Ти го прочитав и претходниот пост и мислам дека расправиите со дечково ви се многу детски и незрели. Инаку, не опиша каква ви била претходно врската, колку време одите, дали меѓувреме сте имале некакви конфликти слични на овој, како се однесува тој кон тебе итн. Сепак, мој совет би ти бил убаво да размислиш околу овие прашања, па заклучно на тоа да донесеш одлука дали ќе преминеш преку оваа расправија или не. Патем, знам колку навредлив може да биде овој збор кон жена, иако од ова што си го пишала се гледа дека дечко ти во афект го кажал дур сте се расправале. Можеби не го ни мислел, ама ете му се испуштил. Во ред е ако ретко станува така импулсивен, ама доколку често излегува од такт ондак не е океј. Но, исто така имај на ум дека некои машки се многу слаткоречиви, па голем број од нив и само остануваат на тие слатки зборови со цел да се извлечат од некоја ситуација чим приметат дека станува густо. Патем, ти велиш дека во другите врски партнерите не те молеле како него, и кога ќе си им спомнела крај било навистина крај, додека со овој е поинаку. Тоа е така бидејќи ти правиш споредба, а забораваш дека е секоја врска различна во однос на особата со која си! Така да апсурдно би било да се каже дека е овој подобар од сите твои претходни, само ради тоа што се искупува со убави и уверливи зборови преку кои сака да ја одржи врската во живот. Тука веќе ти кажав што треба ти да направиш всушност... Треба убаво да ја анализираш ситуацијата согласно со тоа како течела таа ваша врска претходно, и колку си била ти навистина среќна во истата периодот додека сте излегувале заедно. Ако одговорот е дека постојано сте имале недоразбирања од ваков тип или никнала силна љубомора меѓу вас без некаква причина, веќе знаеш што треба да направиш. Додека ако е обратно не гледам причина за толку притресувања, оди понатака со него, но во иднина многу по претпазливо.
Znaci vaka..Mnogu mi se svigjase eden decko i celo vreme sakav da me vikne da izlezeme i koga konecno se sluci toa,koga me vikna da izlezeme odma sakase da gi praveme tie rab, a mi vika deka me saka ma da ne sum bas sigurna ....So mislete vie za ovoa...??
За жал така е,за многу детски работи се караме..а и тврдоглави сме многу..знам дека тоа што ми го рекол не го мислел но неможам туку така да му прогледам низ прсти..дечко ми е таков импусливен,остар,изгледа како најголемиот намќор но пред мене не е баш таков.Неможам да речам дека секогаш се караме,некогаш е добро,некогаш не.....Може додека сме искочени некогаш 5мин добри да сме па 5мин да се срчкаме за ништо па после пак се добро исто како да не сме се скарале...тоа е така барем јас така мислам зошто ние незнаеме да преќутиме.Е сеа нели за караница поттебни се двајца..значи еден од нас место да ја прекине караницата,тој ја распалува уште поише... тоа ни е лошо што немаме ни двајцата кочници,не дека немаме туку можеби ме има научено дека колку и да се караме знае дека пак ќе сум покрај него па затоа вака ми прави..сега гледам малце ограничена да сум..
Епа ако те сака,ќе почека за некој работи,а и љубов не се раѓа така лесно,треба време.Не паѓај на вакви финти,остај го да видиш дали и понатаму ќе биде загреан за тебе,ако се откаже значи само сакал забава.
Кочи, остави го малку, не се впуштај одма, мое мислење е дека сака само да те плесне, е сега ако не сакаш да ти е дечко, ако не планираш ништо сериозно со него завршете си работа и чао и пријатно, а ако сакаш да е нешто посериозно и ако на него му е дојдено до тебе ќе почека.
Епа најверојатно самата си свесна што сака. Ако си спремна повели. Ама мој совет немој, те сака да ама само за е*авање. Батали такви серковци ги има со лопата да ги ринеш.
Овој те сака, ама те сака да те плесне, тоа е една работа, втора работа е остај го малце да трча по тебе. Ако сакаш да се плеснеш со него, повели, но ако сакаш нешто повеќе дај му до знаење дека не идат така работите.
Незнам дали може моево да се нарече проблем (и дали е баш за во оваа тема) ама ме интресира ваше мислење.Спомнав во друга тема дека имам дечко 4 месеци се знаеме,3 сме во врска,првиот месец беше онака само мување,излегување после врска иако он сакаше веднаш врска.Да кажам уште одма човекот е прекрасен во секој смисла на зборот.Ме сака(и јас него или барем така мислам),чува,мази,пази,внимателен,искрен,вреден баш каков што посакував.На почетокот кога почнавме да излегуваме и велам на другарка ми леле не ми се верува конечно запознав нормален човек после долго време несмеам да си дозволам да го изгубам.Се беше супер до пред некој ден незнам што се случува со мене нешто ме нервира ,тешко ми е,чувствувам некоја тежина во градиве,неможам да дишам,сите околу мене ме нервираат,дома со миоте не правам муабет мислам дека ке експлодирам,него немам желба да го видам ни слушнам.Се гледаме секој 2 максимум 3 ден ама некако седдно ми е.Инаку не ми згрешил ништо,не ме навредил,повредил баш ништо само јас стварно незнам што се случува со мене.Мислев едно време да му кажам да направиме пауза ама незнам не сум сигурна само сакам малку да се одморам од се..... Спојлер А од друга страна пак жал ми е да му кажам така не заслужува
Kaла јас да сум на твое место не би избрзувала. Можеби се работи за лош период. Знаеш и самата дека ние жените сме малку комплицирани, малку повеќе де :geek: . Верувај таков период можеш да имаш и кога си во врска 4 месеци, и 4 години и 40 години брак. И самата кажа дека и дома не си расположена се караш со сите, едноставно некогаш сме уморни од се, и не е ништо чудно туку едноставно и човекот не е машина, понекогаш му дојде преку глава од се. Почекај некое време макар и неколку месеци да видиш дали е само лош период или немаш чувства кон дечко ти. Немој подоцна да се каеш. Знаеме во денешно време колку тешко има вистински луге, и да многу полесно ќе се заљуби човек во некој како дечко ти, отколку во некој кој ќе навредува, понижува, малтретира. Барем јас не можам во никој случај да се заљубам во таква личност. Мој совет ти е да оставиш на времето, да не избрзуваш. Ти посакувам се најубаво. П.с во ПМС да не си , сериозно, јас тој период се мразам самата себе а не па некој друг .
Фала и јас прво на Пмс се сетив (зашто тогаш полудувам само си плачам за без врска и сакам да ги убијам сите) ама сега не е тоа...Како и да е ќе пишам што ќе направам
Фала Ви за мислењата Ми значат ,и скоро секој час се вклучува(в)м на форумот за да видам дали има мислење од некој друг Инаку..најмногу ми беше, поради тоа што ми е смачено само јас да се трудам за градењето на врската,јас постојано да предлагам нови работи,идеи,и меѓудругото да им докажувам на моите дека грешат во врска со него.Дека нема да биде секогаш таков каков што е,ладнокрвен,незаинтерсиран за ништо (освен политика).Дека луѓето се менат поради голема љубов.Дека љубовта ги прави луѓето подобри. И не го излажав. Му кажав што се случуваше летово,дека имам чувства за некој друг..не можам да ги дефинирам ,ама ми е убаво со тој друг. Знам дека го повредив многу,знам..ама не можев да сокријам. И чудното ми беше што откако разбра дека постои можност да ме изгуби,почна да довршува некои работи што сметам дека се битни и што му ги имам споменато милион пати додека сме биле заедно. Дали требаше тоа да му биде мотивација?И покрај се,сака да продолжеме заедно,ми вети дека ќе нема да биде повеќе така. А мене ми страв од една страна да не го повредам пак ако раскинеме,а од друга не сакам да ги поминувам истите случки по незнам кој пат. Не знам дали некој го имал тоа чувство да можеш и не можеш без него. Ако некој се почувствувал така, ме интересира како завршила приказната,оти сериозно ме убиваат мисли цела недела како да продолжам... А, што се однесува за Србинот,он..ме потсеќа на радост,на смеа,на убави моменти. Слични сме во карактери,авантуристи спремни за ризик,амбициозни,ист смислол за хумор,ист вкус за филмови и книги.Ме надополнува. Секогаш ја мразев историјата во училиште инаку,ја учев оти морав,а тој ја обожава,и ми пречи фактот што знае многу повеќе од мене ,а тоа ме мотивира А од друга страна ме плаши фактот што сум некако приврзана за него а, знам дека е далеку од мене,што,ако останам со него ,ќе треба да го гледам 2 пати месечно,дали и толку.
Добро утро Матеа. Да ти кажам искрено, овој другиов ми личи како да ти е опсесија, без разлика тоа што имате или сакате исти ствари. Овој ти е како изговор, за тоа што ти се дешава во врската. Еве ти шанса со дечко ти ( незнам дали ти е уште) да си ги подобрите стварите. Он сфати (вајда) дека може да те изгуби. И да рачунај го ова како неговата мотивација да се подобри и да те задржи. Така да, ете им исто шанса на твоите да го прифатат. Батали љубов, врска на далечина. пробај да си ја средиш врската или на крај, прекини со него.
Ах Матеа... јас мислам дека избрза малце... Дозволи страста да те поведе. Фактот дека не ти беше ок со другиот дечко е доволен да ја раскинеш таа врска, но ти не ја раскина поради тоа туку поради другиот тип. Кога раскинуваш долга врска поради која и да е причина треба да си спремна да останеш и скроз сама, дури тогаш кога ќе бидеш ок со тоа значи дека врската нема иднина никаква. Се запраша ли што ако не излезе ништо со новиот тип? Дали ќе бидеш тогаш сама или ќе бидеш осамена? Јас секогаш сум за кога нешто не е во ред да се прекине, но за секоја постапка добро да се размисли однапред. Не е едноставно кога излегуваш од врска во која си добивала љубов од некој и да се впуштиш во авантура во која чувства барем на почетокот нема. Како и да е, ти посакувам многу среќа и што и да се случи некој да дозволиш да го побараш бившиот дечко ако се осетиш осамена, не е фер за него, не е фер ни према тебе, немаш вистински чувства кон него имаш само поддршка и навика. Идеален партнер нема, ама има нешто блиску до идеалот, јас сум секогаш за тоа да се биде храбар и да се бара АМА добро да се разглоби целата ситуација
Здраво, ме интересира ваше мислење. Имам другар, со кој сме многу блиски и тоа не е од сега. Супер функционираме отсекогаш и никогаш не се случило ништо на љубовен план меѓу нас. Тој има женска веќе некое време. Е сега, пред неколку дена пиевме кафе во еден кафич и откога спомнав за мојот бивши дечко нешто сосема незначајно, тој луѓе почна да ме прашува дали сеуште сме контактирале, ми го зема мобилниот да проверува со кого комуницирам. И броевите кои не ми беа меморирани ги проверуваше. И отвори пораки да чита. Стварно се изнервирав. Многу се налутив, му реков дека нема право на тоа. А тој кажа јас само сакам да знам за тебе дека си ми блиска. Откога се разделивме, ми се јавуваше, но бидејќи не одговорив ми пиша пак неколку пораки, знам дека сеуште комуницирате, немој да ме лажеш. Прв пат се случи ова. До сега, сите овие години, уште од средно, се беше супер. Што мислите? Можно ли е да чувствува нешто? Инаку од тогаш немаме исконтактирано. Не знам што да му кажам, сериозно... се збунив! Не ми се допадна ова избувливо однесување.
Претерано изреагирал, но можеби премногу е заштитнички настроен кон тебе, не мора да значи дека те гледа така, може те гледа како сестра. И ако смета дека бившиот не е добар за тебе, мислам ако те повредил или ти згрешил нешто, може другар ти само сака да ти помогне да не се смириш веќе со бившиот за твое добро.
Мислам дека е вљубен во тебе, ама нема храброст да ти понуди нешто повеќе од другарство. Тоа што тој го направил воопшто не е однос на другар.
Mathea, моја претпоставка е дека не е тој самиот виновен што потешко оди во врската. И ти си фрлала енергија и труд непотребно на друга страна: убедување на твоите дека не се во право. Тоа воопшто не е важно, кој е во право, а кој не е. И тоа не го оправдува нивното ригорозно забранување на врска во којашто нема посериозни проблеми кај партнерот. Дали ќе оди или нема да оди сама треба да си видиш. Така се созрева. Имаше една забранета врска во мое окружување и кога родителите престанаа да им се спротивставуваат, еден наш заеднички другар им рече „Е дури сега ќе може да си видите дали вреди да останувате заедно или сте станале зависни од возбуда и проблеми.“ Кога го слушнав, ми идеше капа да му симнам. Ќе се согласам со Ивановска дека не морало да има друг како изговор за да се прекине туку ако навистина сте сериозни во врската и си значите еден на друг, требало да разговарате. Што се однесува до реакцијата негова. Некако сум скептична кога мажите тврдат дека им се случува инстант будење и ме потсеќа на ситуација кога маж малтретира жена на пример и оваа го заплашува со нешто од што знае дека ќе се исплаши, па една недела е срце-мрце само колку да не си оди, а после пак по старо. Баталете ги другите, пренаменете ја енергијата за сериозни разговори. Тоа што ем можеш ем не можеш без него се вика навика. Да беше љубов, немаше да се затрескаш во следниот кој се обидел да те шармира во текот на летото. Aма ме потсети и на крајот на The Breakup ако си го гледала, кога се гледаат долго време откако раскинале и девојката забележува колку бившиот има применето од нејзините забелешки, од неговата килажа, до уредноста ако добро се сеќавам што во врската не ги применуваше. Збунета сум, но не верувам дека ТИ лично би била среќна во оваа врска, ниту пак би било фер за дечкого кого реално, повеќе не го сакаш (барем не како порано). crazy.you, што се однесува до тебе мила, батали го. Имав јас една таква слична ситуација, ама не дозволив да дојде до читање по телефони и само реков „Ако волку ти значело нашето долгогодишно другарство за еден момент да уништиш се`, воопшто не ми е жал што ќе ти го речам следново: не сакам да имам никаков контакт со тебе.“ Себичен еден, си има девојка, ама пошто нема г* да ти пријде сака и тебе да те чува за резерва. По вакво понашање, имаш право да го прекинеш целосно другарството со него. Oва не е фер и јас не би го простила.
После толку долго дружење, неговата љубопитност не остава впечаток на личност кој те доживува само како другарка.Отворениот и искрен разговор за вашиот приватен живот има граница,иако сте блиски другари.Си дозволил повеќе од што треба за да пребарува по твојот телефон.Неговата желба за контролирање на твојот љубовен живот на што си реагирала бурно и неочекувано не може да ја одржи, а уште помалку да ја продолжи вашата другарска комуникација затоа што отвора простор за емотивно сомневање.Вистински другар не би постапил како него.Се случува првпат да ти постави лични прашања и да инсистира на одговор што не значи дека нема да се повтори. Со оглед на вашето долгогодишно другарство,мој совет е да разговараш со него околу неговото "љубопитно однесување" како другар за да знаеш дали се уште останал доследен на дугарските чувства или проработила љубовта.Сама треба да одлучиш дали ќе продолжиш да контактираш.
Првин, да започнам со критикување на неговото крајно недолично однесување. Нема таква релација која дозволува такво грабање на телефонот и читање на лични пораки. Не знам како воопшто си дозволил да чита пораки упатени до тебе лично и да проверува броеви. Еве да речеме дека другарка ти пишала некаква шкаклива содржина за нејзиниот приватен живот која си заборавила да ја избришеш, а тој го прочитал тоа? Да си ти тинејџерка, а тој да ти е мајка, па ајде да разберам да е толку заштитнички настроен. Ама ти си возразна личност и твој избор е што ќе правиш, колку и што ке му откриеш од твојот интимен живот. Апропо чувствата, тоа е тема за која тој би требало да има храброст и да превземе конкретна акција, доколку чувствува привлечност и симпатии кон тебе. Со вакво смешно однесување, не можам да ги толкувам неговите планови со тебе.