J.i.A не ти се мешам во животот ама ме интересира кои се тие сите? Јас сум од твојата герерација и не пијам никогаш нема ниту да пијам. Не сум ти мајка не ме разбирај погршено ниту ти солам памет ама чим на 17 години си дозволила пијана да се смуваш со истиот што другарка ти се смувала и тоа истата вечер следниот пат што да очекуваме? А ти сакаше да се смуваш или тој те смува?
Па добро ете не можеби не сите ама има многу многу што пијат Не беше истата вечер беше по 3 4 дена, а инаку мене ми се допаѓаше тој уште од кога се запознавме, и кога појдовме Охрид се смувавме
Е тогаш одлучи се или тој или другарка ти. Ако ја одбереш другарка ти за таа да не дознае дека веќе еднаш сте се смувале ќе треба со тој дечко да ги прекинеш сите контакти. Ако го одбереш него и се видите пак заборави ја другарка ти затоа што таа кога тогаш ќе дознае и ќе те избрише засекогаш како што рекла. Па сега ти види си иако јас на твое место би ја одбрала другарката ама ти си знаеш најдобро.
Неодамна имам дечко кој е помал од мене 3 години мене на почетокот ми сметаа годините но со него ми е многу убаво и знам дека ме сака,ама има еден проблем со мајка ми кога зборувам за годините таа стално зборува за тоа дека треба машкото да е поголемо...не знам шо да правам ама знам дека не сакам да го изгубам...како да постапам и јас не знам
Ако ти имаш 17 тој има 14 и што разбира тоа дете од 14 години за девојка? Дај не лупај глупости молимте, каков дечко, какви глупости, тоа е дете уште што разбира тоа што е љубов. А и таа мајкати да земе да ти го исплеска тоа газот што малтретираш деца.
Многу е лошо кога на две другарки им се допаѓа исто момче Другрка ти знаеше дека и тебе ти се допаѓа? Дека имаш напишано '' ни '' Ако знаела другарка ти дека и тебе ти е убав и ти имаш право да и се лутиш неа зошто таа прво излегла со него. Ако не знаела тогаш има право да се лути. Најверната другарка нема да ти зборува повеќе или таа што се измува со момчето (овде малку не ми е јасно) ?
pred cetiri dena izlegov so edno momce (za toa sto vi velev) i se beshe okej mi pisuvase i na fb se, no vecerva dodeka bevme so kafuleto mi namignuvase mi se smeese i setoa toa no koga trgnav da si odamn nakaj doma go zabelezav so edna druga, i da se uverime zastanavme tamu kaj mestoto kade sto bea tie i izgleda ne slusnal i mi pisa poraka trgnete od kaj mestoto kade sto sme nie i imeto negovo. KAZETI MI STO DA PRAVAM KAKO DA POSTAPAM? SEGA KOGA KJE SE BKLUCI NA FB STO DA MU RECAM? PLSSS MNOGU MI E VAZNOO
Да го отераш у п.м. Дечкото те врти околу малото прсте зарем не приметуваш. И не чекај да се вклучи на фб блокирај го сместачки. Зошто му дозволуваш да си игра со тебе? Ти дава лажна надеж,те шмека и оп одма во прегратка на друга. Ако сакаш стално да го забележуваш по некој ќошина со друга слободно продолжи со него. Спојлер стварно имаш 21?
neznamm dali da mu pisam (no i sto da mu pisaammm de pomogni mi kazi mi) no zoshto jas da go blokiram? aj da kazes decko no toj mi e samo kako shmeker.. neznam so da pravaamm
ок не блокирај го ако не сакаш но нема никаква причина да му пишиш. Да тој ти е само шмекер, мувач или како и да е но ти се трескаш од земја за него. Зарем не ? :^
Кате мислам дека мајка ти е во право барем во твојот случај. Да имаше ти 27 години пример а тој 24 работата веќе беше друга. Ама вака тој е дете според тебе. Ама ако тебе не ти пречат години што да ти кажам освен продолжи си. Иако мислам дека ако врската ви трае подолго сега не но кога ти ќе имаш 18 а тој 15 тогаш може ке сфатиш дека е дете според тебе. Сепак ти си знаеш. Сепак си ти во врска со него, не мајка ти. Буби машко како машко се гледа дека те врти како тој што сака. Ако ти си паметна и имаш барем малку гордост нема да дозволиш некој си вчерашен лигуш да те искористува на тој начин. Сакаш да го прашаш? Што ќе го прашаш? Зошто отиде со друга? Ете така ќе помисли дека љубомориш уште сега. Нема што да го прашуваш. Ако си пишете на фб и кога ќе ти пише кажи му дека си го видела и дека во животот не ти трееба детиште што незнае што и кого сака.
Eve me pak nemozam da zaspijam. Me maci onaa slucka, nemozam da zaboravam to a sto mi go napravi, cela nokj razmisluvam no imam neshto. Shto me ubiva mi stoi na srce.zoshto bash mene trebashe DA mi se sluci ovaa Ovoj nastan kje go pamtam kako dobra lekcija. Mozebi I namerno ovaa mi se sluci so cell DA razberam deka vo zivotot ne e sekogash med I mleko, deka ne treba da se zatrcuvam po takvi (neznam i kako da go narecam) no sakam DA zaboravam !!! Sakam nemu da mu se "isturam" za ovaa no neznam Dali pravilno kje postapam!? Vie shto velite?
А да го игнорираш! Прави се дека не го приметуваш кога ќе се видите и ако ти пишува на фб не одговарај. Обиди се, па види како ќе се одвиваат работите, ептен си запнала. И добро научи ја лекцијата за понатаму. Се што лета не се јаде.
Знаеше дека ми е убав Најверната другарка нема да ми зборува повеќе( а се разбира и таа што се муваше со него)
Во многу незгодна ситуација си. Од една страна другарката знаела дека ти е убав и дека го свиѓаш и се измувала со него. Од друга страна другата другарка ја подржува во тоа. Од трета страна си ти која си згрешила двапати: прв пат не си се налутила на другаркати за стореното и втор пат многу си згрешила што си е измувала со дечкото. Тој што мислиш сега какво мислење има за тебе? Е сега доаѓа проблем ако продолжиш да се гледаш со дечкото стави точка на другарките тие нема да имаат разбирање за тебе. Постави си го прашањето дали вреди момчето за тоа? - зависи колку ти е битен ишто чуствуваш за него. А додека ако го одбиеш може ќе помине како ништо, но моја препоставка е дека тој или ќе се обиде да те уценува (ако не му значите ништо ) или пак со тек на време ќе се дознае се бидејќи верувам дека дечково негде ќе се пофали. А гласините се шират многу брзо. Мој совет е да го откачиш типот не му враќај ништо не му пишувај се тоа можеда биде искористено против тебе. Како ништо да не се случило понашај се. Се додека нема доказ некоја порака од тебе или позив не ти може ништо само негирај. Не вреди да уништиш другарсво ради некоја глупост. Имав и јас слична ситуација, симпатичен дечко кој го гледав како другар бидејќи одеа со моја другарка од средно 4,5години беа скарани скоро година и тој ми се пушти. Секако го одбив и до ден денес живеам со неа се омажив со друг таа е мажена со друг додека нејзиниот бивш има женска скоро 2 години. И така сите среќно си живееме. Ако ја направев таа грешка сега ќе неможев да ја погледнам во очи или пак ќе се дознаеше некако за тој срам.
Дирекно кажи му штом сакаш да направиш дирекно нешто. Ќе видиш од неговата рекација дали сака нешто со тебе. Пази тука биди спремна да доживеш и големо разочарување од кое ќе ти плаче душата, но знај дека сите имаме поминато низ многу разочарувања во животот па на крајот по многу момчиња смего нашле вистинскиот. Никому ништо пробај си ја среќата...
Кажи му дека си ја прочитала нели има опција сеен на фб? Ако не ти ќе му каже другарката и само ќе и се оствари (можеби) посакуваното. Кажи му на смеа абе ти пишале а јас влегувам ли во комбинација за на концертов или сам те канат ама така на смеа колку да сфати дека не си љубоморна но и дека сам нема да оди нигде. Секаде упикувај се и да не е твој тип на музика не дозволувај да оди со другарка секаде бидејќи денес во ништо не можеш да бидеш сигурна. Можно е девојкава да има некој чуства ако он нема па си бара начин да одат негде заедно од кај да знаеш. Па и машко можеќе падне во искушение. Не си ризикувај...