте биле интимни и да сака верувај дека неможе да ти заборави. И самиот ти кажал дека има потреба од време според тоа не го барај и остави го на мира да рамзисли да се среди и себе и чуствата. Не ти викаме да го баталиш само дај му време!
Брате несакаш или неможеш да ме разбереш? Значи само затоа што видела една порака во телефонот немора да значи дека треба да ја батали целата работа. Сакам да кажам дека работите не се секогаш такви какви што изгледаат. И таа не мус е нуди. Значи подобро да си праша отколку да продолжи вака. 2 пати се виделе на само сигурно ако таа не преземе нешто ќе продолжат и да си се гледаат така а тој ќе си тера со други. Затоа нека го праша отворено од каде знаеш дека тој ќе и рече дека сака сериозно? Може ќе и рече дека сака само да се гледаат од време на време, ако на девојката така и договара кои сме ние да ја премислуваме. А може и нависстина ќе биде нешто и ќе и даде објаснување за таа девојка што му пишала на телефонот или ќе преќине со неа, сеедно. А ако девојчето види дека не оди тогаш ќе го остави ама барем нема да и биде криво што не пробале. Не е страшно да се обидеш, страшно е да знаеш дека си можел а не си пробал. И јас не реков таа да се договара со него далеко било туку за нејзино добро да си праша што планира и ќе повторам подобро да праша отколку да се влечкаат за џабе и на крај ништо. А тоа дека ќе биде повредена не се знае. Го почитувам твоето мислење, го кажав своето а на девојката останува да одлучи како мисли дека треба така нека си прави.
Bah , замисли си ситуација - излегуваш неколку пати со девојка, се е убаво, се бакнувате, се слушате одвреме навреме, се пишувате на фб и она најотворено те прашува дали тоа што се случува меѓу вас е нешто неформално и лабаво или сакаш да бидете заедно како пар. Дали тоа за тебе тоа е девојка која се нуди? Напротив, за мене тоа е паметна девојка која повеќе не сака си го губи времето со секакви фраерчиња. Ти можеби имаш поетски пристап до љубовта, но јас имам практичен, кога човек неколку пати ќе се изгори мора да биде реален дека тоа што за еден е љубов, за друг е секс без обрвски. Џабе ако тој ми симнува ѕвезди кога во душата имам дилема дали тој е само мој или паралелно заведува уште три девојки. Едно е неколку пати да се видиш со некого и да си поминеш убаво но кога работите стануваат поинтимни, сакам да знам на што сум.
Тој и пишал. Јас не сум спремна да бидам втора, само не сум сигурна дали биле заедно и од која причина. Ако бидам со него, ке бидам само јас, не и 94595 други девојки, без разлика на тоа што го сакам МНОГУ. Проблемот ми е што не знам како да се справам со ова, неможам да кажам на никој за пораките а доколку зборувам со него не знам како да му дадам до знаење дека знам за нивното излегување и за тоа што се случува меѓу нив а без да разбере дека му чепкав по тел. Не е забранета љубов. Девојката е многу лесна и мислам дека тоа е причината за која што ја бара. Неа може да ја фаќа и драпа а мене не.. И велиш да терам со него без разлика што се гледа и со неа? Нема шанси. Го сакам многу, но се сакам себеси повеќе, само не сакам да направам грешка од брзање, нервоза или лутина. Значи треба да го игнорирам? Да се правам дека ништо не знам но да не прифаќам повторно да се гледаме? Не сакам да излезам лесна девојка. Искрено го сакам но не сакам да мисли дека сум спремна да трчам по него. Можам да го преболам, но не сакам да биде грешка тоа што ке го тргнам од мене. Ви благодарам
Не реков со него да тераш конкретно.Терај си го Своето. Ти си знаеш што е и како е, ама денес успеваат оние кои што се драпаат кај лесни мажи (со умот).
Значи како што разбрав сеуште не сте официјално во врска (поправи ме ако грешам) , ако е така немаш право за една порака или повик да се лутиш, расчисти со дечкото на време,прашај го што планира и како планира дали сте за озбилно или не, не дозволувај да се влечкате така,од искуство една моја другарка така се излажа па сега остана повредена зошто со тој што се моткаше една година давајќи и лажна надеж сега си фати девојка. Такви се машките си имаат они и по 2 3 леки девојки, но доколку тргнете на озбилно ќе видиш како ќе се понаша и сама ќе процениш дали е дечко со озбилни намери или си сака и резерви, а вака сметам дека нема зошто да се лутиш за пораката.. Се ќе се среди ќе видиш