Јас пак се нервирам...дечко ми ми рече при рразговор дека сакал со друштво на одмор ,а тие се женети парови со деца,сто сака да одиме со нив досадно ке ни биде ... А ние сме млади пар... ЕЕ не сакал само мене да ме гледа вака ке сме имале со кого муабет да напрајме и ке сум го напнувала јас ///што мислитееееееееееееееее?
Е добро де нема ништо лошо ако сака да одите со друштво.незнам причина зашто би се лутела,ај да станува збор за мешано друштво а вие да сте само пар да,но вака чим сите се парови што има врска. И не сте вие обврзани секој ден со нив да го поминувате на плажа и слично. Но сепак ако сметаш дека не сакаш да одиш кажи му го тоа и настојувај,дека не сакаш да одиш со нив на одмор.
И јас на почетокот на врската бев посесивна и гледав секој миг да го минуваме сами.Поради тоа и се одалечивме од многу луѓе,среќа на време си ја видов грешката,пред да останеме сами. Поубаво е кога имате некого таму,сигурно ќе си имате приватност. Можеби кога би оделе со млад пар(претпоставувам ти смета што имаат и деца) би можеле и да излегувате навечер до подоцна и по дискотеки,ама можете и сами да одите,тие нека останат дома. Верувај дека и вака убаво ќе си поминеш
девојки ај помош малце вака со дечкоми идам скоро 10 месеци на почетокот се беше океј 24/7 со мене на фб зборење на тел и слично, а сега у прв план му се другарите му кажав како се чувствувам ми рече повеќе внимание од сега ќе ти посветувам али пак истото го повторува кога иде на диско ми вика не сум со женски не се секирај а ја како да знам дали е со женски ццц како да му привлечам внимание ми скисна веќе другарите да му се на прво место.
А зошто не излегувате заедно? Треба да поминува време и со другарите,ама зошто ти постојано да трпиш поради тоа,сигурно ако сака може и тебе да те вклопи во тоа друштви.Ако па не сака,ако имаш ти другарки почни и ти така да си излегуваш,однесувај се и ти така,па може и ќе сфати. што си му зборувала.Додека не почуствува самиот на своја кожа како ти е,нема да може да те разбере.
како да се вклопам во тоа друштво кога се се машки и женкари они одат на диско мене на диско не ми даваат од дома другарките ми се разбегаа едни на гости други на одмор и цело лето дома го поминав го бикам на базен неможе преска едвај го натерав да де видиме он со другари си е човекот мене кој ме шиша.
значи вака имам 19год со дечко ми сме заедно веке 4 годиЛни врската ни започна неочекувано и наеднаш се најдов мегу нековото семејство со кое навистина имаме супер однос .. стартот на нашата врска неможам да речам дека енубав или нешто со што би се гордеала ,започнавме со караници .и незнам што е тоа што се одржа толку долго заедно направив премногу грешки но помина преку тоа понекогаш си,мислам дека шродолжив од страв а не од љубов многу пати велеше ќе се сменам но тое беше за.краток период .еве веќе неколку месеци чуствувам како се одалечуваме еден од друг воопшто и не разговараме како претходно и ми здосади целава таа монотонија во нашава врска инеговиот нарцисоиден однос кон сите дури и кон мене се наоѓам во ногу голема заблуда од една страна сакам да ја спасам врската но тој не прифаќа дека и тој е виновен пд друга страна незнам дали би постапила правилно бидејки се изморив многу од неуспешни обиди се плашам да ,не погрешам и подоцнад а се каам но незнајм и се прашувам дали имам,иднина со личност Нарцис ,
После сето ова што бараш со него? Лош почеток, ама неговите се супер. Врска никаква, си почнала од 15 години сигурно ти е прв. И колку години е тој? Сигурно е незрел, го открил светот, девојките па ќе се однесува како нарцис. Дпста се обидуваш, не бива само едната страна да се обидува, тука ништо не можеш. Откачи го, не се плаши нема да останеш сама, животот е пред тебе, зграби го. Тој не ти треба во животот, ти треба некој што ќе има очи само за тебе. Ќе повторам откачи го, мислам дека не го сакаш само навиката останала и страв од: Што понатаму.
Девојки се наоѓам во тешка ситуација. Со дечко ми одиме скоро 6 месеци. Кога се фатив со него го сметав за најпрекрасниот дечко на светот. Мил, фин, културен, паметен , отсекогаш се сложувавме за се и сешто, ниеднаш досега не се случи да се скараме за било што. Ми угодуваше во се. Единствениот проблем е мојот бивш дечко.Ми прави многу проблеми со дечко ми. Инаку сО него не сум веќе една год. и повеќе , а причината поради која раскинавме нема никаква врска со сегашниов, јас со него се фатив долго време после тоа. откога се фатив со овој буквално збесна, не знае на кој начин веќе да проба да не раздели. Дознав од други дека пробувал да му намести некоја девојка на дечко ми ама не му успеа, после тоа беше извадил муабет дека јас сум го варала дечко ми и тоа не му успеа, после то мене ме провоцираше преку други луге за да поверувам дека дечко ми е таков, онаков и не ти знам каков што уште, апоследно што направи, проба да ги придобие ( да се зближи) со некои од пријателите на дечко ми и на овие толку им требало изгледа да им го замотат паметот, па си станаа добри пријатели со него. Што се случи , како се случи не знам, дали овај им ја наполнил главата со глупости за мене па после тие му ја наполниле на дечко ми не знам, ама осеќам дека нешто не е во ред. Еден период почна да ме одбегнува, го прашав што е проблемот рече ништо не е , се е во ред. Поссле тоа се поправија рабпотите малку,се однесуваше спрема мене како кон кралица, после извесен период пак почна да ме игнорира . Пред некој месец се случи на 1-2 пати да се зеза со мене ( се запрепастив коа ми кажуваше некои зборови кои ми ги кажуваше онај бившиот), после тоа пак по старо ( како пто беше и отсекогаш, внимателен, добар, ми угодуваше во се, ми кажуваше колку ме сака, па подароци ми купуваше, друго , трето. Веќе ми е смачено од таквото негово топло-ладно однесување, а порАно не беше воопшто таков. Се плашам дека можеби е под "влијание" на неговите пријатели( ако на овие мојот бивши им јадел нешто г*мна за мене ) . Го прашав многупати ако не сака со мене да раскинеме ако му е досадно или било што да раскинеме, ама не сака вели дека ме сака и не сака да ме изгуби. Се би ни било најпрекрасно да не беше овој бившиот , секаде ми меша прсти. СТално нешто провоцира, на почетокот му обраќав внимание на провокациите, се нервирав ама сега воопшто и не ми чуе. Ниту сум му врекала некогаш ниту сум го провоцирала, отсекогаш ќутев само // Се нервирам најмногу заради дечко ми. За мојот бивш јас уствари никогаш му немам ни зборено што праел , како праел, едноставно не го регистрирав дека постои. И што треба сега јас да правам, да земам да му објаснувам на дечко дека мојот бивши меша прсти цело време , дека ако нешто му збореле за мене пријателите негови тоа е поради бившиот или не ти знам што не можам стварно. Одиме толку време , ме познава многу добро, па ако дозволи некој трет да му го промени мислењето за мене тогаш не знам. А на овај ненормалниов воопшто и не му одвраќав некогаш на провокациите, На почетокот се нервирав многу ради тоа а тој го гледаше тоа ама сега ич не ми чуе. Си траев цело време досега, собирав у себе ама ова више не се издржува. Ми доага да го извреѓам едно убаво, партали да го направам . Што би правеле на мое место?
Најпрво се изнамачив да прочитам. Нема нов ред, некој редослед, ама дечко има. Имаш 16 години, врска 6 месеци, бивши со кој не си повеќе од една година. Аман бе кога фати прв пат дечко, на 10 години? Ами ако не ти „чуе“ што се замараш? И тој дечко ти колу години има петнаесет, па да потпаѓа под нечие влијание. Велиш да го извреѓеш, што ќе постигнеш, ќе се бламираш само. Со деца на бања не се оди оти ќе ти го изедат сапунот. Пријатно сега.
Чекај малку де кај напна одма со годиниве, не мора да значи дека податоците кои сум ги оставила на профилот се точни. Имам 18 год. а исто толку има и сегашниот дечко. Бившиот е 20. И да , ако те интересира овој ми беше воедно и прв дечко , го фатив на 16 ипол год. Сега можеш да си ја поправиш пресметката поточна да ти биде.
Оф топик ама морам да ти одговорам на дркоста. Прво, за 18 години не си научила правилно да пишуваш. Второ, никој не те терал да лажеш за годините ионака форумов е анонимен. Трето, не биди безобразна кога од старт лажеш. Јас си ја исправив грешката во пресметката сега на тебе е ред, можеби и ќе добиеш некој совет.
Вака, заедно сме од Нова Година и на почетокот од врската не ми сметаше да излегуваме со друштво, но секогаш наоѓавме време да бидеме сами. Е сега е обратно, оддалечени сме од друштвото и секогаш кога излегуваме сме сами. Искрено ми смета тоа со оглед на тоа што се гледаме секој ден и времето што го минуваме заедно (3-4часа дневно). Многу пати му викам да излеземе со друштво или во парови со другар му и неговата женска ама не сака ми вика сакам да уживам додека сум со тебе не ми требаат други Можеби некоја од вас ке рече зошто мајка ти ти се меша во врската ама и таа ме напнува зошто не излегувате на кафе, на прошетка, на пица итн и многу се нервирам затоа што незнам на кој начин да му кажам да излегуваме повеќе надвор. Инаку излегуваме на кафе ама преку ден и тоа еднаш во 7-8 дена и тоа со уште 5-6 негови другари А кога сум излезена во кафич или дискотека тој доаѓа на крајот со некој другар седи 10-15мин и си одиме
Драга, Ко прво,текстот го пишував набрзина и затоа фалат некаде знаци ама не е пишуван на кинески јазик, е сега ако ти имаш некои потешкотии со сваќањето на македонскиот јазик тоа е веќе друга ствар Ко второ , мое право и грижа е какви податоци јас ке оставам на профилот , а ти не си таа која требада ми солиш памет дека профилот е анонимен ,дали некој ме терал или не ме терал, да ми даваш потврда за моите години и да ми правиш пресметка за првиот дечко.
офф топик Треба да се ставаат вистинските години, особено во овие теми, зошто понекогаш се од пресудно значење кога се дава совет. Не можам да девојче од 17 години да и го кажам истото што би и го кажала на жена од 27. Luciano, различни парови фукнционираат различно, знам парови кои цело време излегуваат со друштво а знам и парови кои се секогаш сами. Вие мора да најдете некој компромис, еднаш излезете сами, еднаш со друштво, еднаш со негови другари, друг пат со твој другарки. Тој ужива да е сам со тебе но ти имаш 16 години и нормално е да сакаш да бидеш и меѓу луѓе. Ако сега не ги поминеш сите убавини на младоста, искачања, забави, смеења, зезања, тогаш кога? Периодов кој сега го живееш верувај никогаш повеќе нема да ти се врати и греота е да го поминеш во пензионерска врска.
Точно се согласувам. Значи и јас донесов заклучок дека типов сака да оди негде со тебе само на повеќе денови - односно НОЌИ ако ме разбираш. Убаво си кажа ако те сака и негде да сте 2 саати ќе му биде убаво и ќе сака но не, за него тоа е тепање време оди до крајност и да го финансира-плати твојот трошок како да се плати некоја со пари за...
Ми треба податок што се има случено на предходите 3 излегувања за да ти дадам конкретно мислење. Дали дојде до некаков сексуален контакт?
Заљубеност или..? Епа вака женски, ми треба совет во врска со еден љубовен проблем за кој неможам никому да се доверам. Сакам едно момче веќе 3 години.Проблемот е тоа што тој не ми дал никаков повод за овие 3 години,или било каков знак,не ме ни познава добро што е најтрагично.Сега сфаќам дека и 8мо одделенка може целосно да засака некој, а да нема појма зошто. Се започна во 5то одделение коа се запознавме, малку се подруживме моето и неговото друштво,али деца ко деца се скаравме.Лошото почна коа почнав 6то и го засакав препремногу.А откако се скаравме не направивме никаков муабет. Имаше моменти или периоди коа ќе подзаборавев на него,али штом го видев чувствата се враќаа,посилни дури. И бендисвав и други,али овој ми беше и уште ми е в срце.Упорно сите овие години е скриено од сите,али другарките почнаа да насетуваат нешто,но јас упорно одреквам нормално. И некако си бев помирена со тоа дека нема ништо да биде со нас и дека све тоа е вид на занимација и не ми сметаше коа ќе слушнев дека излегува или сака некоја.Но,се тоа се смени коа почна да објавува конект на фб(анонимно пишувавме)и сфатив дека е ист како мене.Чита книги, правиме исти рааботи во слободно време,исти нешта сакаме и верувајте предобар е знам.И на неколку наврати ми кажа дека сум била негова женска копија хаха.И пишуваме мождаа две недели,и нормално му кажав кај се запишав,знае дека имаме во минатото праавено муабет, но сето тоа го кажав мислејќи дека не ме помни.А и ме праша коа сум родена и јас кажав малку поразличен датум, и тој враќа а јас мислев си (датумот мој)значи насетил нешто.И избегнав тема нормално.Али за ова сакањето ништо не спомнав,чисто другарски сме. За прв пат помислувам на иднината, сакам некако да напраам прв чекор,али не класично јас сум та и та, туку некако да му дадаам до знаење дека сум јас.На пр во негово присуство(коа ќе го начекам даа шета да се доберам до него малку и да почнам да си брблам во мој стил) и да дознае дека сум јас. Станав и љубоморна малку, ќе се расплачев коа дознав дека излегол со некоја. Сеа повеќе не му пишувам на конект,директно ќе правам нешто. Дајте ми совет некаков ве молам, сама сум целосно во ова.Мора да бидне нешто оти ова ме докрајчи во секоја смисла.