Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Отргнисе од него некое време иако го сакаш,можеби ке свати еден ден колку му значиш ,овами делува како криза а го има фатено во врската ,но ке му помине ке видиш
     
  2. peperutkaniki

    peperutkaniki Нов член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    a jas sto da pravam da go cekam da mu pomine, a ova sto mene mi se slucuva sto da pravam so ovaa bolka sto mi ja nanese ...eee mi kaza bez stram deka ne me sakaaa
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ти си луда, девојко. Да го чекаш!? Значи ТОЈ твојот сакан, ќе си шета, ќе си мува, ќе се шврља наоколу а ти ќе го чекаш???? Кажими дали е ова, прав дечко за тебе?
    А што е тука срамно, што не те сака? Сакаш да те лаже и да те вара наоколу, а и да те прави глупава? Стварно размислуваш за твојата болка и болката ќе прекине само ако тој е до тебе, макар и да не те сака.
    Ма немој, мало морген. За два-три дена ти ќе ни пишеш како си фатила нов дечко и како ти е убаво.
    Значи ТОЈ не те сака, и слушај ме вака, подобро е овие зборови да си ги повторуваш во себе за да се зајакнеш и да те направат посилна од се. Ќе ги избришеш солзите и утре ако си на школо,факс, работа ќе бидеш среќна. Е на него ќе му го тупнеш, зашто он сега си шета и си игра со другарите. А можеби и некоја мота, а ти седиш дома и плачеш.
    А што си правела за него, не е твој СРАМ. туку НЕГОВ. И ова треба да ти биде поука, дека ако сакаш да го вратиш од него маж не бидува. Замисли да ти е маж и да му родиш дете и да ти каже, НЕ ВЕ САКАМ И ДВАЈЦАТА. Од ваков тип татко не бидува.
    Подобро порано, отколку покасно.

    Извини што сум иронична, ама тоа е вистината. Сите сме искусиле и знаеме како е да сакаш, а да не те сака. ;)
     
    На peperutkaniki и Arthur им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Така фино лепо. Си ги вратив старите другарки и сфатив дека не вреди за некој си дечко да плачам. Неколку дена се борев со мислите и ги победив. Почнав да искачам често, со една другарка бевме стално заедно и така успеав. Спомените ми останаа, ама сега и да се врати и да ме бара не би се вратила. Тој беше само еден дел од мојот живот. Си реков јас одам напред, јас можам, јас ќе се зајакнам.
    Се се може, ако се сака. И се навикнав на истата болка која можеме секогаш да ја доживееме, до крајот на животот. Не знаеш што носи животот со себе, па така колку повеќе се навикнеш толку подобро за тебе. :*
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  5. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774

    Кај мене единствениот најголем проблем е тоа што тој ми е најслаба точка, тој го знае тоа и го користи.
    Толку многу бев поврзана за него што не можев да се замислам без него. А сега решив после тоа што го направи да му вратам со иста мера, па кој знае можеби и јас ќе успеам да го заборавам како тебе односно да го практикувам она што го кажа. А пред колку период се случи тоа кај тебе?
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    ^ Одамна, не никако немој да му враќаш, бидејќи така ќе бидеш девојка со слаб карактер. Остави така како што е, смени број, избриши го од фб и прави се како да не постои. Продолжи си напред. Зошто ако продолжиш ти пак ќе патиш, а тој сосема трета ќе фати.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Зошто?
    Затоа што си глупа како трактор, ај откачи се веќе не те сака и готово, најди си друга занимација.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. peperutkaniki

    peperutkaniki Нов член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    vi blagodaram za sovetite :*
     
  9. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.978
    Луѓе ме интересира вашето мислење. Дали јас преувеличувам или со право се лутам?
    Значи во врска сум 3 ипол години. Ни се немаше случено да не се слушнеме толку долго,
    се каравме, смирувавме како и во секоја врска. Пред една недела тој ми се испонаша многу
    глупаво додека бев кај него и од тогаш па се до денес не се слушнавме воопшто. Но, тој
    кога и да се вклучеше на фб ми пишуваше прв, а јас му враќав онака ладно и незаинтересирано.
    Бидејќи почнав да мислам дека само од навика е со мене. Еве денес конечно се слушнавме и
    договорот беше да дојде кај мене, но тој цел ден ме мотка ке дојдам во 3 h па потоа во 5h.
    Му текна отиде до град, му се јавувам пред малку вели еве со колегите пиеме вино, па ке дојдам подоцна
    или па утре( а утре е на работа). Му се налутив и му реков дека е со мене само од навика дека повеќе не ме сака, ако му фалев ке дојдеше бидејќи една недела се немаме видено и слушнато. И му реков дека најубаво ке биде да прекинеме. Тој почна да вели дека ги преувеличувам работите. Секогаш на прво место се другарите, не велам дека тоа треба да бидам секогаш јас, но се чувствувам глупаво и омаловажено од негова страна. Барем кога ке ми вети нешто, очекувам тоа и да го исполни. А тој пак мене ме обвинува и не ме сваќа сериозно дека ме повредува и лути. Да напоменам секој ден се гледам со другарите ја има таа слобода, но кога сум јас во прашање тој се лути,а јас сум секогаш за рамноправност.
    Дали навистина ги преувеличувам работите?
    Ви благодарам !
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Па малце, ако ме прашаш мене, но и јас и би се наљутила тој е договорен со тебе а после го викнале колегите и трчал кај нив. Си игра топло-ладно со тебе.
     
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Не преувеличуваш и самата убаво си знаеш дека те мотал цел ден. Тој да сакал да дојде не 3, не 5 туку веднаш ќе тргнел да те види. Караници и 1 недела не гледање, и не зборување, мислам дека сака крај, ама ни тој самиот не знае како да ти каже па прави нешто за ти да му раскинеш, и ти да ја направиш потешката работа, додека тој пие вино со другарите. Знам дека 3 години е долга врска, и можеби монотона, ама кој сака да поработи на проблемот ќе успее и ќе помине низ се. Или полесно е да не се замара? :/
     
  12. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски

    Искрено се ставам во твоја позиција, и јас би се налутила. Ако се чуствуваш дека не добиваш доволно внимание и дека си на второ место СЕКОГАШ тогаш едноставно прекини ја врската. Јас би го сватила тоа како да ми каже Извини ама немам време за тебе.
    Ако ти се чини дека повеќе се трудиш ти од него тогаш знаеш и сама дека заслужуваш подобро.
     
  13. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Искрено да ти кажам, или по тоа што не сте збореле една недела, како пауза да му било тоа. Сфатил или незнам што дека не му фалиш толку. Сепак тоа што не дошол кај тебе а си искочил со колегите, би требало да знаци дека сака крај, но незнае како да ти каже.

    Мислам дека треба да седнете и да си поразговарате
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    ^Абе Боки,одма крај на врската им предвиде,чекај малку,не се прави од мравка слон :D
    S.o.f.i,во право си што мислиш дека врската му станала навика,што може,ама и не мора да значи дека тој повеќе не те сака.Јас велам да му направиш и ти така,да го извисиш за другарки,да се договорите и да му откажеш,па да видиш како ќе изреагира.
    Се разбира,муабет треба да направите,но немој да бидеш премногу строга,убаво и смирено разговарајте.
    Од каде тоа правило дека секогаш мора женската да биде приоритет? Јес дека сум за жените секогаш,ама некогаш знаеме да претераме и да преувеличиме ситуација.
    Ако мислиш дека навистина престанал да те сака,тогаш знаеш што да правиш,само да не се избрзува со одлуки и умислување.
     
  15. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    33.693
    Пол:
    Женски
    Софи, исто како и другите членки, и јас би му се подналутила. Јесте дека не е во ред тоа така што ти го направил. Ќе дојдам во 3, па потоа во 5, па сега сум на вино со колегите. Епа не бива така бе, ако ти кажал дека тогаш ќе дојде, и треба да си го исполни зборот, освен во одредени ситуации.
    Мој совет е да седнеш да поразговараш сериозен муабет со него, пред да одлучете за следниот чекор. Не избрзувајте, можеби нешто ќе се промени и се ќе трне во добро светло.
     
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Врските се како куќите. Ако една ламба прегоре,одиш до маркет и купуваш нова, а не купуваш нова куќа...

    Воопшто не преовеличуваш. Имам пријателка во ваква ситуација но никако да се освести. Типот очигледно си игра со тебе а ти му дозволуваш. Ако сакаш да ја спасиш врскава ќе треба да му ги покажеш границите до каде може да оди со понашањето. Биди силна. И лути му се кога излегува со другарите само затоа што нема рамноправност и тој не ја почитува твојата слобода, зошто ти да ја почитуваш неговата?!

    Покажи му дека си цврст карактер и дека нема лесно да си мине со тебе од сега па натаму. Да видиш како ќе се освести.
     
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    И би кажала, да проба да не му се јавува веќе, да види дали тој ќе ја викне да се видат или не. Ако вложува нешто, можеби и не е се така црно како што си мислиме. Само кажи му дека не мислиш дека било ок од негова страна што те вртел цел ден и на крај те извисил за другари иако сте се имале договорено.
     
  18. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    @Marossa

    Зато пишав да седнат и да разговараат. :) Не одма скокај и ти
     
  19. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Bokchee Не скокам,лежам под ќебе :)
     
    На ariela09 и Bokchee им се допаѓа ова.
  20. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Ми треба совет !
    Се запознав со едно дете преку моја блиска личност, со која заедно работаат! Почнавме врска, и се беше супер, имаше изливи на љубов и се засакавме. После некое време направи неколку киксови (свесно или не, незнам), за кои се љутев како и секоја женска, и искрено му кажував дека се љутам и дека треба да пази на мене и моите чувства, дека сум осетлива личност , и таа блиска личност, не со лоша намера, го опомена и посоветува 2-3 пати како да се однесува со мене (јас не и реков на таа личност да го каже тоа, и сакав јас прво да реагирам, ама таа личност е многу принципиелна и не издржа до крај и се истрча) ! Тоа тој го врза во крпче и тие зборови, и од најсладкиот дечко, се претвори во најнезаинтересиран, и неколку пати ме извиси. Јас секако се љутев, а типот си го поистоветува како недовреба спрема него. Раскинавме нормално очекувано, за глупост која ја направи, за која има изговор дека сум го контролирала, а јас врска немам со тоа, имаше слобода и имав разбирање за се, освен за тие киксеви што ги направи, и за кои остана дека тој е во право, после долги разговори..на кои ајде попуштив ради тоа да имаме мир во врската. На крај ми кажа дека многу ме сакал, но се му се срушило, и дека многу работи се сменале, демек од сериозна врска во тоа да сме останеле само другари! Исто така ми рече дека му било убаво со мене. но да го разберам дека поубаво ке било да останеме другари барем сега засега. Ми беше убаво со него, и не сакам да го изгубам за вакви работи, но е голем инает! Ме остави со надеж со тоа, барем сега засега. Дали се залажувам?