Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Извини грешка.
     
  2. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Еден проблем ќе се реши друг ќе започне..
    Вчера вечер му пишав на дечко ми убава порака.. Сабајле ми кажа дека не му се свиѓала. Срам да му е. Сум се потрудила за да ми рече не ми се свиѓаше? Почнав да се расправам.. Се расправав зошто секогаш го ставам на прво место и знаете на крај испаднав јас крива,дека јас сум таа што се понаша,и ми рече: ти да беше со некој друг,немаше да те трпи ни 3 месеци. А чекај ? Јас колку сум трпела од него, он само неговата страна ја гледа. Упорно ми кажува дека немал никогаш да ме остаи и такви работи али јассс неможам да му верувам. Не сум сигурна иако ми кажува... И незнам зошто колку и да се караме пак има нешто посилно од се што не смирува. СЕкогаш. Кога се карам му спомнувам се. Значи и бивши и се се... Го прашав дали ако некоја бивша би му пишала порака таква и на нејзе ќе и речел: абе знаешшш не ми се свиѓаше. И му реков: тебе нема ли да те боли ако ми купиш нешто и ти речам: не ми се свиѓа,ај купи ми нешто друго те молам... И пак јас сум таа што е крива.
     
  3. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    33.526
    Пол:
    Женски
    Лелел. |( Зошто толку се замараш? Ти си се потрудила да му напишеш порака, а не него не му се свиѓала. Какво е тоа понашање, жити се? :x
    Вака ако продолжи да се понаша со тебе и за се ти да си крива, јас не би ти рекла да останеш со него.
     
  4. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Зошто вакви врски се уште опстојуваат? Ќе сфатите колку сте губеле време на луѓе што не заслужуваат, кога ќе го најдете вистинскиот, кој бескрајно ќе го цени вашето внимание и изливи на љубов и нежност. А може и никогаш да не го пронајдите дури губите време со вакви разгалени мажиња. И ако уште не сте научиле глаголот ТРПИ не смее да постои во ниедна врска, ако потои тогаш врската не треба повеќе да постои.
     
  5. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    незнам зошто неможам да ставам крај. некогаш толку неценето се осекјам од негова страна. тоа е чудо...
     
  6. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Можеби работите ќе се сменет.. можеби некогаш ќе пораснеме во паметот.. и се ќе биде добро.. ама можеби :)
     
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.944
    Допаѓања:
    33.526
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам дека го сакаш, дечко ти е, но јас вака не би поднесувала. Девојко, гледам дека си ми врсничка, млади сме сеуште за да си го расипуваме животот за некого кој што не вреди ни 2 пари.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека дечкото сака да стави крај ама незнае како, па ти дава причини на тебе. Више ти рекол се што не си очекувала од него, и ти пак неможеш да ставиш крај. Дефинитивно не сфаќам зошто сакаш да губиш време со некој што не те цени и почитува.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    за крај, сигурна сум дека несака. зошто и он сам ми има кажано дека никогаш нема да се тргне од мене.. он сака јас да не се понашам,сака да бидам фина, добра, да не се лутамм за ситници.. а он знае и тие работи да ми ги кажува само од инат,да ми е тешко а да не го мисли тоа.. да не ми е со ова од што треба да добијам? не сте свесни у кои депресии запагјам и се ми смета и се карам само и плачам........
     
  10. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Оф леле, на душичката не му се свиѓало пораката. А каква порака сака да му пратиш? И зошто се замараш со некој што ти префрла се на тебе?
     
  11. RajskataPtica

    RajskataPtica Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2014
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    59

    Направи му го и ти истото, ама кога ќе знаеш дека тоа што го прави за тебе му е од голема важност и кажи му: Не ми се допаѓа, се сакам или било што само да биде негативно.
    Не дека сега треба да си враќате еден на друг, али колку и да не му се допаѓала пораката, немало да му се исуши устата ако го кажел спротивното.

    И уште неколку совети, не мора секогаш да го ставаш на прво место, спушти го на земја малце.
    А за она што при секоја расправија му ги спомнуваш бившите...НЕМОЈ!! Тоа ја уништува врската уште повеќе, верувај.
    Што им се замараш и што им придаваш значење да ги спомнуваш при секоја расправија со дечкото. Преоптеретена си со нив и дава до знаење дека си љубоморна на нив што постоеле во неговиот живот.
    И ти си имала бивши, сигурно не сакаш при секоја расправија некој да ти ги набројува.

    Кулирај, не се замарај многу.. сите го знаеме тој машки идиотизам. ;) :f:
     
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Yeeah, а си помислила дека можеби навистина си напорна?

    Не му се свиѓала пораката? Голема работа, ајде сега истепај го поради тоа! Или мора да ти кажува дека се што ти ќе направиш е најсупер? Ако е некоја слатка порака и сметаш дека намерно ти кажал така за да те повреди, тогаш ти си имаш поголеми проблеми со дечко ти од една порака, но ако си трескала глупости во пораката или си се лигавела претерано, негово право е да не му се допадне. И ако навистина не му се допаднала, сто пати е подобро да ти каже на време отколку да превртува со очи кога ќе ги чита идните слични пораки, и што е уште полошо - да ти преќутува нешто што не му се свиѓа од страв да не му направиш испади те да не реагираш баш како што и си реагирала :)
     
  13. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Yeeah за една врска да успее се потребни двајца кои ќе се сакаат и ќе ја одржуваат таа врска, а не еден. Во твојот случај јасно е дека ти си таа што се грижи за се, што прави се а тој ништо и на крај не му се свиѓало. Единствена твоја грешка е што премногу се трудиш за нешто што не оди. Може го сакаш ама не е доволно само ти да сакаш треба и тој да те сака. Не го ставај на прво место и готово. Излегувај си со другарки и школо/факлутет тоа нека ти биде на прво место а не тој. Дечкото не го заслужува тоа.
     
  14. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    напорна и избувлива.. се смирив сеа и размислив со мирна глава дека не треба да се расправам за такви ситници.. и да не сваќам се здраво за готово.. и да не правам од мравка-слон,...... :)
     
  15. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Абе ајде, ги бараме проблемите каде што ги нема.
    Не дај Боже да има поголеми проблеми, па за каде сте БЕ!?
    За во шу*ак.
     
  16. Penkalce

    Penkalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    7
    Па стварно бе не дај боже поголеми проблеми да настанат што тогаш??? Инаку и јас го делам мислењето на Nausicaa и сметам дека дечкото има право да каже доколку нешто не му се допаѓа па боже мој!! Читајќи ги другите мислења на Yeaah, моето мислење е дека стварно се замараш за непотребни ствари и со тоа го напињаш и дечко ти па сосема логично е и неговово понашање, друго не знам што би ти кажала :) Значи има и други работи што можеш да ги правиш во слободно време, не мисли и не се оптоварувај толку со него, дај му простор..
     
  17. snowflake123

    snowflake123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2014
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    11
    Немој да бидеш толку напорна, ќе трпи ќе трпи ама еден ден ќе му дојде и него преку глава. Јас на твое место баш би се радувала зошто е искрен и отворен со мене. Па ми кажал дека пораката не му се свиѓала а не јас дека не му се свиѓам.
     
  18. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    21.181
    А зошто да не ти каже дека не му се допаѓа, можеби стварно не му се свиѓа. Ако сте во врска, треба да сте искрени еден со друг. Колку пати си имаме речено еден на друг дека нешто не ни се допаѓа,па никој не се расправал за тоа.
    Тоа што ти рекол дека друг не би те трпел ни 3 месеци, со вакво твое однесување, во право е, ама ајде не морал да го спомнува тоа, ама си го изнервирала. И најважно, зошто си ги спомнувала бившите,за такво нешто нема потреба.
    Уозбили се малку, и не барај кавги за секоја ситница, :!: а ова искрено е огромна глупост
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Girl-love

    Girl-love Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    18
    девојки пред 2 дена се запознав со еден дечко и сакам да се зближам повеќе со него...како да му се доближам како да дознаам што сака што го исполнува не знам како да се однесувам со него.. :^) :(
     
  20. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако продолжите да се дружите ќе дознаеш а за 2 дена познанство глупо е сега да се распрашуваш ваму таму за него или пак лично него да го прашуваш. И не те сфатив како да се зближиш? Ти се допаѓа?