Лош порок е коцката, бидејќи ствара психолошка зависност. Ако сакаш навистина да се откаже советувај го да разговара со стручно лице, би требало да помогне.
Или нешто си направила па вака се понаша,чека да ти текне што(божем ние женските сме баба ванѓи),или друга опција е дека сака да ти раскине па бара причина.Несакам да звучам грубо,ама знам многу примери вакви,кога машките за да раскинат од ништо нешто прават.Почекај нека му помине лутината,2 3 дена и побарај го пак,ако и тогаш е таков не го барај за да не се издига.
Не претерувајте девојки, одма се фаќате за најлошто и секогаш давате сеовет за да стават крај на врската. Според мене не е ништо страшно, не е порок туку е занимација. Се собрале друштво другари и играат дали било покер, карти, пс или некои не знам какви игрици, не мора да значи дека е навлечен на порок. Инаку го кажувам ова од искуство, зошто имам друштво другари, некогаш ради занимација/досада се собиаат и играат покер. Ти не мора да паничиш одма, туку најди некогаш изговор за да го тргнеш од таму (секако не секогаш) сепак тие му се другари и за машко е лошо кога другарите би му се потсмевале дека девојка му го контролира и му заповедува што да прави, така можеш и да го изгубиш. Затоа фино лепо, ќе наоѓаш добра причина за да биде со тебе, а не со нив и полека ќе се тргне од таму. Ако не делува тоа, тогаш разговарај со него и не биди досадна да му повторуваш секогаш за едно исто. Нека биде еднаш/два пати ама барем корисно. Поздравче
А колку време игра покер? Колку пати во неделата,дали губи многу,дали се обложува со многу пари? Тешка зависност е коцката,ама неколку игри не го прават коцкар. Ако е ептен навлечен,тогаш пробај да го одвлечеш и да се консултираш со стручно лице,покажи му подобар начин за искористување на времето и сл. А ако видиш дека нема надеж,тогаш и јас би те советувала да го оставиш,бидејќи ќе почне да ти бара пари и да пропаѓа малку по малку.
Zdravo na site! Imam eden problem bi sakala da go spodelam so vas..se nadevam ke mi pomognete ke se potpram na vas. Znaci vaka...So decko mi odime godina ipol,ne sme bas blisku so ziveenje na mesto imame i dvajcata po saat ipol od kaj mene i on do kaj mene..Se gledame mn.retko moze 1 nedelno a nekogas mozi i da ispadni po 10 dena da se ne vidime...Mene toa mnogu mi smeta ! Sto da pravam se mi vika nema zosto da se lutis daleku sme,nesaka da doaga so avtobus,se se moralo so kolata a kes za benzin slabo..Nikogas ne sum bila ljubomorna on me napravi takva da bidam.Sekogas ima vreme za drugarite od maalo a jas..jas treba da cekam da me vikne...:/ Pred nedela dena moja drugarka mi praka slika sto ne e tagnat na fb.a e oznacen so lepo drustvo drugarki i drugari...jas doznavam bez da mi kaze deka ostanal olku kasno...neznaev sto da kazam...neznaev...neznaev kako da reagiram...zarem bese mozno? Doznav...mu kazav mi rece da bev...mi rece ne me tagg.zosto od tebe imam strav.Imal stav da mi kaze deka izleguva so drugari a ne pa so drugarki....Se iznervirav vo sekunda...se oladiv skroz.Ja bev spremna zivotot da go dadam za nego!On mn mi znacese....Premnoguuuu! M.go sakam..imav se so nego toj i mi bese prviot uste sum so nego.Uste eden problem ima uste si nemame pojdeno eden kaj drug ,,rano e '' sram mu bilo'' a do koga toj sram? Dodeka ne dojde ja ne go svakam ova se za ozbilno...Mi vika ti ne mi dozvoluvas ni drugarki da imam...Mi prizna :,,TE LAZEV ...Mi RECE:KOGA IZLEGUVAV NE BEF SAMO SO DRUGARI IMAV I DRUGARKI NESAKAV DA TI KAZAM ZOSTO KE SE SKARAME radi sitnici....Da! ke se skarame! A zosto da me laze...i onaka pocnav da sumnjam u se pocnav na 2 saati da mu zvonam...jas znam da si legnam rano utredenta sum na rabota i na sto lici da mi rece dobra nok ubavo da spiese eve i jas ke si legnuvam a da si legne vo 6 saat sabajle ...od kaj da znam kaj odi za toa vreme...nemoze da igra non stop na kompjuterot!Nie nemame izlezeno kako sto treba...jas ovaa vrska ja svativ ,,Korist vrska! nie nemame izlezeno po kafici odamna...da na odmor ni e 2 ra god da otideme ...ama sea kako sto sme daleku koga i da se vidime saka sekogas i da mu se predadam...Ok razbiram.Sekoja vrska go bara toa.Neznam vo momentov ni kako se osekam...Se pojavi eden drug.znae deka sum vo vrska...znae ima precki...mi vika raskini mu ke te napravam srekna nema nisto da ti fali...ke imas se ljubov vnimanie neznost...se vidovme pred nekoj den vo avtobus slusavme zaedno muzika se slikavme odma ja stavi slikata ...a ovoj sto sum sega mu smetalo slikata zosto negovite rodnini ke gi spodeluvle slikite taka mu praele koga bil so bivsata e JAS NE VERUVAM VO NISTO...Mnogu e tesko da izgubis doverba vo se! Na samo 20 godini...Drugiot mi vika ti zaslusuvas podobro toj tvojot neznae sto ubavina ima do nego neznae da ceni....mi vika jas ke bidam preskreken da te imam...A jas nemozam nikako da se razdelam od ovoj....nz sto mi se slucuva...:/ kako vrzana da sum....kako vo staro vreme toj sto ke ti bide prv moras da ostanes so nego ...e taka se si mislam! :/ :/ :/ Nemozam da se odlucam dali da raskinuvam? i kakov odgovor da mu dadam na dr.mome on me ceka da mu kazam...Ve molamm pomagajte...! FALA VI .Ostanete mi pozdraveni site!
Lavica.4 ....... Mnogu si zbuneta i se e so pricina. Da ne go sakase deckoto voopsto nemase da razmisluvas, ke go batalese, ke mu raskinese. Celosno si vo pravo sto i da napravis, zosto postapkite na deckoto ni malku ne se za pofalba. Nikoj ne bi opravduval takvi tajni, vecerni izleguvanja do docna so drustvo (maski/zenski). Greska pravel sto kriel od tebe. Jas bi si pomislila deka toj ja koristel taa situacija da pravi sto saka bidejki ziveete na dalecina. Jas imav ednas takva vrska na dalecina i doznav deka me iznerveruva i toa na najlosiot nacin. Otidov iznenadno kaj nego i go nacekav so devojka vo koja se somnevav deka se pletka vo nasata vrska. Ovoj pat za zal ke dadam sovet da razmislis za ovaa vrska, ne e bas najsolidna. Po seto toa sto go napisa, izgledas za dobra devojka i veruvam deka zasluzuvas podobar decko. Sepak, procitaj gi sovetite i od ostanatite feminki, ne izbrzuvaj. Daj si vreme i razmisli sto ponatamu. A sto se odnesuva do drugiot decko, ako ti se dopagja daj mu sansa da se pokaze. Ne mora vednas da navleguvate vo vrska. Jas mislam deka drugiov decko ke ti pomogne da ja zaboravis predhodnata vrska. Srekno
Ако сакаш врскава сегашна да ти функционира (оти гледам дека ти е битно), мораш типот да го фатиш за гуша и убаво да го построиш! Да му објаснеш дека тоа што крие такви работи од тебе е најподмолното нешто што може да се направи во една врска, дека не си ти забаваче па да те мота како сака, дека сакаш исполнета врска со многу гледања и доверба. Ако не му смета да се повози со автобус или да најде било каков начин за да се гледате, ок.. Ако не, гитла! Тој ќе останувал со другарки до 6 сабајле, ќе шетал, ќе лажел, ќе мател... Ма има да го стегнеш и крк да не смее да речи Ако ти е битна врската твое е да пробаш. Покажи малку заби, биди остра. Чим не може милум, може силум Не буквално, ама.. тука сме некаде Фино лепо кажи му дека сакаш врската да ви биде официјална, ќе си го донесеш дома на кафенце, на локумче.. Ќе му појдеш и ти малку таму, да те видат, да знаат дека човекот не е самец! И полека полека ќе се среди работата.. Нормално, ако двете страни сакаат. Ако не, ич не се замарај и барај друо решение. А за тој другиот тип.. пробај да не скокаш од врска во врска иако не знаеш дали нешто добро ќе пропуштиш. Ако веќе раскинуваш, остави си време да оладиш па после реагирај. Не сум сретнала многу случаеви до сега кај што таквата избрзана постапка била правилна. Мојот совет е тој, па сега ти си знаеш најдобро какви се околностите. Поздрав до тебе
^ Во слична ситуација бев и јас пред извесно време. И знаеш што се случи на крај? Ме остави со изговор дека сум била болно љубоморна, дека врска на далечина така не би успеала и си фати девојка од неговиот град и ене го сега и слики става на фб, и ја запознал со сите. А мене ми велеше дека е сеуште рано за такво официјализирање на врската. Пред мене беше се` ок, се однесуваше со мене како што му доликува на еден дечко да се однесува со девојка, а уствари тоа било само пред мене. За сите други бил слободен. Една вечер излегол со другарки и не ми кажал од истата причина поради која твојот дечко криел од тебе. Ќе сум се налутела. А не сфати дека повеќе се налутив што не ми кажа. И од тогаш почнаа проблемите... Штом криел, не мора да значи, но сепак постои нешто што не е во ред. Ти доколку не сакаш да го изгубиш стегни го убаво и постави му услови кои доколку ги исполни значи дека сака да биде со тебе, а ако и понатаму го избегнува разговорот и пронаоѓа изговори, батали го дури не те баталил тој. Бидејќи, верувај, кога ќе му се укаже шанса да биде со друга ќе те остави без око да му трепне. За секој случај, го имаш другиов. Ако не нешто повеќе барем ќе знаеш дека колку толку те цени. А тоа е најважно во една врска.
Лавица - на дечкото му е здосадено од вашата врска си зел голема слобода и те лажел дури, а ти си збунета. Секој дечко ќе ти рече така ако си во врска и му се свиѓаш дека ќе те направи среќна бла бла. Тој добро го користи тоа. Е сега јас би ти рекла да раскинеш,пошто не заслужуваш таков дечко. Го имаш но исто како да го немаш. И немој да жалиш, бидејќи дечкоти не жали за тебе а не ти ни чува. Си го опиша тука и доволно. Само треба да си доста глупа за да го задржиш и пак да му попуштиш.
Јана, извини вака, ама доколку на дечкото не му е убаво со неа, сигурно нема да и се вратил нејзе. Значи кога он одлучил така тоа е негова желба и како може да се тешиш дека е присилен на тоа. Друго, нормално е дека кога одлучил да и се врати на женската, таа да не сака тој да комуницира со тебе, бидејќи ако тебе не ти пречи сигурно таа не сака да го дели. И искрено, од искуство ти кажувам, не ме сфаќај за лошо... Тие ќе раскинат само ако женската го остави, а како што велиш ти таа нема таква намера. Така да ако мислиш дека се работи за јаки чувства, зборувај со него еднаш, ќе најдеш начин нормално и види дали тој сака да е со неа или не. Не се оптеретувај за на крај само лошо да се чувствуваш. Поздрав
Што знам, и јас да сум на твое место не би имала доверба. Освен тоа не можам да ја сфатам логиката на дечково, као ако ти кажев дека излегувам со другарки немаше да ми веруваш. Па, ако не ти дал повод да биде тоа така нема зошто да не му веруваш, нека си излегува... И ако е за тоа, ајде за сите парови на планетава земја да се напише едно универзално правило кое ќе гласи дека пријателите треба да се бришат за време на врска. Мислам, безвеза.. Иначе, според мене останатите караници ви се детски и незрели! Не се навредувај, или сфаќај погрешно но далечината не е неразрешлив проблем, ниту пак излегувањето по дискотеки и кафичи. Еве, следен пат кога ќе се видите кажи му отворено дека ако веќе не можете толку време да поминувате заедно барем проведете го времето квалитетно. Излезете, пијте и дружете се...Нека те запознае и тебе со тоа негово фамозно друштво. Пошто не е дека треба да се затварате у четири ѕида и само да се бакнувате или имате секс. Не знам дали знаеш, но докажано е дека колку повеќе се интровертни партнерите гушејќи се во една врска, толку таа истата е осудена на пропаст. Не е дека не треба да останувате сами, ама правете некаков баланс меѓу овие ствари. Патем, за ова што велиш дека не те претставил кај твоите дома не мора ама баш ништо да значи. Искрено јас не гледам поента во тоа. Мислам, која е потребата девојката/дечкото да ги запознаваш со твоите дома?! Наречете ме чудна но јас во ова не гледам никаква смисла, а ниту полза! Ти бре 20 години имаш, да не планираш да се мажиш со него чим го претставуваш!? И замисли утре да не биде ништо, фатиш друг па трет па четврт (што е многу нормално пошто млада си), па тоа ќе значи ли дека сите ќе ги претставуваш на твоите дома!? Глупости. Само ако сте разумни, сметам дека приватниот љубовен живот треба да си го водите за себе, и исклучиво за себе! Океј е, нека знаат пријателите и родителите, ама не мора дотолку формални да бидат тие средби, од типот заеднички семејни ручеци, излети итн. Сметам дека доволно е да знаат дека постоиш како личност во неговиот живот, едно здраво пријатно и тоа е тоа. Ова ти го велам од причина што, запознавањето таксањето или одењето еден кај друг дома, како свечени елементи, нема сигурно да придонесат вашата врска да стане посериозна или да се зацврсти, туку само може да добиеш осудување од твоите дома ако прекинете за кое ништо чудо и сама да си испаднеш крива и да не си. Дури и да не е така, послушај ми го советот дека родителите нема потреба многу да знаат. А за другиов дечко нема што тука многу да се мислиш...Ако сметаш дека ова со овој не можете да се разберете, откачи го и скрати си ги маките, те чекаат нови поубави мигови не се замарај со вака банални ствари.
vo ista situacija bev so bivshiot. mi kazhuvashe kje si legnam,a on iskacal, pa na sto lici toa? vistinskiot mazh raboti a ne igra igri ! otkaci go, ne ti treba detule sto neznae kaj mu e glavata.. zosto istovo go iam pominato i znam kolku sum trpela,patela za na kraj da mi reche: ti me trgna od tebe jas si najdov druga.
Нема потреба да бидеш толку љубоморна, нормално е човек да има и другари и другарки. Детето не е твоја сопственост и колку повеќе му забрануваш да прави некои работи упорно ќе ги прави. Ако ти е прв некој не значи дека мора да останеш со него, ако не си среќна раскини му и крај на приказната. Јас мислам дека дечко ти ќе почне и да те игнорира зошто многу го контролираш. Раскини му ти, да не ти раскинува тој, па да плачите и да се молите. Ако те привлекува тој другиот почекај да помине малце време и почни врска со него.
Лавице како тоа мислиш излегол а не ти кажал до колку касно е ти мајка си му за да ти се правда тебе до колку ќе остане? Ти претеруваш, не тој. Имал страв од тебе е како не зависи во која смисла. Нели е подобро да оди каде сака, со кого сака, да се тагнува а ти да знаеш за тоа секако без љубомора ама тебе очигледно љубомората ти е главен проблем кој треба да го решиш. И ако за една обична слика волку се вознемируваш нормално е дечкото ништо да не ти кажува, кој сака да се расправа за џабе? Ти немаш друштво другари и другарки? Нормално е и тој да има, неможеш да очекуваш од него да ги батали сите само поради тоа што е во врска со тебе. И зошто брзаш да си појдете еден кај друг на гости? Одложи го запознавањето на родителите колку е можно подолго толку подобро оти знај дека дури тогаш ќе почне мешањето од нивна страна до некаде. Викаш од каде да знаеш каде оди тој ако немаш доверба во него зошто си со него? Треба да го оставиш човекот на мира да си има своја слобода ако несакаш врската да ви заврши. И неможам да сфатам зошто сега откако си запознала некоја сосема друг си сфатила дека си ја изгубила довербата во првиот. Себично од твоја страна. Зборовите на вториот допреле до тебе и сега бараш причина да раскинеш со првиот за да бидеш со вториот но за вашето раксинување да биде виновен првиот а не ти, зарем не? Работата е лесна и едноставна. Ако мислиш ама ако ТИ мислиш дека првиот не те заслужува раксини со него, но немој тоа да го правиш поради тоа што ти го ветил вториот. На секој почеток секое момче ти ветува брда и долини, твоето прво момче не ти вети на почетокот? Сега врската совршена ви е? Затоа не паѓај на ефтини финти и лаги.
ljubovni problemi :/ imam 18 godini i imam decko 24 godini odeme 5 meseci no toj mi zabranuva da odam so drugarki na disko na teretana da odam, na kefe odam so drustvo no na disko koga i kazam sekogas se lute i se karame dali problemot e vo mene ili vo nego vase mislenje ako moze mnogu kje mi znace toa e obvrzan so rabota i nema dovolno vreme da izlavame dali moze vase mislenje .., blagodara odnapred ???
ljubovni problemi :/ Не излегувај од дома воопшто. Сигурно ќе се лути, тебе ти текнало живот да имаш.
Fala vi na site.Da ljubomorna sum mn...:-\ Ke se obidam da prodolzam....fala vi ostanete mi pozdraveni.
Мој совет ти е да се омажиш, па ни кај твоите да не можеш да одиш. Каде гледаш проблем во тебе? Млада си и ти сакаш да ги доживееш оние работи како и сите останати млади. Јас би ти рекла да не се гушиш на 18 години. Тој ако е престарен и време му е да се удомаќини тебе не ти е.
Тоа што ти го сакаш на 18 години е сосема нормална работа. Имам појаснето во друго теми и кратко и јасно ваков тип на 18 години не ти треба. Живај си го животот додека можеш без забрани и ограничувања. Не ти е татко па да ти кажува што да правиш. Сега си викаш го сакам во право е ама откако ќе ти се качи на глава еден ден ќе ти прекисне е тогаш многу ќе се каеш оти си го слушала.