Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    ^^
    Раскини и ма, што толку ја мислиш? И не туку редактирај дали сме се пронашле во текстот или не, и фино лепо Маричуи најди си некоја занимација, seriously.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ти одговори Nausicaa тоа што сакав да ти го кажам,прочитај си го болдираното и ке ти стане јасно, дека не си подобра од неа. Уствари таа барем ете и текнало на тебе и пак сака да те дружи иако има и дечко и иако може да нajде и други другарки. Гледај ти од толку добар што ти е дечкото, да не останеш сама. Учи од другарка ти, ете убаво ти кажува да не ги правиш нејзините грешки.
    Ова ти е совет, зошто ти го побара.
     
  3. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски

    intra незнам како да те советувам. До некаде и те разбирам, девојка ти била си љубоморел нормално. Ама првата грешка е нејзина таа знаејќи дека има дечко што барала со други да зборува на телефон. Уште ко и се јавил првиот пат пред тебе немала потреба да се вознемирува туку кратко и јасно да го откачи. Ама најверојатно и таа чуствува нешто кон него, и не е тој дечкото виновен за да да го бараш и да се караш таа е виновна зошто разменила број. Тоа што е во врска незначи дека не треба да има пријатели ама разменувањето број со некој што ја свиѓал јас го сфатив поинаку. Твојата грешка е сега тука. Си бил лут и бесен и си одлучил да дадеш втора шанса. Епа братче си требал убаво да размислиш ти самиот себе сигурно доволно се познаваш ако си мислел дека нема да можеш да издржиш и тоа постојано ќе ти се врти во глава не си требал да и даваш втора шанса, полошо си направил. Додуша таа незгрешила којзнае колку ама ти си ја претерал. Што си мислиш ти? Ти ако и речеш не излегувај, не оди ваму таму и толку таа 100% ти го слуша секој збор. Епа таа ако сака да те изневери ти неможеш да ја сопреш, со таков љубоморен однос само и стануваш поодбивен во нејзините очи. Таа малку згрешила ама ти ептен си ја оплескал. И сега во нејзините очи ти си сосема друга личност. Љубоморен, човек што ја навредува и и става забрани. Ова тешко дека некогаш ќе се смени. Сега ти си тој што треба да ја заслужи довербата а не таа. Си требал уште тогаш да седнеш и смирено да разговараш со неа да ја прашаш дали таа чуствува нешто кон тој човек, да побараш искреност за работата да не се измеша волку. И со ова девојка од висока класа не те сфатив што сакаш да кажеш. Сега ништо седи и уживај си. Ако сте се сакале искрено некогаш може пак ќе бидете заедно, ако не значи не. Некогаш ваквите разделби се добри за да си ги средите чуствата и да сфатите дали навистина се сакате. И мислам дека ако пак бидете заедно ти пак ќе и го набиваш тоа на нос и при секој збор ке го кажуваш. И овде нас не не убедувај дека нема, прво самиот себе убеди се.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас само ке кажам, ка што еднаш пукнало и да се лепи, пак трага ке остане. Треба многу труд да вложат двајцата за да им се врати довербата, ама и тоа е мног многу тешко.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Посреќна ќе бидеш ако тој на фб ти пиши нонстоп и на тел ти се јавува а во живо ко сте заедно не те ферма 2%? Сигурно дека не. Престани да се замараш со вакви глупости. Целито свет не се врти околу интернет и телефон. Човекот има 18 години не очекувај како осмоодделенец да ти пишува љубовни пораки на телефонот. Умре времето кога се праќаа љубовни пораки на телефон, сега ретко кој се замара со тоа. И се однесуваш како да си опседната со него. И 1 ден го нема да ти се јави ти одма му вртиш па не го притискај до толку човекот, така ќе му станеш одбивна. Остави работите да си течат како што треба плус 4 месеци сте заедно со тек на време ќе сфатиш дали те сака искрено или не. Инаку и јас мислам дека во вашата врска не постои проблем. И ако сакаш да видиш дали му значиш престани да го правиш првиот чекор. Остави да видиш дали тој ќе направи нешто.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Значи ќе коментирам општо, не конкретизирам.
    Многу голема грешка правите, со тоа што кога ќе фатите дечко, заборавате на другарките. Не се сложувам дека не ви се потребни. Првин и треба да знаете што е вистинска другарка. Со другарка не се натпреваруваш на било кое поле, другарката не треба да постои само да ви го пополни слободното време, другарка не е личност која треба да ја импресионирате со својата среќа, моќ, статус, пари, другарка не служи за бришење патос, фаќање сеир, тајните на другарката не се флаери за попуст, па да ги делите секому...
    Врските имаат почеток и крај. На почетокот на врската се е розово, дечкото ги слуша вашите проблеми, ги дели вашите чувства, ве слуша за секакво цимолење и женски хир, внимателно свртува внимание кога оговарате некого, божемски многу е заинтересиран што сте купиле на попуст, се преправа дека му е гајле кога ќе му ги бутнеш ноктите пред очи да ти го види новиот педикир и сл., а рака сечам дека добри 99% од дечковците, тоа го прават од куртоазија, со цел да не ве навредат. Чест на исклучоци.
    Кога ќе помине некое време, секоја од овие теми, една по една ќе ви бидат културно изигнорирани од негова страна, посебно кога гледа фудбал и си подждригнува уз пиво и чипс. Можеби гордоста нема да ви дозволи да признаете дека во тој момент се би дале да ја споделите информацијата со некој од кого ќе имате фидбек. Мажите не секогаш не слушаат што зборуваме, посебно не ако се работи за тема која нив не ги засега. Оттука ќе почне да расте потребата, освен него, во својот свет, да имате и други луѓе, блиски, што ве сфаќаат, што споделуваат со вас.
    Сте имале среќа, се било како треба сте се земале. Прва кавга со него, ќе имате потреба некој да ви пружи подршка и рамо за плачење. Кавга со свекрвата - епа не може со син и да ја оговарате, да се разбереме, може да му посочите дека вака и вака ви направила, ама не и да ја наречете онака сочно „стара крокодилка“, бидејќи каква и да е, нему му е мајка, па ако е некој поврзан уште со папочна врпца, може да ви даде повратна, да, ама тоа ќе биде или шлаканица или карта да се вратите од таму од кај што сте дошле. Ајде да не биде најцрното сценарио и нека биде се прекрасно со сопругот, постојат ваши прашања на кои тој не може да даде одговор. Постојат работи кои не можете да му ги кажете, впрочем и не мора се да му се вдене в уши. Постојат мали женски тајни кои само другарките ги знаат, додека мажите прелистуваат литература во библиотека од типот: „Како најлесно да ја разберам мојата жена, нејзините потреби и сфаќања“ во 3 тома.
    Пронајдете ја вистинската другарка, што ќе ве сака како сестра, што ќе биде спремна да ве сослуша во секое време, што ќе се радува на сите ваши успеси, што ќе ве теши кога плачете, што ќе ви помогне да се искачите кон врвот и ќе биде тука да ве фати додека паѓате. Вклопете ја во секојдневното живеење.И бидете и вие тука за неа. Тој однос бара интеракција, а не само себично грабање во своја корист. Не е тешко од 24 часа, да се издвојат две минути на телефон, да го прашаш некого како е.
     
    На Tearful, Daleron, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    1. Не сум таков човек за постојано да го гушам некого со лигавења. Такви лигавења ко ги видам низ град низ сред центар се гушкаат, бакнуваат, срце, муце ова тоа, а луѓе минуваат ми се гади. Ова пред спиење ок е до некаде, но не постојано. А тоа по цел дне со некого на телефон да се лигавам не ми паѓа на крај памет, такоџе.

    2. Ниту едно не ми значи, денес ретко кој искрено те сака. Џабе мене некој постојано да ми вика те сакам ако не го чуствува искрено тоа. А колку постои вистинската љубов денес знаеме, многу малку.

    3. Ако не ти се потребни другарките искрено се надевам дека и кога ќе раскинеш со дечко ти нема да ти требаат. Такоџе со тоа што ти го потенцирав горе со црвената боја ти докажуваш дека си користољубива личност. Другарка ти не те барала, но ниту не те користела. Подобро е да не те бара отколку да те бара и користи само кога ќе и требаш, а потоа да те шутне и да останеш сама на крај.
    И гледам дека од тебе другарка не бидува чим уште сега со мајка му на дечко ти сте се разоговарале разботата ви е сериозна. Како можеш да ја озборуваш и тоа со мајка му а дечко ти? Срамота. И што ќе биде ако ти утре другден раскинеш со дечко тииииии? А луѓе те гледаат одиш кај него, неговите дома знаат за тебе, сите знаат дека си негова и демек сериозна ви е врската. Што ќе биде ако утре другден раскинете? Како ќе изреагираш ако мајка му на улица ја сретнеш? Знаеш колку е непријатна таа ситуација? макни се уште сега по куќите. Утре другден може ќе фатиш друг дечко па и нему ќе му одиш дома да ги озборуваш другарките пред мајките и ќе си мислиш дека врската ти е сериозна. Свашта. Тоа што сите знаат за вас не е пречка за тој да те шутне кога ќе посака, и ова на фалење ми личи малку демек врската ти е супер. И не верувам да имаш 19 години со сигурност имаш 16. 19 годишно девојче вака да размислува неможе.
     
  8. intra

    intra Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    10
    Tи благодарам мнгоу, го ценам твоето мислење и при самото читање јасно ми е дека за се имаш право. Се надевам дека ке ја вратам во мојот живот и никогаш нема повторно да ја повредам.

    Главниот проблем не се состои од тоа што таа разменила број, туку што после тоа слушање. Сигурно не правеле само муабет. Она се поврзала емотивно :sweat: (можеби секс) штом сакала да го слуша на телефон, којзнае дали биле само муабети по телефон.Незнам после тоа како да и верувам на тоа што ми го кажуваше, ако ме свакаш. Ја се чуствував изневерено, а сепак ја сакам. Она ми забоде нож во грб правејки се дека имаме нормална врска.
    Се поврзала со него, а мене ми кажува дека ме сака. Дечково го барав само да ја слушнам неговата страна од приказната, да ја дознаам правата вистина, а не вистината што јас сега ја знам.
    Под тоа девојка од висока класа мислев на тоа дека нејзиното семејство и е познато на пошироката јавност и она ужива во секакви привилегии од сите страни, при што ке има мн додворувачи. Неможам само да чекам. чекав и треба да преземам нешто, но кој ке биде потегот сеуште незнам, затоа се обратив тука.
     
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    ^
    Intra тоа се само твои претпоставки. И самиот кажа дека девојката е опкружена со додворувачи. На никого не можеш да му забраниш да му се допаѓа таа. Не можеш да одиш од дечко до дечко и да го испрашуваш за неговите чувства. Ја намирисале твојата слаба точка и се собрале како хиени на плен. Денеска не е тешко да дојдеш до нечиј телефонски број, секогаш постои пријател кој има пријател, или па негов братучед и сл.кој ќе ти ја даде таа информација, само ако се потрудиш. Можеби таа не го дала бројот, едноставно типот се потрудил и го нашол. И се јавува на телефон, можеби намерно бира време кога сте заедно, ја става во непријатна ситуација, од една страна таа се плаши било како да реагира, бидејќи е свесна за твојата реакција после, значи се тоа се моменти кога човекот е затечен и незнае како да се справи и делува сомнително, а потоа е многу тешко да се објасни неговата постапка. Има секакви луѓе, на сличен начин растураат бракови, а не пак врска. Еве ќе ти го раскажам мојот случај кога со сопругот бевме дечко и девојка.Кога го запознав мојот сегашен сопруг (тогаш ми беше дечко), бившиот дечко ми се јавуваше на телефон како од инает и темпираше да се јави баш кога сме заедно, без разлика колку пати пробав да го откачам и тоа за банални глупости. Ја прашуваше мојата другарка чиј дечко беше другар на мм, дали сме уште заедно, дали сме раскинале, па зборувал пред него дека јас сум прекрасна девојка, дека се кае за своите постапки додека сме биле заедно, се со цел дека другар му ќе му пренесе на мојот сопруг. Дури си земаше за право да не следи, одиме ние за рака, тој зад нас , апла, да го видиме дека е тука, ние во кафич на масичка, тој ќе застане на шанк и зјапа во нас како нездрав. Јас тоа не можев да го контролирам и да го спречам, ама ниту пак јас бев виновна и му давав повод за такво однесување. Само мојот сопруг, мене ниту еднаш не ме обвини дека јас сум виновникот за таквите негови постапки, иако знам дека не му беше сеедно. Бившиот кога виде дека не може да не раздели, самиот се повлече, а во твојот случај, фраерот си ја постигнал целта - таа сега е слободна.
    Не за џабе ја кажале поговорката: „Три пати мери, еднаш сечи“.
     
    На IvanovskaM му/ѝ се допаѓа ова.
  10. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.484
    Раскинав со дечко ми пред 4 месеци. Моментално пополека се зближувам со еден нов дечко. Не планирав да запознаам некого толку брзо. Бившиот дечко не го сакам повеќе, но ми недостига во смисол со него беше познато, немаше изненадувања, беше сигурно и знаев дека можам да се потпрам на него. Знам дека звучам многу себично, но се надевам ќе најдете разбирање за мене.
    До таму сум дојдена да почнувам да се двоумам дали воопшто да продолжам да се слушам и гледам со новиов дечко, или да пробам да се смирам со бившиот. Мислам дека ќе сака да се смириме.
    На моменти многу ме плаши новото, имам потреба од сигурност и стабилност, па макар ми било досадно и не сум најсреќна... новото е неизвесно и се почнува од почеток, а на крајот не знам што ќе се случи... уморна сум од започнување од почеток....
    Иако на некој начин знам што ќе кажете, сепак сакам коментари, ве молам.
     
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    јас лично исто г**но два пати не би јадела .... мислам да си продолжиш со новиот , затоа што кон стариот те враќаат само спомените и убавите моменти , некогаш и добро е човек да незнае што е следно , сепак уживај во новото независно што може да донесе
     
  12. intra

    intra Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    10
    Ви благодарам премногу. Некако ме насочи да ги разглобам нештата и да размислам малку потемелно. Но доколку му беше поентата да не скара во текот на таа година ке се појавеше типот уште со неколку обиди. Кога зборуваше тој на телефон звучеше како многу добро да се познаваат. Ете ке речам што било поминало. Поради таа опсесија јас ја изгубив.
    Сакам само да ја вратам и ке го поминам тестот што го спомнавте во претходниот пост.
    Се надевам дека вашата професија е психолог, ако не е голема е штета за опшетството.
    Ви благодарам.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    littleflower Бившиот е веќе прочитана книга на која и го знаеш крајот. Тој да бил толку добар ќе бил сегашен, а не бивши. Животот напред оди, нема потреба да се навраќаме пак назад. Сите ние имаме спомени од бившите убави и се ама тоа се само спомени. Мој совет е продолжи си напред во животот. Ако новиот дечко ти се допаѓа и мислиш дека може да успее меѓу вас зошто пак да не. :)
     
  14. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    епа вака девојки
    пишував во темата Како ке реагирате ако не ја прифаќаат вашата врска?
    мојата беше забранета,што не преживеав за таа врска
    е сега,да не должам
    имав некои сознанија дека дечко ми ме изневерува
    ама се правев неудрена и го ставив на тест :@
    се вратив од студии и еве две недели се беше ок
    еднаш му звонев со скриен број бидејќи ми рече ке спие,ама не спиеше туку беше баш она расположен ама беше потполна тишина и си велам,може неможе да заспие
    синока беше до продавница и ми рече ми исплашија кучиња ке ти пишам за 20мин и исчезна веднаш,не чекаше ниту да му напишам ок,ама велам ајде,иако се сомневав
    го немаше пола саат и му звонев со скриен,ми крена и се смееше на тел :@
    слушнав женски гласови,полудев,се тресев цела ама ништо не кажав,само слушав,ми даде една од девојките да ми зборува,едвај издржав да не заплачам,и ја слушам едната од тие вели-а другарка му е демек,Леа е глупа нема да и текне да ти се јави со скриен :@
    дали знаете колку ми беше тешко,испадна дека сум најголемата глупача
    се вратил дома и ми се јави да ме праша што правам,ја носел другрка му до дома,а добро слушнав дека не беше само таа
    му пишав на фејсбук дека поголем лажго од него не постои,дека уништи се што изградивме,другарките секогаш му биле поважни,тие секогаш се слушаа,дека мора да разграничи мегу нас
    ми вели ти си подла,како можеш да ми звониш со скриен број,ти си луда,тие ми се другарки(а кој дечко со женска оди на гости кај другарка му која е патем сама дома во 1/2 по полноќ?)
    му напишав се и сешто само за да се освести,дека греши,дека не треба да ги става другарките пред девојка му која и кјотек изеде поради него и 10000000000000 солзи исплача ама не,нему побитни му се тие
    раскинавме,стави крај само неможам да се помирам со тоа,неможам да замислам дека некој што тврдеше дека толку многу ме сака ме остава за другарка која едвај чека да му скокне во гаќите :@
    се разочарав од се во животот,не заслужив никој така да се однесува со мене :@
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Болдираното:
    Доволно е, немој да си плачела или да си се разочарувала. Тој е само еден недозреанко, што дозволил така да зборуваат други за тебе. Не ти треба таков. А од што си се разочарала? Океј си се трудела си се борела во ред е се. Ама сега тоа не треба да те скрши тоа напротив треба да те научи да бидеш посилна од се. Не, ќе се затвораш дома и ќе плачеш. Не вреди, тој више ја докажал својата невредност. Што и да си направила за него не му е битно повеќе. А за другарката таа ќе ја легне и ќе ја откачи. Ќе помине време ќе скока од п*чка на п*чка ама тебе ќе ти се врати пак. А до тогаш млада си уживај си. Но и тогаш треба да го игнорираш.
     
  16. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Lea.Messi Незнам што очекуваш сега да ти кажат девојкие овде, да те тешат, да ти кажат дека те сака, дека тие му се само другарки? Убаво рече во еден дел, „несакам да бидам глупача“ те молам придржувај се до тоа и не дозволувај да те прави уште поголема глупача. Како мислиш да го освестиш со тоа што си му го рекла, мислам дека оној што треба да се освести си ти, и не дозволувај да се спуштиш на толку ниско ниво да мора да те брка како куче, за да сватиш дека не те сака. Сепак колку и да ти е тешко пробај да го задржиш достоинството.
     
  17. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Искрено, не треба ти него да го откачиш него он тебе. Јас како девојка која во глобала има повеќе другари него другарки да го доживеам ова од дечко ми нема два пати да размислам. Како прво си имала сознанија од рекла казала дека те изневерува, браво што на тоа си обрнала внимание. Второ, отишол во продавница го немало пола саат, може се сретнал со некој па застанал. Трето јас кај другар ми сум одела и во 3 сабајле во лето сме седеле во двор затоа што не ни се спиело, а живее на минута од мене. Никогаш не сум изневерила никого, нити имам намера таква. Имам друштво и нема да го баталам за дечко ми да биде мирен. А ти како прво се понашаш како осмодделенка, која си ти да ставаш некого на тест, второ го гушиш типов максимално, трето сама правиш драма во целата врска. Да се дрзнеш да му ѕвониш со скриен број, да го контролираш каде оди и што прави... Ц,ц,ц. После машките биле криви... Ах, бре девојки глупи. Свести се со време, оваа врска може ќе ти пропадне, не ги прави истиве глупости во наредната.
    И не се чуди што другарките негови не те поднесуваат, мене да ми каже другар ми дека вакво нешто женска му му направила никогаш нема да имам позитивно мислење за неа па што сака нека биде.
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  18. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    Женски, ми треба помош. Поточно не мене, туку на многу блиска личност. Ако се регистрира овде може и ќе се препознае, но како и да е, критична е ситуацијава. Другарка ми е во врска во врска веќе две и пол години, вели дека го сака многу својот дечко и дека не би можела животот да си го замисли без него, но не може да го заборави ни бившиот. Добро, не може да се рече дека и е бивши затоа што со него се гледаше без обврски, но верувајте, сведок сум самата колку само се сакаа. Таа во еден период му беше лута за буквално ситница и тогаш ја почна врската со сегашниот дечко, за која, од страна гледано, сите зборуваат наоколу дека е како бајка. :?: Ама јас и таа знаеме дека воопшто не е така. Го сака уште премногу, да го наречеме бившиот, стапуваат во контакт одвреме навреме, случајно ми откри дека пред месец време се има видено со него на кратко за 10 минути, вели го прегрнав само и му реков да оди, бидејќи требало тој да се види со неговата сегашна девојка со која бил во врска повеќе од година, незнам точно. Сега, виде слика на фејсбук на неговиот профил, онака во стравствена поза со девојка му додека биле на одмор (инаку не и е пријател бившиот на фејсбук) и мислам дека ќе се разболи. Излегува, но воопшто не се смее бре луѓе, дечко и прави напори да ја насмее, не знае што и е, само јас знам и неможам ваква да ја гледам. Еве денес ми покажа дека лицето и е осипано си гнојаници, инаку таа има бебешко нежно лиценце. Многу сум тажна, незнам како да и помогнам, премногу се соживувам во нејзината болка. Пред еден час зборувавме на телефон и ми вели МАЧЕ, НЕМОЖАМ, МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ СЕ СРУШАМ НЕКАДЕ.
    Бившиот за кој зборував погоре и има речено дека многу ја сака и ако реши да прекине со сегашната врска тој е тука за неа, дека е подготвен на се да е со неа. Јас имам прочитано порака која и ја пишал после видувањето пред еден месец, дека не отишол кај девојка му после средбата со неа, неможел да ја допре со рацете со кои ја прегрнал неа. Мислам дека се сакаат луѓе, ама како да и помогнам, вели дека го сака сегашниот дечко, дека ако нему му раскине нема да може да биде среќна со никој.
    И, ајде разбери ја. Ќе се разболи, страв ми е. ;( ;( ;( :( :(
     
  19. intra

    intra Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    10
    Зошто бре девојки не ви е јасно дека не се седе на две столици во исто време. Зоштоо???
    Ако е болна заради бившиот т.е "го сака" нека го напушти сегашниот. Треба да и напоменеш дека не може двајцата во исто време да ги има. Она нема проблеми со љубовта кој сака, она не знае што сака.
    Ако се сакале толку како што опиша немало само да се гледаат одвреме навреме туку ке биле заедно.
     
  20. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    2.084
    IvanovskaM
    вака,сваќам секакво другарство ама некој на дечко ти пред твои очи да му седи во скут мислам дека нема да ти се допаѓа
    постојано гушкање,бацување па и фаќање за задник???
    мислиш уште дека е само другарство?
    ете нему сите мои другари и другарки му пречеа и мн мн ретко одам на кафе со нив,се оддалечив од сите за да бидеме ок,а тој да не може да стави ред и да знае до каде е ограничувањето со другарките пред женската ти па и кога не е тука,е тука веќе нешто не е во ред
    да вложиш премногу а да добиеш премалку не иде
     
    На Daydream и tessie им се допаѓа ова.