Ај не се замарај со детиште кое е уште несозреано. На каков начин ти спасуваш врска еј??? Види ги само болдираните реченици кава катастрофа од карактер има детево? Цело време е со другарите а тебе ти посветува само еден саат за орално да го задоволиш на крајот од денот? Со нив може по 5-6 саати со тебе не? Како се прибира во 4 саатот што прави? Него никој не го сакал па што човек ќе беше тоа? И како може да те удри која е причината? И што е финтата кога ќе почне со школо ќе излегувате летово седи дома како будала он нека шета а кога ќе имаш обврски и за учење ќе излегувате? Кога тоа петок и сабоа по еден саат? Човече типов те врти како што сака и умее отвори очите што значат неговиве реченици убаво размисли???
Откако ќе запознаете некого, иако е различно од ситуација во ситуација, и од личност до личност, колку време минимум мислите дека е потребно да помине (да се запознаете доволно) за да започнете врска?
Самата кажа, само што не е до ситуацијата, до луѓето е. Дали двајцата сакаат врска или не. Дали врската ќе има официјален старт или со самото гледање ќе градите врска меѓу вас без официјално да направите муабет за тоа. Најбитното е да си поминувате убаво и да не се напнуваш со тоа дали сте или не во врска. Убавото време минато заедно е тоа што придонесува да стане посериозно или не. Едноставно остави само по себе да си тече.
Во право си сосема. Некако ми требаат неколку мислења, бидејќи претходната врска која ја имав, започна некако нагло, после една недела откако се запознавме, и постојано се прашував дали беше прерано... И оттогаш не знам во кое темпо да придонесам да се движат работите. Секако, зависи и од другата страна, но оној дел кој јас треба да го придонесам, не знам... Пред некое време реагирав споро, баш поради претходната ситуација, и со тек на време станав friendzoned, веројатно помисли дека не сум доволно заинтересирана. Сега сум во слична ситуација и сум малку изгубена во времето...
Не знам дали е соодветна темава, ама глупаво ми беше да отворам нова тема. Прашањето ми е до сите кои се во долги врски дали во одреден дел од вашиот циклус(овулација, пред да добиете, откако ќе ви заврши) имате потреба да се почуствувате посакувано и од други машки, не само од вашиот дечко. Нешто како флерт, нешто како комплимент, како потврда, нешто како доказ дека ете се уште сте посакувани од други машки,(малку ми е глупав ама некои го користат терминот,потвдра дека се уште си посакувана на пазарот ) иако си го сакате вашиот дечко и ви е најбитно дека тој ве сака и посакува . И не мислам на изневерување, мување и сл. Едноставно да слушнете дека доколку не би биле со вашиот дечко се уште постојат машки кои радо би биле со вас. Не знам чисто како хранење на сопственото его и подигнување на вашата самодоверба . Се надевам ме разбирате што сакам да ве прашам.
Нема врска со циклусот,едноставно сакаш да шарнеш. Убаво си опиша како потврда, нешто како доказ дека ете се уште сте посакувани од други машки Што сакаш охрабрување?! Нема да го добиеш , затоа што ако навистина го сакаш твојот дечко нема да помислиш на други. Ова е мое мислење, иако не мора да значи дека и останатите го мислат истото.
^Далеку од шарнување и изневерување. Туку само како потврда како што кажав горе и не тоа јас да го барам од некој, туку онака попатно уз муабет да ти го спомни некој.
Да се случува. Нема човек кој не сака да биде посакуван. Понекогаш поради хранење на егото, понекогаш поради подигање на самодоверба. Убаво си пишала дека не е за неверство, туку за доказ сама на себе дека си сеуште привлечна и за другите. Ако не било така тогаш ние ке се дотеруваме и средуваме само за нас и нашите дечковци или мажи. Истото се случува и кај машките. Мислам дека ова потребно чувство е повеке изразено кога сме помлади, но секогаш ке биде тука. И се тоа е во ред, додека не се премине граница, па од потреба за привлечност да стане провокација.
Секоја жена сака да биде посакана од некој друг, освен партнерот (и јас). Ама тоа ми се вратило како бумеранг. Се зависи со каков партнер си.
Таа потреба ја има како кај жените, така и кај мажите. Природа е природа. Можеби потребата за дотерување и допаѓање е поизразена кај жените, но поеднакво е присутна и кај едните и кај другите. Човечка природа.
Се чувствувам многу лошо и очајно ми е потребна помош. Во врска сме 4 месеци, јас имам 17 а тој 18 години. Тој не мисли дека во навата врска постои проблем но јас постојано се нервирам и постојано плачам, чувствувам дека мене ми е многу поважна нашата врска и дека многу повеќе се трудам. Кога ќе сме заедно се е во ред,убаво ми е, си се гушкаме, се бакнуваме, муабетот супер ни оди, ми кажува дека ме сака сосема доволен број на пати, излегуваме некогаш еднаш некогаш два-три пати неделно, зависи, ги знам сите негови другари и другарки, меѓутоа кога се работи за слушање по телефон, за пораки, за допишување јас секогаш морам да се јавувам или да пишувам прва а тоа е зачестено последниов месец и многу ме мачи тоа, се чувствувам како да не сум му важна, како да не ме сака, како да не му е гајле за мене, тој може да издржи да не се слушнеме воопшто и по 3-4 дена но на мене вќе вториот ден ми е тешко... Многу лошо се чувствувам, стварно не знам што да правам, постојано плачам... Има ли некој начин да се среди и за што може да се работи? Можно ли е да не ме сака?
Со девојками одевме 3 години. Врската ни течеше ок, како и секоја нормална врска, ништо претерано, забрани, глупости како што им се случува на некои мои другарки. Но еве веке помина една година од ко се случи следново. На излегување девојками разменила број со еден фраер, за којшто јас знам дека он ја свига. Поточно тоа беше очигледно од авион. Јас за тоа дознав случајно, телефонски повик пред мои очи, имаше тенизија во нејзиниот глас и ми даде некако до знаење дека нешто не е во ред. Веднаш проба да го откачи. Ја натерав да се јави таа, а ја го слушав разговорот и веке све беше јасно. После таа бурна нок, кавги\расправии, ме молеше да не раскинеме. Таа вечер јас само си заминав, не ја барав, она ми звонеше постојано. Бев лут и бесен, но размислив и решив да и дадам втора шанса. Ме убедуваше дека ништо не се случило. Си реков ке и дадам шанса, си ја свати грешката. Станав мн строг кон неа, љубоморен, излегувања немаше толку често како претходно за викенди навечер. Она на ништо не даваше отпор, сакаше само да си ја врати довербата која ја игуби после таа случка. Страшното е што јас неможам да го заборавам тоа, нонстоп тоа ми е во главата, неможам да замислам дека некој ја допирал девојками, ако тоа се случило. Пробав да се соочам со типот, се нафрли на тепање и тоа беше тоа во врска со него. Доколку се скараме нешто иако пробував да се контролирам секогаштоа и го набивав внос. Имаше деново кога не ни сакав да разговарам со неа кога ке ми текнеше на тоа, едноставно ја излудував и самиот бев свесен за тоа што го правев, после тоа се каев.При последната жестока расправија јас ја навредив, многу ја повредив. Таа вечер беше ужасна, ја расплакав и си замина дома. Ја барав на телефон 3 дена, не ми креваше, одкога ми крена се договоривме да разговараме. Се поздравивме, се качивме вкола и каде ке идеме. ЈА и реков да не идеме никаде да седеме вкола за да можеме на мирно да разговараме. Се опушти малце, успеа и да се насмевне и се извинив, почав да ја допирам, не можев да се воздржам. Знам дека ме сака инаку немаше да трпи ништо од тоа. Ја чуствував дека се топи додека ја допирав, цела трепереше. Пробав да ја бакнам, но не ми дозволи...... ЕЕЕ не ми дозволи не очекував таква реакција. Само ја запали колата и рече дека мора да иде, на вечера ја чекале. Другиот ден добив порака во која ми кажува дека мн ме сака..... дека неможе да бидеме заедно пошто ова ја преминаувала еднормната љубов и растело во нешто др од моја страна(омраза) дека ми посакува се најубаво во животот. Ја барав не ми крева. Две недела се немаме слушнато. Не сакам да ја изгувам, многу ја сакама.Не мислам на неа само кога сум во гужва,ми недостига апсолутно се нејзината насмевка, тело, очите, грациозноста нејзина........... едноставно полудувам. Излитено ми беше кога во некои филмови ликови ја бараат својата љубена кај некои др со случајно ги срекаваат, така се чуствувам дека она е таа, посакувам само да ја сретнам, да ја видам. Сликите од социалните межи со мене и се избришани, едноставно како да почнала нов живот без мене. Она е девојката на мојот живот, секогаш и беше. Девојка од вискоката класа, мета е сега на мн кои едвај чекаја да се скараме. Незнам како да ја придобијам повторно.. Што да направам, што би направиле вие? Девојки?
Ај тролај на друг форум,што викаш,а? Те бива за поезија,напиши книга... Другарките ќе бидат воодушевени,а може и добар фил ќе падне и ќе станеш ДИВА
Имам повеќе прашања хехе 1.Дали често си кажувате ТЕ САКАМ/ТЕ ОБОЖАВАМ со партнерот? ние и си докажуваме и си кажуваме со дечко ми,најчесто пред спиење но знаеме и некогаш кога сме искочени да си кажеме по повеќе пати, а и на телефон.. 2.Што Ви значи повеќе ТЕ САКАМ или ТЕ ОБОЖАВАМ? 3.Имам да речам добра другарка.. ми беше и најдобра но ме сјеба откако фати дечко..секој пат ја викав да искачаме несакаше после две години дојде моето време.. моите 5 минути.. се сврти кругот јас си фатив дечко,пренајдобар дечко, не ми ни беа потребни другарките затоа што покрај мене имав човек кој и во исто време ми беше и најдобрата другарка која што отсекогаш сум ја посакувала. Сега она почна да ме бара, да ми се жали како не и идело во врската бла бла.. јас па не чуствувам потреба и не искачам често со нејзе,можам да кажам дека само кога ми е досадно, само на мене кога ми одговара, немам желба ни да ја видам како порано што одвај сум чекала.. Проблемот е во тоа што како другарката да ми завидува за врската.. Во која смисла? епа вака..не сум тип на човек кој што сака да искача секогаш и не искачам секогаш она мисли дека дечко ми, ми забранува и ми вика : како можеш така и јас порано така правев па види ме сеа, не ми иде ич со него ова она.. и добро и сеа она иде веќе 2 години со дечко и, дома ја нема однесено, доколку овој мојов и сите вака во друштво што сме другарки дечковците не имаат однесено дома, и запознаено со родителите.. ја боли знам, што имаат и односи, ја носи насекаде за секс само не и дома!!! Разговаравме вчера и баш се разборев нешто и ја спомнав мајка му на дечко ми, бидејќи она секогаш го прашува за мене, и баш и кажував дека они сега ќе се селат и дека ме викале на прославата и мене.. и дека ме викала на кафе и она ми вика: ти мене ме навредуваш со ова, ми кажуваш дека не сум почитувана (дека она не отишла дома кај дечко и а јас сум отишла кај дечко ми )?! ОМГ. Јас лично тврдам дека дечко кој што те сака прво ќе те запознае со твоите дома, прво ќе те покаже пред сите дека си негова, па ќе те легне. Не би се чуствувале ли и вие искористено ако вашиот дечко секој пат ви бара секс? нема ниедна слика со вас на фб? т.е никојјјјјј нема да знае дека вие идете... И дали мислите дека 2 години врска а ниеднаш да не ви каже дека ве сака е врска? ... не е врскава два дена.. неможам да сватам, и несакам мн да навлегувам но сакам и други мислења да слушнам дали само јас вака мислам или пак и некоја друга кје се согласи со мене?
Разговарај со него, кажи му дека тоа те мачи што секогаш ти го правиш првиот чекор..Или пак чекај!! Не пишувај и ти.. П.С: Највише привлекуваш внимание тогаш кога не обрнуваш внимание. И ти ако не пишеш или јавиш прва сигурно он кје се запраша зошто, што,како? и ќе видиш ако му значиш дека он ќе те побара. Знам дека можеби ќе ти е тешко, ама мораш да издржиш, немој да плачеш те молам се ќе се среди ќе видиш
Не ја сфаќаме вредноста на она што го имаме в раце, се додека не го изгубиме. Не си смеел да дозволиш поради својата посесивност, до толку да ја повредиш. Понекогаш зборовите знаат да заболат многу повеќе од шлаканица. Периодот на психичко малтретирање, цело време ја отргнувал и ја учел како да живее без тебе. Посебно ако воопшто не е виновна. Иако жените размислуваат повеќе со срцето, отколку со разумот (ова зависи од возраста), сепак имаат достоинство, а ти нејзиното си го ставил под нозе. Искрено, не знам што да направиш. И таа ја изгубила довербата во тебе и ќе ти треба многу повеќе од извинување за да ја вратиш повторно. Ние сме програмирани да сакаме дела, не зборови. Мора да направиш нешто, со што ќе сфати дека ти е најважна. Ги знаеш нејзините желби, потајни фантазирања, ангажирај се максимално и потруди се да исполниш некое од нив. Жените сакаат внимание и изненадувања. Ако уште постои љубов во неа, можеби и ќе ти прости. А ако ти прости, ќе бидеш изложен на голем тест. Од темел ќе треба да почнеш да ја градиш довербата, без љубоморни сцени, без испади и напади на бес, без третирања дека е само твоја сопственост.
Вие сте многу млади и многу кратко во врска за да го гушиш на овој начин. Тој не може одма да се врзе за тебе и секој ден и секој час да се слуша со тебе. Штом кажуваш дека ви е убаво кога сте заедно и дека те сака, зошто тогаш толку напнуваш? Тоа замарање прво не е добро за тебе, затоа што неможеш да функционираш и си зависна од него, а тоа е премногу лошо. Мораш да си најдеш и други работи кои те исполнуваат. За него е уште полошо дека секое твое напнување и лутење за да се слушате, може да го оддалечи од тебе. Многу кратко сте заедно за да бараш вакви работи и врзувања. Па луѓе во долги врски се слушаат 1-2 дневно а не пак ти за 4 месеци. Што ке биде после 4 год? Ке му висиш на врат како ланче? Најдобронамерен совет: не го гуши, не си прави кавги за ништо за да не го изгубиш. Мораш и ти малку да си недостапна за да му бидеш интересна. Машките сакаат кога освојуваат, тие се ловци, а ако им е дадено на тацна им се здосадува и тргнуваат во ново освојување.
Yeeah, место да и се ситиш на другарка ти, ти која сега истото го правиш aко можеш помогни и на девојката, дај и подршка и биди таму за неа, а не тука на форумот да бараш потврда како твојата врска е совршена додека другарка ти дечкото ја искористува. Исто така, не заборавај - топката се врти, како што таа те откачила за да биде со дечко и ете сега не и оди на љубовен план, немој ни ти премногу да уживаш во нејзината несреќа и да фаќаш сеир, да не те снајде и тебе истото за некое време (karma is a bitch )