Абе каков дечко,какви бакрачи Оди turn off chat и нека си пишува он,ти нема да отвараш,ќе го снема после некое време Ако напнува на постови и слики,тогаш златен блок,не е за џабе ставен
Жено не отрувте со муабетите која страна и да ја отвори човек од вашите тролски муабети неможи некој да си побара совет за вистински проблем, морав да го реплицирам твојот PROBLEM POD NAVODNICI бидејќи муабетот ти е толку глуп што боди во очи а проблемот толку голем што човек треба да се мисли 3 дена и ноќи како да го реши....
Дојде ред и јас да барам совет Ајде да почнам вака...Се допишуваме со еден дечко веке 4 месеци, се запознавме , но тој веднаш отиде во странство и од тогаш комуницираме на фб.Се зближивме многу, се слушавме нон стоп, значи станати од спиење, пред спиење, излезени, тој од работа ми пишуваше, што се вика 24 сати.Ми кажа отворено дека му се свиѓам, си правеше планови кога ке дојде што како ке правиме, очигледни муабети и сл. Си дојде од странство, еве веке 5,6 дена е тука, но сеуште ме нема повикано да искочиме, да се видиме, а сеуште зборуваме на фб.На мисла сум дали ме мотка или јас малку претерувам со размислување.Можеби очекува јас да спомнам нешто околу видување и дали е воопшто глупо јас да спомнам нешто, ама незнам никогаш не сум повикала некој на состанок, очекувам дека тој треба да го направи тоа. Секој совет е добредојден .
Почни да му збориш за излегување, еве ваму ќе идам таму ќе идам, ми се ваму ама немам со кого. Дај му некако до знаеше дека сакаш да се видите. Ако му кликне ќе ти каже, ајде јас ќе ти правам друштво или сеедно ако не, па кажи му, нема круната да ти падне.
Не да те мотка партал те прави. Таму во слободно време сте се допишувале, а сега каде е таа големо зближување.Батали. Каде се големите планови овде? Дојде и????????????????
Облаче само искрено и отворено јас би пристапила,малку чудна ми е ситуацијата бил во странство постојано сте биле во контакт а сега да не му текнува да те викни да те види било кој на друг на негово место едвај ќе чека,ова мене ми е сомнително сигурна си дека не е во врска и дека нема друга и не крие ништо?мене неговото понашање ми алудира на тоа незнам како ни најмалку се немаш посомневано, и зошто чекаш тој да те викни да излезите можиш да му речиш толку време контактираме дојден си тука ајде да пиеме едно кафе обичен муабет,ако прифати ок ако не пак ок баталиго и готово инаку незнам која е целта да си во контакт со него,сепак испитаја малку работата мене ми е чудна ситуацијата,на крајот страшно да не се разочараш...
Здраво феминќи. Не смислив соодветен наслов на темава, кај што ќе го опишам мојов проблем и би сакала да дискутираме општо на таа тема. Што мислете за појавата кај своите партнери кои ги слушаат останатите околу себе и ве издаваат вас? Оние кои би дале се за својот партнер а тој им врти грб? Што кога ве навредува после се што сте поминале? Што кога вели дека има друга а вие се уште не можете да го преболите и сиот труд го вложувате да успеете тоа? Што ако се обидувате упорно да го поправите сето тоа, да го вратите вашиот партнер назад а нема ниту одговор од страна на другиот партнер? Никаков знак. Зар не е време да се откаже од тоа? Што понатаму? Од кај ја црпите силата? Што правете? Дали ковате одмазда ? Дали се надевате дека еден ден ќе се врати и ќе сфати дека тој е тој што изгубил? Сега и мојот проблем накратко. Можеби не ме сакал доволно, секогаш му беа другите на прво место. Секогаш јас ја сносев вината и разни проблеми. Со еден збор секогаш тој ги ставаше своите чувства на прво место за на крај магично јас да бидам виновникот за пропаста на врската и неговото однесување кон мене. Навреди еден милион, кревање на рака и што уште не. И што ако и по вашата врска тој продолжува да ве провоцира на секој можен начин? Се чувствувате предадено? Искористено, измамено и разочарано? Поентата на темата ја кажав. Сакам да продискутираме за овие појави кај партнерите. Како се сносувате, како одите понатаму? Што правите за да сфати другиот дека згрешил? Јас одамна се откажав. Но последнава провокација ја прели чашата. Не издржав. Едноставно долго држев во себе.Пукнав и јас и моето трпение. Ако има ваква тема или слична избришете ја. Но мене ме интересира зошто се повеќе и повеќе ја има оваа појава во врсќите?
Миме значи исто размислуваме, единствено што сакам е искреност и отвореност, нема да ми се сруши светот воопшто што и да е, само сакам да сум си на чисто да знам да прекинам секаков контакт и да си терам работа, а не вака се е во ред, се е супер, а ништо конкретно нема.Е таа работа не ја бива, сепак не заслужувам воопшто таков третман.Ништо му дадов рок до пон. ако не ме покани до тогаш ке му кажам искрено се што ми лежи и што мислам и после комотно еден игнор. А за имање девојка нема во тоа сум 100% сигурна.
Секогаш го практикувам тоа “Со сила убавина не бидува“. Не само за љубовта, општо. Доколку гледам дека не оди, можеби на почетокот би се портудила да ги средам работите, секако доколку проблемите или караниците се во границите на нормала. Нормално би пробала да решам со разговор, нели луѓе сме, би укажала на грешките со надеж дека нема да се повторат. Пак ќе повторам, доколку тоа се грешки или проблеми во граници на нормалата, затоа што никој од нас не е совршен и секој греши. Меѓутоа ако се работи за кревање рака, изневерување, непочитување, не би се потрудила да ја смирам работата. Ниту да го вратам назад. Зошто да го вратам назад? За да ме тепа? Па намерно погоре споменав “луѓе сме“, се’ се решава со разговор, а не со животински неконтролирани нагони и испади. Во вакви ситуации не се трудам, ниту се борам за да опстане т.н врска. Можеби ќе укажам пак на грешките, ќе му кажам што згрешил, ама ќе си заминам. Или може и да не му укажувам, ако веќе ептен ја прелеал чашата. Сила се црпи од самиот себе. Не верувам во тоа “времето лечи се’“. Не лечи времето, времето само помага на некој начин да заборавиш и да сфатиш дека навистина е крај, дека нема назад. За другото е потребна волја од самиот себе. Ако лежиш и кукаш цело време за тоа што ти се случило, ако се сожалуваш не мрднувајќи од кревет, времето нема да помогне. Значи помогни му на времето. И секако, дај му време на времето. Не можеме да очекуваме магично сите емоции и случувања да исчезнат за неколку часа. Сепак не сме од челик. Опкружени со луѓето што навистина не’ сакаат и почитуваат, секојдневните обврски, па и прекумерно ако треба, оттргнување на мислите. Ете од таму се црпи силата. И секако трезвено размислување. Не можеме да очекуваме дека ако сме се разделиле од некое говедо, што претходно се понашал како ѕвер, да очекуваме дека ако му простиме тој ќе се врати како принц на бел коњ со виножито во позадина и ореоли околу него. Треба да бидеме себични и пред се’ реални, и во таквите случаи да се ставиме себеси на прво место. Да сфатиме дека никој не е заслужен за нашите солзи, за нашето патење. Секој вреди, и треба да се цени и почитува. Ако сами не се почитуваме, како да очекуваме дека другите ќе не’ почитуваат?
Облаче1, мислам дека не се работи за некакво моткање и сл... Наместо да се мислиме што и како е, најдобро е да го поканиш да пиете кафе. Не е лошо, ниту пак е нешто што не ти доликува. Доколку те одбие тогаш можеме да носиме заклучоци во стилот дека има нешто друго во позадина. Поздрав
^ Daleron без навреда премногу негативна енергија шириш... Облаче1 Стависе на негово место значи ти да беше странство и да се допишуваше со некој толку време секој ден и добро да се согласуваш кога ќе се вратиш тука едвај ќе чекаш да го видиш ако не ништо друго едно пријателско кафе да пиете ,неможиме да зборваме за друго бидејќи меѓу вас не се има случено ништо, како и да е човекот според твоето објаснување нема абер а да е страмежлив наводно не е, зошто да седам и чекам да бидам во дилема кога можам јас да му речам да пиеме кафе ако прифати ќе се видите, бидејќи многу е поинаку со некој во живо да имаш контакт,ако не прифати или те шета по тавани да знајш дека човекот крие нешто со сигурност ти тврдам незнам која е поентата да чекаш нешто или да му кажвам на некој чуства со само сум се допушувала кога воопшто незнајш ни дали заслужва да знај за чуствата твои,така да не се согласувам со твоето размислување... И друга работа несакам да бидам негативна но немој да тврдиш со сигурност дека нема некоја друга не биди толку наивна бидејќи моја другарка од вакво допишување го извлече подебелиот крај тој беше во странство каде што немаше ни тронка сомнеж во типот кој повеќе и од вас контактираја можам да речам нон сто беше на тел.или на компјутер имаја одличен однос разбирање све и тој контакт беше 1 година,на крај дозна типот дека таму бил женет и тоа сосема случајно од други луѓе,така да неможиш да тврдиш ништо оти денес секој е расипан дури и онај кој најмалку очекуваш да не кажувам и други примери, биди претпазлива и сама одлучиси....
Офф Не се навредив воопшто благодарм на забелешката, ќе се потрудам да бидам попозитивна. Имај убав ден.
Облаче јас мислам дека ти премногу си се приврзала за него и си му го исполнувала времето додека бил далеку од сите а сега не исполнува дел од ветувањата. Не биди иницијатор за ваша средба ,сигурно нема склероза или не е толку глуп да не знае пред неколку дена што ти кажувал и како се однесувал со тебе.Не гледам причина зошто ти да бидештаа што треба да почне да зборува кога ќе се видите.Олади малку и чекај ако не те повка додека е тука и замине без да се видите значи тоа е тоааа само си му била занимација.Но можеби е тоа чно и тоа што го кажаа девојките пред мене дека се нема видено со своите плиски па тебе те остава за крај. Ќе заминува ли пак во странство ? Колку време ќе биде овде ?
Има едно дете кое е прва факултет,а јас сум трета средно.Претходно се имаме индиректно запознаено на snapchat.Детето е симпатично и ми се свиѓа,а случајно пред некој ден дознав дека он мене ме свиѓал пред пола година.Вчера случајно го сретнав и само се погледнавме и ме позна,но не се поздравивме...ми има дадено врој за да збориме на viber ама не знам зошто,јас не му пишав..ми треба help како да започнеме разговор,дали јас прва да му пишам или нешто да направам за он мене да ми пише или другарка нешто да му спомне,бидејќи тој и кажал на истата другарка за мене...само несакам да испаднам нападна или нешо слично
Ти девојче можеш само да добиеш, неможеш да изгубиш. Сега ако не ја победите срамежливоста ќе си лупате глава од ѕид после. Отпушти се и како што кажа членката над мене, пушти му некое стикерче или смајли на вибер.
Ако му каже нешто другарка му, ќе знае дека си и рекла нешто. Или собери муда и пиши му нешто, или само едно смајло (здраво) или нешто. Или поќекај тој да ти пише. Ама ако има поминато време, многу време од кога ти го дал бројчето за вибер и не ти пишал, дечкото изгледа се срами или шо знам.