Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Значи не ме убедувај мене дека ти си во право, ти треба совет или ти треба некој да ти рече да во право си?? Па дури и да ти речам да така е, што ќе направиш? Врската очигледно не ви е сјајна, дали е до тебе или до него скоро и небитно. Раскини му и крај. А тоа што ти си се одалечила од сите ти е кардинална грешка. Од секоја врска што не иде можеш да научиш, ти од твојата можеш и те како. Примени го во наредната за да немаш вакви проблеми. Кога нешто не иде, не иде, џабе лепиш парчиња, кога тогаш пак ќе пукне.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Си згрешила што си се оддалечила од сите за него. Многу си згрешила.
     
  3. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Дали ако дечкото незнае што сака, не е сигурен во чувствата се враќа после некое време на истата девојка или ?
    Сакам да ми кажете што се случило во поголем број од ваквите случаи?
    Може и лп
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Може да се врати само ако не е е*ан.
     
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Знаеш јас што мислам, дека другарка ти е од оние тужни кралици и дека не сака сама или пак не може да биде срекна. Да, има и луѓе кои попрво би биле несрекни, бидејки среката ги плаши ( има цели студии за ова), затоа што не се доволно храбри и несакат да ризикуваат да ја изгубат среката. Или пак можеби е кралица на драмата па се глупира.
    Во болдот е објаснето се. Вели дека го сака премногу бившиот и дека тој ке биде со неа ако таа раскине со сегашниот, а од друга страна го сака и сегашниот и ако раскине со него, нема да сака ниеден друг. Дефинитивно девојкава не заслужува ниеден и си го добила тоа што си го барала, па нека продолжи да си плаче, штом самата си сака.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  6. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561

    Кога некаде ке причитам дека не е возможно машко-женско пријателство, секогаш се насмевнувам поради моето такво пријателство. Исто и јас сум повеке со машки. Мојот другар со кој се дружиме цели 23 год е денес веке оженет но секогаш и сите знааш кој е неговиот најблизок за се во животот.
    Јас кај него сум одела исто во 13 во 3 во 5 сабајле. СУм излегувала со дечко ми и после излегување тој ме носел кај другар ми да преспијам. Сум била и пијана, па сум му се јавувала да дојде да ме земе кога сум немала дечко. Тој на забно никогаш за овие 23 год не отишол сам без мене ( параноја). Да не продолжувам натака дека ке нема крај на раскажувањето за ситуации, за кои на многумина би им биле чудни, но тие се само другарски-братски. Втоприов другар исто го знам толку долго време. Познат е во градов како женкар. Незнам од каде се немал другарки. И кај него сум одела кога сум сакала и сум седела колку сум сакала. Скоро сите да кажам негови посериозни врски сум ги знаела и сум се дружела, освен со една. Е таа една беше ист случај како нашава феминка. Му ѕвонеше на тел само за да го провери, се лутеше ако оди кај него друштво дома ( не беа од ист град). Љубоморна беше ако јас отидам на кафе или ако тој дојде кај мене. И уште за 300 други банални работи правеше сцени и се закануваше дека ке се убие, но кога ја премина линијата ( му рекла на мојот другар за мене, дека јас сум зборувала за него дека е наркоман :o :o ) си доби таква корпа, што цел живот ке ја памти.
    За тоа јас го оправдувам дечково што си ја шутнал феминкава. Никој не сака да го гушиш, никој не сака да го уценуваш, никој не сака да го командуваш и никој несака да си ги напушти вистинските пријатели за некое заморче. А токму тоа и го направила нашава феминка и згора на тоа се оддалечила од своите другари за врскава на која ете и дошол крајот.
    Затоа мислете за нареден пат дали ке си ги откачувате другарките и дали ке бидете заморчиња, за да не останете сами и разочарани.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    И само ова да ја прашам феминката:

    Дали мислиш дека ако некоја другарка сакала да биде со него, би дозволила тој да се фати со тебе??
    Дали ти ако си заљубена во другар, ке дозволиш тој да биде со друга или ке се избориш ти да го имаш?
    Дали доколку ти имаш таков другар на кој можеш да се потпреш во секое време, ке ја почитуваш неговата љубоморна и напорна девојка???
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Се моли модераторот да ми ги спои мислењата, бидејки веке не сака да ми ги редактира.
    Благодарам.
     
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    здраво феминки
    имам еден проблем , запознав еден дечко , пред да излезиме нон стоп ме бараше на моб , на фејзбук ми пишеше постојано , само ме критикуваше дека јас не сум го барала само тој ме барал , и ете излеговме се измувавме и имавме орален секс , и од тогаш до сега само еднаш се слушавме на моб и толку (детево инаку е фин и културен и фин , не е преварант)ама повеќе не ме бара а пред да излезиме постојано ме покануваше на кафе.....
    што мислите ? да го побарам јаа и да го поканам на состанок или мислите дека не е заентересиран за мене ...???
     
  10. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Побарај го ти, пошто ете и сам се побунил дека само тој те барал. Можеби сега после оралниов си мисли дека еве ми шанса за таа да ме побара.
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Епа му дошло крајот на веселата приказна. Кратко ама слатко. Барај си друга жртва.
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    И мене делов со излеговме и имавме орален ми е некако бљак, ама незначи и дека врската нема да успее, има мала шанса, ако типот не ја сакал само за тоа.
     
  13. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    :( чудно ми е да го барам јас ... иако постојано мислам на него не го барам ....
     
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Па ако не ја сакал ќе и се јавел до сега не само еднаш туку повеќе пати, или ќе и пишел на фб. Што има таа да го бара, тој е машко треба прв да ја побара.
     
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Тој тебе не те заслужува и се гледа дека дечкото си мисли дека е голем фраер и дека има женска која ќе го поднесе и него заедно со неговите "другарки". И мисли дека може да те врти како што сака. Се гледа дечкото е голем манипулатор и незнае да го почитува тоа што го има. И мене едно време во школото ми вртеа со скриен давав на едно дете да се јави да каже да не замараат и ѓи немаше. Но јас сум женско и мислам подруго е ко машко ќе се јави. А додека тој е машко што има да дава неговите другарки да зборуваат и буквално да се лигават на телефон? Мислам дечко ти незнам колку години има ама се понаша како да има 14 мисли дека се прави многу паметен. И на твое место би го избришала од фб и сменила бројот. Па нека си го со неговите другарки со кои не верувам дека ќе оди долго. Не ми е јасно зошто го трпиш ова, само НЕ МИ ВЕЛИ ДЕКА ГО САКАШ ОТИ ЌЕ СЕ ИСПОВРАЌАМ И ОНАКА НОГУ ЈАДЕВ? Вреди ли да сакаш некој кој вака се понаша со тебе? Тој како прво и прво не те почитува како личност те лаже кога стигне. Не треба многу за да се свати тоа.Си се трудела и борела, добро но повеќе не вреди за тоа. Не вреди да се бориш за некој кој не мрднува со малиот прст. И не се ниту обидувај да му докажеш дека греши оти тој нема да сфати. Тој да имаше малку свест и разбирање немаше така да ти прави ќе те чуваше и почитуваше и сама кажа што си доживеала ради него. И сега го видов тоа со гушкањето и фаќање за задник е тука сама си си виновна зошто си го трпела. Мене мојот дечко пред мои очи да се лигави со некоја па главата ќе му ја свиткам како на врапчене на девојчето туку лично нему и веќе во живот нема да ме види. А ти уште на тестови го ставаш. Какви тестови, какви црни очи? Јасно е дека дечко ти те лаже и врти како што сака. Треба човек слеп да е за тоа да не го види. А тоа што си се одалечила со сите е голема грешка. Ти правиш се што ќе рече дотичниот лигуш а ти што ќе речеш а ти речела а канта тропала. Мислам свашта. Дечкото те гази буквално те гази дека стигне.

    А ти Ивановска прочитај го уште еднаш постот и ќе сфатиш. Твоето неможе да се спореди со неговото. Тој неа ја лажел како што му одговара. Ајде тоа со изневерувањето немора да значи иако е можно сигурно имало нешто па така се зборело, сигурно не за џабе. Отидел на продавница сретнал се со комшијата шо живее 6 куќи над него тогаш од каде тие женски гласови и смеење на телефон? Зошто го дал телефонот? Може претпоставувал дека е таа па се направил фраер. Твоето е друго, ова неговото друго. Ти си женско сте седеле во двор и се ок. Но тој е машко! Ајде дечкоти да отиде кај некоја "другарка" во 12/1 на полноќ сам и ти како ќе реагираш? Во најмала рака нема да ти падне тешко? Ако не, значи не го сакаш. И девојчето нормално дека ќе го стави на тест па се сомневала и таа сама сакала да знае на што е. И пред вака да се испонашаш стави се на најзино место. Јас не викам дека не е возможно машко-женско пријателство и јас имам другар но сигурно ти додека си седела во двор со другарот тебе дечко ти не ти се јавил а ти и другар ти не сте се смееле. Мислам има разлика.
    А ти свој леб јадеш, туѓо гајле береш? Пред некоја недела мене ми викаше за другарка ми дека чафки и го испиле и да не се мешам а сега ти истото го правиш.
    Ако другарка ти неможела да го заборави бившиот зошто фатила друг дечко? Друга работа ако толку се сакале со бившиот зошто нивното не преминало во нешто повеќе туку останало на гледање? И зошто воопшто преќинале чим се гледале? Најдобро ќе биде другарка ти да му раскине на дечко и што побрзо толку подобро оти не е убаво ко си играш со некого а мислиш на друг. Е да преминам на главното. Ако тие се сакале ќе биле заедно безразлика на се. Ама јасно е дека еден од нив несака искрено, а кој погоди.?? Дечкото си оди на одмор со девојка му, си се слика си реди слики на фејсбук а другарка ти нека продолже да си сонува дека тој ја сака. Ал од снове се не живи. И јас лично не верувам дечкото да прекине со девојка му. Тој ако ја сакал другарка ти одамна ќе прекинел и ќе сторел се за неа и да бидат заедно. Ама очигледно е дека дечкото сака на две столчиња да си седе, ако се може секако.
    И сега сегашниот ли го сака или бившиот? Види вака другарка ти или нека раскине со сегашниот и нека остане сама некое време за да се среди или нека си продолжи низ животот како и до сега. Времето лечи се.
    Не сфаќаш што имаш дури не го изгубиш така и повеќето машки ама не сите. Додека е со една се вртка лево десно мисли дека е фраер дека може секоја да ја има и откако ќе ја изгуби првата сфаќа дека таа е единствена, најубава, прекрасна, незаменлива и се враќа кај неа. Ама немора да значи. И како може да не биде сигурен во чуствата? Или ја сака или не ја сака трето нема.
    Го добил тоа што го сакал и веќе не си му интересна. Ќе се врати кога ќе нема каде.
    Ако сакаш јави се и види како ќе изреагира. прашај го што рпави деновиве, слободен ли е. Ако гледа да те откачи значи ... И пиши шо бидело. :$
     
    На Nausicaa и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Анаконда, може звучам премногу конзервативно, ама според мене не е во ред уште на прв состанок да се споделуваат интимности.
    Некако во целина ми изгледа, дека го добил тоа што го сакал ( може иако не се надевал, па ти си го изненадила), и веќе не си интересна.
    Инаку, и да не го побараш ти, не се сомневам дека ќе те побара тој тебе. Секако, кога ќе има потреба.
    Може дечкото е културен, не е преварант како што каже, ама првичниот впечаток е лош.

    И може до утре да се полемизира, дека треба да се потклекне на страста доколку и двајцата се допаѓаат меѓусебно, но факт е дека колку и да негираат машките, сепак било каков секс на прв состанок, дава индикации на..потенцијална секс другарка. А за сериозна врска, никако.
    Барем во моето опкружување, такви се размислувањата. :wasntme:
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    договорот беше да започниме врскс , и му кажав дека не прифакам секс ако не ми е дечко , и тој кажа дека сака да сме во врска и дека си сакал секс со мене бидејки сакал да биде со мене , но сега го нема .... :(
     
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Како, како?
    Тој ти рекол сакам секс со тебе, и ти си му рекла дека само под услов-во врска да сте?
    И тој се 'согласил'?

    Не знам, дали си толку наивна, ама повеќе од јасно е што сакал тој.
    Уште на првиот состанок ти ја споменува темата, а можно е и пред состанокот.

    Не знам каков функционираш ти, или тој, но според мене ниту еден заеднички состанок, онака за запознавање, а зборење на тема секс, не ветува врска, барем не посериозна.

    Било што било, нема назад.
    Пробај да се сконцентрираш на други нешта. И не го барај.
    Ако му значеше повеќе, до сега ќе беше побарана. ;)
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Тој ако те сакал прво ќе ти понудел врска, а не секс.
    Неговите намери уште на почеток биле јасни, но ти не си ги сфатила.
    Видел дека може да те легне и затоа ти пишувал постојано и ти се јавувал.
    И сега веќе не си му интересна.
    Ако некогаш неможе да најде некоја ќе ти се јави пак, без грижи. :fubar:
     
    На okcenzi и tessie им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Вистинито.

    Ако некој се заљуби во твојата личност, тогаш ке те чека се додека не си спремна, но ова е обратна ситуација. И не дека го обвинувам типот, пошто тој си ги покажал намерите уште одма.
    Е сега каков дечко е тој што не се јавува на девојката? Значи тој не смета дека се во врска.
    Тоа како она: ние сме заедно, ама тој уште незнае.

    Девојкава се зезнала бидејки тој и се јавувал на тел повеке пати, но никогаш пред тоа не биле излезени на кафе или прошетка. Ако имал сериозни намери, ке сакал да пие кафе во град или да прошета со неа, да ја запознае подобро, и да и дозволи и таа него да го запознае а не на тел само да ја замара.
    Башка феминкава рече дека го познава, ама не сфака дека на тел од разговор неможеш никој да запознаеш. Тоа е исто како на фб кога се симнуваат ѕвезди. Пред било каква интимсност, добро е да ја запознаеш и неговата околина и лѓето во неа ( мислам на пријатели и места каде се движи). Неговите обврски, пријателите и местата каде излегува, многу кажуваат за еден човек.

    Затоа за наредна врска да се има ова во памет. Еве има еден куп феминки кои и по цели 2 год се во врска а сеуште не биле интимни и тоа е сосем во ред.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.