Не знам дали проблемот е баш за тука, но ќе го пишам дека не знам кај на друго место би го пишала. Ќе се обидам колку што можам да бидам пократка и јасна. Имам 17 години дечкоми 24.Во врска сме 2години и 9 месеци,домашните знаат.Бидејќи не сме за одмор,сакаме така како викенд да истераме негде. Се договараме веќе подолго време со еден пар,моја другарка и негов другар. Се договоривме тоа да биде 2ноќи и 3дена,но проблемот е што мене не ми дозволуваат од дома,односно татко ми. Не ми дозволува да одам со него,и јас тоа му го кажав. Од него добив одговор "ако треба и скарај се" а јас му предложив кога веќе не ме пуштаат за останување барем на еден ден, и не сака. И му викам сеа што ќе биди? Ми вика јас ке одам и ке го исклучам телефонот а ти што сакаш прави. Му предложив да не зема одмор од работа сега,нека биди еве и зимото кога јас ке можам заедно да одиме,не сака. Пробав да разговарам и да му кажам дека мислам дека не е фер воопшто што така ми врши притисок. Пред се јас имам само 17 години и зависам од моите родители,морам прво нив да ги прашам. И не само тоа,еве од септември ке почнам на училиште,сестра ми на факултет и нема смисла и јас да ги притискам моите да ги трошам ако немаат. И не сакам да се карам,знам дека моите родители се нервираат а јас тоа не го сакам воопшто и кога видов дека не ме пуштаат само се повлеков. Не знам што да сторам,ве молам помагајте. Тој наместо да разбере ме притиска уште толку.
DivineFM Претпоставувам дека си свесна дека тоа што тој го чувствува спрема тебе не е љубов, така? Е, ако е така тогаш и самата си свесна дека треба да бегаш од него што подалку. Воопшто не ми е јасно како воопшто родителите дозволиле да бидеш со него. Кога сте се фатиле ти си имала 15 а тој 22. Па тој до сега требало да биде сместен таму каде што му е местото, тоа е чиста педофилија за која знаеле и твоите родители што е за осуда. Добро е што барем сега си делумно свесна па не си дозволила да те натера да заминешѓ од дома без дозвола, или да ги нарушиш односите со твоите родители. Сега можеби мислиш дека е љубов, но верувај ми еден ден ќе се каеш, тој сега ако те уценува замисли утре кога ќе бидеш со дете колку ќе те уценува и како ќе се изживува со тебе. Тпгаш и татко ти, ќе ти рече нема назад сама си, си го бирала, и каде ќе одиш? Зарем мислиш дека тој ќе те чека да завршиш факултет? Не мила моја, тој ќе си поужива уште малку во твоето младо тело и ќе си најде некоја за женидба, џабе воопшто си го тупиш мозокот со него. Подобро е таа врска сега да пукне отколку цел живот да си ја удираш главата од ѕид и да се каеш.
Ако те сака ќе те разбере. Од септември ете го уште 1 месец појдуваме на школо, ти на школо сестра ти на факлутет и ќе требаат пари. Плус нели треба сега пред школо нешто ново да си купиш? Фармерки, некоја маичка, ташна? А и мислам дека си многу мала за да одиш со дечко на одмор, најискрено мое мислење. Зборувај со дечко ти воедно и со твоите дома сега незнам од кој град си но би можеле да отидете само на еден ден во Дојран, Охрид, Струга, Мантово или Велешко езеро ќе станете порано околу 3/4 ќе се спремате ќе бидете таму неколку саати и вечерта ќе си дојдете. не мора 2/3 дена. Така нема да останувате таму и да спиете заедно. Мислам дека татко ти како и секој родител тоа најмногу го загрижува и седни и објасни му дека вие ако сакате да направите нешто ( иако не верувам дека до сега не сте направиле) сигурно дека нема да прашувате за одмор можете и таму кај што сте да направите. А твоите родители го имаат запознаено дечко ти или само знаат дека сте заедно?
И јас тоа го предложив,само на еден ден во Дојран ама не сака. И мислам дека на него ако му е убаво со мене ке му биде и на 2часа. Мислам дека деновите не се мерило за добар помин. Се имаат неколку пати сретнато и еднаш има дојдено кај мене дома. И за пари ај некако разбра,ме убедуваше ти само дојди јас ке гоподнесам трошокот,а мене така не ми е згодно и вика ај колку имаш ти толку другото јас. Ама мене ме маче тоа што изгледа он не сака со мене па само си бара рачка за да се скараме и да оде сам. Искрено ако јас толку многу сакам некој да биде со мене,ке имам трпение,ние не сме само за денес. Му кажав дека можеме зимото некаде да одиме. Тој ако толку многу сака одморот да му биде со мене,како и да е ке прифати па макар и на еден ден....
Не сакам коментирам нешто за што не знам ама машко од 22 години бара само една работа од женско на 15, а тоа не е прошетка по парк. Треба да ви биде јасно бе на тие околу твоја возраст дека не секој ве сака како што си мислите и тоа се докажува во вакви ситуации. Зошто би ти вршел притисок за ваква глупост? Тој ако работи некаде или му врнат пари на некој не му е така. Во случајов тој се однесува како дете... И зар стварно мислиш дека тој те сака вистински? Да, некој ќе рече има и такви врски што успеале ама таквите врски се 1 на 1000.
Направи вака. Зборувај со твоите дома и прашај ги за тоа длаи може за еден ден утрото да одите а вечерта да се вратите убеди ги посебно татко ти како што ти објаснив горе. После тоа зборувај со дечко ти и кажи муд ека само така ти одговара и само така ти дозволуваат и нема да ти требаат многу пари. Само за јадење, пиење и за превоз нешто ако давате. Затоа што сместувањето е скапо а вам нема да ви треба. Зборувај со дечко ти и објасни му повторно како стојат работите и нека праша дома дали доколку би имал помала сестра од 17 години дали би ја пуштиле сама на одмор со 24 годишен дечко. Сигурно дека не би. Ако прифати значи те сака ако не прифати значи дека разликата во годините си го направиле своето. Ова е една од причините што не прифаќам вакви врски. Да имаше ти 18/19 години да беше вработена работата ќе беше друга ќе земевте одмор и двајцата и ќе заминевте некаде на една недела. Ама ти си уште дете.
Така на еден ден ми дозволуваат,ама не сака тој. А инаку мислам дека тоа му е домашно воспитание....неговата сестра е омажена на 17. А за сакање....што знам,правел многу работи за мене и во многу ситуации покажувал дека му е дојдено до мене,и покажувал разбирање...не знам зошто би го правел тоа ако не ме сака....
Затоа што си ти младо пиленце и на секој маж му импонира да биде со млада девојка како тебе. Ај наведи примери што тој толку направил за тебе и ти докажал дека те сака? Спомна барање пари од твоите во првиот пост. Зарем сама ти ќе си плаќаш, зарем до толку е неспособен да те исфинансира за 3 дена? Да не сака и за него таткоти да плати? Навистина е срамота за толкав маж да бара девојче од 17 години само да си плаќа.
Не,не не. Се извинувам ако грешка објаснив и грешка ме разбравте. Значи за плакање не дозволува татко ми тој да ми плаќа. А на секое излегување секогаш додека има пари не ми дозволува јас да платам, имало и такви моменти па кога му завршила платата од непланирани трошоци јас да плакам.Ама тоа се случувало ептен ретко. Значи за тоа немаме проблем,ама мене ми е неугодно тој постојано да плака па дури и одмор. Ми вели нема никој да знае дека јас сум платил,кажи дома дека си штедела и со твои пари ке одиш. Ама не можам така,јас не се чуствувам убаво,мене ми е неугодно.
Епа тогаш прашај го која е конкретната причина што несака само за еден ден. Мислам возрасен човек е ако толку те сака како што кажуваш ќе има разбирање за тебе.
Девојки имам едно момче кое ми се допага а имаме излезено 3 пати. Последниот пат излеговме некаде во март и од тогаш па наваму тој не ми имаше пишувано на фб. Но вчера ми пиша. И сега незнам што да правам а многу ми се допаѓа мислам и дека сум заљубена. Сакам да излезам пак со него но незнам како како да му се доближам и сето тоа?? инаку тој е многу убав и многу девојки сакаат да бидат со него. плисссссссссс помогнете
И јас незнам што да правиш но ако сакаш да ти дадам страна играј некоја игричка. Сеедно прави што ќе правиш но првиот чекор никако немој да го правиш ти. Затоа што сте излегувале одреден период и од последниот пат тој не те побарал се до вчера. И сега ти ако го направиш првиот чекор тој ќе те сфати како лесна мета. Затоа почекај да видиш дали тој чуствува воопшто нешто кон тебе, ако не чуствува што ќе бараш пак со него.
Игнорирај го некое време. Ако ти пишува 2-3 пати - тогаш му значиш, ако не - тогаш не е за тебе. Не дозволувај некој да си игра играчки со тебе, фати го - пушти го. Имај малку гордост и не се залетувај. Биди, слатка и недостижна госпоѓица. Забранетото овошје е најслатко!
очигледно е дека дечково е некое маалско фраерче и само сака да те искористи. Кој знае со колку други излегол до сега, па сега пак со тебе, па утре пак со друга и пак нема да ти пишува итн
ви благодарам за мислењата ќе постапам како што ми кажавте. Инаку вчера ми пиша и толко денес го нема
сега вака кога пишувам во некој случај е таков но мислам дека е добар незнам, го познавам уште од мал, лани излеговме во август некаде после вториот пат во октомври и последниот во март и ете вчера ми пиша незнам навистина зошто ме прашува „нели излегуваш„ и 4 смајлиња што му е филмот незнам а од друга страна па имаше девојка која многу ја сакаше и му раскина и од тогаш тој е ваков.
Излеговме и разговаравме,не сакал на еден ден дека не сакал на возење да му испадни цел ден,а и од работа немаат никако слободни денови. Работи недела па дури и празници па сакал овие 7 дена одмор што му се да ги искористи добро. Некако се смири и решивме пак да разговарам дома да го убедам татко ми,ако не успеам ке одиме на еден ден. Ме молеше само да бидам со него не сакал да ги притискам моите дома за пари,само да сум била со него. Му викам зошто тогаш така грубо и неразбрано се однесуваше,вика јас две години чекам да земам одмор(дека лани не му дадоа одмор) и само со тебе да го искористам и на крај ти ме извиси. Му кажав како е ситуацијата,дека не е до мене,зарем јас не би сакала да одам некаде да се прошетам па мислам дека ме разбра колку толку. Ви благодарам девојки на одвоеното време