Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Јас ќе пишам еден очигледно немодерен одговор, ама таков ми е ставот. Дали е правилен или погрешен, не знам но јас така чувствувам :)

    Дечко ми нема да оди кај другарка ни преку ден, ни навечер и во никој случај нема да толерирам сами да седат во двор или стан или куќа, едноставно нема! На кафе може да одат но и тоа нема потреба да биде пречесто. Што се однесува со другарите, може што сака да прави, нека откачуваат по цели ноќи, не мора ни дома да се приберат од журките, но на дружба на само со `другарките` има вето. Тоа му е кажано од самиот почеток на врската и отворено го прашав дали тоа му одговара, во спротивно подобро ништо и да не почнуваме. Тоа беше мојот единствен `услов` и тој немаше апсолутно никаков проблем со тоа.
    Кој ќе се изгори, ќе дува на матеница - јас имав кошмарно искуство кога моја (сега веќе бивша) другарка се обиде да ми уништи врска (и донекаде успеа), зошто тоа го правеше само таа знае, јас можам само да погаѓам и одтогаш се имам зарекнато дека мојот иден дечко ми не го делам со ниедна девојка која не му е род.

    Во принцип, се е прашање на договор и компромис, сите имаме некој работи кои не можеме да ги прифатиме во една врска, важно е само да се изберат правилните битки. Lea.Messi, таков дечко не ти треба, доволно си го трпела и до сега. Веројатно тебе и од поодамна си знаела дека дечкото не го бива, ама не си сакала да го согледаш тоа.

    Една стотинка од ова да се случи пред мои очи, па ќе добие таква корпа што ќе се чеша после! Не знам како си можела ти ова да го гледаш и да го трпиш, јас само би се свртела, би си отишла и не би го погледнала уште еднаш. Се надевам дека извлече барем една поука од целово грдо искуство - никогаш не ги откачувај другарките поради дечко!
     
    На disaster, eliesaab, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    vo golema depresija zapagjam od den na den... glavata neznam kade mi e, mi treba sovet od licnost koja ne me znae za najdobro da presudiiii.... inboks! ...... :(
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Пиши ми.
     
  4. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602

    Како бе во депресија зарем немаше ти идеална врска, дечко кој ти е се во животот и другарки не ти требаат, т.с никој не ти треба освен тој.

    Не е убаво да се насладуваш на нечија мака, како што се испофали за идеалноста па и проблемот сподели го тука.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    vo pravo ste , pogolema glupost i greska ne sum napravila !!!!!
     
  6. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Што е тука е. Биднало веќе. Памет за друг пат.
     
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Okcenzi извини што ќе бидам многу искрена ама ова е себично од твоја страна и не знам како воопшто ти претставува задоволство. Не знам како жената на твојот другар ова го дозволува. Никогаш не би се омажила за некој на кого некој/а друг/а му е побитна од мене, не е важно дали му е другарка, другар, братучед итн. Не можам да замислам на татко ми денеска да му биде побитна некоја негова другарка од мајка ми. И да вели дека е во ред што се они двајца во брак ама се знае која на него му е најблиска и на прво место и да трча кај другарка му да разговара за проблемите. Ќе се откажам од него доколку го слушнам дека на таков начин ја става мајка ми на второ место и ја прави небитна.

    Од друга страна, целосно се сложувам со Nausicaa.
    Никогаш нема да прифатам толку голема блискост помеѓу дечко ми и негова другарка. Крај на приказната. Всушност нема што јас да прифаќам или не, јас лично сум никоја да забранувам некому нешто, ама доколку дечко ми сакал да се дружи на таков начин со негова другарка и да му биде поблиска од мене тогаш јас нема што да барам во таква врска. Јас врските ги разбирам на друг начин. Сметам дека помеѓу двајца кои се во љубовна врска и кои планираат заедничка иднина треба да има блискост, приватност, доверба, како со никој друг. Мене лично не би ми било пријатно да кажам нешто на дечко ми и да бидам со резерва, да се мислам, туфкам да не случајно каже нешто или му се испушти пред другарка му. А уште помалку оправдувам или пак би прифатила дечко ми да решава наши интимни, приватни проблеми со негова другарка. Другарка му да знае која поза јас ја сакам, кога сум била на гинеколог, што ми рекле, што треба да пијам, па зошто не сум сакала секс вечерта... Или да се правам како ништо да не било кога дечко ми ќе оди да си преспива кај другарка му. И тоа мене треба да ми биде како најнормална работа? Или пак таа да доаѓа кај него по цели денови или да преспива кај него на креветот каде јас и он секс имаме (пример). Да не ми биде мене достапен и да не може да дојде во истиот момент кога мене на пример ми треба поддршка за нешто само зашто си пие кафе со другарка му? Да отидам кај дечко ми од сабајле рано и да станат од спиење со другарка му па и кафе да си испиеме сите тројца заедно и мене да ми е тоа најнормално? Не, не, не, не... Нема шанси. Пред се' тоа е непочитување од нивна страна спрема мене. Можеби сум себична ама сметам дека секој треба да си го знае местото и границата.

    Јас сум за дружење, дечко ми има другарки со кои се дружи уште од средно, никогаш не сум му рекла ни збор за нив зашто немало потреба. Одат на кафе, се гледаат, се слушаат понекогаш, сме излегувале сите заедно и се' тоа си е во ред и нормално. Ама преспивање кај него? Секој ден да биде повеќе со неа отколку со мене? Да биде поблизок со неа отколку со мене? Не, тоа нема да го дозволам, не се спуштам толку ниско. Сметам дека вредам многу повеќе од тоа да ги собирам трошките од другарка му на дечко ми. Другарките негови си имаат и сериозни врски, девојки на место се, никогаш не сум забележала нешто скриено од нивна страна, ме почитуваат и сакаат, секогаш се' било со граница и умерено, исто и од страна на дечко ми. Се знае која му е девојка, а која му е другарка. Нит па јас лично сакам да бидам толку блиска со некој мој другар. Нит па сакам да се мешам во врската помеѓу мој другар и девојка му, да ми кажува нивна приватност и слично. Не ми ни треба таква блискост, си го имам дечко ми за тоа, а другар ми си ја има девојка му. Таква блискост не ми претставува никаква предност, среќа или доказ за нашето другарство. Баш напротив. Јас разбирам другарство и се' што си носи со тоа ама се' си има граница. И јас не го присилувам дечко ми на вакво нешто туку и тој самиот се согласува со ова. Не знам колку би му било драго јас да имам другар кај, кој си преспивам од време на време и од излегување наместо дома кај него, ме носи кај другар ми на преспивање.

    Не велам да се изолираме од светот, луѓето, пријателствата (осеќам дека одма ова ќе ви биде аргументот, дека ние не дозволуваме дечковците да мрднат од дома), туку работите да си течат по еден нормален тек.

    Едноставно ми е несфатливо како може еден возрасен дечко кој има сериозна врска и девојка која вели дека ја сака, со која планира иднина, потомство, заеднички живот да ја става на второ место и да си биде поблизок со другарка му отколку со девојка му? Сериозната врска сметам дека е припрема за она што потоа следува. Ако сега не сме блиски, не оствариме комуникација (најбитно нешто), не оствариме максимална доверба, како ќе биде во брак? За секој наш проблем дечко ми кај другарка му ќе трча? Таа треба да ми каже како да решам некој проблем во бракот? Ако не дај Боже влеземе во некоја брачна криза, ни притреба трето мислење и мораме да инволвираме трета личност во бракот, тогаш ќе отидеме кај стручно лице кое учело и завршило соодветно образование за тоа, а не кај другарка на дечко ми (тогаш маж) која постои можност утре да ме збори низ цело маало.

    Цели бракови се растураат заради вакви работи само да ви кажам, сум го видела и тоа, за жал.
     
    На disaster, eliesaab, BiMz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Daydream тоа е пишано во контекст на пријателство ( знам лошо се изразив), што никако не смее ни да се помисли дека јас можам да му бида поблиска од жена му скраја да е. Но, ако има проблем на пр со неговите ( најчесто за брат му) а неможе со неа да зборува, тогаш зборува со мене. Ако има друга мака или како лани страв од новиот живот, од формирање семејство, тогаш зборува со мене. Ете денес е ок има и керкичка и заљубен е до небо, но кога остана снајката ( така си ја викам) бремена, тој се колебаше за брак и заедница, па јас најдобронамерно му објаснив како би ми било мене да сум на нејзино место. И ете денес е се супер со него/нив. На такви работи мислев, а не дека сакам или смеам да бидам поблиска од неговата животна сопатничка која му подари потомство. И за мн други работи може на мене да се потпре исто како и јас на него. Јас сум срекна и кога моите блиски се срекни и нема да дозволам грешки.
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    235
    Читам забрани за пријателки на вашите дечковци и некако се навредувам.. Мојот најдобар другар е 6 години поголем од мене, соседи бевме, заедно секогаш водобро и во најлошо.. Ми ја држеше раката на операција кога имав и 4 години и 12, јас ја држев неговата кога родител му почина.. Сите радости и таги ги споделивме во животот, и сега некоја да дојде,да се заедно некои си година дена и да ми вика да се држам понастрана? Сигурно дека порано и сме спиеле во иста соба, па не би го правеле тоа повеке, но сепак кога размислувам за иднината замислувам дека би оделе заедно на годишен одмор со семејствата и нашите деца би можеле да се дружат, па и сопружниците да имат некое пријателство..
    Имам двајца цимери - машки.. неможам да замислам некој да има проблеми од девојката заради мене, буквално сме како фамилија, се гледаме мислам само во најлоши изданија. наутро со коси на сите страни, и навечер со кило алкохол во мозок..

    Што се однесува до мене, ако некојден имам дечко кој ова нема да го разбере не гледам причина зошто да сум со него, ако толку емоциите му се над разумот..

    Ако му е вистинска другарка - не што нема да изневери, ако и се допагате нејзе најверојатно таа би спречила било какво неверство ако дојде до тоа..
     
    На RajskataPtica, JustLoveHim, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Дали мислите оној што ве игнорирал еден ден ке се врати ???
    и ако се врати дали е подобро да му се одмаздам за тоа што ме игнорирал и ме повредил или да му опростам и да бидам со него ?????!
     
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Дали ќе се врати никој не знае може да може не, ама во случај да се врати ја би се одмаздила :wasntme:
    прво бидејќи не би ни можела да простам а второ како тоа на некој не ме сакал сеа ќе ме сака во иднина незнма за мене е или да или не нема сега да утре не потоа пак да ...
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Епа најдобар начин да привлечеш внимание од секого е да го игнорираш.
    Ако ти трчаш по него тој ќе глуми недостижен и обратно.
    Имав ваков случај во 8 одд со еден симпатија ама не би о томе.
    Инаку ако се врати најдобро е фино и културно да го одбиеш.
    Тоа со одмаздувањето ми е глупа и ниска работа.
    Кој се воопшто и замара со тоа, освен во шпанските серии.
     
  13. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.После долга врска која е прекината веќе осум месеци,решив да почнам од почеток и да го направам првиот чекор.Решив да почнам со друг,после бившиот,дечкото е прв што онака ми е симпатичен и што ми се свиѓа.Учиме во исто школо и го знам подолго време.Пишуваме некаде 5-6 месеци.Многу пати ме викнал да искочиме.не бев спремна,не сакав.Пред 3 дена,бев искочена со другарки,на истото место беше и тој.Ме видел дојде да се поздрави.Си имаме муабет и во школо нон стоп си стоиме заедно,си пушиме цигари.Се поздравивме,почнавме муабет и ете се смувавме.Прво мислев дека многу избрзав,а потоа испадна дека не е баш така како што мислев.Искочивме,се видовме вчера.Муабет,мување и така.Убаво ми беше,многу.Кога ме испрати накај дома,одевме така и си зборевме нешто,и ја онака го гушнав и ми вика спушти рака.Ми падна незгодно,реков извини.И тој ме фаќа за рака ,како што одат дечко и девојка,ме погледна ми се насмеа и ми вика вака е многу поубаво,ми ја стисна раката и ме бакна.Ми падна мило многу,баш се изненадив.Ама проблемот е во тоа што се плашам од нов почеток.Премногу е добро,за да е реално.Многу бев повредена од бившиот и навикнав на викање ,дерење,пцуење.А искрено и немаме баш многу интересни теми за разговор,што исто така ме плаши.Опуштена сум,ама не доволно,исто и он.Сакам се полека да иде,да не брзаме.И да не заборавам,ме праша дали би сакала да му правам друштво утре да купил сат,јас се согласив.Што мислите вие за се ова што го напишав,дали би можело да дојде и до врска?
    Се извинувам,долг е постот,се надевам дека ќе прочитате и ќе кажете свое мислење.Ви благодарам однапред :$ :inlove: :*
     
  14. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Па според ова што го читам мислам дека ќе биде врска. :)
    Ама не би ме изненадило да биде и спротивното, ништо повеќе не ме чуди од машките. :x
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Мила сите машки не се исти. Ситемашки не се покварени. Одлично што така постапил и не се плаши да почнеш одново и да сакаш одново. И како деца многу пати паѓавме и плачевме и ете денес сме здрави и прави.
     
  16. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    Без разлика колку време си била со бифшиот, знам дека ти е тешко ако се во прашање години, ама ако веќе си решила за нов почеток не го користи сегашниот за да го заборавиш бифшиот. Со овој можеби ќе си се ожените од кај знаеш :lol: :$ а ако го сакаш уште бифшиот, можеш да го правиш љубоморен со овој и да се смирите. Ама како што напишав не е убаво од корист да си со него. И исто така мислам дека со вакво понашање ќе ти понуди врска.
     
  17. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се плашиш од нов почеток.
    Сите машки не се исти, ако бившиот те повредил не значи дека и овој ќе го направи истото.
    Тоа со бившиот нека ти биде искуство, мислам на тоа да не дозволуваш повеќе да бидеш навредувана и повредувана.
    И подобро вака на почеток да се запознаете подобро па после врска, секако не избрзувајте.
    Со среќа.
     
  18. RajskataPtica

    RajskataPtica Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    59
    Ми треба едно мислење од вас девојки...
    Имам дечко, во врска сме 1 год. За него ова е најдолга врска до сега, сите пред мене му биле "фати-пушти".. не му траеле повеќе од еден месец.
    До сега врската ни е добра, немало караници, неверство.
    Од тоа колку можам да приметам, не е монотона врската.
    Јас сум во принцип љутка во врската, љубоморна сум и сум имала некои мали испади на љубомора, до сега ме толерирал и не ми замерувал за тоа.

    Мојот дечко е физички привлечен, срамежлив..некогаш ќутлив. Не може да ми ги искаже чувствата на глас. Во очите му се чита "те сакам", a не може да го каже на глас.
    Се прави за да биде ОК, секое мое мислење го поддржува, барањата ги исполнува, но ете ме мачи тоа што е толку затворен во себе.

    До душа ми има кажано со други зборови дека му значам, дека ме цени затоа што сум прва девојка која му го освоила срцето, дека никогаш не му текнало на памет да ме остави и сл.

    Јас еднаш испаднав "глупача" и му реков да направиме пауза за да размисли дали сака да остане со мене..
    Разделбата заврши со солзи кај него и не траеше повеќе од три дена.
    Кога се видовме, само очите му збореа. Не сакаше ништо да спомне за таа моја глупост.

    Ми треба мислење од вас дали претерувам во однос на љубомората, испадите, сомнежите.
     
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Е стварно ни знаете што сакате ниту пак може да ви се погоди. Зошто да биде едноставно кога може да се комплицира.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Па да.
    Ако е вака ко што кажуваш нема причина да бидеш љубоморна и да се сомневаш. И не барај само некои причини, ќе изгледа како да не го сакаш и како да сакаш да му раскинеш Птичке.