Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.091
    Те сакал и убаво му било со тебе ама сепак да сте останеле другари хах :^) јас ваквите реченици навистина не ги разбирам можеби е до мене ама ако сакаш некого и ти е убаво со него ќе се потрудиш валјда да ви успее нема одма прекин,бидејки добив впечаток по ова што си го напишала дека не сте биле мн долго во врска па ај да сте се карале многу па да ви треба простор(па и тогаш не би го разбрала поимот другари како се вклопува во целата ситуација).За да не се надеваш залудно подобро направи си пак муабет со типот,отворено и искрено и без залажување,бидејки тоа -сега засега- може и да го мислел а може и да не го мислел туку да го кажел само колку да те отргне од себе...Подетално од ова неможам да ти кажам,бидејки и самата целата приказна не си ја напишала,па незнам со сигурно кој колку и за што е виновен..Само ќе напоменам мое мислење,од лично искуство-Никогаш нека не се мешаат трети луѓе секогаш настанува хаос во такви ситуации,доволно сте возрасни сами да ги решите проблемите
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Некако контрадикторна си ми со мислењава, ми се чини не знаеш ни ти што сакаш!
    Од една страна викаш дека те повредил а од друга страна пак сакаш да бидеш со него?! И си мислам дека целата вина ја префрлаш на него а ти као си била се супер. Не знам, нешто не ми мириса убаво тука.
    Инаку не те сака, да те сакаше ќе се трудеше да ја спаси вашава врска, барал и нашол причина а те жали, очигледно гледа дека го сакаш. Преболи го и заборави го, не сте имале и никогаш нема да имате здрава врска на ваков начин. My opinion :)
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не очекувај ништо од ова и не се надевај, а за другарство тоа му е само изговор или го кажал колку да не биде ете веднаш те откачува. Колешка му го посоветувала само, а тој си врзал во крпче како да не жими мајка, пак изговор за да те откачи.
    Киксови ,глупост, (што не врувам дека е нешто наивно) извисување на што ти личи!?
    Неговото е последно за се бил во право така!?
    На крај многу те сакам, ама не можам да бидам со тебе.И да многу се залажуваш дека ќе биде нешто, батали го.
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки

    Искрено, мислам да го баталиш. Ова ти е само изговор, (сега за сега) и не се надевај за нешто повеќе.Да те сакаше, ќе се потрудеше. Или е или не е.
     
    На Fleur-De-Lis му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Како што рекоа другите над мене,не се залажувај,дечкото сакал да те откачи на пофин начин,а ако навистина те сака,би пробал се за да успеете.
    Туку мене ме нервира фактот што дозволувате мешање на трети личности во врската.Без разлика дали било со добра намера и колку и да ви е блиска личност,нема зошто да ти се меша,па дури и да го опоменува и советува.
    Настрана понашањето на дечкото,ако на мене ми дојде другар негов и почне да ми збори како да се однесувам и јас би се изнервирала.Најглупо нешто е кога кажуваш на некој што да прави и што да смени.
    Врска е за двајца партнери,сами да си ги решавате проблемите,ако има решение,ако нема,ставате крај и тоа е тоа.
     
    На Fleur-De-Lis и ariela09 им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Прво да кажам дека не планирам да раскинувам и да се скарам со дечко ми поради ова но ме интерсира како вие феминки и феминци би реагирале да сте на мое место.

    Дечко ми моментално има гости од странство кои се сместени кај нив дома. Додека гостите се тука, се договоривме да не се гледаме бидејќи ние секој ден може да се г а тие гости сега се тука па којзнае кога надерен пат повторно ќе дојдат. И што се случува вчера... Братучедка му (16 години) сакала да гледа хорор филмови и тоа ќе правеле цела вечер. Мене ми дојде другарка, си пиев кафе со неа и кога ја испратив, си реков ајде да му се јавам, да го слушнам како поминале со филмот. Ѕвонам јас ама тој не го остави телефонот да ѕвони туку веднаш ме исклучи и ми прати порака `Гледаме филмче, ќе ти се јавам покасно`. Мене таа негова постапка многу ме заболе! Да ми кренеше и да ми кажеше `Еј, гледаме филм, ќе те барам која ќе заврши!` немаше да му земе ни 10 секунди. Не знае зошто го барам, може е за нешто лошо. Исто така, јас сум човек кој секогаш крева па макар и да кажам `Во гужва сум, ќе те барам за 5-10-15 мин`. Многу ми е педерска таа негова постапка, како ќе му биде нареден пат јас него да го исклучам и да му пратам слична порака. Јас вчера збеснав, многу се налутив но и многу, многу се разочарав од него.. Кога ми се јави после саат и нешто, откако го изгледале филмот и го издискутирале, ми кажав колку не ми се допаднала таа негова постапка и ми се извини ама мене тоа негово извини во моментов не ми значи ама баш ништо. Извини е најлесно да се каже, треба да се внимава да не дојде до ситуација каде треба да се извинуваш. Кога го прашав зошто така постапил, ќутеше а реално и што да каже- не сакав да ги вознемирувам сестра ми и братучетка ми додека гледаат филм на лаптоп? Секако дека не станува збор за приоритети, сестра му му е крв и нормално дека му е приоритет ама да не сака да се јави на 10 секунди, да дознае за што го барам?

    Како и да е, мене денеска сеуште не ми е сеедно и имам грутка во грлото кога го пишувам ова па сакам да знам вие како би реагирале во ваква ситација и имам ли право да бидам разочарана или преемотивно реагирам за еден одбиен повик?

    Инаку, не одиме долго, 9 месеци како сме заедно.
     
    Последна измена: 31 октомври 2014
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Ова мене ми личи на мотензи бите. Сега, како што другарка ти била принципиелна кога му го кажувала тоа, така требало и ти да пристапиш кога сте праеле муабет. Со сериозен тон отпочеток. Туф, туф за што се налутил господинот. Си требала да му кажеш „Ако не сакаш коментари од други, не се брукај во јавност“. Се` она што следело потоа како негово однесување ми личи на почетен кукавичлук да ти раскине, што го објаснува и подоцнежната постапка и зборови. „Се` му се срушило?“:^) Од еден муабет да си прибере понашањето? Ох рили? А за тоа колку те сакал зборува и фактот што ги повторувал истите грешки и покрај предупредувањата.

    Ништо чудо уште тогаш да изнудувал слобода од тебе затоа што немал храброст да пресече. Какви караници има во парови, како знаат зборови да фрчат, па збор да не станува за не-сакање и најчесто се скриени од очите на другите. И таа личност што ве запознала, свеќа ви држеше? Јас разбирам ве запознала и се` тоа, ама сомнително ми е што често била со вас, па уште кога прочитав дека се` се сменило по нејзината реакција, ова се` повеќе почнува да ми наликува, ништо чудно, и на испланирана работа од двајцата.

    Не ти треба. Не инает, каков сака нека е, кога некој е покрај саканата личност, со својата љубов и почит кон нејзе прави се` да изгледа поподносливо. Само без жестоки караници, прифати да се разидете мирно, чисто за твој раат. Ако и покрај тоа, тој се понаша, остај негов да си биде теретот од неговата негативна енергија.
     
    Последна измена: 31 октомври 2014
    На Fleur-De-Lis и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.125
    Допаѓања:
    20.287
    Пол:
    Женски
    Така прават многу машки. И јас порано се вознемирував, ама сфатив дека има луѓе кои едноставно не размислуваат како нас. Можеби си рекол, ќе ме заджи на телефон, после ќе и се јавам на раат. Добро е што си му дала до знаење дека не е убаво, ама и дека се извинил, знаејќи дека не било во ред.
    Мажот ми, кога ми беше дечко, ако играше игра на компјутер не креваше никогаш дури не ја заврши стазата. И јас се лутев и си велев, абе да сум јас, на пауза ќе ставам и ќе кренам. Ама кога почнавме заедно да живееме, сфатив дека тоа му е нормална процедура. И мајка му кога му ѕвонеше, не и креваше, и сеуште не и крева ако се занимава со нешто, се дури не се ослободи за на раат да прави муабет. Тоа е тоа, сите различно размислуваме и реагираме. Не се вознемирувај без потреба, секој стрес лошо влијае на здравјето, а треба да научиме малку поопуштено да живееме. :)
     
    На Hipica, Marossa, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Не се нервирај ама ич не си единствена и дај боже да е прв пат. Јас секогаш кревам и велам исто како тебе „Можеби е за арно, лошо недај боже“. Јас постојано вријам за истава работа ама џабе:whew:.
    Ај олабави се на форумов има милион такви, а што велиш не сакам да му раскинам или скарам, таман работа ако се раскинува и расправа за секаква глупост.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.653
    Допаѓања:
    22.340
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со jacqueline, Наусика. Иако само тој си знае што била работата, се гледа дека е некалкулирана и моментална реакција, затоа што, логично е, помалку време да му е потребно да крене слушалка и да каже „ќе те барам после“, отколку да прати порака. Имам една другарка, абе и на це-де да е пуштен филмот, да може да се паузира, не дава да писне никој да не изгуби секунда од филмот... еее добро дее, да не се фолираме, не е другарка во прашање, туку јас сум таква. :wasntme::D И тоа е само една од моите нелогични навики. :rofl: Секој со навиките, некои логични, некои не, но такви сме и ние луѓето, се` само не совршени.
     
    Последна измена: 31 октомври 2014
    На Nausicaa и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  11. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Мислам дека претеруваш малце, или малце повеќе. Он можеше и да не ти спушти или па да не ти прати порака. Можеше комотно како улава да ѕвониш и што? Ќе се карате? Можеше да ти каже, па не го слушнав телефонот, гледавме филм. Нормално нема ништо да ти каже, пошто не сака да се карате за најтапа ствар.
    Следен пат, пиши му порака, или па титни му. Или па пиши му ако можеш јави ми се. И тоа, а не одма драма правите за се и сешто.
     
    На Nausicaa и ariela09 им се допаѓа ова.
  12. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски

    Можеби и не е проблем само тоа што ти спуштил и ти пишал порака. Не знам мене сумљиво ми е, како да мотка како да лаже. А и да речеме дека навистина гледале филм, он можел да стане да не им смета на другите и да направи муабет со тебе. Не знам зошто толку биг дил направил гледа филм, ко којзнае што да правел. Глупости!
    Па и јас не правам муабет пред моите, кога ѕвони а јас сум во салон пример одговарам и станувам си идам накај соба.
    Најискрено? И мене не би ми било сеедно. Сите различно го сваќаат ама јас исто би била лута како тебе
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    :!: Види стварно зборавив да напишам и мене ми е многу сомнително, гарант те мота и лаже.:rofl:
     
    На jacqueline.s, tessie и Candid им се допаѓа ова.
  14. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Пак јас.

    Повеќето го знаете мојот проблем. Пак му се понижив. Не можам повеќе. Излегов со друг, избришав се од него (останува уште од фб) ама е ставен во офлајн група. Тешко ми е, на крајот пак собрав храброст да го прашам до кога планира да не ми зборува, се изгаси без да ми прочита порака.
    Едноставно мора да знам зошто не ми зборува, мора да ја знам причината зошто се однесува така со мене. Тоа однесување почна да ме излудува а јас да не знам што е. Имам право да знам бе. Поминав една ебана година со него, ми беше прв, толку многу планови за да на крај се однесува како со губре со мене. Толку многу му дадов. Не можеше да се пожали дека нешто му недостасува од мене.
    Идиот сум еве,признавам. Не требаше да му пишам воопшто, не требаше воопшто да правам нешто да привлечам внимание. Не требаше воопшто да му дадам никаква шанса. Кретен најголем сум на светот.Глупача која се понижува. Ама не можам бе. Последен пат вака се чувствував кога починаа баба и дедо. Глупо, труло, пропаднато... не знам. Толку многу ветувања за на крај да не исполни ништо. Не барам пари и подароци, барав само да ме сака и почитува. Многу ли барам?
    Повеќе не можам да издржам, а лугето околу мене не можат да сфатат колку многу ми е тешко што се борам со чувствата кон него. Батали батали и батали, океј баталив ама болката е овде и не си оди! Ете полека се дистанцирам од него, излегов и со друг, направив многу промени, се дружев и повеќе излегував ама сепак тоа е она што се уште ми дава немир во душата. Ова не личи на мене.
    За оставање го оставив, не го молам како порано, ниту му пишувам смс пораќи.
    Ама луге бе не можам повеќе. Само плачам, се нервирам самата ги нервирам другите околу себе, и наместо да ми помогнат ми ја отежнуваат работата. Многу повеќе. Наместо да ми дадат подршка ми прават да ми биде полошо. А не подобро.
    Знам дека ќе ме критикувате ама тоа најмалку ми е потребно во моментов. Знам дека ќе речете да го баталам, ќе го направам и тоа но едноставно болката е овде и не оди.

    не можам да си помогнам сама со себе.
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Наусика, олабави се малку, за тоа ли се крева толкава фама и се раскинува??:o И да се изнервирам во моментот, после 5 минути ќе заборавам, зашто си правите проблем кај што нема и стварате напнати ситуации?!Ако толку ти сметаат такви постапки, биди и ти полабава во однесувањето за такви ситници(што дури е и нормално да бидеш) и нема да ти смета.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Очигледно не си стоиш на зборот за тоа што ти кажав. Незнам како поинаку да ти дадеме совет, кога идеш ти контра себе?
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ме чуди само после сиот разговор со тебе ти пак. Ме чуди зошто тој уште те чува на фб?
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Мислам дека претеруваш. Не знаеме никој од нас овде како вие си ја терате врската и какви карактери сте, можеби за вас е тоа голем проблем, ама лично од мој аспект и споредбено со мојата врска е претерување. Не е толку битна ствар за да до тој степен се лутиш и да држиш лутина. А можеби сте се' уште и на почеток, па ете некои вакви ситници не ви се се' уште навикнати по кој правец ќе одат. Добро е од негова страна што порака ти пишал и ти се извинил (иако според мене немало ни потреба, ништо страшно не направил). А тебе ако ти требал нешто итно секако ќе си му ѕвонела уште еднаш.

    Гледам дека сте на почеток, мој совет ти е да не ја терате врската во правец да се лутите за се' и сешто. Само за џабе ќе си правите нервози, а навистина нема потреба. :) Малку повеќе опуштено пристапувај.

    Јас и дечко ми сме договорени конкретно за оваа проблематика. Кога јас му ѕвонам, а тој не може да ми крене или не може да збори, ми спушта и ми се јавува веднаш откако ќе заврши. Се случува да е со луѓе, на работа, некој службен муабет итн. Не ќе се лигави со мене на телефон. :D Но, доколку е нешто навистина итно и итно ми треба тогаш му ѕвонам упорно втор пат и знае дека не го барам за онака муабет туку нешто навистина ми треба и наоѓа начин да ми крене. И обратно, истото важи и за него кога тој мене ми ѕвони.

    Така што, направете некој компромис, договор, најдете заедничко мислење, за да немате вакви лутења во иднина. :)
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Сите имаме различен систем на однесување и размислуваме различно за некои ситуации. Она што за тебе е непоимливо, за дечко ти е сосема нормално, токму како конкретната работа. Него комплетно нејасно му е зошто реагираш така, бидејќи не направил ништо лошо. И реално не постапил погрешно, тоа е нормална реакција, не менува многу дали те исклучил или ти се јавил.

    Во неговата ситуација, јас не би ти кренал воопшто. Тој бил дури и доволно доблесен да ти напише порака. Мојот коментар потоа ако се лутеше ќе беше: Ти кажав дека гледаме филм, зошто досаѓаш? И муабетот може ти се десило нешто не го земам како битен, мислам, имаш 20 години, немаш 75 па секој момент да може да ти се слоши.

    Во твојата ситуација, кога веќе се случило тоа што се случило, ќе бидам задоволен дека ми праќа порака. Не би вртел воопшто, ама ако веќе сум свртел, може и ја би се налутил дека сум откачен, ама дефинитивно не би бил во право.
    Ако имаш основа да се сомневаш, каде е, со кого и слично, тогаш тоа е друг муабет. Ако не е тоа, тогаш... here, have a beer and enjoy the moment. :beer::dance:
     
    На Marossa, Nausicaa и tessie им се допаѓа ова.
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    @Nausicaa и ти мислиш дека ова е сериозен проблем?
    Ете што ти се вика жена во очите на мажите.
    Добро, ти изгасил и ти пишал веднаш порака. Може бил најинтересниот дел од филмот, може не сакајќи ти исклучил, што се возбудуваш толку? Божем спиел со друга абе...
    Не ти значело тоа извини??? Тоа ти е исто ко сеа да ми падне чашава и да се скрши, јас да и се извинам на мајка ми, таа да не ми прости и да не разговараме една недела. И ја гледаш мама совети бара како да ми прости за скршената чаша. :shake:

    Значи олабави се малку, не биди хистерична.
    Да те информирам дека веднаш си му се одмилила во тој момент затоа што мажите мразат такво паничарење и хистеризирање за глупости.

    Смири се малку.
     
    На Hipica, Nausicaa и tessie им се допаѓа ова.