Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Изморена сум од моите обиди да биде се во ред, да молчам и да го барам јас прва. Изморена сум да се сети дека навистина го сакам, изморена сум од неговото игнорирање кога навистина ми е потребен.
    И на крај сите ќе ме советуваат да го оставам, да бидам ладна или да барам друг затоа што тој не ме сака. А не можам. Го сакам а чекорот од откажувањето навистина е тежок. Ми вели дека ме сака, сакал да биде покрај мене а сето тоа го докажува на чуден начин. Лесно е да се каже тоа откажи се, а сите знаеме колку е тешко во пракса.
    Понекогаш мислам дека има друга а не сакам да го напнувам за тоа додека не сум сигурна.
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Епа сеа не сакаш ова, не сакаш она, а го сакаш и се вложуваш во таа никаква врска(од негова страна).
    Каков совет бараш?????????????
    Многу е лесен зборот те сакам, ама делата не го покажуваат тоа барем од негова страна. Ти си знаеш бидејќи знаеш што ќе ти одговориме. Повеќето ќе ти кажат раговарај со него, ама според твојот пост не верувам дека разговорт ќе промени нешто.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ни таа незнае што сака. 8)
     
  4. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Неколку пати се откажав додека не ме побара тој, односно пред три четири дена. Мислев дека тој разговор среди се, а сега не само што го нема туку и не одговара на моите смс пораќи.
    Секогаш кога се откажувам тој се враќа по некој период, ме крева високо и потоа ме спушта долу со таа недостапност.
    Проблемот е тоа што секогаш кога ми дава надеж дека се ќе биде во ред следниот ден мора да се случи нешто.
    Каков совет барам? Како да го започнам разговорот со него а да не изгледа нападно? Да не се налути? Се обидувам да оставам се и да продолжам понатаму ама љубовта кон него ништо не ја убива. И што ако се обидов со друг кога на крајот секогаш е тој. Емоциите победија а едно време и гордоста ми беше на прво место.
    И да го оставам и да не го оставам исто ми е. Се чувствувам бедно. А од друга страна копнеам по него, го сакам. Зошто да ги кријам чувствата и да глумам лудило?
    Ваква сум затоа што имав многу лоши врсќи во минатото и имам трауми од нив. Секое разочарување ме променува.
    Зошто вакво однесување? Едноставно не ми е јасно. И што ако се откажам? Ќе се чувствувам исто бидејќи некој си игра со мојата психа. Затоа сакам да го средам тоа веќе еднаш отколку да оставам пак и да се врати како ништо да не се случило. Не знам како да пристапам.


    Извини, јас знам што сакам. Не сакам некој да се однесува така со мене. Сакам да го решам проблемот а не знам како.
    Секој знае да каже батали, дали би го направиле сето тоа лесно во пракса?
    Нема да шизнеш доколку енкој така се однесува со тебе? Или чекај ке активираш bitch mode и ќе глумиш дека ти е сеедно?
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Па тој не сака, не те сфаќам кажи кој е проблемот за да ти помогнеме. Јас да сум на твое место ќе го откачам без оглед дали го сакам или не, не ме родиле мене за некој да ме нервира или понижува. Нема вечно да бидам со таков, а и нема ни маж да ми биде сигурно.
    Ќе си најдам друг кој ќе ме почитува како дама пред се, па потоа се друго.

    Плачете го сакам, го сакам...сите сакаме не е крај на се. Но, кога не оди не оди бе. Што има да си врзуваш ти раце, кога на него му се одврзани и дигнати.
     
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Ако не сакаш некој да се однесува така под итна постапка, не се залажувај, го имам истиот сличај ама сепак имам и достоинство, ете не сакаш, ама ќе ти кажам не си го губи времето. Вук длаку мења али чуд не.
     
  7. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Постојано се променува тој.. ете тоа е проблемот. Еднаш сака да сме заедно ми посветува внимание а потоа следниот ден ко да не постојам за него. И на крајот кога ќе решам да заминам јас сум таа која е лоша. Ете тоа е накратко.
    Решив да не го барам повеќе.. Ќе издржам некако. Морам да го научам на памет.
    Само не сфаќам зошто секогаш се враќа кога си заминувам? Кога сум решена да го напуштам?

    Инаку Далерон, еден период сакав да сфати дека ме изгуби. Кога виде дека не го барам реши да се врати. И веднаш ветуваше како ќе се промени, се извинуваше.. Мислев дека се среди се а него го нема ете веќе втор ден. Тоа ме излудува.
    Јас не бев ваква. Порано не се замарав дали некој не ме сака или ме сака. Но со тек на времето и разочарувањето во врсќите тотално се променив од корен. По осетлива, по емотивна и плачка. А зошто е тоа така? Можеби од желбата да бидам сакана. Нашата врска беше супер се додека не се случија многу работи кои не одалечија еден од друг, навистина сакав да успееме но сето тоа е вистина дека ако едната страна повеќе не е заинтересирана што може друго да се направи?
    Страв ми е да не поминувам низ истото ко што поминав пред него. Ама тогаш бев решителна и издржав секоја кавга, продолжував понатаму, ставав крај а сега сум толку многу променета. Не знам ништо повеќе. Изгубена сум. А колку многу го сакам толку сакам и да не ги имам тие чувства, и се потрудив.
    Се откажав илјадници пати. А знае дека ми е слаба точка, знае колку го сакам. И сега ќе се откажам, а доколку се врати ќе кажам она што ми пречи.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Си поигрува. Кога ќе бидеш одлучна да го напуштиш, не се враќај кога ќе те бара.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Џабе душо слушај паталец, а не гаталец. И солзи крокодилски, ама се е џабе.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crazy.you

    crazy.you Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Јуст Фун, значи и јас што секогаш сум за да се разговара, за да не се откажеш од личноста која ти значи итн... Но, во овој случај ќе ти кажам батали од повеќе причини, а прва и основна е дека нема да оди на подобро работата. Ти зборам од искуство и ако вака продолжиш да се мислиш што и како само ти ќе се потресуваш. Што има да се трудиш околу личност која не одговара на твоите пораки? Тоа јасно ти кажува се. И како може после некое време кога ќе те побара ти да го примиш по старо? Нема логика да си мислиш дека ќе биде подобро. А мислиш дека го сакаш баш поради ваквото негово однесување. Си мислиш дека и тоа што си била со друг, не помогнало... епа да, зависи каков бил другиот и колку тебе ти одговарал. Ќе дојде време кога ќе најдеш личност која ќе те заинтересира и тоа ќе ти биде возвратено на убав и нормален начин како што заслужуваш. Искулирај и не го барај! Не е тешко, ако се убедиш во тоа дека ти си личност која заслужува почит и одговор. Ти зборам од искуство, да не се доведуваш во таква состојба. Се надевам ќе ти помогне мојот совет. Поздрав. :)
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  11. exoticgirl

    exoticgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    just fun и јас сум била во ваква слична ситуација(ако не и иста) и верувај ми тој нема да се смени,барем не за толку краток период како што велиш,еден ден е добар,другиот ден не...Или остави го,почни нова страница,колку и да е тешко,па доколку после подолг период сеуште чувствуваш нешто спрема него,и доколку тој направи многу напори за да бидете заедно врати му се.Ама сега тој нема да се смени,знае дека го сакаш и дека се ќе направиш за него и ти прави како сака.Џабе некој да ти вика те сакам кога на дела никаде го нема..Размисли дали вреди да се бориш за нешто што повеќе ти причинува болка отколку среќа.Па на крај краева подобро среќна сама,него несреќна во врска.Верувај те сфаќам многу добро и знам како ти е, како што вели Daleron слушај паталец а не гаталец.Со среќа :*
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  12. littlethings

    littlethings Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Вака сеа.. бев в врска 5 месеци се деси шо се деси се скаравме (тој згреши многу), веќе 3 месеци сме разделени а тој сеуште ме бара ГО САКАМ ама не чувствувам потреба од партнер, имав и можност да напрам нешто со друг напрајв и џабе е како да немам кеф... ни со него ни со некој друг ...шо ми се дешава ???? :?: :?: :?: :sweat: :worried:
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Едноставно со збунета.Биди сама одреден период, среди ги мислите, излегувај со другарки/другари забавувај се, најди си некое хоби кое ќе ти го пополни времете, ќе се изнајдеш самта себе.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Како што кажа Далерон, збунета си. Дај си простор себе си малку, среди си ги мислите. Па види што ќе одлучиш.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  15. annadeni

    annadeni Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Вака женски..Имам врска од три години..тој ми е се неможам без него и многу сме поврзани,но сега некако незнам дали само така си мислам но како да се оддалечуваме многу мислам дека има и друга зашо се осеќам како да не сум ја битната..зборев со него а тој на тоа плаче и вели дека никогаш нема да има друга..веке со недели е вака и незнам што да правам..едноставно неможам вака ;( некој совет
     
  16. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    не си отварај проблем кога го немаш, штом само така ти си мислиш, а немаш никаков доказ дека тој има друга, зошто си правиш да ти биде лошо и само да се караш... детето се гледа дека те сака, штом велиш дека кога му го кажуваш тоа, тој плаче... нема што да мислиш такво нешто, едноставно разговарај со него за тоа за кое што те мачи, зошто си мислиш дека си му небитна, и се ќе се реши...
     
  17. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Не си отварај рана на здраво,тоа се само мисли кои те мачат според ова што го кажа
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Секогаш ќе се најде тој еден што ќе го сакаш толку многу,а ќе те повредува дупло,и нема да имаш сила ниту да продолжиш со него ниту да го оставиш.И ќе си викаш дека ќе помине,дека тој сепак те сака,дека тоа се само кратки испади.
    Секогаш се враќа кога заминуваш бидејќи знае дека не можеш да се откажеш од него и како што и самата велиш,знае дека ти е слаба точка.И затоа ќе те моли две секунди,ќе си спушти гордост,само да не биде сама,а потоа ќе се врати на старо.
    И ден по ден,ти ќе трпиш,а тој ќе си живее по свое.
    Не оди така,верувај.Ако гледаш дека нема промена,а јас сум сигурна дека ќе нема,остави го.
    И плачи,викај,затвори се или оди журкај се,ама не го барај.Ќе помине и болката и љубовта,се поминува.Подобро да патиш 1 месец сама,отколку кој знае колку со него.
     
    На tessie и JustFun им се допаѓа ова.
  19. Miss.M5

    Miss.M5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    85
    JustFun
    Можеби не ти се залечиле раните од претходните врски, можеби ти не си даваш шанса, нема потреба толку да се разочаруваш, љубовта е непредлидлива и после најголемото разочарување може да дојде онаа вистинската. Нека не ти е страв, ама сепак нека постои доза на резерва, сепак нели не треба да се залетуваш. Среди си ги мислите, чувствата, расчисти со типот, не можеш со сила да го направиш како ти мислиш дека треба тој да се однесува со тебе, и да разговараш нему не му е гајле за тебе, ти си таа што си го губи времето само. Наместо да се надеваш на нешто, почитувај се себеси и твоите граници - пред него AMA И ПРЕД СЕБЕ :!: :hai:
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Ако толку сте поврзани како што си пишала погоре, значи можеш слободно да му кажеш што мислис и да продискутирате на темата, па заедно да заклучите зошто е тоа така. Поекогаш затоа што женскиот пол е малку посложен од машкиот измислува проблеми и едноставните ситуации ги комплицира, но понекогаш интуицијата е во право, според мене плачењето може да е и момент на каење, тој направил нешто со друга, условно кажано, и сеа забележува дека и ти тоа си го приметила па поради грижа на совест плаче.
    Ако веќе и тврди и му веруваш дека не бил со друга, рзговарајте и смислете нешто какоповторно да си ја вратите близината, некоа заедничко патување на пример. Позззз и се најдобро.