многу ми е срам да џускам пред други луѓе..задутре идам на транс журка со дечко ми,моја другарка и другар негов и се срамаммм, а дома откачувам до даска а надвор коа ќе искочам како укочена сум.. совет некој.. како да си го тргнам срамот, со тие што ќе бидеме не се знам од вчера што се вика,... :/
Ау со таа доза јас почнувам да се влечам. Ке се опуштиш мила кога сите ке се опуштат од друштвото. Тоа си иде спонтано.
8 месеци се слушате, 3 пати се имате видено, живеете во различни градови, сака секс со тебе и сака да му бидеш девојка..ти си прифатила зошто го сакаш. Е сега прашањето е дали т.е. колку е сериозен. Јас мислам дека дечково нема искрени намери со тебе според тоа што го опиша. Тој сака само да му бидеш девојка..но размисли каква би ти била врската со него понатаму. Речиси не се ни познавате доволно. Не знам само како можеш да засакаш личност преку телефон? Единствено ако не те "вадат" тие 3 пати што сте се виделе. Сепак ти си знаеш какви ви се намерите, каков муабет праите кога сте на жица освен што имате секс по телефон. Зависи и од тоа по колку години имате. Ако бараш сериозност од него не знам дали ќе ја добиеш.
Напиј се чаша-две ... тапкај со една нога прво.. ако не ти успее уште некоја чаша напиј се и ќе почнеш да мрдаш
Единствено нешто што е сериозно во оваа работа е дека тој сериозно сака секс. Незнам дали сте толку .... или овде на форумот се правите така. Мислам вклучи го мозокот и ќе дојдеш до решение. А ако сакаш да имате секс тогаш стенкајте на телефон друго незнам што да ви кажам. И другарка му беше во врска со еден од друг град се видоа 2 пати и тоа во 8/9 месеци така нешто и третиот пат ко дојде тој со комбето почнал да ја допира ваму таму оваа несакала и и раскинал рекол повеќе да не го бара. Затоа не се правете .. ајде сте се слушале на телефон да кажам другарски дошол 3 пати третиот пат ти понудил врска и веднаш секс? Очигледно е дека ќе те искористи и шутне и дека не те сака тебе туку секс со тебе.
Значи дека сака да те легне Е СЕРИОЗЕН. А дека те прашал за женска, па за секс, е верувај не си му женска ти. Ако те сака секако нема сега да те праша туку кога ќе ви се развие врската. Така да, ти одлучи, ако сакаш дај му ама ќе згрешиш многу.
А ќе може ли некој да биде толку љубезен и да ми пише мене во инбокс да ми даде мислење околу една работа?
Ако си по транс журки и ја сакаш таквата музика не ти е потребно ништо Но ако навистина чуствуваш срам ти предложувам и јас да си се напиеш 1-2 чашки колку да се опуштиш малку Ако одиш на пиволенд на транс журката убаво да си поминеш
Lugje ve molam pomagajte....Imav dolga vrska, 5 godini i nekoj mesec...Lani vo april raskinavme....Prvite tri godini bese se sovrseno, no poslednite 2 godini mi stana dosadno....nisto ne pravevme, nigde ne odevme, samo po doma da se sedelo...Celi 2 godini i povekje, se mislev kako da mu raskinam, barav 100000 pricini da se karame.Go lazev deka kje spijam, a iskacav so drugarkite, povekje vreme pominuvav so niv.Pocnav da pagjam vo depresija zatoa sto ne znaev kako da mu raskinam...placev po celi denovi, celi nokji.....Se pojavi eden decko i nekako sobrav hrabrost da mu raskinam....Me molese da ne mu raskinuvam ( premnogu me sakase ) ama jas idiotka dosadno mi bilo pa kje mu raskinam...c c c so koj pamet.Mislam deka koga mu raskinav mi padna karpa od srce, bev najsrekjnata devojka, si vikav konecno slobodna.Po mesec dena se fativ so deckoto poradi koj i raskinav.Super decko, pozitiven, zabaven, komunikativen... kade kade po interesno....stvarno se osekjase razlika...Vekje sme zaedno edna godina i stvarno mi e super ne mozam da se pozalam.No pred nekoj den doznav deka bivsiot si fatil devojka i.....................SE IZGUBIV, TESKO MI E LUGJEE....Se prasuvam zasto posle godina dena mene mi se navrakjaat spomeni, mi e tesko, mi fali, sakam da sum pak so nego.Pa zar trebase on da si fati devojka za jas da sfatam deka uste go sakam????Koga raskinavme 4-5 meseci me barase da vidime da se smirime mi pisuvase mi se javuvase i see, ama jas odlucno mu rekov ne se smiruvame...a sega se bi dala da bidam so nego....Se kaam, mnogu se kaam, ne bese ni ljubomoren, imase razbiranje za se, ne bese zenkar....zlatno dete ispustiv..Lugje sto da pravam, dali stvarno uste go sakam ili sto mi se slucuva??...Ve molam za sovet
dali se uste go sakam? ^Љубомората и себичноста се многу лоши особини. Мислам дека преска ме сфати што сакав да ти кажам. Ти веке си нашла подобар, епа остави го и тој да си ужива со подобрата. Едноставно ти нему не сакаш да му се вратиш, туку не сакаш тој да биде во врска, зошто си навикнала да те крева до облаци и да те моли со месеци. Ти не го сакаш бившиот, туку не сакаш да останеш сама. Мислиш дека ако тој има друга и ако ти раскинеш со овој, дека нема да можеш да издржиш сама. Тоа е себичност. А тоа што не го сакаш него, а не сакаш да биде сакан, тоа е таа љубомора, односно завист. Страшна работа која ти ја јаде душата и несвесно те прави лоша личност. Имаш проблем со самодовербата. Се ова се крие под твојот пост. Ова не ти го кажувам за да те навредам, туку да си поработиш на овој проблем и длабоко во себе да видиш зошто си таква. Дај Боже што поскоро да успееш да си ја излечиш душата.
dali se uste go sakam? Ти очигледно дека незнаеш шо сакаш у живото. Мислам после толку долга врска нормално е да се гушиш. Но не си можела да раскинеш оти си била навикната на него ама со навика има и одвика. Сега не верувам дека тој би сакал да се врати со тебе сеедно на прочитаната книга и се знае крајот. Нормално е да ти фали некад се работи за пет години пет дена ама потсети се дека ти дека имаш друг дечко. И не верувам сега да го сакаш туку само си љубоморна зошто продолжил со животот без тебе. епа сега се надевам сфаќаш како му било нему кога си го шутнала. Се се враќа, се се плаќа. Сега и ти не претерувај. Бившиот не е кукла за да си играш со него кога ќе ти текне. И толку. Одлучи се првиот го сакаш или вториот.
Ваљда не мислиш дека било кој овде може да ти каже дали стварно го сакаш бившиот или не... Тоа мораш сама да си го расчистиш. Според мене, џабе му се навраќаш него. Не очекувај дека ќе биде нешто пак, па не е тој кученце да доаѓа кога ќе го винкеш, нели.. Плус имаш дечко, велиш дека е фин, забавен, позитивен... Епа нели тоа бараше бе кукло? Што ќе ти е досадниот дечко пак? Тебе сега ти се створи некое мислење дека „ееј, чим си фатил женска значи не е толку досаден, вредииии! Сакам пак со него “. Се плашиш да не си згрешила што си му се скарала, се плашиш да не е подобар од сегашниот.. Не можеш да се навраќаш на се од што ќе се откажеш и да се преиспитуваш дали било подобро, дали вредело, дали не знам што. Тоа се одлучува еднаш и толку е. Со тоа што сакаш да му се вратиш него, сакаш само да си докажеш дека не си згрешила, или ако си згрешила да се исправиш. Се кладам дека ако пак бидеш со него, по еден месец ќе ти здосади и ќе бараш друг. Еј, и гревота е тој што е со тебе моментално. Ти полудуваш по бившиот а тој нема појма дека женска му се присеќа како и било со некој друг. Малку е.. невкусно, не мислиш??? Точно е дека не знаеш што сакаш.. Уште поточно е дека воопшто не си сигурна во себе и во своите избори.. Океј, може да му се случи на секој, ама внимавај. Мислам дека ако се одлучиш за бившиот ќе останеш сама. Подобро избркај ги бубачињата од глава што е можно побрзо, оти ништо не правиш. Размисли реално, немој да се филмаш и да си замислуваш невозможни приказни. И немој да го идеализираш затоа што фатил женска, или да се однесуваш себично.. Не е веќе твој, сфати си. Изборот одамна си го направила, сега само среди ги мислите. Доволно си возрасна, можеш.
Ова излегува себично од твоја страна. Ти си нашла друг дечко за кој велиш дека ти е ОК, во врска сте веќе една година и сега од кога бившиот фаќа девојка, тебе од еднаш ти недостига и мислиш дека го сакаш. Не мила, тоа што поминало не можеш да го вратиш, а поготово во твојов случај. Скршеното не се попорава. Ти не го ни сакаш бившиот, само кога би се навратила на вашата врска се присетуваш дека бил ОК, фер кон тебе, те сакал и сл и ти е криво за изгубеното. Си велиш...тоа внимание што го добива сега таа девојка од него, едно време го имав јас, а го изгубив. Ти си направила грешка тогаш што си го оставила, а си можела на многу поинаков начин да го решиш тоа. Сега гледај на оваа врска да не си ја изгубиш поради спомените со бившиот па да си останеш сама. Среди си ги и мислите, избриши се од минатото што те потсеќа на него, тоа барем колку-толку ќе ти помогне.
Се однесуваш себично, сакаш тој цел живот да те моли, а ти да го одбиваш, сега си видела дека продолжил со животот и од еднаш го сакаш. За жал не го сакаш ни бившиот ни сегашниот. Само несакаш да си сама.
Себично и љубоморно. Луѓето не се кадифено мече, па кога ќе ти се игра земи го, кога не сакаш да си играш фрли го во ќош. Кога те молел ти си имала друга играчка за да си играш. Сега има девојка, а ти пак сакаш со него да си играш. Е не може така, не со тие куршуми. Секој си има гордост, а ти богами побааѓи си ја нагазила неговата. Не се замлатарувај зошто и без овој дечко ќе останеш, ама како ми се чини нема да ти е проблем и него да го замениш. На прашањето дали го сакаш, категорично НЕ. Само сакаш пак да си поиграш.