Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Заљубеност или..?

    Искрен одговор, осмо оддленка нема никад да се заљуби или да сака некој, освен родителите. Те молам, да бидеме на место, ова не е љубов.
     
  2. Bohn

    Bohn Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    7
    Заљубеност или..?

    Сеа имам 15, за прва сум.
    Не можеш никако да тврдиш дека не е љубов коа не ми си во кожа.
     
  3. Meri05

    Meri05 Нов член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Потребно ми е да слушнам и друго мислење затоа се зачленив овде. Вака, за почеток да ви кажам со дечко ми сме во врска 3 и пол год. јас имам 20 тој 22 години. Досега никогаш сме немале некои сериозни караници меѓу нас, секогаш сме се разбирале, ме сака и го сакам. Е сега се приклучив на неговиот фб профил (од кога сме во врска си ги имаме лозинките) и сега видов една нова порака дека му пристигна и ме уби радозналоста да видам кој му пиша и ја отворив вака гледам една негова другарка (во средно мн со неа се дружеа, а пред да ме запознае мене ептен, но ми има кажано дека ништо немало помеѓу нив никогаш само му била многу добра другарка и дека не ни сакал ако сакал ќе имало нешто, ама не само се дружеле) е ок, муабетов ми беше она сега го имаше побарано во пораката да одат на некој фестивал крајов на месецов што ќе се одржи и му пуштила линк од настанот и пишала мора да одиме!! ... Ја прочитав и ја означив како непрочитана...се мислам дали да му кажам дека видов пораката и да му речам шо има да го бара да одат негде или да се прам дека незнам па да видам дали ќе ми каже дека го побарала илии незнам што? ....како да изреагирам? Ме нервира мене тоа што почесто му се пикува го бара да излагаат де со друштвото старо од средно...дечко ми не оди...два пати има излезено со нив уште лани и толку...сега како да се поставам јас? Секој совет е добредојден....
     
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.004
    Допаѓања:
    33.822
    Пол:
    Женски
    Meri05

    Штом дечко ти не сака ништо со неа, и како што велиш само 2 пати има излезено, што се секираш? :wasntme:
    Тој тебе ти е дечко, не неа. Е сега, за тој фестивал можам да разберам дека малце те нервира. И мене ќе ме изнервира така да му направи некоја девојка на дечко ми, знаејќи дека има девојка.
    А за дали да му кажеш.. како сакаш. Јас на твое место би почекала да видам дали тој ќе ми каже. :)
     
    На Meri05 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804

    Од мравка си направила слон. :)

    Како прво, штом си ги знаете лозинките, тоа јас го разбирам како дозволено влегување во профилот на партнерот, без претходно нагласување дека тоа ке го направиш. Инаку зошто би си ги знаеле лозинките ако не го проверувате профилот?
    Па според ова, ти можеш комотно да му кажеш дека си се вклучила кај него и што си видела и прочитала, а тој секако нема право да се лути.

    Второ, јас сум личност која верува дека постојат машко- женски пријателства, од причина што и јас имам пријател, со кој сум навистина блиска. Ако тие не биле заедно пред да биде со тебе, а имало потенцијални шанси да го направат тоа, зошто дигаш галама? Секако, под претпоставка дека тој не те лаже дека никогаш немало, ништо меѓу нив.
    Е сега, едно е ако типката се пика каде што не и е местото и не си ги знае границите. Јас и мојов пријател ги почитуваме и нашите партнери, и нив секако не ги заобиколуваме (како таа тебе во конкретниов случај) кога е и кафе во прашање.

    Па, да се навратам на претходно- кажаното. Има две опции: можеш да му кажеш дека си ја видела пораката или да чекаш тој да ти каже.
    Но, ако земеме во предвид дека тој само два пати отишол со старото друштво, веројатно и ова нема да го премолчи.
     
    На Meri05 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Мери не сфаќам зошто се замараш со вакви непотребни работи. Ајде дечко ти е ок го сакаш и може си љубоморна но сепак таа му била само другарка да не било така не ќе ти го дал пасвортот. Плус ако тие одат на тој настан можеш и ти да одиш со дечкоти, не гледа проблем тука.
     
    На Meri05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Добро, што е со вас луѓето и посесивноста? :o Прво, која е таа дрскост на луѓето да читаат туѓи пораки? Ако сте во врска, не сте со магично стапче претворени во сијамски близнаци. Различни луѓе сте. Второ, ако ти е дечко не значи дека животот му завршил. Човек без пријатели и без активност меѓу луѓе е зомби, полумртов, не вреди за ништо.

    И на крај, да ти кажам само дека за да те изневери, му се доволни 20 минути. Да се најдат, да имаат по еден оргазам двајцата, да се бакнат за чао и да си продолжат по патот. Со среќа контролирањето на партнерот до крајот на врската. :fubar:

    Да не бивам само со напади, еве ти еден совет од мене. Купи му GPS мини апаратче и вгради му го во копчето од фармерките. Да не се секираш каде е и со кого е. ;)
     
    На green.eyes, Nausicaa, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  8. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    Здраво јас пак со проблем. Кој ако не дечкоми на 5ти правевме 10 месеци он како да заборави му реков нешто демек острана му спомнав он ми рече ја не да сум заборавил туку незнам што да ти пратам некој текст викам несакам да е од нет јави ми се и кажи ми сакам од тебе да слушнам и ми вика сега го чувам братми(оти е помал) и јас викам тогаш попосле ми напиша добро. Вечерта излезе со другарите како и секоја вечер пак до 1,2 пак заборави да ми каже нешто затоа дека правиме 10 месеци пак го потсетив и викам нели ти е срам :!: ми вика ама бебенце јас незнам што да ти пратам ама ај сеа ќе ти напишам да напомена заборави дека правиме и 9 месеци јас го потсетив ама тогаш не го терав да ми каже нешто како сега сам му текна и ми пиша вака : бебенце јас те сакам многу сакам да идеме повеќе време ама да бидеш понежна со мене оти јас се изнервирав пред некој само за секс ми зборува и му залепив една и вика наместо да ме удараш да ме гушнеш или бакнеш да не бидеш толку твдроглава му викам добро ќе си знам од сеа и океј ајде бидна што бидна вчера пак со другари ми рече јави ми се сакам да те слушнам и после 1 саат 2 му ѕвонам телефонот исклучен ми се јавува од кај еден другар и ми вика јас се јавив само да видам што правиш и дали си добра му кажав и викам ајде кога ќе си дома ѕвони ми ќе зборуваме а дури сега ми текна тој можеби во исклучил мобилниот да не го замарам демек он невидел дека нема батерија да го ставе да му се полни ццц , ајде бидна и тоа само ладно-топло се понаша со мене ама он небеше таков порано се ме слушаше и почитуваше а сеа ;( којзнае со која се лижел вчера ми здосади, му реков вака во петок ќе се видеме ќе ми кажел дали ќе се поправеш или сакаш да раскинеме и он ми вика добро ќе размислам и кимка и виканќм ае чао. Пред некој ден го седнав му викам зошто се понасаш вака зборевме и ме гушна и ми обеќаше дека ќе се смени да се беше океј додека не се видовме наредниот пат и му залепив една после жи вика сакаш сеа и ја да те удрам и ја викам ајде несмееш и он мене изнервиран ми залепи една ама посилно и се налутив ама онака на шала го сватив затоа што друг пат не ме ударал онака како да кажам и друг пат сме се ударале така на шала после некое време почнав со орален за прв пат и ми се згади и престанав и он како да се налути и ми ика штом така сакаш ќе ти ги олеснам маките веќе со тебе ќе имам само лижање ја викам а љубов он вика и тоа нема веќе секс и такви работи дрпанње да дополнам на иста возраст сме 15 ипол год а пред некој ден беше на диско нешто се скарал со таткому ќе го нападеч од дома ми се јавува касно 4:30 и ми вика јас си дојдев уште во 4 ама се скарав со него сите ме мразат само ти ме сакаш онаков како што сум не ме оставај никогаш не ме изневерувај ја може не сум убав ама те сакам искрено додека го кажуваше ова плачеше со другарите вчера беше од 8 до 1 а со мене само полаа саат му се спиело ќе станувал во 5 со таткому ќе одел некаде дрн мрн како не феминки помош незнам веќе што да мислам толку убааќва врска пропадна и рече дека кога ќе сме на школо нема да излегувал со другари само со мене едвај чекам да дојде септември :tmi: извинете за грешките се надевам ќе ме разберете од тел набрзина пишував.
     
  9. devojka54

    devojka54 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    А точка некаде да ставеше?
     
    На feminium и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    А да го откачиш, не е вреден.
     
  11. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Девојки како би се чуствувале ако Вашиот дечко ве носи насекаде со него? Кај негови другари,поблиски и секаде каде и да оди.. :) Убаво ли е тоа? Би ја осеќале ли врската за сигурна доколку е тоа така? Овој дечко сака секаде да идам со него, додека во претходните врски не сум знаела ни еден другар на било кој од бившите,а на овој сите и муабет си иам и се. ..
     
  12. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38

    Мислам дека те сака и планира озбилно со тебе сака со сите да те запознае.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602

    Колку си ти напорна доволно и те трпи, да ти пише нешто бидејќи полните 9 месеци врска, па тоа треба само од себе да дојде а не ти да го потсетуваш, и ај да разберам годишнина ама оваа 9 месеци чудо големо. Плус на 15 ипол години не треба да си сексуално активна, и не треба да водиш ред дечко ти со кој колку се гледа.
    Остави го дечкото да си ужива во годините, а исто така и ти уживај и шетај со другарките.


    Штом со сите те запознава значи дека навистина му значиш и те планира за озбилно.
     
  14. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Кај ми биле очите прееска, лелел па којзнае што сум читала.
    15 години и ова го правиш?
    Да можам сега добро би те исплескала. Девојче на млеко мирисаш, а сексуално активна.
    Кога почна, на 13 години?
    Твоите дома знаат?
    Абе ние на ваши години со кукли игравме, а вие сега, каде ли забега светов.
    Не знам каков совет да ти дадам освен да се прекрстам. Бог да чува.
     
  15. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    Не напоменав дека сето ова го правам за да ја спасувам врската а не оти ја сакам јас сум тотално неспремна ;( што уште не се прави за љубов аххх машки
     
  16. J.i.A

    J.i.A Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Вакаа...Пред 10 дена бевме излезени со другарките и се сретнавме со едни машки од друг град и седевме заедно со нив пошто една од другарките многу си живее со нив. Еден од нив стваро ни беше убав и една другарка се муваше со него. После тоа се договоривме со нив да одиме од 1 авгус до 3 Охрид. Вечерта се убаво си поминавме ама испивме малку повеќе и јас се натурив со пијалок и влегов во соба во куќата каде што бевме сместени да се пресоблечам и по мене дојде и машкото со кое што се муваше другарката. Бидејќи бев пијана а и машкото беше се смувавме. По десетина минути дојдоа другарките и се посомневаа дека се смувавме ама рековме дека мене не ми било добро и дека повраќав :puke: па за тоа не немало некое време. Ми поверуваа за тоа ама сепак и јас знам дека згрешив и не планирам да и кажам на другарката оти ќе се скараме, само не знам дали да и кажам да друга другарка која ми е најверна и се си кажуваме ама се плашам да не се скарам и со неа посто таа ми рече дека ако сум се мувала со него дека немало да му зборни во животот повеќе, а од друга страна знамзанм дека не е убаво да кријам...
    А и плус тоа машково ми пишува цело време и ми рече дека згрешил што се мувал со другарка ми и дека сака пак да се видиме и незнам што да правам....
     
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Каква врска мислиш ти да спасуваш на 15 години? Знаеш ли уште колку врски ќе имаш додека да го најдеш вистинскиот човек за тебе? Да не претерам ама уште 3/4/5 зависи. И со сите тие 5 души ли ти ќе треба орално да ги задоволиш за да ги спасиш врските? Ајде да не коментирам за нешто што не се случило ама ти свесна ли си на 15 години што правиш? Не си мала за дечко ајде ама за секс бре девојче почекај уште 2/3 години кај брзаш јас незнам. На мене името Елена да не ми е ако ти за ова не се покаеш. Каква љубов ќе спасуваш на 15 години. Си седам вака по форумот и се чудам за која црна љубов зборувате страшно е тоа што се случува со дел од денешната младите, се срамам што сум дел од неа. :x
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Види ваму,мала си за односи и сама рече неспремна си.A еднострана љубов не е комплетна,и нема што ти да се жртвуваш,љубовта взаемно давање и почитување.Не дека постарите генерации покасно имаа односи,но тоа е друг муабет.Со сексот не се задржува никој,а и тоа не ти е гаранција дека тој ќе те сака.
    Со сила никој нема да задржиш,а за љубов потребни се двајца,во случајот дечкото ти е врсник,а на тие години ретки се големите љубови.По ова што си го пишала,тој не те сака но не е крај на свет,што било поминало сега имаш искуство како не треба и ќе знаеш да ја препознаеш љубовта кога ќе бидеш доволно возрасна ,а и да се справиш со сите работи во една врска а сега си младо девојче кое допрва ќе се претвора во прекрасна жена.Живеј со полна душа,шетај,забавувај се,со друштвото,мисли на училиштето и иднината,на овие години љубовта може да биде големо разочарување и да не се повторувам,ретко кој е спремен на тие години вистински да љуби.Поздрав и се најдобро ти пожелувам :hai:
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Во денешно време пред се на машко не треба да веруваш. Тој ве видел ако ти му си се повеќе допаднала немало да се смува со другарка ти а јасно е дека сака и двете да ве искористи. Што ќе биде ако тој моментлано и пишува и на другарка ти дека сака да се видите? Знае дека и да се види со тебе ти нема да кажеш за да не се скарате и оп шанса да ве искористи и двете. За тоа што се случило молчи си си згрешила и толку никому не кажувај такво време е што никому неможеш да веруваш. И не се гледај пак со него оти чим прво се смувал со другарка ти ќе се види пак со тебе па може некој трета од вашето друштво ќе му се допадне, којзнае.

    И само едно прашање ако може надвор од темата. Ти на 17 години пиеш алхокол :o :o :o ?
    Ох мој Боже, страшно :x :x :x
     
  20. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    3.037
    Пол:
    Женски
    Ах машки, ма какви машки бе девојче ти сама прво ако не се цениш и незнаеш колку вредиш не очекувај од друг. Тој може сега само да те искористи и да те врти околу малиот прст како сака, штом си му дозволила да имате односи колку да е спасиш врската, а ти сеуште не си била спремна за тој чекор и плус си мала! Ако нешто не бидува, не бидува неможе на сила убавина. Еден совет од мене, прекини на време со овај оти после тешко тебе со ваков дечко што не те почитува и цени а камо ли да те сака. 15 години имаш не 50 па да се плашиш дека ќе останиш сама засекогаш и да мислиш дека тој ти е "вистинската љубов" и дека нема друг да најдеш. Чекај малку, мала си, допрво ќе шириш нови познанства и ќе најдеш некој што ќе те сака поради тебе а не само поради секс. И наместо да седиш дома и да бидеш несреќна оди дружи си се со другарките има време за сериозна врска дечко и секс, за се.