Prvo ne treba da se sramis, bidejki ti ne si go ocekuvala toa od nego. Site imame sovrseni vrski pa posle raskinuvame, na sekoj mu se slucuva toa. Ti si se potrudila, toj ne i toa e toa. Samo ke te sovetuvam po ova da ne mu se vrakas niti da te moli. Pozdrav4
Можам да разберам кога некој ќе каже дека има девојка/женска, но пројавил интерес кон некоја друга личност. Но не можам никако да разберам "го сакам, ама сакам еднаш да се изладам...". Значи, овде веќе не се работи за љубов, само сакаме да го задржиме сегашниот бидејќи ни е сигурен. Боље ишта, него ништа! Ако веќе сакате да правите будали од себе, можете слободно, но не им го правете тоа и на другите. Бидејќи не може да останат на страна, не инволвирани во ситуацијата. Тежок е фраерскиот живот, ризичен...
А за овој другиот, КУРВА може да и каже на таа што го научила на тој збор, па ако ти се сметаш себеси за тоа, смири се со него. Почит кон тебе мора да има, инаку да знаеш се ќе ти е залудно! Остави го нека си најде некоја на негово ниво. Поздрав
Девојки ваши мислења што би мислеле доколку бившиот ваш со кој завршила врската пред неколку години мн бурно,повторно ви пиши,а притоа е во врска ама упорно си раскажува како ви било порано па и дека ве посакува се интересира за вашиот живот прашува све?како би се поставиле?
За бурното раскинување бурно би вратила. Ќе му го копирам разговорот на новата девојка, а него ќе го отерам знаеш каде Како порано не се сетил да ти пише, сега и да се смириш ништо нема да биде како порано. Мој совет немој да му веруваш и да веруваш во тоа што ти го пишува. Машките покасно сфаќаат што изгубиле. Изгледа тој сфатил и се кае сега
Па помина доста време скоро 4 години за све се сврти тркалото,и јас сум во врска ама неговата е мн свежа,за да мисли уште на бившата од пред неколку години,инаку континуирано си пиши на месец, 2 но и двата сме воздрасни јас знам како да се понашам тоа не ми е проблем но мн.е чудно...
Миме, сосем се согласувам со Пупигрл, пази да не ти си направиш проблеми со сегашниот дечко - ако случајно ги прочита тие редови каде бившиот ти пишува дека сеуште те посакува, сигурно нема да му биде сеедно. А тоа што ти пишува такви работи, иако самиот е во врска и знае дека и ти си во врска, мене ми личи на типично сељачко понашање и на твое место не би му одговарала воопшто на пораките. Yeeah, за мене нема поголема навреда од зборот `Курва`, наречи ме како сакаш, нема да ме заболи толку, како што длабоко би ме повредил тој збор. Е сега, во жештината на кавгата може се да се рече, иако треба и мора да има лимит. Не знам колку години има дечкото (ако е постар е пострашно зошто би требало веќе да се контролира за време на кавга и би требало да знае колку е ужасен тој збор) и колку била хорор кавгата но ако мислиш дека тоа било кажано во афект и дека му е жал (многу, многу жал!!), дај му уште една шанса.
Девојки морам да кажам дека без разлика што се случи меѓу нас останавме на муабет но се немаме видено 4 години,од различни градови сме послем разделбата јас одма си продолжив со животот со него незнам што се случваше го имав блокирано од секаде потоа и кај другарките ме бараше но јас не попуштив,како и да е бидна што бидна рамнодушна сум културна и не се замарам можеби тоа го иритира уште повеќе незнам јас све избришав нормално,немам потреба ништо да чувам од пишаното дали сам или со некоја а сега и во врска е ставен секогаш се интересира што правам во животот како ми оди па послем забегва со муабетот малку јас игнорирам све нормално сега тоа за мене ништо не значи но гледам дека сте во право не треба враќање воопшто и со бивши неможиш да останиш на пријателска база...
Ќе ти кажам еден пример од мои блиски. Сеработрсе за 2 пара кои одеа по 3-4 години гури и зарно одеа на прослави кај нивни бака сестри Се случи точно она сто ти го опиша иако беа поврзании фмилијрно двајцата почнаа да флертуваат децкото на другата девојка и посетуваше преплемо внимание и се случи неибежното. Паровите раскинаа и врската продолжи и за кратко и брак. Сега имаат прекрасен живот. Ова е само еден пример од многуте, штом и тој трза по тебе не му ја мисли многу за другите страни па што и ако еден период бидеш втора или тој втор. Терај како ти налага срцето, животот никогаш не знаеш каде ти е среќата ако не ја побараш. Остај ги светиците, а никој не е светец барем во денешно време не мора да значи дека се однесува само на врска. Те поддржвам што и да одлучиш.
Јас би ти рекла дека најдобро е да продолжиш таму кај што си тргнала. Не гледај наназад. Не мислам дека носи позитивности враќањето со бившиот, многу се ретки таквите случаеви. Плус и тебе ти требало да се средиш по вашето раскинување, таман си продолжила по патот, пак назад... Сепак како сакаш, па со среќа.
Лубеничке те сфатив и јас тебе дека шега беше тоа ама муабетот ми е дека има теми каде што може да се шегуваме девојката сериозно не праша и нема потреба од такви шеги. Од страна тоа делува како таа да е глупа што прашала па ние се мајтапиме со неа. Во секој случај таа не рече дека ќе го изневери дечкото за сигурно или 100%, да сакаше да го изневери немаше да не прашува нас овде ќе одеше ќе го изневереше и никому ништо. mime87 иста книга не се чита два пати, веќе и го знаеш крајот. Јас на твое место би го копирала целиот твој разговор и би го пратила на неговата девојка чисто да знае со какви ѓубре си има работа. Нема врска тоа што сте возрасни кога тој е тој што не се понаша како возрасен човек.
Никогаш не сум имала навика да барам совети,особено кога станува збор за вакви теми. Ама во оваа ситуација сум избезумена... Вака.. Имам врска од 2 и пол години. Искрено,врската не почна добро бидејќи имав проблеми со моите,како не го сакат...што беше доста тежок период и двајцата ,ама не се откажавме...На почетокот се беше добро,само што како што минуваше времето мене ме фаќаа периоди на монотонија,кои почнуваа се повеќе да се зачестуват..Не знам колку пати сум отишла кај него со помисла да раскинеме. Ама никогаш не се случи тоа,ха..Некако..сакам и не сакам да сум со него. Единствено нешто што ме асоцира на него е монотонија. Можеби поради тоа што е премногу сериозен за разлика од мене ,можеби оти имаме различно чувство за хумор,оти не сака книги како мене ,оти е неамбициозен ,и не се потрудува за ништо друго. Од друга страна ,никогаш не сум била повредена од него,секогаш сум била сакана и почитувана. Ама, се мислам дали е услов тоа за да останеш со некој...Затоа што те сака и почитува. Знам дека ретко се наоѓат тие работи,ама сепак кога сум и да сум со него , ми фали нешто... :/ Летово бев во странство. Запознав едно дете од Србија. Никогаш во животот не сум била понасмеана,никогаш не сум била толку посреќна од тие 3 месеци во споредба со тие 2 и пол години. Чудно ми е како некој што го познаваш за 3 месеци може да направи да заборавиш на се друго што си поминал.Тој период се изнаслучија милион работи,што не сакам да го должам постот, за да сега се наоѓам во ситуација да одлучам помеѓу нив. Дали да продолжам со сегашниот ,успорно да му давам шанси и да чекам во иднина дека ќе се измени за тие работи што сметам дека се важни ,во придружба на љубов..разбирање..и патетика и монотонија,или едноставно да ставам на крај ,да ризикувам со врска на далечина,со исполнето и насмеано срце и душа ...
Во една љубовна врска секако потребно е да те почитува и сака но ако не сте исти карактери и имате разни сваќања мислам дека врската не е тоа тоа а и ти што викаш монотоно ти е се. И во иднина сигурно тој нема да си го промени карактерот сигурно нема да почне да чита книги и да ги сака како ти,сигурно нема да ја смениш и ти смислата за хумор,и да делите исто мислење за многу работи. Зошто да се мачиш и ти а и тој .Тој сигурно ќе си најде некоја што има како неговите сваќања.А ти како прво си го изневерила и тоа го криеш од него упорно му даваш надеж за вашата врска а и самата знаеш дека не е се како што треба. Доколку мислиш дека имаш шанса да одржаваш врска на далечина препушти се на неа. Потполно те разбирам и знам како е кога си со некого што те смее од срце Али еве пример и да не ти успее таа врска ќе си најдеш некој сличен на тебе што ќе те сака почитува што вашите интереси ќе бидат исти што ќе те прави среќна и исполнета Спојлер Еве да ти кажам и еден пример јас неможам да се замислам да сум со некого што обожава турбофолк и ако стилот на облекување ми е таков кафански да не речам Колку и да ме сака колку и да ме почитува џабе е ...прост пример но кажува многу.
Шетајки по нетов надов една голема вистина Совети кои жените ги даваат, но не ги применуваат На жена ќе и дадете 10 совети, а таа ќе го послуша 11-от совет – нејзиниот. Добро позната реченица која е вистинита. Чудно е тоа што кога жените се во стуација да даваат совети, не ги применуваат истите во својот живот. Независно кого жената советува, ова се неколку совети кои ни самата не ги применува. Не се враќај на бившиот партнер Најчест совет упатуван до пријателката која штотуку раскинала со момчето. Иако жената го дава овој совет на своите пријателки, доколку самата поминува низ истата ситуација, голема е веројатноста и самата да му се врати на бившиот партнер. Би требало да најдеш подобар партнер за сериозна врска Совет кој го даваат жените на постара возраст, но повторно не го применуваат. Иако го советуваат својот пријател или роднина да најде подобар партнер за сериозна врска, самите излегуваат со помлад, незрел дечко кој не можат да го откачат поради шармот и возраста. Не го проверувај постојано партнерот Кога една жена е во врска, се претпоставува дека е повеќе љубоморна од мажот и често го проверува неговиот мобилен или профилите на социјалните мрежи, а резултатот од тоа го дознава нејзината најдобра пријателка. Иако тие една на друга си препорачуваат дека не е добро да се прави тоа, продолжуваат да ја играат улогата на инспектор. Не ја мрази бившата на твојот партнер Совет кој ниедна жена не го применува. Проблемот не е во тоа што е тежок за прифаќање, тоа е во природата на секоја жена – да се мрази бившата на партгнерот. Иако жените знаат дека бившата на партнерот нема никаква улога во нивниот живот, сепак не можат против тоа чувство. После раскинување не мора да се брише партнерот од социјалните мрежи Се пронајдовте? Не постои жена која нема избришано барем еден бивши партнер од листата на пријатели без посебна причина, освен раскинувањето на врската. Женскиот совет дека тоа е детски и глупаво, повторно не е применуван од нивна страна. Никогаш не практикувај секс без кондом Секоја жена барем еднаш има практикувано секс без кондом, а ги советува своите пријатели да не го прават тоа. Сакаш да изгледаш добро во твојот летен костим за капење? Остави го чоколадото! Не се чувствувајте лошо доколку вашата пријателка ве советувала дека имате целулит поради чоколадото кое мора да престанете да го конзумирате. Веројатно е дека и самата не го почитува советот кој ви го дала. Девојки, се пронајдовте?
Не ја мрази бившата на твојот партнер Совет кој ниедна жена не го применува. Проблемот не е во тоа што е тежок за прифаќање, тоа е во природата на секоја жена – да се мрази бившата на партгнерот. Иако жените знаат дека бившата на партнерот нема никаква улога во нивниот живот, сепак не можат против тоа чувство. - Ова јас го применувам, бидејќи никогаш не се замарам со неговите бивши. После раскинување не мора да се брише партнерот од социјалните мрежи Се пронајдовте? Не постои жена која нема избришано барем еден бивши партнер од листата на пријатели без посебна причина, освен раскинувањето на врската. Женскиот совет дека тоа е детски и глупаво, повторно не е применуван од нивна страна. - Сите бивши ми се избришани, па што ќе ми се нема веројатно да ми светат ко сијалици на мојот профил.
Здраво на сите Пак јас..претерувам знам :/ но ми треба мислење за сегашната ситуација ... Нели погоре пишав дека ме навредил дечко ми и јас секако дека сакав да раскинам и му кажав толку е со нас,несакам во ничииј очи да бидам гледана така,дека он ако не ме цени јас самата ќе се ценам. Почна да ми кажува:знаеш дека сум го кажал тоа,но не сум го мислел,се каам многу,криво ми е. И јас му кажав:Ако не си го мислел тоа немало ни да ми го кажеш. Девојки он не се откажа од мене. Почна да ми збори: *Знаеш дека и двајцата се сакаме.. *Дека никогаш нема да раскинеме *Дека нема да се откажам од тебе *Дека нема да се тргнам од тебе и покрај се.. *Дека нас никој не може да не раздвои *Дека нашата љубов е посилна од се *Дека засекогаш ќе те сакам *Јас сум ти бил прв и последен *Никој нема да те допре после мене *Дека ќе бидеме заедно додека не умреме *Ќе се сменам,се е ради мене ќе ти докажам дека никогаш нема да се раздвоиме.За инат на сите ќе успееме и ќе докажеме дека можеме. .... Е АЈ СЕА ДРАГИ МОИ ... ЗОШТО НЕ МИ КАЖА КОА САКАВ ДА РАСКИНЕМЕ НЕШТО ЛОШО..ШТО НЕ МЕ ОТКАЧИ ОН ПО БРЗА ПОСТАПКА ТУКУ СИТЕ ОВИЕ ЗБОРОВИ...СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ..... ? Вакво нешто прв пат ми се случува..во претходните врски само што ќе сум спомнела раскинување одма било крај.
Mathea, oчигледно родителите знаеле што прават кога биле против вашата врска. Сега, не требало да се мешаат, требало да остават сама да си видиш, како што виде сега. Мислев на тоа дека самиот став во врска со вас излегол правилен. Зошто? Затоа што, судејќи според сегашната ситуација во вашата врска, тоа бранење од родителите и ваша борба било највозбудливото нешто во вашата врска. Тоа го снемало - го снемало и убавото чувство, го снемало поттикот да се работи на градење на врската. Самата си ги кажуваш работите коишто ти пречат кај него: недоволно амбиции, образование, и тн. Значи не биле толку родителите виновни, туку едноставно знаеле што може тебе да ти пречи кај него. Затоа што љубовта не паѓа од небо, особено не ако правиме муабет за љубовта на долги стази. Секој ден се вложува во врската и се гради. Очигледно тебе ти требале препреки (спротивставување на родителите) за да имаш поттик да ја градиш. И одеднаш, мирно море. Нема проблеми, нема секирации, нема плачење, има еден хармоничен и мирен живот. Но, мирот не бил она што го бараш. Штом повеќе пати си доаѓала на прагот да му раскинеш и си одела до толку далеку што си тргала накај него со таа намера, веќе нема место за вас. Најдобро раскини, расчисти ги работите, не го држи момчето во заложништво, ако тебе ти е досадно со него, на друга нема да и` биде. Yеeah, очигледно станува збор за мојата прва претпоставка. Дека тој е еден од оние мажи на коишто на нервозата, ама буквално СЕ` им се испушта. Да имаш “исправна кочница“ е доблест на којашто треба да се работи. Додуша малку претерал со изјавите што ме води до сомнеж за целосноста на неговата искреност, но само ти си знаеш што ќе одлучиш. Сепак, доколку му простиш, ќе мора да се седне здраво муабет да се направи. Значи, без “предизборни ветувања“ ко горенаведениве, туку конкретен и отворен муабет. „Мене ми смета тоа, тоа, тоа, тоа. Сакам, ако ти дадам шанса, да работиш на тие сегменти ако навистина сакаш да ме усреќиш.“ Со други зборови, ако продолжуваш со играта, мора да го потсетиш на правилата.