Дај му време на детето ... ти напиша дека по неколку недели се скарале ... Не мисли дека нема да го заборавиш, ке го заборавиш со текот на времето Нема друго што да додадам ... се сложувам со EnnieFabulous Среќно
Истото што тебе ти се случувало сега на една моја другарка и се случува... како таа да го пишувала ова Како се одвиваа работите со него потоа, или едноставно го заборави..?????? инаку thanks за советите тебе и на anu6kaa... Во некои моменти сум размислувала и да му кажам што чувствувам, но сеуште се двоумам, а и немам храброст Што мислите за тоа???
Девојки, се наоѓам во една ужасно глупава ситуација . Бившиот, за кој ви кажував дека кога беше на одмор се мувал со друга и мене не ми се јавуваше долго време и со кој кога се врати од одмор веднаш раскинав, сега ми е лут МЕНЕ! И тоа бидејќи кога јас после тоа ( значи од кога раскинавме) си отидов на одмор во Охрид и он беше таму и јас се смував со еден дечко и бев заедно со него излезена и со уште неколку другарки. И бившиот ми мил не виде, значи помина позади мене и не се поздрави, ај тоа нема врска. После стоеше позади мене и нормално не виде прегрнати со овој јас што се мував, и потоа го снема негде. И сега, он мене ми е лут.. Ние после раскинунањето барем комунициравме а сега ни тоа . Нема право да се лути, бидејќи како прво ОН ме вараше мене. Може ли некој да ми каже зошто го прави тоа. Зошто се лути на мене, кога, ќе се согласите и вие, нема воопшто право.
Затоа што е машко, не прифаќа никаков пораз..тоа е.Заврши со него, продолжи со животот..ќе дојдат уште доста момци и некој кој ќе те сака искрено.Не се замарај ако треба да сте заедно ќе дојде момент ако не никому ништо.Уживај млада си нема потреба да се нервираш за машко.
значи вака : се запознав со едно типче уште пред година дена... класичен муабет.. чисто другарски на почетокот со знаци за нешто повеќе од само обична пријателска дружба... разменивме бројчиња и се по ред.. неколку пати одење на пиенки со него и неговите другари.. така започна се.. и сега веќе една година излегуваме.. ама тајно, т.е се гледаме само во неговата куќа.. незнам ни поради кои причини дечкото до сега ме нема прашано за нешто посериозно да речеме ВРСКА а излегуваме веќе година дена константно секој втор ден.. на некој начин ми покажал дека му значим... со тоа што и покрај тоа што не ми е дечко и никој не не видел заедно после силна караница дојде во мојата куќа со намера да се разбереме и да се смириме... се запозна со мојата мајка... но пред се тоа стои приказната дека мојот татко не ја подржува мојата така наречена "врска" со него... бидејќи наслушнал дека јас имам нешто со него и се распрашувал за него и не добил некои пофалби за дечкото со којшто излегувам веќе една година поради таа причина он бил да против тоа да излегувам со него и уште е ... сепак дечкото е информиран за тоа дека мојот татко не сака јас да бидам со него и упорно се труди да ја прикрие врската за да не дознаат мојте дома... сепак не ми е јасно зошто тој и претходно ја прикриваше нашата "врска" и пред да дознаа мојте дома.. Само да појасним дека иако нашето излегување се сведува само на излегување во неговата куќа.. јас немав нисто посериозно со него... сепак рачунав дека бидејќи не ми е дечко не е добро да имам нешто посериозно со него... но во последниов месец и не е баш така... сега сум очајна бидејќи дечкото сеуште не ми спомнал за нешто посериозно меѓу нас .. а јас веќе имав интимни односи со него ... дали може да ми помогнете за да разберам која е причината зошто тој на некој начин според мене не сака да се врже за мене ??? а покажува дека му значим тоа е неспорно.... и да дополним тие муабети што ги слишушнал татко ми се дека дечкото има зет Албанец кој е мафијаш сепак он не контактира со зет му и со сестра му баш поради тие причини ....
^ За МИЦ А ти македонка ли си? Извини вака на прашањето, ама по дијалектот не ми изгледа како да си македонка, или па имаш многу граматички грешки во постот. Една година е долг период, досега требало да ти предложи да имате врска. Обично ако му е само за мување, ќе те смувал неколку пати и ќе те откачи, ама штом цела год е со тебе, значи дека му е убаво со тебе и дека му значиш. Е сега за криењето, треба со него да разговараш и да бараш да ти објасни зошто не сака да дознаат другите за вашата врска. Внимавај да не крие нешто од тебе, па на крај ти да излезеш повредена.
како после една годсина ти ниеднаш не си се побунила не разбирам? мислам прво да почнеш муабет од типот да излеземе негде на кафе,меѓу луѓе и слично.значи,ако ти е глупаво директно пробај сама да ја официјализираш врската,а он и да не приемти во меѓувреме што се вика.а,ако се буни,ако упорно сака само во куќата да седите,е тогаш само три работи преостануваат-да продолжи се по старо,да го откачиш или да го прашаш што е проблемот и да го решите
Не ми е јасно зошто дечкото сака вашата “врска“ да биде тајна .. мислм дека треба да седнете и сириозно да разговарате .. можеби кри нешто од тебе а може и не и 1 година е долг период незнам зошто уште не ти понудил да бидете во врска .. а тоа за зет му мјислм дека не треба да те интересира освен ако дечко ти (или нз што таму ти е) има некоја врска со него .. ни што тим викаш дека нема начи не треба да се секираш .. и размисли добро што ке направиш позз
девојки вака, стварно незнам што да правам хееелп.... Имаше едно типче(мој врсник) бевме другари, се знаевме од порано и излезе искра меѓу нас...еднаш ме викна на кафе сами(мислам и пред тоа сме биле ама ништо немало) и се смувавме...после тоа пак си продолживме да се муваме, ја од чиста досада и по 6 месеци се искаравме...тогаш сватив дека не било само досада, дека ми значи, може да се каже и дека се затрескав...ама ми беше касно зошто бев крива, го навредив и не можев да го побарам...во меѓувреме додека бевме лути тој и се пушташе на моја другарка, и мислев дека ми е сеедно.. и еден месец после кавгата тој ме побара пак, се јави и јас пак почнав да го обвинувам...и некако испровоцира да излезам да се видиме и да разјасниме се... и излеговме,кога го видов сватив дека сеуште го сакам, почна нешто да објаснува во врска со другарка ми дека тоа ништо не му значи, дека не можел само така да отфрли сто сме биле заедно бла бла и се смиривме....беше прекрасно, знам дека му се допаѓав, ама не сакав обврски ни јас ни тој и останавме само на мување...два месеци после тоа незнам што ми стана му кажав дека го сакам и изреагира многу чукнато, не очекував да ми врати, ама некако ме отфрли, не му беше мило што го слушна тоа, ама и сака пак да е со мене, рече не планира врска сега и ја се согласив да останеме на тоа после све... го сакам ама знам дека тоа што го правам не е ок , повеќе се приврзувам, тој пак ме бара...и деновиве треба да се видиме помагајте незнам што да правам што сака детево?
За МИЦ Сигурно има некоја причина што немате нормална врска во јавност. За тоа ќе мора да го прашаш дечкото убаво да ти објасни која е таа причина.Не е малку една година да се гледате и тоа само кај него. Не може така да продолжи, ако ти не сакаш таква врска треба да му кажеш отворено. Разговарајте и разјаснете ги работите, прашај го се она што те интересира и не знаеш, кажи му искрено се што мислиш.
За Wild Rose Ти кажал дека сака само да се мувате. Сигурно не е заљубен и не сака ништо повеќе, но убаво му е со тебе и затоа пак те бара. Ако и ти скаш само мување-ОК, но викаш дека почна да осеќаш нешто повеќе за него. Најдобро да се оддалечиш од него навреме додека не си се заљубила, зошто тогаш ќе ти биде потешко.
е јас значи толку да немам срека па не е овва на арно... раскинав со дечкото и ми се засвиѓа еден друг ама на никој немам кажано само јасс си знам.. е сега тој се дружи со нас и прееска другарка ми ми вика нешто ко демек овој и кажувал дека е убаво добро девојче дека може секој да ја сака нез што таму ама оваа му рекла дека и она раскинала со дечко и и сега е на пауза ко демек несака ништо да има сега со дечко и овој и рекол па добро само мување немора да имаш врска, а она ништо не ми спомнала дека и се свиѓа и нешто слично а јас немам храброст да ја прашам дали и се свиѓа зашто се плашам од одговорот што ке го добијам од нејзе.. ако и се свиѓа и нејзе тој што ке правам??? и послето се смеевме нешто за тоа а уствари ја у себе умрев зашто ми се свиѓаа паааааа не е фер
Можиш отворено да ја прашаш...Ти се свиѓа или не... И готово... Ако имаат нешто нема да е крај на светот.Сигурно има и други машки,ќе најдиш некој подобар и поубав.Ако сепак одговорот е дека не и се свиѓа дечкото кажи и на другарка ти дека тебе ти се допаѓа и може ќе бидне нешто.
sky,проблемот е што на почетокот и јас го сакав тоа, ама веќе се заљубив касно е и му признав сега незнам како понатаму...
Ако сакаш нешто повеќе кажи му и стави му на знаење дека не може да си игра со тебе и твоите чувства. (Знае дека го сакаш а те користи само за мување). Покажи малку решителност и гордост... Па остави го малку на stand by, не трчај секогаш кога ќе те побара.
да лесно е да речеш има и други машки ама не е тоа тоа ти го сакаш тој а не друг а тешко дека ке бидне нешто ако тој ја свиѓа другарка ми а така и рекол на фб па сега незнам колку искрено го рекол тоа.... сепак фала ти на советот и ке разговарам со нејзе уште првиот момент кога ке бидеме сами ние две.. поззз
Досега се беше во ред со нашата врска, никогаш за ништо не ме излажал, за сме се разговарале ама вечерва се случи нешто неочекувано.Му заѕвони бившата девојка и тоа некаде пред полноќ беше. Не одговори на повикот, ама видов кој го бара и нормално прашав зошто му ѕвони и тоа во ниедно време. Рече дека не знае, претпоставуваше дека не видела, па може сакала да го поздрави Тогаш ми кажа дека повремено си пишуваат на мсн, ама онака чисто другарски, ха ха ха. Приказна за мали деца. Не се расправавме, му кажав само дека ептен ме повреди, ме понижи и дека не му верувам. Требаше да спијам кај него, ама си фатив пат под нога и си дојдов дома и бесна сум и лута. Што сега? Ми треба помош, совет, поддршка
А да не избрзуваш? Епитетот БИВША девојка немора да значи дека доколку останал во контакт со неа и ќе бидат повторно заедно.. Можеби тоа се навистина само другарски работи. Еве ти мој пример. Јас со бившиот дечко ( не овој сега што раскинав, тој предходно) останав во многу добар ДРУГАРСКИ контакт. Сега тој излегува со друга, јас излегував со друг и така си збориме и си кажуваме се како со другар. Никогаш повеќе не бевме заедно на таков начин иако си пишуваме, излегуваме заедно и се тоа.. Ужувај, немора да значи дека е толку страшно.