Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ма јок бре само после многу години ако сакаш ќе се сеќаваш.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Аманте де со таа искреност. Зошто да му каже за нешто што било пред него, посебно нешто што само по себе не е зло. Па таа не е некој зависник, ниту е со заразна болест, ниту пак убила човек па да има последици.
    И не значи дека ако таа сега сака да легне со него и ако и е дечко, дека тој истиот утре нема да ја озборува. Од каде знаете дека тој истиот утре нема да го направи најголемото зло. Од каде знаете дека тој исиот, не го направил тоа на некое друго мало девојче?
    Сите имаме по некоја тајна во животот, дали за сексот, дали за дома, дали за школо или фамилија.
    Јас да сум на нејзино место нема да кажам, се додека не сфатам каков човек е а за тоа ке треба и неколку години. Ако одлучи еден ден дека треба да му каже и ако знае дека тој е човек што ке ја разбере, тогаш нема за што да се секира. Ке му каже дека до тогаш не можела да му се довери затоа што за неа тоа било не убаво искуство и дека не сакала да се потсетува. Ех ако е правиот човек има 1000 начини да му соопшти, а тој ке има 1001 разбирање.
     
    На anggell, Yeeah, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  3. barbiegirl99

    barbiegirl99 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки!
    Имам 15 години и бев во врска 15 месеци со дечко ми. Многу се сакавме, мислам нема друга врска на овие години со толку многу љубов. Нашите родители се знаат и беше „сериозна“ врска. Но, извесен период сфатив дека сепак сум премногу мала за таква врска, дека треба да го живеам животот, да имам други дечковци како сите мои врснички и слично. Завчера му раскинав, бидејќи мислам дека е доста од оваа врска. Ама сфатив дека сум премногу поврзана со него, буквално цел ден ми поминуваше со него. Многу ми е тешко, а тој се уште ме бара за да се смириме. Не знам што да правам :( Помош и совети очекувам
     
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Најдобро поразговарај со мајка ти.
     
  5. barbiegirl99

    barbiegirl99 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Мајка ми не ја сфаќа денешницава и од самиот старт на нашата врска беше против неа, бидејки сум мала, ама сите другарки имаат дечковци ама не толку долги врски како мојата ..
     
  6. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Нема да ти се верува, ама мајка ти знае што зборува. Неа послушај си ја. Искулирај девојче, учи, помагај по дома, развивај се, расти, не се секирај стварно си мала за големи товари.
     
  7. barbiegirl99

    barbiegirl99 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    И јас мислам така, затоа раскинав ама многуууу ми фали :(
     
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    За лубеничка97, добро бе луѓе велите згрешила? Па била дете од 10 години :worried: Не ни имало ни целосна пенетрација и тоа не може да се нарече секс, девојчето немало добиено. Мене повеќе ме загрижува фактот колку се затруени децата со сексот па почнаа да го инкорпорираат во невините детски игри. Не дека сакале да имаат секс ама ете може гледале нешто на интернет, телевизија а деца ко деца што ќе видат морат да пробаат. Какви се тие игри на соблекување. :x ?

    Девојче јас мислам дека треба да разговараш со некој за ова. Не со дечко ти, тоа никако .Мајка или психотерапевт. Гледам дека ти тежи и мораш да си разјасниш сама на себе дека ти не си имала секс.

    Инаку за сексот, не се секирај кога прв пат ќе имаш секс сосема е можно и хименот да ти е целосен. А некои ни воопшто не крварат. Нема да биде безболно и тоа ќе ти биде прв секс. Извинете за мене секс не е детска игра меѓу дечиња кои не знаат што прават.

    Можеш и да посетиш гинеколог, едно 90 % сум сигурна дека крварењето не било од оштетувањето на хименот.. А и да е оштетен големо гајле де...
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    И самата си свесна за се. Премногу си мала за да се врзуваш и да имаш сериозна врска. Додуша на 15 години ниту пак може да се има сериозна врска, сеуште си дете. Ти фали од навика не од друго. Ова било еден вид на детска љубов ништо повеќе. И со самото тоа што знаеле вашите родители за вас не значи дека врската ви е била сериозна. Ти си на некој начин сеуште дете треба школото да ти е на прво место, па друштвото па едно друго нема што да се секираш и да те боли глава уште сега за дечковци. Тоа што ти фали ќе помине. А по некое време ќе сфатиш дека тоа и не била љубов.
     
  11. Jinx

    Jinx Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    74
    Значи,вака.
    Ние сме во една прекрасна врска,и навистина многу се сакаме,меѓутоа некои нешта се побркаа заради сексот. Први сме си еден на друг во тоа. Почнавме да имаме редовен секс и се беше супер. Проблемот е што имам некои периоди кога не можам да се напалам,и го одбивам. Меѓутоа,тој тоа го сфаќа пресериозно,ми се лути,па после кажува дека било афект,дека тоа било машкото его,дека имал силни нагони и заради тоа го болело кога ќе сум го одбиела. И затоа,многу пати сме имале секс,само кога тој сакал и знам дека не сум требала да го правам тоа,но едноставно не можев да ги поднесам тие негови афекти. Некогаш беше прегруб со мене,ми викаше дека ќе гледал други ако јас не сум го задоволувала,ќе беше ладен итн.. и потоа ќе ми кажеше дека било афект,дека не ги мислел тие зборови сериозно,ќе се извинеше. Еднашка го одбив и секогаш кога ќе го одбивав се осеќав многу лошо,и бев тажничка и се повлеков,не зборував ништо,и ми рече дека било очигледно дека е готово меѓу нас,но потоа се извини,кажа афект било,не мислел така. А јас бев тажна бидејќи неговите афекти допринесоа јас кога го одбивам да имам чувство дека не сум доволно добра за него и дека не го задоволувам доволно. Сега почнав и јас повеќе да уживам во сексот,меѓутоа деновиве не можам да се напалам и збунета сум скроз.. Тој ги намали афектите,се е супер но не знам зошто тоа се случуваше и тоа ме мачи.. Инаку освен тоа,тој е многу грижлив и добар со мене и се е како што треба.. Освен тоа што е голем инает,и ретко се извинува прв,и кога ме повредува некогаш не е свесен дека го прави тоа,треба да му објаснам,а кога ќе му објаснам вика дека бил ваков таков,се навредува а мене не ми треба тоа туку сакам само едно извини и едно те сакам и милион пати сум му го кажала тоа,и се промени малку.
    И сум била сексуално злоупотребувана во минатото,затоа некогаш едноставно не можам,и тој тоа го сфаќа,но секогаш ми вика дека не сум требала да се чувствувам така веќе,дека сега сум била сакана... Не знам како да реагирам и што да правам. Сакам да слушнам и машко и женско мислење на ова. Ви благодарам однапред.
     
  12. intra

    intra Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    10
    Гледано од аспект на машко. Ова ти се случува бидејки сеуште не си искусна, но и премногу те оптеретува тоа што размислуваш на таа тема. Опушти се и се ке биде во ред. Истото се случуваше и со девојками на почетокот. И јас бев повреден пошто во неколку наврати ми имаше кажано дека тоа го правела само заради мене. Потребно ти е да се опуштиш, еве од случајот на женсками, по одреден период од 4-5 месеци имавме беспрекорен секс. Башка не паметам дека некогаш ме одбила или јас неа. И што е уште поважно што треба да го знаеш дека подоцна сама ке иницираш да имате, едноставно така ке ти иде.
    Тоа што дечкоти те оптеретува на тој начин, еден ден ке му биде криво заради тоа.
    Кажи му дека ти е потребно време и искуство да соберете еден од друг да не очекува од тебе нешто што треба време и искуство за да се поднаучи.
    Совет: гледајте порно заедно, може ке придонесе за да поднаучите нешто, а и ке ве напали.
    позз..
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.094
    Пол:
    Женски
    Мајка ти ако не те посоветува од мајчински аспект незнам кој друг ќе ти каже, или па најди си друга мајка од денешницава.
    Инаку мајката може да мисле само најдоброто за својата ќерка. И самата кажа дека си премлада за сериозна врска и си му раскинала. Па добро имаш 15 години, да не мислиш на 16 да се мажиш и да раѓаш дете. Напротив мајкати најпотполно те разбира а ти не сакаш да ја сослушаш бидејќи не го добиваш тоа што очекуваш да ти го каже. Јас би ти рекла да си најде другарка да видиш колку е убав животот без дечко, да си искачаш и да бидеш изживеана што се вика. А дечко ќе си најдеш фала богу млада си, не ти бега никаде.
     
  14. qwertyy

    qwertyy Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Кога е време за ТЕ САКАМ

    Здраво.. Имам проблем. Всушност и незнам дали е тоа проблем но од една страна е.
    Имам дечко веке 10 месеци.. Врска на далеко е, што сигурно ке си помислите дека и мош и не е права врска. Сепак од како се фативме, си дојде за нова година месец ипол седе, па за мај си доага и сега е тука веке еден месец. Беше добар, да не кажам најдобар. Никој никогаш така не е бил со мене да ме разбере да ми помага, да излавам нон стоп со него кога е тука, сите да знаат. Така со никој не сум била што се вика. Но... Никогаш ми нема кажано ТЕ САКАМ или САКАМ ТЕ баш со тие зборови..Ногу пати кога се скараме он ми вика ЈАС ДА НЕ ТЕ САКАВ..... или ЈАС ДА НЕ ЧУСТВУВАВ НЕШТО ЗА ТЕБЕ ..... Ама тоа не е тоа ТЕ САКАМ. Он покажува дека ме сака, да, можное .ама не е тоа тоа..Јас го сакам (барем така мислам) бидејки со никого порано вака не сум се чуствувала. И му дадов. Значи невиноста тоа му дадов нему. И тој сеуште ми нема кажано дека ме сака, а покажува.. И ми има речено дека не е тај тип да ги покажува емоциите и што чуствува. И дека тие работи ногу приврзуват и се плаше да си покажува емоциите сигурно за да не биде повреден, Оти нели незнаш што човек може да мисле за тебе.
    И сега збунета сум, уште малце ке си оде остнаа уште неколку дена и незнам дали јас да спомнам нешто да му кажам САКАМ ТЕ или да го питам зашто не ми кажува дека ме сака.........
    :?: :?:
     
  15. mathilda2

    mathilda2 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Како да реагирам и што да правам?

    Нова сум на форумот и малку неискусна, затоа сакам да побарам совет од вас феминки. заедно сме скоро 7 месеци и не ми е досадно ниту пак чувствувам дека сум презаситена, само ми е малку чудно за некои работи во врска со него. сака секогаш да биде со мене 24/7, не го интересира ништо, ниту домашните ниту другари, затворен тип е. Но ова е претерано , почна да ми забраднува да излегувам со другарки на 1 саат, дури и кога ми вели излези, после се понаша чудно и се кара со мене без причина и сепак ке го направи своето за да не излезам со нив , пробав секако му велам дека не е добро да сме сами секогаш дека само се караме , да излеземе малку и со другари, да се опуштиме заедно со нив да се насмееме заедно. Го направи тоа 1-2 најмного и толку ,мислев дека се смени но грешам.Да речам дека ме сака не е така, но не се бунам тоа е негово право сепак мене многу ми значи и сакам да ја задржам врската на најдобриот начин затоа побарав помош и некој совет од вас. Благодарам однапред
     
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Кога е време за ТЕ САКАМ

    Зошто мислиш дека зборот е појак од делото? Ако викаш дека ти покажува дека те сака,тоа е предобро од едно Те сакам. верувај од делото што го прави, повеќе ќе се чуствуваш сакане, отколку едно те сакам и без дела и ништо. Плус тоа, некој луѓе, ако сакаат некој/а сакаат, и нема крај тука. Те сакаат и повеќе и повеќе. Но тешко им е да кажат те сакам, но полесно е да направат некакво дело
     
  17. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Мислам дека процесот на исцелување на душата од психичката траума настаната поради сексуална злоупотреба во минатото-сеуште трае, и ќе потрае...Независно кога се случило тоа, зборот минато е релативна категорија, која немора да се мери само со дистанца во години, ако фиксацијата на немилиот настан сеуште е присутна (а присутна е, очигледно) и прави блокади-минатото и сегашноста се испреплетуваат. И така ќе биде се додека не постигнеш мир, исцелување на душата, простување на злосторникот (нема друг начин), простување на себеси (жртвите на секс. злоупотреба секогаш потсвесно чувствуват вина, иако ен се виновни, но вината ја имаат длабоко во себе, на пр. дека можеби и сами уживале во тоа, дека го предизвикале чинот и мал милион други самообвинувања...) Чувство на помала вредност, и пак вина, вина и вина (јас кога го одбивам да имам чувство дека не сум доволно добра за него и дека не го задоволувам доволно). Треба да сфатиш дека ТИ НЕ СИ ВИНОВНА ЗА НИШТО. Можеби тој не е доволно добар за тебе? Тука треба и големо трпение од другата страна, да он те сака, ама очигледно и не те разбира доволно, манипулира со его, машкост и слично...Дали си сигурна дека е вистинскиот? Мора да научиш да си простиш себеси, потоа, да му простиш на оној кој те злоставил, и да се сакаш и почитуваш себеси. Ако не го направиш тоа секогаш ке налетуваш на типови кои на било каков начин ќе ја омаловажат твојата личност. Ти посакувам целосно исцелување на душата и избори кои ке бидат најдобри за тебе. :)
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Пред работите да станат малце покоплицирани. Дали сакаш да идеш, со човек што ќе те контролира? Мислам типов сака, само со него да бидеш, што кога ќе те откачи? Кога ти, не искачаш со друштво? И они дали ќе те примат назад. Седни го на убав муабет, неможе он да ти го управува животот.
     
  19. Ariel21

    Ariel21 Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека мораш да му објасниш дека ова не е здраво. Значи ок е и да си се сакате и да не ви е досадно кога сте заедно но 24/7 е премногууу.. Не смееш да си ги запоставиш и другарките. А дали имате заедничко друштво, излегувате заедно со други луѓе или претежно сте сами??
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Може некој да ми пише порака, за мало советче е :wasntme: