Значии со дечкоми одиме скоро два месеци..на почетокот имавме многу проблеми бидејќи не се гледавме многу (имавме врска на далечина) но се средии се..почнавме да се гледаме секој ден..лудии бевме еден за друг!Иначе и двајцата сме премногу љубоморни.особено тој ..многу се каравме ама лутината многу кратко ни траеше..спијавме на тел ако неможевме да се видиме ни јас излегував ни тој..значи цело време зборавме дека никогаш нема да се скараме..дека ќе напрајме се еден за друг и нема да дозволиме никогаш да бидиме еден без друг!Иначе тој ми е прв дечко...и ми беше прв за се!Пред два месеци зборвавме онака за се и му кажаф дека од шо беше многу љубоморен го лажев ко ќе седев со некое машко во друштво !Од тогаш се однесува пеколно Излегва со другарите ..не ми се јавуваа ..оди кај сака ..не ми кажва ( а до пред два месеции цело времее ми се јавуваше)..почна и да ми вика секако дека јас демек сум го лажела 2 год дека зато го праел сето то за да ми врати...и во овие два месеци нема ни дојдено да ме види..ниту ми се јавува ..и цело време излезенн е ..! навистина неможам да замислам да живеам без него ..ама ни вакаа неможам да издржамм..незнам шо да прамм ..(а ми вели дека ме сака ..и дека секогаш ќе ме сака) Шо мислите има друга...ме неќи ..зато неиди зато така се понаша со мене? Ве моламмм ми требатт ваши мислења.....
Одите скоро два месеци, а пред два месеци зборувавте за се, а испадна дека си го лажела две години??????
nemozamm bez negoo ...mislamd eka kje padnam vo nekoja depresijaa.. a mi veli deka go praj seto to od inaet..deka moralo da izdrzam ako go sakam..deka seto ova go praj za da mi vratii i deka sekos kje me sakaa... i stv mnogu sum zbuneta
Ако после две години немате доверба еден во друг тука веќе нешто е алармантно, а згора на се неговото понашање не личи на човек на кого му е стало до врската мислам дека причината за ваквата промена не е вашиот разговор од пред два месеци туку тоа си го користи како изговор да си тера по негово и не за да ти врати тебе него исклучиво зошто тоа е тоа што сака да го прави во моментов, разбирам јас љубомора и се тоа е нормално кога партнерите не се познаваат доволно или како што кажуваш врска на далечина па и немаат прилика да си споделат моменти заедно се јавува тензија, кавги, недоразбирања но сето тоа веќе требаше да го имате надминато, ти посакувам среќа во што и да одлучиш но јас не би ја продолжила врската доколку мојот дечко се промени во однос на мене и се помалку или воопшто не му значи како неговите постапки влијаат врз мене и квалитетот на врската,позз
Е да бе инает оти му шара тоа пемпелето, абе ај. Шо да издржиш бе!? Те сака како да не, ако те сака нема така да се однесува. Секој без секого може, луѓе умираат па ај сеа сите да умреме оти не можеме без нив, глупости на квадрат.
Размисли убаво каква врска сте имале и што сакашод животот. Дечко кога ти е и така и така, ама во брак да си со некој болно љубоморен не ти треба тоа е пекол. Па и после овој муабет како си издржала две години?! Разгледај што добиваш што губиш, ама реално онака со трезна глава и чувства на страна и ќе знаеш што да направиш. Поздрав, секое добро!
Јас го разбирам то..ама навистина ми е многу тешко отии за момент се смени се..сакамм многуу да заврши сево оваа .. знам дека не е единствен и дека треба да мму раскинам..ама неможам..неможам да престанам да мислам на негоо ..
Нема проблем тука сме да си го кажеме нашето мислење и согледување на целата ситуација, а што ќе направиш останува на тебе.
Де бре што му изнакажа на девојчето...јас не знам како одма доаѓате до таков заклучок дека типот нешто мути.. Полека малце, кај сте се залетале со овие заклучоци. Убаво си кажа дека се гледале 2 месеци од кои на почетокот и она не го сфаќала тоа за сериозно.. Е сеа Боже мој.. и прелетала некоја пеперутка во стомак, сака нешто сериозно со типот, сака врска .. И мојот дечко беше на почетокот мистериозен, тупев мозок што прави, со кој е .. ама по некој период сфатив дека дечкото си бил таков, му требаше време за да се опушти со мене, да зборува отворено и сл. Се исплатеше чекањето.. Не дека мене не ми пречеше тоа, но се обидував да го придобијам и да го зближам повеќе со мене и успеав во тоа. Сама бев иницијатор на тоа, без тој да примети, без да бидам нападна и досадна. Мој совет ти е да почекаш да се врати, како и да е не се работи за година, туку за некој месец. Ти во меѓувреме не си го заморувај многу мозокот со овие прашања, туку прави нешто за да го тргнеш мразот од него. Секако ако ти значи типот, ќе бидеш трпелива и ќе му дадеш време. Сепак машко е, не може туку така тој да искаже чувства. Е сеа што испаднало така одеднаш да ти каже дека оди за Германија, до некаде чудно е, но и самата кажа дека предхнодно сте зборувале на таа тема. Како и да е не си му девојка па за да ти кажува баш се. Ете ... барем ти кажал дека оди и дека кога ќе се врати ќе се видите, тоа е доволно за тип каков што го опишуваш. Пробај на некој начин да стигнеш до тој муабет и сигурно ќе ти ја каже виситната дали сака да биде со тебе или не. Ти препорачувам да биде искрена и да му кажеш што чувствуваш за него.
За кој дечко зборуваш? Оној 5 години, оној подолго од 6 месеци. оној една година, оној од 3 месеци или оној 8 месеци и секс по телефон. Не ми е јасен само периодот, се се случува во август освен оној од 5 години што си раскинала лани. Ако годината трае 24 месеци и повеќе тогаш брав за тебе, се си постигнала за 1 месец.
Епа девојче ти цела таа бајка како што ја опиша си ја уништила самата. Си кажа убаво за што сте зборувале предхнодно... "ќе правите се еден за друг, нема да дозволите да бидете еден без друг", фактички сте си кажале дека ќе градите цврста, искрена врска. Е сега кај си го лажела за ГЛУПОСТИ, па згора на се и си му кажала за тоа. Кој ѓавол те тераше и за едното и за другото, знаејќи дека е љубоморен и тоа повеќе од тебе ?! Те сфаќам, бараш решение и совет од нас како да го вратиш во нормала сето тоа, ама ти ако си го лажела за вакви глупоштини, тогаш што да помисли за останатото? Си го збунила бе девојче. Меѓу другото сами сте си кажале меѓу себе, т.е. сте си поставиле граница до каде може да одите. Не можам да разберам јас таква врска.. да сум заедно со некој 2 години и за цело тоа време "од јутро до самрак" дa бидам до него или да зборам на телефон. Дајте си малце слобода бре луѓе, ќе ви здосади од оваа врска.. Сега сте млади уште, ама со тек на време ќе сфатите дека сето време го поминувате само за вас двајца.. изолирани од сите други. Aaaa да ... зошто не пробаш да се ставиш на негово место, како ти би реагирала и што ти би направила во таа ситуација, затоа што ете, што требало да правиш ти и тој требало да го прави, тој бил љубоморен, а и ти исто... до некаде слични. Тоа е барем најлесно за да донесеш заклучок..