Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. mathilda2

    mathilda2 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ариел, се разбира дека имаме. Затоа и збоувам со него барем накратко со нив да излегуваме за да смениме нешто и тоа се случи само 2-3 пати и толку.. сега се по старо. а инаку Bokchee никогаш не би дозволила никому да управува со мене, само се обидувам да ни биде убаво и на 2, но тој тоа не го сфаќа
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не е доволно само едниот да се обидува, за обиди потребни сте двајцата.
    Ти не би дозволила, ама така е. И покрај твоите обиди да промениш нешто не успеваш(или минимално скоро ич).
    Немој да мислиш дека можеш да го промениш. Кога од негова страна нема желба за да промените нешто, до кога мислиш дека ќе правиш напори. Еден ден ќе ти здосади.
    Не велам дека вашата врска можеби нема да успее, ама скептична сум и не знам каков совет да ти дадам.
    Ако ти речам прекини ја врската ќе бидам лошата (иако не гледам како ќе опстанете).
    Ако речам продолжи да се трудиш, може и да успееш, пак ќе згрешам.
    Ти посакувам само среќа.
     
  3. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Многу сум била повредена во претходните врски и сега се плашам од раскинување и од тоа што ако му се здосади на дечко ми од мене.. неможам да сум мирна заради тоа.. неможам да се опуштам и да уживам максимално во љубовта и врската. :sweat:[
     
  4. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски

    Душо од лично искуство ти кажувам прекини ја врската колку што е можно побрзо. Таквиот лик воопшто не е добар за тебе. Колку и да сакаш да ја задржиш врската и колку и да си вљубена во него од ден на ден само поголеми главоболки и проблеми ќе си имаш. Размисли по толку кратко време он ти прави проблеми да излезеш со другари и другарки замисли каква иднина ќе имаш со некој таков. Од таа врска можеш да добиеш само нервози и болести. Можеби моето мислење не е она што ти би скала да го слушнеш, но од мое лично искуство, и од искуствата на некои мои блиски ти кажувам тргни се колку што можеш побрзо!
     
  5. mare.123

    mare.123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    4
    има ли некој за лп.... било кој многу ми е тешко луѓе ;( ;( ;(
     
  6. balerina92

    balerina92 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Значи вака се гледав со еден дечко 2 месеца ама онака не континуирано кога тој може кога јас, на почетокот не го сфакав за нешто серизно, ама со текот на времето почна мн да ми се допаѓа и сакав да биде нешто да ми предложи врска ама тоа од него не се случи, никогаш не сме збореле за тоа и да напоменам по таинстевна личност немам сретнато до сега, значи мистерија голема, а јас како во тоа да е заљубив сакав да знам што прави, каде е со кој е. Се беше добро се надевав ќе биде нешто почнавме да се слушаме почесто да се гледаме, но едно сабајле се будам и порака на моб ЈАс одам за Германија денеска се гледаме за некој месец.Тоа беше големо изненадување за мене, не дека не сме зборувале затоа ама можел да ми каже барем дека ќе оди. И сега тој е таму еве веке 1 месец, си пишуваме ама не мн често бидејќи работи, а јас како изминуваат деновите место да го заборам мн мислам на него.Барам совет да ми кажете дали да му пишам да си ги отовиме картите на што сме или да чекам да си дојде па тогаш нз што да правам :(
     
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Мислам да му пушташ малце водичка, индиектно нешто да му кажеш, или посочиш. Кога ќе дојде, лице во лице е подобро да му кажеш отворено, него ли на фб или скајп, или на што и да се допишувате.
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав вие не сте ни во врска. Така да тој не чувствува обврска да ти се исповеда, каде е, со кого е, па дури не те чувствувал блиска ни како на другарка да ти каже дека ќе замине во странство.
    Според сето ова мое мислење е дека не е заинтересиран за тебе, туку чисто да си го надополни своето време. Велиш се гледав.
    Само се гледавте, ништо немаше меѓу вас?
    Тоа што ти си се заљубила е твоја работа.
    Совет: Не си го губи времето, зошто ако го прашаш нешто можеби ќе те повреди.
    Ти си знаеш најдобро, ако сакаш прашај го да бидеш на чисто.
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Женска ако после два месеци гледање, од фраеров не си чула ни в од врска, мислам дека работите се тука многу јасни и нема што да се тапшаме по рамо дека нешто ќе тргне на подобро некогаш. Затоа е многу јасно што треба да направиш. Па, така наместо да го чекаш да се врати назад од Германија каде којзнае што прави (може и те мота дека е по работа отиден а сасвим нешо друго е у питање), ти сигурно живееш со лажна надеж дека ќе се предомисли и ќе те побара за девојка откако ќе се врати што реално чисто сумљам дека ќе се деси.
    Башка, велиш мистерија ти е!? Епа чим е така драга моја, тоа зарем не ти е доволен индикатор дека нешто не штима тука во врска со дечково? :?:
    Нејсе, машко може да биде мистериозно само од неколку причини, според мене...
    - Или е наркоман/дилер, или има друг/а девојка/дечко, или прави нелегални ствари за кои не сака да се дознае. Друго нема!
    Ти фактички колку што успеав да сфатам си му се нашла успат како некое заморче, со кое само си ги извршува телесните потреби и не чувствува потреба да ти се оправдува за своите одлуки и постапки.
    А ти од друга страна, велиш дека си почнала да пројавуваш интерес за него, а чим е така ако продолжиш, само можеш да се заљубиш во најлош случај, а на крај и уништиш зошто од овој аир тешко дека ќе видиш.
    Од ваквото видување јас лично не гледам ништо добро. Чим картите не се отворени на маса уште на почеток, мој совет би ти бил да го баталиш со време и да си најдеш некој нормален. Зошто овој да бил таков немало 2 месеци да те матка за бадијала, и да те води бог знае каде демек во тајност, небаре живееме у 16-ти век, па ти глумата мистериозен Зоро со бронзени муда. |(
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. balerina92

    balerina92 Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Фала ви женски на советите, и јас го мислев истото само сакав да слушнам и од вас, веќе не се замарам со него, ќе пробам да го тргнам од глава и да не мислам. Фала ви што ми ги отворивте очите Позз
     
    На Hipica и Valerin им се допаѓа ова.
  11. mathilda2

    mathilda2 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0

    Благодарам за вашите мислења многу ми помогнавте. Еве да кажам дека ептен ми пукна филмот и се што имав му реков, се осетив глупо но и изненадено од неговата реакција.. Мислев дека сеедно ќе му биде но се согласи да прави се што сакам за да останеме заедно, иако не го барав тоа. Еве веке 1 недела тој се однесува многу добро што мислам дека не е тој. Секако ако продолжи така супер ако не се знае крајот :*
     
  12. irenka19

    irenka19 Нов член

    Се зачлени на:
    5 септември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    здраво на сите.јас сум 19годинша девојка ..имам 8месечна врска-дечко мие предобаар месака не поштова не ме лажи искрен е ми оди мн по паметот и на 5 месеци односно на неговиот роденден вечерталегнав со него тој ми бееше прв се решив за тоа оди од дното на душата го сакам добро сотоа станвме поблиски уште поќе ме поштова ме гледа како капка вода на дланка само што јас сум некако несигурна правам кавги му викам ти ќе ме остајш неме сакаш и се нервира тој ми вика ќе пукнам неможам да издржам вака да ме прајш јас уште така се траштам насекој збор се лутам како некое детенце но ми треба премн внимание пре 1год почина татко ми сите дома ми се тажни и замислени мислев дека е крај на животот мој но тојми помогна да се исправам пак на нозе да соберам сила за понатаму и сега и телото му год дадов можи и згрешив незз стварно но нејкам да го изгубам премногу ми значи го сакам од дното на душата живеам за него .но мн сум брза на јазик ќе се налутами готово не ме барај поќе толку од нас бла бла ве молам советувајте ме некако.фала ви однапред
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Шо сакаш бе девојче?
    Некоја ѕвезда да ти симне!?
    Дечкото ти е супер шом така, ама ти не чиниш. Што сакаш со своите постапки, внимание повеќе?
    Па мислам дека го имаш и повеќе од што заслужуваш и дај стабилизирај се оти навистина ќе те остај.
    Ќе му ску*чиш.
     
    На Hipica и irenka19 им се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Мој совет ти е да ги истепаш и наставничката и професорката по македонски јазик зошто не те научиле нешто толку основно како интерпункција, срамота е 19 годишна девојка да не знае да пишува!
     
    На Hipica, irenka19, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Твоето однесување длабоко е поврзано со смртта на татко ти. Си изгубила една важна машка фигура во животот и сега ти е страв да не си замине и онаа другата што останала во твојот свет. Посесивното однесување, само може да доведе до она од што ти најмногу се плашиш. Имаш дечко, за кој си свесна дека те сака, впрочем и самата наброја што се е во состојба за тебе да стори, опушти се и убавите мигови не ги претварај во кошмар. Од друга страна,треба да бидеш подготвена дека во животот, луѓето доаѓаат и заминуваат, дури некаде околу триесетата година се задржуваат оние кои понатаму ќе бидат во твоето секојдневно и постојано опкружување.
     
    На RajskataPtica, Hipica, irenka19 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Скршена сум. Ми треба некој со кој што ќе можам да разговарам,не сакам да пишувам за тоа тука. Фала ви однапред.
     
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Пиши слободно, тука сме да си помогнеме,
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Пиши ми слободно, слободна сум.
     
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Пиши слободно!
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.678
    Допаѓања:
    6.565
    Пиши ми и мене :)