Kasandrasrce, олабави не малку, туку многу! Не паѓај во трансови. Голема си однесувај се како возрасна личност. Ако го сакаш не треба да умираш шо ќе се случи... Тоа ти ствара повеќе тензија и стануваш нервозна со самото тоа нема да можеш да направиш целосно смирен разговор. Искулирај, легни си и одмори се.
Значи гледај вака, те разбирам што сакаш да кажеш. Ако сакаш да се пријавиш негде или да учествуваш во нешто, не треба да бараш дозвола и некој да го направи тоа за тебе. Кажи му сакам да се пријавам таму, сакам да правам ова, она и сл. И средувај си го самата тоа што сакаш, бидејќи не ти се ветени следни можности, ниту со него, ниту за други активности. Друго, тој можеби не се чувствува баш најдобро поради некои негови х причини и тоа се манифестира на тебе. Најдобро е во ваков случај да разговараш со него и потоа доколку тој повторно те испровоцира со нешто (што е многу веројатно) ти сосема смирено ќе му кажеш еве ти некое време да се средиш, а и мене ми е потребно, па потоа ќе решиме што е најдобро. Доколку му значиш ќе те бара. Ама не се оптеретувај многу, што треба да биде - ќе биде, независно од тебе.
Ми недостига поранешниот дечко. Не се скаравме, немавме некои големи проблеми, немавме значајни недоразбирања, но поради некои негови карактерни особини и навики, му раскинав. А и него сакав онака како што знам дека се сака. Постојано мислам на него, на убавите работи, допрва сум свесна колку добра личност сум имала покрај себе. Но кога ќе се сетам на тие ситници преку кои не можев да прејдам, и мојата неисполнетост, пак се мрштам. Дали сум тешка идиотка која дозволи глупави работи да ме одвојат од личноста со која најмногу се разбиравме? Дали е нормално да ми недостига толку многу?
Во секоја врска има такви ситници за кои се караме. Ама тоа е дел од една врска ако ти го сакаш и он тебе треба заедно да пронајдете начин и да преминете преку тоа. Само разговор . Ако ти значи уште подобро кажи му решете го проблемот и биди среќна. Никој не е совршен и сите грешиме
Се зависи од тоа колку време поминало од тоа ваше прекинување. Ова ти го кажувам од причина што голема е веројатноста тој меѓувреме да нашол нова девојка, и според мене не е баш така фер кон неа сега одненадеж ти да се појавиш со сета своја несигурност, и мислата дека тој можеби ги надминал тие мали ситници кои ти пречеле. Инаку, не знам што да ти кажам. Велиш не сте имале некои турболенции во врската, сте се разбирале, ама сепак си му раскинала... Мое мислење е дека не треба да се навраќаш. И онака знаеш дека минатото ретко кога ја исправува кривата линија. Затоа мој предлог би ти бил да пробаш да најдеш нов дечко со кого ќе најдеш нешто заедничко, а ова да требало да трае ваљда ќе траело и некој од вас ќе се трудел да го задржи.
Вака може е смешно но ужасно ме нервира што дечко ми има фб пријателка во странство живее има дете малечко дете но е разведена и порано си комуницираат као била многу фина жена што ти ја знам и сега си ставаат сеуште лајкови... Дали е оправдано што ми оди тоа на нерви или сум смешна што за тоа се расправам вие како би регирале?
Најдобро повлечи се малку на страна, не го барај, не му ѕвони и не прави се да му удоволиш! Тие провокации може намерно ги предизвикува за ти да бидеш таа што ќе стави крај на врската. Ако продолжиш со извинување и кога не си ти виновна, му премолчуваш на секоја грешка односот меѓу вас нема да се поправи може да се влоши уште повеќе.Од тоа што кажа погоре како се однесувал со тебе излегува дека тој не се грижи за твоите чувства туку и ужива додека ти се нервираш т.е си го храни своето его! Затоа храбро и достоинствено раскини му па ќе видиш како ќе те моли и ќе трча по тебе. Litleflower ако немало никаква посериозна караница меѓу вас туку едноставно си ставила крај сигурно сеуште имаш некаков контакт или комуникација со него тогаш пиши му да пиете кафе ако прифати супер ако не ќе си најдеш друг дечко.
Ако таа не доаѓа повремено во нашава земја, или тој не оди по работа таму, немаш причина за грижа. Инаку, отворено кажи му дека не ти се допаѓа тоа што постојано комуницира со неа, и објасни му дека не си љубоморна, но ако сака да биде со тебе треба да те почитува, а не флертува и комуницира со други изигрувајќи фејсбук фраер. Објасни му дека тоа го сфаќаш како навреда, и ако не е задоволен поради тебе или нешто во вашата врска може отворено да зборувате за тоа.
Јас би ја истражила ситуацијата да видам како ќе се одвива. Ах, тој фб зошто едноставно не си ги избришете профилите и мирна глава? Немој да брзаш,истражи, дознај некако па после донеси заклучоци. Што и да почнеш сега тој ќе ти каже "тоа не е точно, си замислуваш дрн дрн".
Не всушност не се познаваат во живо... Да добро се јас истражив не муабетат повеќе освен лајковите што ми одат на нерви става лајкови и на наши заеднички слики... Вели дека и порано кога муабетеле никогаш немало никаков флерт од ниедна страна дека била фина жена бидејќи е повозрасна никогаш не помислил на тоа но и покрај се не сум мирна... Ми има речено дека колку и да не би било културно ете ке ја избрише или дека нема да става лајкови но не сакам да и дадам до знаење на некоја теткица дека сум љубоморна уствари...
Добро бре од мравка слон правите. Врзете ги дома без никаква комуникација со никого. И јас сум разведена комуницирам со различни луѓе, ама најмалку на памет ми е да заведам нокое дете или нечии дечко. Чувајте го тоа што го имате за да не го изгубите за глупост.
Хе-хе. Слатко се изнасмеав откако ти ја прочитав фразава. Сериозно слепо веруваш во овие негови изјави? Не, далеку од тоа дека сега јас сум со намера во тебе да раѓам сомнеж, или да правам од мравка слон како што вели Далерон, но драга моја не се залажувај дека дечко ти за таа теткица со која зборува створил слика за втора мајка или пријателка. Особено не ако е згодна типката! Башка не е табу дека голем број од мажите имаат потајни фантазии за секс со повозрасни жени, без разлика дали тие истите биле разведени, мајки, вдовици, курви или светици. Со извинење на изразиве ама само сум реална. Не велам дека под дифолт мора е така, и он да ја свиѓа нејзе, или додека мастурбира или имате секс мисли на неа, но истовремено не велам и дека е сосем исклучена можноста да е така. Зошто знаеш, мажите уствари функционираат на многу поедноставен начин од нас. Кај нив уствари нема многу размишљање. Или стварта е функционална на прв поглед (у случајот жена), или не е. Како и да е, не се замарај ти, биди спокојна. Чим таа не доаѓа во Македонија, а ниту тој оди во истата земја каде живее таа, немаш причини за љубомора. Макар и веб секс да имале, биди сигурна дека само на тоа и ќе остане.
Има едно дете се симпатизиравме од нова година скоро почнавме да си пишуваме и имавме многу заеднички страни во школо на одморите нон-стоп стоевме во дворот и си правевме маабет се видовме еднаш и смувавме таа вечер тоа беше пред 3 дена и оттогаш не ми пишува на фб а во живо кога ќе се видеме сме поблиски од порано дури ама незнам..сега на што сум со него ?? и незнам какви чуства има тој ?? што да преземам во случајов да го прашам ли директно или да чекам да видам што ќе направи ?
Ако имаш муда, на следен школски одмор, викни го со тебе заедно да идете ако сака, да земете нешто за јадење. Па прашај го, искочете пак заедно, па види.
За kasandrasrce. Феминките ти го пишаа веќе она што јас ќе ти го пишев. Со тоа што, ќе нагласам дека колку и двајцата да сте правеле грешки, тој апла се трудел да раскинете. Прво, имал проблеми семејни и на факултет. А има ли некој кој немал семејни проблеми и проблеми со факултетот? Потоа она провоцирање со мечињата од бившите. Апла провоцирање. Типов доволно добро те знае за да знае со што ќе те налути и го користи тоа. Не вреди ни труд ни ништо. Може да ти биде убаво и со друг... кому стварно му е до врска со тебе.