Прво, да ви се заблагодарам на сите кои одвоивте време да ми одговорите. Зборував пак со дечко ми, испадна дека во прашање било токму тоа и што го мислев - не сакал да им смета на сестра му и братучетка му додека гледаат филм и затоа не ми кренал. Искрено- не ми е сеедно што ме откачи поради таква причина, и јас сум била во слични ситуации (другарки, мајка, баба) па секогаш сум кревала слушалка, макар колку да кажам дека ќе му се прејавам ама ете, секој си има различни приоритети во определени ситуации. @femina90, не не никакво раскинување, (пу пу далеку било), чисто ме интересираше како другите размислуваат за ваква ситуација. Да ги прашав другарките од ријл лајф, ќе ме тапшаа по рамо и во хор ќе пееја како тој е кретен/ вол/ дибек итн. Јас многу ретко се нервирам и се лутам и затоа сакав да знам како другите гледаат на ваква дешавка @Candid, иако никој реално не може да биде 100% сигурен, јас му верувам. Досега ми нема дадено никаков повод за да се сомневам во него и сигурна сум дека вчера вистина гледал филм. @Daydream, ние имаме прекрасна и многу хармонична врска и досега не сме имале никакви посебни `рчки и секогаш се сме решавале со отворен разговор. Од самиот почеток стартувавме сериозно, со гледање скоро секој ден и еден на друг сме си приоритет. Признавам, тоа што ме откачи по кратка постапка за да не им го нарушува комодитетот на сестра му и братучедка му додека гледаат филм малку ме заболе. За 9 месеци доволно се запознавме за да знам дека, да беше ситуацијата обратна, тој исто ќе изреагираше и затоа толку и ме натажи тој момент вчера. @Captain-Omni, јас го побарав после полноќ, а тие седнуваа филмот да го гледаат околу 7 ипол, секако немаше да му вртам да знам дека гледа филм. @ariela09, не знам од што заклучи дека сум хистерична? Не мислам дека ова е сериозен проблем, напротив, сметам дека е ситница, ама ете, мене не ми се допадна тоа однесување на дечко ми, исто како што него не му се допаѓаат некој ситници во моето однесување. И во никој случај не планирам да премолчам ако нешто ми смета од страв да не му `одмилам`, ако обичен муабет во кој му укажувам дека нешто не ми се допаѓа кај него е доволно да ме отсака, тогаш таков дечко не ми ни треба.
Феминки фала на одговорите! Ќе го баталам, тешко ќе ми е ама, морам! Типот не е спремен за сериозна врска,чим така се однесуваше. Денеска се распрашувал за мене, и таа блиска особа го слушнала сам кај што си збори, демек сам ќе останел, демек срцето му заминало и 300 плачки! И ајде, сфати ги машкиве денес.. Не сум контрадикторна, него јас не би се скарала за такви глупости, него би ги поправила, ама очигледно типот не е спремен за поправање, него послесно му е да раскине, зошто ако ме сакаше,ќе се потрудеше!
Девојки сакам да ми дадете ваши мислења и совети се работи за моја блиска другарка,не мислев да пишувам во врска со тоа,меѓутоа веќе и јас сум инволвирана.Ќе пробам колку што е можно пократко да ви ја објаснам ситуацијата.Другарка ми беше во 6 годишна врска која прекина пред 1 месец.Дечкото со кој беше во врска исто така добар познаник,неможам да кажам дека има лоша душа,меѓутоа има многу комплициран карактер.Уште од сам старт во нивната врска имаше љубомора од негова страна,неверство од негова страна,бранење да се оди ваму таму.Другарка ми преминуваше преку тоа,после извесен период се намали речиси тоа,бар јас колку што знам,меѓутоа нивната врска се одвиваше само во 4 ѕида,ќе отидеше другарка ми кај него,со неговите во соба,ништо не правеа заеднички,ниту малку да и посвети внимание,имало многу ситуации кога ја ставал на игнор,многу ситуации кога ќе и се јавил дојди кај мене она одма кај него без разлика дали е со некоја другарка или не...Многу пати другаркава му има зборено да се смени,многу пати и јас и имам давано совети,секој нивен разговор завршуваше со ветување од негова страна дека ќе се смени и после 2-3 недели пак по старо...Пред неколку месеци другаркава почна да работи,а нејзиниот сега веќе бивши има 23 год а сеуште го влече факултетот,само дома седи,ни учење ,ни занимавање со нешто...Не ја имам слушнато да каже нешто во врска со тоа,но ние сите од страна согледувавме како стојат работите...Веќе престанав да ја советувам,да ја прашувам,реков доволно е возрасна сама знае што сака,меѓутоа приметив пред 3 месеци дека веќе не оди накај него и дека не се слушаат толку,мислев ај има работа ,меѓутоа она пред месец побара од него да направат пауза,односно несакаше да биде веќе со него,бараше простор,во меѓувреме нејзина бивша љубов се појавува во целата слика,и она започнува да се гледа со него,дечково од 6 годишната врска никако не попушта не прифаќа не,моли,ја бара,ги вклучува сите можни пријатели во целата ситуација,сфатил сега мн работи и сака назад,ќе се сменел милион посто,сфатил дека животот би го дал за неа,сакал со неа цел живот да го помине,сите тоа го знаеле,а другаркава е се повеќе оладена ем од што он ја притиска,ем што е тука бившата љубов...Не и се мешав во одлуката,бидејки знам низ што се поминуваше,иако на моменти се прашував дали доколку не се појавеше таа бивша љубов,она пак ќе се смиреше со него...Сега јас треба да ја прашувам дали има шанса да му даде на него можност да и докаже многу работи,а не сакам да се мешам воопшто,знам кој одговор ќе го даде исто како и на сите други што периодов зборуваа со неа...Ја знам и пред оваа 6 годишна врска,и за време на таа врска...Ја знаев како весела,па после како негативна и се се вртеше околу него,сега тврди дека е среќна и задоволна што мене ми е мило ако е вистина така ,ама би сакала да слушнам ваши мислења доколку успеавте да ја разерете целата приказна
И самта велиш дека животот и се вртел околу него. Тој ќе пукне со прстите и таа лета. Доста и е веќе од се 6 години затвор. Тој сега ветува, затоа што ја губи. Имал доволно шанси за 6 години, а зошто баш сега би се променил! Секој има право на слободен избор, ако таа е среќна радувајте се и вие. Орелски криља как да си метнам и внаши страни јас да прелетнам. Има ли нешто поубаво од слободата и внимание од некого кој што целосно ти е посветен? Нема
Спојлер Колку сакам кога машко моли. Многу. Посебно ако девојката цело време се обидувала а тој не се менува и на крај ја сфаќа грешката. Е кога човек губи тогаш сфаќа. Е нема така. Или ќе ме третираш како што треба или мрш у пичку матер. Почнав и јас да го користам тоа, и конечно сфатив затоа што знам како и е. Јас не би простувала на тој со кој била шест години од страв да не продолжи со пак истата работа. Сфатив дека понекогаш треба да имаме гордост иако гордоста не секогаш е убава работа. Ма ако и е убаво со оној бившиот нека остане со него. Затоа што знам како е кога некој те третира лошо. Нејзина е одлуката, ама се сомневам дека оној со кој била шест години ќе се промени.
Затоа и првенствено најголем удел во нејзината одлука беше тоа дека изгубила доверба и веќе неможе да му верува на неговите ветувања бидејки мн пати ја извисил,он моли сега,кај стигне,за да му даде она шанса,ама јас чисто се сомневам,а и да се смират сигурно нема да биде оа истото од нејзина страна...
Хаха верувај многу ноќи не сум преспала зборувајки го тоа,устата пена ми фати што се вика од толку зборење,и залудно беше,на крај требаше сама да си сфати изгледа...
Го имав и го имам истиот проблем ама решив да ставам крај. Ветуваше, и на крај пак по старо и се во круг а јас будала летав по него. Колку нервози, колку солзи... Па толку немам плачено кога ме извадиле од мајка ми Нека се поштеди од нервози и нека оди напред.. Ако е среќна со оној нека биде со него. И кога еднаш ја губиш довербата тешко е да ја вратиш.
Треба да оставиш да биде среќен бидејќи тој тоа го сака он е среќен со неа. Имаш време ќе сретнеш и други машки, ќе флертуваш сега допрво животот ти почиња
@Kala22 Девојко, од лично искуство ќе ти ја објаснам целата работа уствари шо се дешава. Типот ја сака, нема сомневање во тоа. И таа го сакала но сепак била доволно разумна за да знае како да се постави кон работите и да постапува коректно, за разлика од него. Неа и дошло преку глава од трудење и придонесување во врската, се чувствувала како таа да води врска сама со себе затоа што типот не се замарал едноставно. Кратко кажано, he took her for granted... Момето се оддалечила од него, побарала пауза за да види како би и било без него и потајно да се спреми да стави крај на нефункционална врска. Бившиот само ги искомплицирал работите а инаку нема некоја голема улога и функција во ситуацијава. Дечково сфатил каде грешел цело време со помош на времето изминато без неа затоа што конечно почувствувал дека таа му била сликата на иднината и светлата страна на животот на која не и обрнал внимание а требало. И секако тука има влијание и чувството дека ја губи поради бившиот нејзин дечко. Е сега, што всушност би се случило ако таа му се врати? Неговите ветувања и молења ќе пропаднат за период од 2-3 месеци, затоа што наравот му е таков на тој човек и можеш само дел да смениш од него што сигурна сум дека таа мисија веќе е завршена затоа што се работи за 6 годишна врска. Но толку е неговото менување. После 2-3 месеци преименување од *мангуп* во *папучар* тој повторно ќе се врати на старо (мангуп), гарантирам, и ќе ги има истите проблеми долго време и повторно ќе дојде оваа истава ситуација и добиле само потрошено време. За да не губи време, нека раскине со него затоа што веќе е многу очигледно дека не можат да функционираат. Овој бившиов нека го гледа само како плус причина за раскинување затоа што, реално, глупо е да прекинеш 6 годишна врска за бивши. Има доволно голема друга причина за прекин на врската. Се расприкажав јас...
Искрено се што кажа е вистина се согласувам потполно,само сакав да слушнам мислење од друга перспектива.Инаку дечково не знае за бившиот ништо..Ја прашав вечерва ми вика и да не бил бившиот ќе ја донела истата одлука,што навистина се согласувам дека е правилна,жално што толку време потроши за таква врска...Моментално мене највеќе ме иритира фактот што он милиони страни вклучи во овој проблем ако можам така да го наречам меѓу нив,инвловира мој близок пријател и негов пријател да разговара со неа,јас се убедувам, објаснувам како стојат работите ама џабее...Несакам да заземам страни и да ја убедувам да размислува за да се смири со него,кога знам дека не залужува и само ќе биде се исто ништо поразлично иако он тврди спротивно,почнал да пуши по 2 кутии на ден,ослабел,во депресии бил,плачел и сл,залудно му е тоа сега..И сега другаров сака да дојде да прави муабет со другаркава ми вика ти да ме подржиш -си кажав дека немам намера да подржувам нешто и некого што толку време не преземал ништо за да ја промени ситуација,и во никој случај неможам и несакам да застанам на спротивната страна поради фактот што она мене ми е долгогодишна пријателка а он и бил само нејзин дечко кој јас сум го познавала...
Вака,сеуште си мала.За две години животот многу ќе ти се промени и многу поразлично ќе размислуваш.Мали сте за врска бе,12 години..многу напредни машала.. Сега ќе „патиш“ по него,а за еден месец оп нова симпатија.И да поминат 2-3-4 години,се додека не сфатиш со кој си своја и што заслужуваш,не влегувај во врска.Животот е пред тебе,уште многу работи ќе искусиш,за вакви работи не вреди да се нервираш,верувај
Дете на 12 години ние незнаевме што е хормон .. Земи учи и не се замарај уште си малечка да се замараш со дечко , нема да ти бега тоа ,нема да го тераш да те сака остави го со таја пошто ако е некој бараба би можел и двете да ве играше чим знае дека го сакаш, а тој несака и остави на времето .што е твое ке си дојде уште си дете
Kala22, супер е тоа што другарка ти конечно решила да стави крај на таква врска после 6 години. Ама дали стварно мислиш дека доколку не беше бившиов дека таа немаше повторно да се смири со дечкото? Почекај, ќе видиш што ќе биде откако ќе се скара со бившиот. Ако не бил бившиот, што не раскинала пред некое време? Тој секогаш бил таков. Девојките како неа неможат да се сами и секогаш мора да имаат план б во тоа поле. Залудно се трудиш да помогниш, нејзе не и треба помош само тапкање.
Девојки во последно време се чуствувам многу чудно, глупаво, не знам како да постапам. Вака јас имам 16 ипол,уште 2 ипол месеца 17, атој 20,уште малку 21. И имам врска 10 месеци, оваа врска не е многу јавна, од причина мал град, се слушаме секој ден(почесто тој се јавува) по 1 или 2 пати и немаме мн.долг разговор, си раскажуваме што сме правеле цел ден и сл. Немаме имано односи. Нашата врска не е формална, т.е тој а ни јас не прашав ништо, се беше спонтано...Јас ги знам неговите другари, и тие ме знаат ама немаме никаков контакт, исто и тој го знае моето друштво ама никогаш не сме испаднале заедно,а не ни сакам. Иако не излегуваме мн.јавно, скоро сите знаат за нас. Единствено нешто што ме нервира кај него е лајкување на фб, ама ајде, нема да придавам мн.важност. Последните неколку месеци имаме петинг, и тоа го имаме секоја вечер кога ќе се видиме во последно време, а се гледаме на преку 2-3 дена, зависи од времето. Тој сака да имаме односи, и јас сакам, ама некако не сум сигурна во мене, некако се плашам да не се покаам, а од др. многу сакам да ми биде прв. Од друга страна си мислам ние немаме ништо заедничко, што ако сексот подоцна ќе биде единствено нешто што ќе се гледаме. Си мислам дека тој не ме сака а не знам зошто вака мислам, можеби поради притисокот од моето друштво. Моите другарки исто така имаат врски по 6-7 месеци, имаат по јавна врска, имаат формална врска, имаат односи, веќе се имат запознато со нивните родителите, понекогаш заедно излегуваат, на вечери, си одат по дома, се слушаат мн.често, дечко им забранува дали ќе носи кусо, дали танга, кога одиме на диско, ретко кога се сами, а и често се караат. А моиве другарки се радуваат кога дечко им нешто ќе им забрани, со тоа повеќе се сакале, а сите мои другарки ми викаат дека јас немам врска, моето не личело на ништо, а камоли па да имам односи со него. Најлошо е што и јас понекогаш така си мислам. Јас навистина не знам како би изгледала една врска нормална на 16 ипол години, ама дефенитивно не би сакала да бидам врзана за некој толку, а од др.страна веќе почнував да чуствувам дека јас сварно немам врска. Јас навистина не знам веќе дали јас сум во право, или можеби другарките? Дали треба да ми се јавува повеќе, дали да се гледам со него секој ден, дали на секое зборење да му викам те сакам, дали треба да се запознам со неговите родители, а тој со моите... Како би изгледала една нормална врска, и дали јас со него би се впуштила со него повеќе како односи, или не, според вас?
Твоево ми изгледа за нормална врска за вашите години, а не на другарките.Уште сте премногу млади за да си одите по дома. Забраната не е сакање туку љубомора. Така сега мислите , а понатаму тоа ќе ве гуши, ограничува. За сексот ако не си сигурна и се предомислуваш немој да го имаш. Кога ќе бидеш доволно сигурна во себе дека сакаш да почнеш со односи тогаш. Не знам дали родителите забегаа заедно со децата па го носат дома секој дечко или девојка што ќе ги имаат!? Оправдување на роителот би бил, ако веќе има дечко сакам да видам со кого е. Ама пак од друга страна не стасавте за мажачка па секој да се носи дома. Мое мислење е дека ова засега што го правите е сосема доволно, самата велиш дека не би сакала да бидеш врзана. Почитувај се себе си за да те почитуваат и другите.