Му пишав и прво незнаеше кој е,ама се сети и само направивме муабет како си,што правиш и јас му вратив и толку беше хахах,инаку фала за советите
Ми треба ваше мислење. Бевме излезени со дечко ми и ми излезе во recent search на фб дека сум го гледала профилот на бившиот. И нормално он ме праша зашто, мене ме фати паника и почнав да му кажувам дека сум влегла за да видам дали тргнал една наша слика. Знам дека е лошо чуството, се ставам на негово место ама не сакав да го иЗлажам едноставно ме фати паника и ме фати неспремна. Се чуствувам виновна и многу лошо во исто време. Како мислите вие како треба да постапам?
Како прво, не требало да го лажеш. Сети се дека за една врска да опстане, лагите се строго забранети. Јас те разбирам дека те фатил неспремна, но и самата си се ставила на негово место и гледаш дека не е убаво. Но, како и е, било поминало. Сега треба да му се извинеш, кажи му зошто си го отварала профилот, и дека веќе нема да го отвараш или пак да се замараш за тоа. Со среќа мила и пиши ни како помина.
22 годишна девојка да дозволи дечкои да и проверува што правела на фб и кого гледала? Ова некое модерно ропство ли е, или мене така ми се чини? Абе ќе ви забранат да дишете од што сте глупи и сами дозволувате да бидете понижувани. Како можете до толку ниско да го спуштите вашето достоинство и да дозволите некој да ве контролира како да сте во ментален развој од 5 годишна возраст. Па уште се чувствуваш и виновна затоа што тој проверува што правиш на фб. Не џабе рекле, жртвата со текот на времето го засакува својот злоставувач, овде ти си жртва на неговиот болен ум, иако не си свесна за тоа. Она што треба да го правиш нека биде тоа мој совет до тебе е следново, да се почитуваш малку повеќе себеси, и да му објасниш дека ако не ти верува воопшто нетреба да биде со тебе, и под хитно да научи дека да гледаш нечии слики на фб, незначи исто што и да се плеснеш со некого, и да не те малтретира за глупости. Ете од вакви врски потоа доага до експресни разводи, затоа што во бракот тој притисок се зголемува и нормално дека нема да можеш да го издржиш и ќе пукне тиквата.
Ги измеша фабриките. Она кажа дека го излажала зошто неможела да каже дека му го гледала профилот на бившиот. Јас директно ќе кажам на нејзиното место, не сум врзана за него. Се исплашила ја разбирам. Во ред, но сепак кажи му ја вистината во очи и чекај ја неговата реакција. Оф топик. Ти пепелашка извини вака збориш за бракот ( не те напаѓам) не требало да се проверува што прави он или она. Ама баш треба да се проверува што прави мажот или жената во бракот. Тука си грешка, треба да се проверувате често. А не да глумите среќен брак, а ладни односи меѓу вас.
здраво Сакам само да ја споделам мојата несрека , заљубена сум мн во едно дете , со него само еднаш излеговме и толку , од тогаш е ладен мн спрема мене , јас му викам дека сакам врска тој не сакаше да чуе за тоа , ми рече да го избришам од на фб , едноставно не сакал да има никаков контакт со мене , го избришав и секој ден плачам за него , мн ми го скрши срцево , нема начин да го преболам , не ни сакам со друг да бидам , едноставно јас сум несреќно заљубена во некој што не сака да ме види .... ако има некој лек - начин - утеха , ве молам за помош .....
Абе си била еднаш со него како може да си заљубена? Си погрешила од старт со тоа што си кажала дека сакаш врска. Требало да чекаш на него да ти предложи. Вака изгледало многу нападна девојка си била и си го исплашила. Може грешам не знам. Ако не те сака во својот живот не моли го. Туку почекај некое време може ке се средат работите што чисто се сомневам. Ма остави го, олабави и барај друг. Ако не те сака ќе те сака некој друг. Ја знаеш таа, на сила убавина не иде.
не да не сакам , едноставно мн се заљубив , глава изгубив по него и ништо друго не ме интересира :'( што да прам душата ме боли и плачам постојано ..... како во безизлезна ситуација да се наоѓам ....... :'(
А чекај сега, ти мислиш со плачење ќе средиш проблемот? Зошто му покажуваш слабост? Зошто?Олади и ти, нека биде на игнор. Ако е заинтересиран за тебе кога ќе види дека не го бараш може ќе ти се јави.
WomanInRed, ти не си седнала на кафе со бившиот на кафе, не си договарала тајна средба со него, не си му пишувала дека ти фали - ти не си направила ама баш ништо!!! Ако сегашниот ти прави проблеми поради толку мала и смешна работа, не сакам да мислам што се случува кога станува збор за посериозни работи. Си била љубопитна, си сакала да знаеш што прави во животот, си го побарала на фб и сега што, се ќе караме и објаснуваме за глупости? А што ќе правеше сегашниот ако бившиот дечко ти беше пријател на фб? Тогаш ќе бараше да го бришеш? Јас на твое место ќе си кажев отворено - абе ми текна на него, баш ме интересираше како е, што прави.
работата е тоа што самиот кажа дека никогаш нема да ме побара , то е тоа , самата знам дека е крај и затоа ме боли душата заради што нема никакви шанси за да бидам со него ....
Наушица да така е, но него највеќе го повреди фактот што јас го излажав бидејки ме фати неспремна не знаев како да одговорам. не сакајки да го повредам измислив. И ми рече дека не сака да го лажам и дека џабе ми е што се извинувам, не може нешто што свесно сум го направила да ми го прости
А зошто си му одила на профил? и зошто му дозволуваш да ти го прегледува фбто? Тоа си е приватна работа и така треба да остане. Подобро кажи му ја вистината па што биде биде.
Таа не кажа како изреагирал дечко и, туку дека се чувствува виновна. Зошто? Затоа што имаш чувства кон бившиот, затоа што имаш страв од сегашниот, или затоа што сметаш дека во врска грев е да гледаш профил на бившите? Мислиш тој не гледа? Само не си го фатила. Опушти се, имам впечаток дека одвај дишеш покрај дечково. Сега прочитав како изрегирал, не можел да ти прости? Убавиот он, за греота.
Не чуствувам ништо према бившиот, тоа не можеше ни да се нарече врска туку чисто да не објаснувам без потреба му ја дадов титулата бивши. Тоа одамна умрело за мене, башка нас не делат мноооогу километри .. Се чуствувам лошо зошто и мене би ми било глупо да го видам истото. Ќе си помислам дека уште ја сака или дека не сум му доволна. А не е така во мојов случај, јас си госакам дечко ми и сум милион посто сигурна во тоа, ниту нешто ми фали ниту пак би го заменила
Значи барал само изговор за да те откачи. Го повредило? Шипки го повредило, него нашол слаба личност која го сака па се курчи, да му сржеш малку и да му кажеш ако не ти чини ене ти го патот, да видиш како ќе си го свитка опашот и ќе преде како маче, а не да ми глуми повреден лав. Значи ти несмееш ни по улица да погледнеш во некој другар или бивши, ако случајно сретнеш ке ти врзе шамија преку очи за да не случајно му се причини дека си му намигнала или си му се насмеала. Девојче, бегај подалеку од такви идиоти ако несакаш да ти направи пекол од животот или да те остави со деца во раце. Таквите луге колку и да сакаш да ги трпиш неможеш, и гледам дека успеал да ти го испере мозокот и да ти наие грижа на совест да ти се чувствуваш виновна за неговата идиотштина. Само уште да одговорам на една друга членка, ако почнете во брак да се проверувате и да се шпиунирате ќе се преторите во детективи а не луге кои ќе треба да делат постела и да си веруваат. Ќе треба да почнете да спиете со пиштоли под глава ако почне да ве фаќа параноја дека другиот ви работи нешто зад грб. Животните се учат со стап а човек со збор, ако не му веруваш подобро остави го, бидејки сомнежот ако еднаш се појави никогаш нема да исчезне, а ако некој сака да изневери тогаш што и да направиш е џабе.
WomanInRed, како бе мила џабе му се извинуваш. А за што му се извинуваш? Пак ќе ти кажам - ти не си направила ништо! НИШТО! И за што треба тој, извини вака, шутрак да ти простува? Ти ама баш ништо му немаш згрешено! Воопшто не ми се допаѓа ова што го читам кај тебе, ваква драма за ништо не е во ред. Нареден пат кога ќе почне да галами, искулирај го, не му се извинувај, види што ќе се случи. Вака ми изгледа дека тој се сили зошто ти тоа му го дозволуваш. Покажи му заби па ќе видиш колку бргу ќе ја смени песната.
^ Но таа кажа дека и неа исто би ја повредило ако тој гледал. Што значи млади се, на почеток од една доста затворена врска со многу правила кои гушат а ги поставуваат затоа што се несигурни во себе и во партнерот и ги поистоветуваат со љубов и поврзаност. Или ќе помине време, ќе созреат и ќе се смеат некогаш за што порано се карале, или врската ќе стане пекол.