Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Девојќи да ви кажам. Прекинав со него сношти. Го прашав дали ми е лут зошто се криеше од мене. Следеше убав разговор се додека не ми кажа: Имаш ти добро срце и дека може секогаш на мене да се искаже. Го прашав дали сака само да ми се искажува или и нешто друго да му бидам. Ја менуваше темата де за моите статуси на фб (како го смееле) и дека морало да се изгаси. Му реков оди како и секогаш бегаш од разговор.
    Веднаш потоа му пишав јасна порака на фб која звучеше вака.

    "Извини јас повеке не можам да се борам околу тебе кога гледам дека воопшто не ти е гајле за нас. Јас кревам раце, затоа што сум уништена од сето ова што го правиш. Прости ми што морам да заминам".

    Воглавном ова беше. И уште некој збор два и го избришав фејсбукот.
    Не можев повеќе да седам и да се мачам гледајќи како не му е гајле. Решив да се тргнам.
    Не знам дали постапив правилно со пораката и со тоа што го избришав фејсот. Ама знам дека му дадов до знаење дека не можам повеќе да издржам мачејќи се вака.
    Нормално дека не очекувам да ме побара, ниту пак нешто друго. Му кажав дека изгуби другарка, љубовница и личност која навистина го сакаше. Тој го знаеше тоа. Всушност и нема што да му докажувам повеќе. Кренав раце.

    И кажав на мајка ми, ми даде подршка за се. Знаеше од порано што се случуваше но не целата приказна.
    Страв ми е да не ме фати криза па да го побарам. Единствено за тоа ми е.
     
  2. Dualism

    Dualism Нов член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Драги Феминки - Здраво.
    Од дамна немам пишано,ама работата му згусна- имам проблем.
    Имам врска од неколку години веќе и се изгледаше супер до пред едно време. До пред една година се наоколу пробував да му кажам дека доста ми е од врска и дека сакам да се земеме, после директно му кажував ама он не сака, затоа што наводно не сме финансиски средени (а сме-мислам не дека има на претек ама за среден живот имаме). Факт е дека не му е до тоа, туку до стравот од обврски. Меѓувремено јас почнав да контактирам се почесто со еден пријател (пријател, затоа што имавме некоја кратка врска без обврска мноооогу од дамна) и излеговме еднаш во град, утепавме добри 6 саати моабет за врски, брак, деца и тн. Сватив дека може и јас не сакам да се мажам што побрзо, ко да ќе ми помине времето за тоа или годините,а не сум ни престарена. Го баталив моабетот и не го напињав дечко ми веќе и тука он почна да се лади. Да се лади во смисла на *аха сеа не се замара ни она за свадба добро е*. Осеќам дека односите ни се ладат, сексот веќе не е ни тоа што беше, он е толку инертен да не се замара со ништо,од работа на компјутер и си тоа игрите по цел ден и ноќ, веќе не ни разговараме :( Си отиде пред некој ден на одмор на подолго и сега му е топ. А јас од причина што неможам со него да разговарам или кога е тука да искачам, да се дружиме, млади сме нели не ни е времето за по дома седење, почнав се почесто да се допишувам со пријателот. И од негова страна гледам дека не е рамнодушен, т.е. си флертува отворено и покрај тоа што знае дека сум во врска, а мене тоа и ми годи некако...
    Дури и ми се случува да фантазирам за него, па скоро секој втор ден. Дали е се ова последица на невниманието кое го имам од дечкото, па сега секое внимание, гест итн ми годи и ме привлекува, дали ми е при крај врската ама несакам да си признаам, дали да се борам да останам во неа и да њсе борам се да успее- НЕЗНАМ,АМА БАШ НЕЗНАМ??????

    На таква раскрсница сум, незнам што да правам, ве молам за совет :(
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
     
  4. Dualism

    Dualism Нов член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Не сакам да влетувам во нова врска, не ни сакам нова врска. Многу сакав (или уште сакам-незнам) да успее оваа врска......Толку ми е тешко, особено сега кога сум сама а тој на одмор, имам повеќе време за размислување, да ставам се на кантар што викаат старите и да видам дали вреди да се борам за врската или не :(
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Dualism, штом работата е веќе дојдена до тоа тој сам да си оди на одмор а ти да флертуваш со друг, најдобро би ти било да направиш еден долг и отворен муабет со дечкото, да си расчистите и двајцата вреди ли да се зачува врската или да се разделите.
    Што се однесува до бракот, заедно сте неколку години, гледам дека ти имаш 28, претпоставувам дека и тој е колку тебе или постар, значи ниту е рано, ниту сте премлади за сериозни муабети и ако не се гледа себе си со тебе во брак, или воопшто не се гледа во брак, фер би било отворено и да ти каже тоа, за ти со време да си ги знаеш опциите. Едно е да има се има некоја конкретна цел па за тоа да се почека со стапувањето во брак некое време (подобра плата, постабилна работа, место за живеење итн) но штом сметаш дека те мавта со објаснувањето, очигледно е дека не е до финансиите, туку за жал - до емоциите е...

    Marcela, браво за тебе девојко, одлична одлука си донела :hug: Биди горда на себе :)
     
    На SimonaTino, okcenzi и Marcela им се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    И јас сум за тоа да се разговара отворено, за да нема каење подоцна или обвинувања.
    Сепак сте години заедно, а новото секогаш е интересно, но никој не ти гарантира дека и тој нема да се промени. Возрасни сте и искреноста е многу важна. Едноставно ке си го прашаш какви му се намерите за во блиска иднина и дали сеуште постои таа ваша врска или е навика и стави му до знаење дека нема вечно да чекаш за тој да се одлучи.
     
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Пред се отворено да ти кажам затоа што дечко ти не ти посветил внимание во последно време немој да истрчаш во прегратките на првиот кој ќе ти се најде. Затоа што со дечко ти може да се средите по некое време и ти да се каеш. Почекај дечко ти да се врати од одмор ако рподолжи неговиот ладен однос најверојатно на вашата врска ис е ближи крајот. Само немој да избрзуваш со одлуки. И да раскинеш не почнувај ништо со пријателот. Сепак ќе ти треба некое време додека конечно да си ги средиш емоциите. И ако навистина имаш 28 години тогаш нормално е да размислуваш за брак а по ова што го кажуваш дечко ти делува незиантересирано. Но наместо да измислува причини најдобро нека си каже отворено што е проблемот па ти рамзисли си сакаш да останеш со него или не.И мислам дека еден долг и искрен разговор многу ќе ви помогне.
     
  8. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Мене ме фати криза за него, го нема втор ден од кога му го напишав тоа а мајка ми само ми ја отежнува ситуацијата. :( Не ми возвраќа ниту на повици ниту на пораќи. Знам дека е залудно ова што го правам ама не можам да издржам. Немам волја ниту сила за понатаму.
    Идиот сум што го сакам а знам дека не ми требало. Не ми доликува ова на годините ама не можам да се смирам од плачење.
    Ме полудува тоа отсуство, тој молк од негова страна. Не знам до кога. Се мрднав.
    Ова не сум јас, не можам да се препознаам.
    Кај и да отидам.. плоштад, кафичи, парк, автобуска па дури и собата ме потсетува на него. Луге кои не виделе заедно.
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Жал ми е ама ти нема спас (фрли се во Вардар), будалче. Ќе кризираш нормално, нема да се воздржиш од пораки и јавување, тој нема да одговара, а ти ќе збудалуваш.
    Тој ќе си го прчи ,а ти пати. И што ќе ти се јави, а ти трчаааааај да не задоцниш.
    Некогаш ќе се смееш на сето ова , ама сега те разбирам тешко е, што и да кажеме.
     
    На tessie и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7

    Вака ми е затоа што мајка ми не сака да ме сфати и постојано ми ја префрла вината, јас да се чувствувам виновно.
    Еве ветувам дека ке се воздржам од пишување и јавување. Не сакам да се понижам, но зошто претходната врска ја поминав со полесно, речиси без нервирање а со овој ми е вака? Сум поминала полошо од ова ама сум преболувала за најбрз можен рок.
     
  11. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Ова е класичен пример на фраер кој ја доведува девојката до лудило и наместо тој неа да и се пушти, таа агресивно како лавица тргнува во освојување на пленот. Во случајов се работи само за мамка бидејки тој си поиграл со нејзините чувства билдајки си го своето его. Мажите не сакаат кога девојките толку агресивно им се пуштаат и очигледно ќе мораш да се помириш со ситуацијата дека си го изгубила уште пред да го добиеш.
    Мој совет ти е не дозволувај да се спушташ толку ниско и да малтретираш некого со постојано звнење. Доволно е еднаш, доколку сакал ќе ти се јавел, ќе го доведеш во ситуација да мора да те отера у ПМ, за да престанеш да го малтретираш. Незнам што тука не ти е јасно и зошто го малтретираш човекорт.
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Вака ми е затоа што мајка ми не сака да ме сфати и постојано ми ја префрла вината, јас да се чувствувам виновно.
    Еве ветувам дека ке се воздржам од пишување и јавување. Не сакам да се понижам, но зошто претходната врска ја поминав со полесно, речиси без нервирање а со овој ми е вака? Сум поминала полошо од ова ама сум преболувала за најбрз можен рок.[/quote]/b]
    Секој нареден пат ќе ти биде се полошо ако не се промениш.
    Тоа значи:Секое распаѓање на врската го сметаш за свој неуспех, а покрај тоа ја немаш поддршката од мајка ти. Тоа ти создава чувство на вина.
    Така да , погледни се во огледало и кажи си самата на себе дека само ти си си најважна во животот. :)
    И што би рекол Бах, престани да го прогонуваш и гушиш ,никој не го сака тоа па дури ни ти.
     
  13. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Значи сега јас сум виновна затоа што го "малтретирам" човекот?
    Да бев јас на негово место, да му го направев истото, не само што би ме пљукал туку и би ми се одмаздувал за тоа.
    Да разјасниме.. Му имам простено секаква навреда, секакво однесување и провокации од негови најблиски, и отсуство затоа што сум го сакала и сме продолжувале заедно.
    Го бев оставила некој период, немавме никаков контакт. И тој ме побара прв да разговараме и да средиме ситуација.Не го замарав две недели. Јас прифатив разговор, и наместо и после се што ми направи јас останав покрај него во најтешките моменти. Јас не заминав, јас не го напуштив а тој ми возврака со најлош можен начин. Никогаш не заминав туку секогаш бев покрај него давајќи му подршка.
    Бараше девојка која ке го почитува, сака и ке му дава внимание... Го доби тоа, имаше се и не ми беше важно дали бил богат или сиромашен, дали има бмв или не. Ми беше важно да го направам срекен, без разлика на останатото. Се спротиставив на останатите кои збореа против него а јас сепак останав заедно на крај.
    Последниот пат кога отидов кај него се однесе со мене како кон губре: Што правиш овде и ме фати за гуша. Дали и после ова јас сум пак виновна?
    Сакам со дечково да разјасниме, да бидам на чисто. А не да го оставам и после два дена да се појави извинувајки ми се.
    Како можеш да кажеш дека јас сум виновна за "малтретирањето"?
    Значи во ред е јас да му простувам секаков кикс нему а тој да се однесува детски со мене? Во ред ли е тоа? Кој кого овде малтретира психички навредувајки?

    Инаку Далерон мене ми требаше подршка од мајка ми, да ми даде некој корисен совет.
     
  14. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Ова веќе поминало во храд кор со фаќање за гуша и слично, и навистина се откажувам од понатамошна полемика бидејки не гледам што тука не е јасно и што бараш повеќе од него после сево ова. Сакаш ли да го испровоцираш до тој степен и физички да те нападне?
    Јас мислам дека треба да си ја свиткаш опашката и да си се помириш со фактот дека тој не те сака, иако тоа требало одамна да ти биде јасно. Колку што сватив не само него туку ти ги малтретираш и неговите, и тие не те сакале (претпоставувам има причина за тоа), а ти упорно пак одиш таму и ги малтретираш лугето.
    Пред се мислам на психичко малтретирање бидејки твоето присуство сигурно ги нервира.
    Точно е дека треба да се бориш за љубовта, но не и да присилуваш некого на љубов.
     
  15. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7

    Не ме сфати. Значи јас и тој имавме убава врска. Пред да се случеше тоа со факање на гуша, една недела пред тоа тој ме запозна со сите роднини и ме покани на важен настан кај нив дома. Ме прифатија сите роднини и пријатели плус неговите родители освен една личност. Размислуваше да ме побара и за сопруга и да разговара со моите кога ке се вратат од страснтво. Беше упорен. По некој ден се случија некои незамисливи работи (секако јас не бев дел од тој настан) и тој почна да се крие од мене, од кога дознав што се случило отидов да му понудам подршка. Најпрвин ме напаѓаше а потоа следниот ден ми се извинуваше и ме молеше за прочка да бидеме пак заедно. Јас попуштив повторно се додека пак не почна да ме напага мене. Заминав во странство, прекинав секој контакт со него се додека тој повторно не ме побара мене. Каде си сакам да разговараме. Почна се убаво додека тој пак не се промени кон мене.
    Се вратив од странство, работите речиси беа средени. Кога го прашав на што сме јас и ти тој го одбегнуваше одговорот. Се криеше а утредента јас пак виновна? Ми имаше кажано дојди кога сакаш, седи колку сакаш.. обрати ми се за што сакаш во секое доба.

    Го прашав само еднаш зошто така се однесуваш, не треба да си лут што решив и јас да ги средам мислите. Само тоа беше. Не го напагав ниту со 5849685 пораки, само една и единствена и прекинав со пишувањето. Само го прашав затоа што заслужив да знам која е причината за ваквото однесување. Срамота е на негови години вака да се однесува. Да бега и да се крие а утре да се врака со изговор.

    Дали сметаш се уште дека јас сум виновна?
     
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Marcela, да не си помислила да му се јавуваш повторно или да го продолжиш контактот со него! Тој нека ја зграпчува мајка му или сестра му за гуша, тебе таков дебил не ти треба! Ајде животот е прекраток за да плачеш за човек кој не само што не те почитува туку уште и физички те напаѓа!
     
    На Marcela му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Марчела ние не сметаме дека ти си виновна затоа што врскаа ви се распаѓала ама секој еден човек ако го напаѓат и го гушиш буквално нормално е да те одбегнува јас знам по себе. И смаата велиш дека секој пат се враќал кај тебе е овде си ти виновна, а не само ти сите девојки се такви што и да е лесно простуваат и тој сега ти ја научил слабата точка и вака ќе ти прави. Откажи се и не го барај. Значи сте имале убава врска се ок но убавото кратко трае. Ако продолжиш вака да го напнуваш човекот не да ја оправиш работата туку уште толку ќа ја влошиш. Ти кажав и вчера во пораката не го барај повеќе, возрасна личност си имаш уште да не речам цел живот пред тебе едноставно не вреди за машко да се уништуваш. Тој да те сака доволно нема да те повредува на овој начин. Откажи се веќе еднаш девојче.
     
    На Marcela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам околу една тема чисто за мислење ме интересира сакам да слушнам повеќе мислења. Дали е можно со некого да сте во врска неколку месеци тој да ви вика те сакам, некогаш да му докажува тоа а некогаш ве прави љубоморни а всушност цело време да мисли и сака друга девојка, в телефонот да чува нејзини слики слично? И дали ако еден човек зборувам за повозрасен да речеме 20 години е заљубен во една девојка дали е можно никогаш да не засака друга? Значи пред се да си објаснам дека не е за мене, немам дечко туку чисто онака ме интересира сакам да видам повеќе мислења околу ова.
     
  19. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Ако мислиш на маж да, може да каже многу работи а да не ги мисли, а зборот те сакам некои мажи го користат како добро утро. Тоа што ве прави љубоморна е заради тоа што му се може, а секако дека мажот може да „сака“ повеќе девојки во исто време особено ако тие се наивни и си ќутат.А, како докажува дека те сака? Добро де не тебе другарка ти :) И воопшто не се сикирај некој ако е „заљубен“ во клинка помала 20 години од него, прво треба да се лечи, а најверојатно ќе сака тој и други без гајле. Воопшто не се секирај ти или која и да е дали тој може да сака доколку го оставите туку што побргу нека се извлече од канџите на тој педофил кој има години колку татко и.
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Бах несакам мешање на некои работи како и обично.
    Прочитај ми го уште еднаш прашањето и добро внимавај што прашав. Значи дали може кон една девојка да се однесува и да и докажува дека ја сака, а всушност тој цело време да си е заљубен во друга? Незнам колку ме разбирате со прашањето. А тоа дека зборот те сакам се користи како добро утро го знаеме сите. И јас можам да изглумам дека сакам 20 души во исто време ама моето прашање е за една вистинска и искрена љубов и дали има шанси после неа да не засака никоја. И ти кажав дека зборувам за 20 годишна личност а не за некој кој има толку години како татко ми. Чисто за твоја информација татко ми има 50 години. И не се работи за мене туку чисто онака прашувам за мислење. Како и да е не сум должна никому да објаснувам и да повторам прашањето е дали може да е во врска со една девојка да и докажува дека ја сака на било кој начин, да и љубомори и и нејзе да ја прави љубоморна, а всушност тој цело време да си сака и мисли друга, и после таа друга девојка да не засака повеќе никогаш? Се надевам јасни сме.