Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Можно е. Секакви не има. Може едната ја сака а неможе да ја има, па додека е со другата се понаша како да е со првата и за тоа така и може да прави.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  2. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Епа според мене можно е,бидејќи машките по тешко засакуваат но и повеќе сакаат,а и тешко преболуваат. Тоа што велиш дека кажувајќи и те сакам(тоа повеќе се докажува), правејќи ја љубоморна може го прави само за таа да го засака него,ако тој си сака друга.Незнам можеби си бара утеха и мисли дека ќе ја засака со тек на време а другата ќе ја заборави,се е до карактерот и до човекот :)
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не ја разбра добро.
    Прашува некој кој што 20 години е вљубен во една жена, дали е можно никогаш да не засака друга. Можно е зошто да не, ако таа жена го исполнува во целост, што е реткост посебно во денешно време.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Sure he can. And YES HE WILL. :rofl:

    Сериозно да ти одговорам. Особено на 20 години, бидејќи напиша дека има 20 години, момците сакаат да бидат или барем да изиграват players. Но и да нема 20 години, луѓето се такви суштества, што се способни да лажат во неизмерни количини за да го добијат она кое го сакаат, може да биде супер џентлмен, да биде слаткоречив, но тоа е само чист жиголо однос, на иста линија како девојка која мажи ќе ја наречат курва, само зашто знае секого да го заведе и освои. Знае што сакаш, ти го дава тоа, ама нема некои сериозни чувства. Ти дава љубов, му плаќаш со секс. Не мора да играат пари за некој да биде жиголо или курва. :!:

    И, нормално дека може и сигурно ќе засака друга. Не само тој на 20, туку и на 50, сите луѓе се способни за нова љубов, зашто луѓето иако баките тврдат спротивно, секогаш се способни да засакаат нов човек, само треба да помине одреден период и емоциите за старата љубов да ги избледи времето. :emo:
     
  5. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7

    Се откажав јас.. Сеедно ми е, сепак не е единствен на свет нели? :D
    Инаку, не.. не го гушев туку тоа беше само една порака за да разговараме а понатаму кога видов дека не сака го оставив. Јас штом решив да тргнам раце од него, готово е.
     
  6. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене во темава. Раскинавме после 8 години врска. И претходно имам пишувано на форумов, дека ми раскина и претходно без некоја поголема причина како и сега,пред неколку години,и со истиот изговор како и сега, дека сакал да си среди чувства, сакал да размисли што сака понатаму, и не знам што. Знам дека виновна сум што претходниот пат кога ме побара се смирив со него, иако долго размислував, на крајот попуштив, и еве сега пак ми зададе најболен удар. Значи, него му текнува сакам да знам што сакам понатаму, ајде да видиме, сакам да раскинеме, сакам да бидам слободен,ќе ме побара пак, ќе се смириме и по некое време пак истото. Не е лош човек, но претерано големо влијание има од домашните. Јас мислам како со нив да бев во врска, а не со него. Не знам како ќе го предбродам овој период, стварно ми е тешко, но знам дека и да ме побара веќе не сакам ништо со него. Не знам само како ќе останам силна, и цврсто да кажам не.Не сум сама, другарките се тука нон стоп за мене, излегувам, се забавувам, не седам дома, но чувствувам дека душава ми е распарчена. Како се да ми се сруши во само еден момент. Како во тунел да сум , а излез не гледам никаде.Не го заслужив ова и тоа ме боли најмногу. Јас секогаш се трудев, и јас за некои расправии носам вина, не велам не, но никогаш немам направено некоја поголема грешка. и затоа се обвинувам себеси, дека можеби премногу бев добра и попустлива кон него. Инаку имам карактер тврд како орев, а со него бев слаба. Можеби тоа е мојата грешка. Искрено, не знам како ќе го пребродам ова и ќе излезам од оваа ситуаија.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ти први топло-ладно.
    Како не гледаш излез, батали го (многу ќе ти е тешко) и продолжи со животот.
    Самата си свесна дека заслужуваш повеќе од ова, не е лесно 8 години да имаш некого покрај себе, па макар и навиката само да останала.
    Исто како да изгубиш драг предмет.Си се обидувала ама кога глеадаш дека не оди, попусто се надеваш (ако се надеваш) дека ќе се промени нешто. Слабостите доаѓаат од самите нас.
    Разни ликови и предмети доаѓаат неповикани во нашите животи, а исто така и си заминуваат.
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се преболи врска која траела 8 години.Те разбирам и можам да претпоставам како се чувствуваш.Кога ќе размислиш за причините,а уште повеќе за последиците кои може да настанат од незрелото однесување на некоја личност,ќе сфатиш дека е подобро секој да продолжи по својот пат. Потребна ти е личност која ќе биде покрај тебе во сите моменти што ги носи животот,а не маж без самодоверба кој одговорот на секое прашање ќе го бара кај родителите.
    Тоа што имаш цврст карактер може многу да ти помогне за да продолжиш понатаму.И не дозволувај да помине повеќе време за да го преболиш.Од твоја страна добро правиш што излегуваш и се дружиш.Тоа што си била добра и попустлива кон него најмногу те револтира и ти го повредува его.Дали си погрешила со таквото однесување,ти најдобро знаеш.
    Секој има свој живот и право да биде среќен.А,ти очигледно не си била среќна во долгогодишната врска според описот на неговото однесување и мешање на неговите родители.
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Па фала богу да се откажеш. не ем сфаќај погрешно ама зошто да се бориш за некого кој не мрднува ни со малиот прст за повторно да бидете заедно? Видел дека го сакаш и неможеш без него и изигрува "фраер" или пак му одговара така затоа што го сакаш сфатил дека неможеш без него и сега ти си лигави максимално најмногу што може. Мислам млада си а сигурно и убава и не вреди на овие убави години да се унишуваш самата себе заради некој си лигуш најреално.
     
  10. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Се извинувам за грешката околу годините, значи типот има 20 години а не е постар 20 год како што јас првично разбрав и као вика дека повеќе никогаш неможе да сака? И јас на 15 кога бев премногу вљубен во една особа истото го мислев. Лугето често не прават разлика помегу сакање и физичка привлечност. Дали би ве сакал ако се ишишате ќелави, или се здебелите а сте биле згодна риба? Секако дека не. Сеуште сте млади за да развиете таков вид на емоција, иако сега ви се чини дека не е така.
    Ги прочитав останатите коментари и навистина се чудам на женската наивност, мажите потешко засакувале, ама повеќе сакале дрн, дрн, јаиња.
    Жената е таа која засакува и знае да сака, додека мажот се концентрира повеќе на физичка привлечност, затоа и мажите се тие кои повеќе изневеруваат, откако ќе сватат дека жената која им е дома не е онава каква што била пред да се земат.
    За да се случи такво нешто да неможе никогаш повеќе да засака треба да биде зрела личност и да се зад нив децении брак, додека вакви клинци кои им прават филмови на тинејџерките кои се наивни ги има еден куп. Има и такви кои велат дека ќе се убијат ако ги остават, дека без нив неможат да живеат.... А, погледнете ги статистиките кој повеќе се убива заради љубов? Секако жените.
    Затоа велам, уживајте си на тие ваши години и воопшто не се секирајте за ништо, уште многу пати ќе сакате и отсакувате, уште многу девојки ќе паднат и ќе им дадат на такви кретени на кои лигавењето им е единствен начи да дојдат до п.... играат на картата на женското сожалување, што според мене е кукавички.
    Абе ако си прав маж ќе ја заведеш и ќе ја освоиш а не да и правиш филмови дека повеќе нема да сакаш дека ќе се убиеш и слично.
     
    На HoneyBun, Hipica и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Бах моето прашање не се однесуваше за физичка привлечност. Не сум дојдена од Марс и јасно ми е дека машките гледаат повеќе по физичкиот изглед на некоја девојка. Но реално зборувано и да спие со други, цел ден да го помине со други жени или девојки еден маж пред спиење мисли само на една девојка, на таа искрено што ја сака нели?
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Изгледа јас не сум те разбрала добро или дечко од 20 години не го сметам за повозрасен, како ти.


    eloves напиша:
    Сакам да прашам околу една тема чисто за мислење ме интересира сакам да слушнам повеќе мислења. Дали е можно со некого да сте во врска неколку месеци тој да ви вика те сакам, некогаш да му докажува тоа а некогаш ве прави љубоморни а всушност цело време да мисли и сака друга девојка, в телефонот да чува нејзини слики слично? И дали ако еден човек зборувам за повозрасен да речеме 20 години е заљубен во една девојка дали е можно никогаш да не засака друга? Значи пред се да си објаснам дека не е за мене, немам дечко туку чисто онака ме интересира сакам да видам повеќе мислења околу ова.


    Епа на 20 години не може да не засака друга.
    Убаво ти напишаа (како што јас те разбрав), ако е 20 години со една личност и има се во неа што бара тогаш е можно да не засака друга.
    А дете на 20 години ниту е зрело, ниту пак може да е спремно да остане цел живот со една жена(со исклучоци).
     
  13. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    А, што имаш ти од тоа што тебе ќе те сака а по цел ден со други ке се е.е?
    Искрено незнам што би ти значело тоа дека тебе те сака ако е со други?
    Зарем не е љубов да сакаш само една жена, и како може да бакне друга ако тебе те сака?
    Исто така, како можеш да знаеш дека тебе те сака или ти прави филмови, тоа се чувства и неможе да се измери. Покажувањето дека те сака треба да се состои во тоа да ти биде верен, освен тебе друга жена да не го интересира, да биде со тебе и кога си тажна и среќна, и болна и здрава, и кога си фул нашминкана и намирисана, и кога си испотена и со мрсна коса..... и да не набројувам. Ти си млада особа и не дозволувај да те манипулира никој, и не верувај на такви наивни финти, од типот тебе те сакам а со нив сум само така.
    Ајде ти направи му го тоа нему и кажи му дека само него го сакаш, па да видиш дали ќе биде со тебе.
    Исто така тоа што те прави љубоморна сака да си поигрува со тебе, вистински маж никогаш не би и го направил тоа на својата сакана. Колку што сватив единствен доказ дека те сака е тоа што ти е љубоморен? Па нормално дека ќе си го штити својот плен, не е глуп да дозволи некој друг да те работи кога може он.
     
    На poenta, leighton23 и Gea им се допаѓа ова.
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Прашањето ми беше " дваесет годишна личност е во врска со една девојка на пример неколку месеци и вели дека ја сака, љубоморни се имаат ок врска да кажеме ама всушност тој сака сосема друга личност." Мислам дека сме јасни. Прашањето ми е дали некогаш може да не засака друга освен таа втора личност? Сега вие не сте видовити за да знаете точно но сакав да слушнам онака повеќе мислења.
     
  15. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.445
    Пол:
    Женски
    eloves Мислам дека полека но сигурно преминуваш во тролање, ти одговориле како што мислеле дека треба а ти едно те исто го повторуваш, кој сака ќе ти одговори, немора под секој пост пак истото да го пишуваш. Те разбрале како што те разбрале и ти одговориле, нема потреба од повторување.
     
  16. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681

    Секако може да засака зошто да не ?
    Штом е во врска со друга личност, значи решил да се обиде, да сврти друга страница во својот живот.
    Само е прашање на време, колку време ќе му треба за да ја преболи саканата.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    leighton23 фала :)
    Струмке јас не тролам туку се боидувам на дотичниот Бах да му го објасна прашањето оти 5 коментари напиша а ништо поврзано со меото прашање туку нешто друго ми објаснува педофилии и незнам уште што.
     
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Малечко, е како бе ок врска , а тој сака друга?
    А може таа другата ќе ја сака цел живот, а со првата ќе си живее.
    Малку иронично напишано ама според мене така испаѓа.
     
    На Bah му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Да не се лажеме, многу луѓе во новите врски влегуваат со багаж од старите, знам многу девојки кои почнале нова врска додека уште биле заљубени во претходниот дечко, дури и не мора да им бил дечко, едноставно неостварена симпатија.
    Ако почнеш романса со некој кој неодамна излегол од врска, едноставно не можеш да очекуваш дека тој ќе почне од нула со тебе и сите претходни емоции што ги имал за другата девојка ќе бидат магично избришани преку ноќ. Можеби станува збор за рибаунд, можеби дечкото едноставно продолжува со својот живот а до тебе е дали сакаш и дали можеш да се нафатиш на таква врска каде знаеш дека освен ти, и некоја друга му е во мислите.
    Другарка моја ризикуваше со тип на кој девојката само што му имаше раскинато, знаеше дека тој уште има чувства за неа но премина преку тоа (те му даде време) и денес се сеуште заедно но исто така знам и случај каде типот си се врати кај старата девојка зошто премногу ја сакал а другарка ми остана запрепастена и повредена, така да секој со својата среќа.
     
  20. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Јас сметам дека додека не се преболи стариот партнер да не се влегува во врска бидејќи нема да биде фер кон двајцата посебно кон оној со кого девојката/ дечкото започнала врска..
    Зошто сметам така?
    Затоа што дали би било фер да бидеш со еден а да мислиш на друг? Не, туку освен што е себично тоа е и еден вид на користење на другиот само за да го преболиш оној кој го сакаш.
    Јас навистина не би го направила тоа, не би си играла со туги чувства бидејќи знам колку е болно тоа.
     
    На Hipica, Valerin и Daleron им се допаѓа ова.