Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Bianca.M

    Bianca.M Активен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    9
    Ми се сврте кругот.Се запознавме на журка,јас тогаш имав некој друг и не бев толку заинтересирана за него колку што беше он за мене си викав другар ми е другар ми е он ми се јавуваше се гледавме неколку пати по журки јас бев одбивна кон него го сметав за другар проба да ме смува јас се тргнав ми кажа се распрашувал за мене многу добро девојче сум била и сега во петокот бевме пак на иста журка цела вечер седевме заедно гушнати зборевме за животот за се ми кажа дека се смувал со некоја и дека она му се лутела бидејќи он седел со мене незнам што, и ми ја даде на телефон да зборам со неа да и објаснам дека меѓу нас нема ништо и ми кажа дека ја сакал така-така што не ми се верува бидејќи ја знае 1 ипол недела нема врска тоа..сега кога сфатив дека многу ми се свиѓа он најде друга..Вчера му прекинав на тој што бев измеѓу врска поради овој што ви кажувам неможам така да давам лажна надеж на некого..Наредн пат коа ќе бидеме искочени ако биде он со неа или без неа таму планирам да го тргнам на страна и да му кажам дека јас неможам да го гледам како другар.Што мислите вие исправна ли ми е постапката?Бидејќи тие допири,погледи од моја и негова страна не се пријателски
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Си го губиш времето. Ќе останеш сама вака.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Bianca.M, сега ти се свиѓа зошто има девојка, да беше сингл и да трчаше по тебе, уште за него ќе мислеше како за другар. Не си го комплицирај животот , ни твојот ни неговиот, и нареден пат кога ќе го видиш другарски поздрави се со него, и продолжи си по патот.
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како не сваќаш ни ти ни таја другата дека ви ги има научено слабите страни и ве врти 2те како што му душа сака,стависи го прво прастот на главата TI DAVA TELEFON DA SE PRAVDAS PRED NEKOJA DRUGA DEKA NEMALO NISTO MEGU VAS :x значи кај ве мота 2те па уште ти му си во втор план ако стигнал да се правда очајно на тел.дека немало нисто меѓу вас советот е еден со него никаков контакт повеќе да сум на твое место ни пријателски таквите како него ни тоа не го заслужват а ништо чудно и другата да му е девојка подолго време затоа и се правдал...Не се залажвај и стави го тотално на игнор...
     
  5. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    И ај да не се нервирам. :tmi: :tmi: Значи има кои раскинуваат 10 годишна врска па после си фатат друг , па све е океј,исто како да не биле со тој.Јас толку се чудам на себе,страшна работа.Значи , нашето траеше 2 години,па што ако ми е со него прва врска,што ако имавме многу убави моменти, кога сето тоа паѓа во вода кога тој некој е ѓубре.И после 10 месеци без да го видам, јас уште го сакам.Имам дечко кој ме чува најмногу на свет, утре правиме 2 месеци.Дознав бившиот веќе 6 месеци бил во врска.Видов слика од кај една другарка случајно.И ми е толку криво што стварно сакам да се затворам во соба и да плачам како дебил.Морав некаде да си ја кажам маката :sweat: Како може да се сака некој толку многу,толку тешко е и болно ..Не е дека овој дечко сега не ми значи,ама не е како што беше со претходниот.Тој сјај во очи,таа некоја поврзаност меѓу нас , не знам,толку беше убаво на почеток , што бидна после со него ... ..Толку да испадне некој гомно со тебе, се извинувам на изразот ама морам така да кажам,толку да те повреди и ти пак да го сакаш.Аман,будала!Кога ќе се освестам ..Уморна сум веќе , неможе а да не ме заболи кога ќе слушнам нешто за него, само на тоа што било кога ќе се сетам, ми течат солзи од што ми е криво што не сум со него.А нај криво ми е тоа што не заслужил ни да го плукнам :( :(
     
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    јас само едно ке кажам - Љубовта е само една тажна приказна !
     
  7. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Искрено, зошто секогаш се враќате кај луѓе што се ѓубре? Мислам да не беа, ќе беше со него или што и да е се случи. Ти сакаш да му се вратиш со тоа што ви било тогаш убаво, живееш во минатото и со минати случки. Дај порасни малце, и раскини мѕ на сегашниот дечко, не вреди да биде со тебе, пошто ти не си средена сеуште и не те заслужува. 2 месеци се ништо, кажи му чао пред да биде предоцна
     
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Види, човечкиот ум е така склопен, што создава емоции според нештата кои му се дадени на располагање. Она кое твојот ум го има на располагање е човек кој му се допаѓа и истовремено човек кој му кажува на твојот ум дека е скршена играчка. А знаеш какви сме ние луѓето, го сакаме баш тоа кое не може да го имаме и ако истовремено тоа што не можеме да го имаме ептен ни се свиѓа... ќе направиме све за да го добиеме.

    Решението за тоа, нова играчка, зашто старата е скршена и не се поправа. Убавото во човечкиот мозок е што новите искуства кои му се допаѓаат, секогаш ги смета за подобри. Да, останува во сеќавањето како првиот супер дечко, ама живееш и уживаш во новиот. Ако имаш стварно 18 како што си пишала, барај го тој дечко што ќе биде новата играчка. Ако моменталниот дечко не те прави среќна комплетно, факинг откачи го, не е битно како те чува, можеби токму да те чува не е тоа што го сакаш од новиот. Помини си ја фазата која ти е потребна.

    И, колку и да си свесна за некои работи, како тоа дека не вреди да се нервираш за бившиот, да осеќаш носталгија за тоа време, не можеш многу да смениш, умот си работи по негов шаблон. Остави го да си го работи потсвесното, а ти свесно, уживај во флертови, дружба, излагање и чекај да улета следниот кој ќе биде убавата играчка и ќе ти ги окупира мислите. :hai:
     
    На blueeparadise, awayfromyou и Miss.M5 им се допаѓа ова.
  9. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Се плашам најмногу од раскинување.
    Јас како да не живеам за денес,туку за утре..за иднината. Па што ако раскинам? Па што ќе речат моите? Ги мразам деновите после секое раскинување. Несакам да го изгубам овој дечко,иако сме имале премногу караници пак сме заедно,но мене цело време ми се врти во глава тоа прашање:а што ако раскинеме? и ме тера уште толку да се расправам. Да најдам нешто и да му речам на дечко ми:толку е,јас неможам. Приметив и дечко ми не ме сваќа сериозно,не се нервира,ми вика:ќе ти помине,пак заедно ќе сме си. И уште толку ме мава тоа во психа. Како на него да не му е гајле си мислам јас.
    Се уништувам.
    Некогаш ме стега срцето од овие лоши мисли,неможам да дишам..
    Девојки ве молам кажете ми некој совет,посоветувајте ме...Неможам веќе вака..
     
  10. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    Знаеш дека и јас вака размислував па раскинавме?Се барав за да раскинеме на крајот на дечкоми ми му пукна филмот и он ми раскина. Знаеш како си мислев ете исто како тебе живеев за утре знаев ако не е денес дека утре сигурно ќе раскинеме и се случи и тоа. Ама на крајот пак се смиривме и еве сега сме во среќна врска.
     
  11. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.091
    Yeah не дозволувај ваквите мисли да владеат со тебе,многу значи начинот на кој гледаш на работите,ете и лобеничка ти кажа и таа така мислела и ете тоа и се случило...Незнам колку си запознаена со книгите како што се Тајната и Моќта на потсвеста,јас би ти препорачала доколку немаш прочитано некоја од овие да прочиташ,имав и јас такви периоди кога мислев само вака како тебе,се дур не го погледнав документарниот филм за тајната и не сфатив дека се дур гледаме негативно на работите,се дур се плашиме од тоа ние всушност потсвесно предизвикуваме тоа и да се случи :)
    "Кога нешто силно посакуваш, целиот универзум ќе скова заговор за да ти ги отвори патиштата кон успехот"
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ме замисли постот и маката на Yeeah.

    Тука има еден многу битен момент којшто си има голем удел. „Па што ќе речат моите?“ Една реченица во толкав пост а крие сепак некоја поента. Валерин имаше став за ова ако убаво се сеќавам којшто стварно држеше вода. Значи да, родителот треба да ни` помогне да не` оттргне од ситуации коишто реално изгледаат опасни, да се труди да не одиме по погрешен пат, но, ова особено важи за возрасни луѓе и за нашево поднебје. Премногу самите се замараат и премногу ги замараме со нашиот љубовен живот.

    Луѓе возрасни во нефункционални бракови неретко ради притисокот што го чувствуваат од нивната покажана или непокажана реакција, не можат да се разведат. Од друга страна пак, имаме и сосема спротивен случај, кога прекрасни врски и бракови се растураат ради стравот на родителите што ќе речат комшиите или ради нешто што лично на родителите не им е по ќеф.

    Потребни се како водители низ животот, но навистина премногу се присутни во љубовниот живот на не мал број на млади. Не постои гаранција за ништо. Најгрижлив биди, никој жив бре не ти гарантира дека од секое лошо искуство ќе си го заштитиш детето, или ко шо викам јас, само од живот можеш со гаранција да го заштитиш. Па дури и тогаш, ако нешто не сака да биде, ќе куртули човек.
     
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Видете луге.

    Што ќе рекле другите и не е многу важно во животот барем за мене. Јас не живеам за другите. Јас живеам самата себе си да се направам среќна. Кој што зборува тоа мој проблем не е.
    Зошто да не работам на својата среќа мислејќи на останатите околу себе? Дали тие помислуваат на мене кога си го градат својот живот и на она што ќе кажам јас? Oвде следува едно огромно НЕ.
    Секој се плаши од расќинување. И јас се плашам да не ја изгубам целосно личноста која е моето се. А се чувствувам како никој да не ме сфатил. Ете така се чувствувам. Но... Тоа е животот. Не треба секогаш да мислиме на најлошото. Треба да уживаме во она што го имаме. И да не дозволуваме да ни се преоптоварува мозокот со такви работи.

    Yeaah те сфаќам како ти е. Ама што добиваш со тоа што се плашиш? Мислиш ли дека ќе го решиш проблемот? И ако имате караници со вашиот партнер немој да мислеш дека некому друг во врската му е сјајно? Не е.
    Уживај во моментите, и опушти се.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Епаа да... што ќе речат моите т.е. мајка ми. Мене ова ми е прва долга врска,порано идев се по месец-два ама на мајка ми и кажував се.. И моите не живеат во некое модерно време,туку сите дечковци ми ги има викано “зете“. Кога ќе ме потпрашала нешто така.. Е откако сум раскинувала наоѓала начин да ми го плесне тоа :СЕ СО ЛЕШПЕРИ ИДЕШ. ВРСКА НЕМОЖЕШ ДА ЗАДРЖИШ.. ИТН..Јас дома моите после раскинување неможам да ги погледнам..
    Еве пред некој ден бев кај дечко ми и доаѓам дома ми вика мама:се виде ли со свекрвати.. Па на што личи тоа? Грозно се осеќам.
    Не сум во ПМС па ај да речам ај бе треба да добијам ова она..не бе,а цел ден плачам,како да не сум жива..,,,........ :( неможам веќе,подобро сама да сум отколку да ме остави он.
     
  15. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Обично јас секогаш се посоветувам со мајка ми како да постапам во одреден момент но зависно и од ситуацијата затоа што на крајот одлуката пак е моја.
    За ова би ти советувала да разговараш со нејзе и да и дадеш јасно до знаење како се чувствуваш после тоа што ти го вели. А за тоа што не можеш да задржиш врска не е секогаш до нас, можеби е и до другиот ама секогаш е лесно да се префрла вината. Подобро разговарај со нејзе. Ако продолжи така игнорирај ја, ќе видиш дека по некој период ќе преќине. Истиот проблем и јас го имав само овде беше проблем зборувањето на татко ми. Ама на крајот јас испаднав победник. Знам дека и ти го можеш тоа.
     
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.399
    Допаѓања:
    126.738
    Yeeah-Порано имав 4 годишна врска(не би коментирала колку лошо влијаеше на мене)се скарувавме,смирувавме,јас секој ден бев во депресија,што кога сега пак би се скарале,што би ми кажале дома.На крај се скаравме и многу маки видов додека целосно го исклучив од мојот живот.Интересно е што сега имам 6 годишна врска и ниту еднаш не сум помислила што кого би се скарале.Можеби затоа што сум созреала емотивно,сум имала едно лошо искуство зад себе.Мисли позитивно,прави тоа што срцето ти го бара,не живеј за тоа што другите би кажале.Само ти знаеш што носиш во душата.
    Една феминка ти ја препорачала моќта на подсвеста,прчитана ми е повеќе пати и точно е се што пишува,какви ти се мислите таков ти е животот,ми се случи се од што се плашев.Ама кога се вљубив во сегашниот дечко,посакував со цела душа,срце,да бидам со него,верував во себе,ја понесов со мене цела позитивна енергија и сонот ми се исполни.
    Ако си во можност да ја најдеш моќта на позитивното размислување од срце би ти ја препорачала.Ти посакувам се најдобро.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Toa e нормално. Луѓе сме, досега никој не измислил нешто што ќе биде компензација за самотијата. Не ја сакаме едноставно. Но, доколку се навикнеме, покрај другата страна, огледалото да го свртиме кон самите себеси и убаво да видиме од кои аспекти би било штета некој НАС да не` изгуби, сметам дека поопуштено ќе се гледа на работите.
     
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Точно е дека не ја сакаме самотијата но некогаш е подобро да бидеш сам отколку во некоја врска која ти претставува мачење.
     
    На mal.ecka и tessie им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Yeeah, уживај во сегашноста. Ако го сакаш дечко ти и убаво ти е со него, искористи го периодов до максимум - шетајте, дружете се, забавувајте се. Никој не знае што носи иднината и затоа воопшто не ја мисли. Немој да си ги уништуваш убавите моменти кои сега ти се случуваат поради црни мисли. Во краен случај, ако мислиш дека неможеш да ги надминеш тие стравови, направи муабет со психолог а во меѓувреме најди си некое хоби, запознавај други луѓе, дружи се повеќе со другарките, створи си свест дека ако еден ден се случи да останеш сама, животот ќе продолжи понатаму и ти пак ќе имаш луѓе околу тебе и нешта кои те прават среќна.
     
  20. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Ќе се обидам да ја најдам/купам книгата :) Фала Ви

    Јас би им кажала на сите што не се во врска да си уживаат во слободата,најубаво е чуството :)
    Јас заглавив многу,неможам никако да се тргнам од овој човек,го сакам со сета душа и срце и колку и да се караме пак нешто не спојува. Неговите очи како магнет ми се.
    Јас да бидам искрена сакаам да успеам со него,но он бил повредуван во минатото многу од претходните зошто бил добар и мене до негде страв ми е и од тоа да не ми врати со нешто лошо,зошто порано им ќутел,а на мене не ми ќути и ми вика дека:само на тој што го сакаме можеме некогаш и лошо да му кажеме.
    Јас немам фб,не искачам со другарки многу многу..значи само он ми е. И како опседната да сум со неего,некогаш не извршувам некој обврски,чекам да ми се јави. А он не е таков,он може да издржи и да не се слушнеме 6 саати..Овие караници ни се само на телеефон..И кога збориме,збориме по 1 саат од што не сум го слушнала..оф,...