Фб кот е приватна работа да ама до каде?до кој смислол?девојки сопруги имат фаќано пораки договорени состаноци и што не тоа е приватна работа но ако се користи разумно но преминати се сите граници со ој фб кот и старо и малодо немаме кочници,јас никој не бранам ни обвинувам и јас се ставам во ист кош секој можи да падни во искушение да чачни во некој профил да види слики или било што но се поминават и границите сите го знајме тоа а за тоа колку врски се имат и бракој распаднати поради ова да не отварам тема незнам навистина што да кажам,и јас да сум на негово место би се почуствувала неубаво а и знам дека тоа ништо не значи,но не е до таму стигната работата да не се прости мислам дека тоа е претеризам, како и да е му се извина оставиго малку не му врши притисок све ќе се стреди...
Малку офтопик, ама еве јас на 18 години, на своја кожа си ја научив лекцијата дека ако некој сака да те свара, ќе најде и време и место за тоа. Јас имав среќа што мојата будала реши да ми набива рогови на релативно јавно место и истата вечер `новоста` стигна и до мене. Одтогаш поминаа многу години ама до ден денес си стојам на тоа дека џабе ми е да му стојам над некого над глава, да му го проверувам профилот на фб, да го гледам телефонот, да го испрашувам со кого бил и кај бил- ако тој некој решил да шврља зад мој грб, ќе шврља Еве ќе ја земам WomanInRed како пример, она можела да направи лажен профил на фб и да го манијачи и бившиот и уште еден куп машки по цел ден а дечко и појма не би имал за тоа. Работата е да се има доверба и да не се полудува за ситници. Очите секако дека треба да се држат отворени, за тоа нема дискусија но треба да се разграничи меѓу оправдани причини за љубомора и параноја. Залудна е љубомората, залудни се ограничувањата, залудни се испрашувањата - оној кој се решил да изневерува, ќе изневерува и никој нема да може да го спречи во намерата.
Многу бракови се распаднале и од случајни запознавања во автобус или со колеги/колешки на работа многу состаноци се договорени преку мобилен што треба да праиме да му забраниме да користи телефон или да бара работа каде има само мажи? А, од кај знаете дека не е склон и кон мажи? Колку бракови се распаднати затоа што тој живеел двоен живот и тој што мислеле дека му е другар фсушност му е партнер...... Значи до човекот е не е до фб, ако тој сака да изневерува и да го врзеш исто ти се фаќа. Премногу ми е децки размислувањето дека фб е причина за неверство. Ако тој нема таков порив тогаш џабе е и гола да му се соблече некоја, но ако има таков порив тогаш и се да му забраниш пак ќе изневери. Единствен лек е внимавајте со кого се впуштате во врска се останато е само игра на мачка и глушец. Секогаш за својата немоќ да го задржиш партнерот може да ти биде крив фб, но доколку тој нема во глава или е занемарен ќе се пушти и на обична ороспија на улица, а ги има такви колку сакате.
-За ова си 100% во право нема човек кој не бил изневерен и разочаран барем еднаш во животот и се согласувам дека некој ако сака да направи нешто имал фб немал ќе неправи ,само моментот е малку незгоден кога ќе видиш дека тој што си го сакал имал потреба да го направи тоа да отвара профили или незнам што,сите мислиме дека некој е подолго со нас бидејќи нашол нешто што го немало во никој друг пред тоа,е сега кога ќе видиш некоја таква работа порака отварање профили како да ти се руши сето тоа на некој начин,и одма се запрашуваш дали имало можеби пред тоа пораки или нешто друго и ете ја кавгата не треба многу,но мислам дека и не треба до толку да се претерува...
Јас не реков дека SAMO фб кот е причина за изневерување,мислам јасна бев дека FB KOT VSUSNOST SE ZLOUPOTREBUVA ZA NEKOI NAMERI бидејќи на фб кот секој ти е достапен на некој начин да речам,а за тоа дека било каде можеш да сретниш некој или да го побараш знајме не е спорно тоа но конкретно го реков ова за фб кот бидејќи проблемот на девојката е во врска со тоа,да бидам јасна инаку секој и оној во кој најмалку мислиш можи да падни во искушание во животот за било што...
^^ А гледам ти Бокче со коментаров твој многу придонесе за дискусијата... Се согласувам дека моментот е непријатен, а и WomanInRed лошо се снашла- место да пробува да го лаже и да се вади, требала од старт да му ја каже вистината. Луѓе сме, ќе се разбереме. Во оние врски каде има здрава доверба меѓу партнерите лесно ќе се расчисти целата ситуација (абе сакав да знам што прави во живот, не сум го видела 3 години), лошо е кога таква тривијална дешавка со себе ќе повлече цела лавина од расправии и оптужувања. Е сега, според мене, не е грев да сакаш да дознаеш некој кој некогаш нешто ти значел до кај е со животот - се вработил ли, дали е женет, уште ли се дружи со истите другари... Или едноставно да посакаш да го видиш на слика. Сепак, таа личност некогаш била дел од твојот живот и нормално е понекогаш да помислиш на него
Потполно се согласувам со тебе.Односно нема потреба од размена на пасс како што рече и ти тој ако сака да изневери ке изневери. И нема потреба од љубомора но ние женскките понекогаш претерувме.
Ми треба help му се ближи роденден и незнам што да купам.Тој мене ми купи часовник.Дали и јас да купам исто или.... Ви благодарам однапред
како не е љубовен проблем буба4е89... ова е еден од тие проблеми што е навистина тешко да се најде решение . ти купи му два оти да го копираш дечко ти
Затоа што денеска си се зачленила на форумот ти предлагам најпрво да го разгледаш убаво и да пребараш низ темите верувај ќе најдеш и соодветна тема за твоето прашање а одговор
Nekoj velat deka ne se kupuva casovnik bidejkji go odbrojuvalo vremeto kolku kje ste zaedno navistina neznam sto da napravam
девојчето прашува и јас ќе и одговорам, што сака нека му купи, може и саат, а и не мора, може новчаник, каиш, подметачи за чаши, ташниче за телефон, нека си прошета еден ден на раат и ќе одбере, и не мора да е екстра скапо, но ако има пари зошто да не? има едни колби / нараквици за машки, сум ги видела во дуќани со часовници, и тоа е исто интересно... несесер, колекција козметичка, што сакаш девојче, и добредојде на форумот
Нема врска со одбројување на времето. Чисто суеверие. Чисто да си знаеш. Поздрав. Ама тебе изгледа ти се свиѓа веќе некој часовник?
Хахаха купи мѕ точак Можеш да му купиш часовник (прекрасен подарок, но и многу често се поклонува); можеш нараквица, но зависи што човек е; кошула (мене многу ми се свиѓа); омилениот парфем или пак тебе некој што ти се допаѓа... итн... Поздрав
Е кој бе од нас не чепнал по нечии бивши профил? Јас се уште отварам неки си профили, не дека ми значат, туку ете така сакам да видам што е и како е од радозналост, тоа не е грев. Глупо е стварно за оној што во моментот е со тебе во врска, ама сега да се прават замерки за тоа нема никаква смисла.Едноставно си се исплашила, испаничила и си кажала тоа што ти текнало во моментот, чисто како оправдување. Не се грижи ако те сака ќе му помине.
Јас на таквиот детективски настроен господин би му рекла: „Штом си имал храброст да ми чепкаш во Activity Log, биди доволно храбар да го поднесеш тоа што ќе го најдеш во него.“ A aко те праша „што значи ова?“ ако видел дека си посетила нечиј профил, одговори му (ако поставувањата ти се на англиски) „па знаеш дотолку англиски ваљда“. Само ремет со ваквиве. И другпат, не само од фејсбук и од сефот шифрата дајте им ја (мала шала ).