Стресни се мила врските на далечина и не може секој да се справи со нив. Имаш само зборови и ти си ја чукаш главата, па посебно женското кога е во прашање, се праат анализи „ако мене ова он ми го рече, тоа значи дека во таа ситуација ... “ Значи на такви сценарија што ќе си ги креираш, Спилберг капа симнува. За ова доволна е само тишина од другата страна, не е ни зор далечина. Не зборам на памет. Кај вас, врската на далечина ви го истенчила трпението, особено тебе и полека довербата почнала да се губи. Oн е тука најкрив. Зошто ќе речеш. Затоа што, на далечина, ти останува да му веруваш на зборот, а тој тоа во секоја прилика го злоупотребува. Ако си рекол за еден саат ќе пишеш, пиши, или пак во првата слободна прилика речи дека си спречен или дека едноставно си изморен. И да се случило нешто поради коешто не можел да си го одржи зборот, најпонизно и најискрено, од срце ќе се потруди да ти објасни подоцна. Најискрено и од срце да ти пристапи. Па не да не му замериш, туку уште позначаен да ти стане. Не ми се допаѓа ваков карактер, демек ти си му нему за разонода кога нема да му се спие/јаде/кога ќе му ќефне со други зборови. Мисли ли тој на тебе, на твоите потреби, те прашал ли како се чувствуваш? Главата бил он... да не е умислен дека ти прави случајно услуга што е со тебе, благородниот он мачена душа... Џабе и ти го зборам ова, веќе сум сигурна дека ти све ова многу добро си го знаеш. Барем потсвесно, инаку немаше ни да пишеш тука. Повеќето жени знаат кога некој си игра со нив и повеќе им се јасни некои работи одошто покажуваат, ама од што се кревки и слаби на таа личност не сакаат да си признаат бидејќи ќе ги боли премногу, иако имаат и во истиот момент решение за проблемот. И некои си го користат фино тоа, нели, еден е животот, од секоја треба максимум да извлечеш посветеност и да се изнаиграш и се` останато. Ама забораваат една работа. Со секоја таква мала повреда, жената малку по малку се челичи и и самата нема да си верува еден ден на очите кога ќе гледа странец во тој маж. Oва важи и за жените коишто им се праат многу фраерки во врски на маживе. Љубов не е фраерлук и тестирање на нерви. Љубовна врска е несебично давање, од двете страни. Два огна подобро греат од еден. Ама во свет во којшто толку сме свесни за тоа колку се луѓето лоши, вакви, такви и сме ориентирани кон нашите чувства, го занемаруваме ова толку едноставно, ослободувачко и пресудно правило.
Не разбирам баш колку пати се видовте за овие 5 месеци? Сите каги ви се по телефон? 7 години разликата е голема ако ти си под 20 години.Неговото однесување не ми се допаѓа воопшто. Нормално е да ти се јави ако веќе рекол, а може и на маса заспива којзнае! Нормално е да се побуниш, ама кај некого нападот е најдобра одбрана, па ти си крива за се. Најди си дечко од твоето место што ќе те почитува и уво да не ти чуе.
Најди си некој од твое место, не се замарај на врски за далечина, не се за секој и само премал број успеваат,
Која феминка е во можност да ме посоветува, би била неизмерно благодарна, ми треба совет, нека ми пише ЛП!
Потполно разбирам како е да се има врска на далечина и тоа со илјадници километри измеѓу,дефинитивно не е лесно,дефинитивно малкумина ќе успеат да ја одржат таа врска.Можам да кажам дека ваквите врски бараат многу повеќе труд,трпение и доверба и тоа подеднакво од двете страни.Во принцип за машките можеби некои работи се небитни и не ги перципираат како ние женските,па затоа и им е несфатливо кога ќе им се побуни некој за нешто.Да не ме сфатите погрешно во никој случај не им го оправдувам тоа.Каква е таа врска каде неможеш да си кажеш искрено што ти смета па уште да добиеш одговор од типот-ти си дете и слично.Сметам дека не е во ред,и сметам дека доколку му значиш и те сака ќе се потруди да го смени тоа што тебе ти смета.Како што кажа Далерон нападот е најдобра одбрана,во овој случај тоа и го направил,а не гледам каде си ти дете во ситуацијава...Да бил он на твое место,се сомневам дека и тој би преќутел.Неможам да ти кажам батали го,секој си знае што е најдобро,ама ќе те посоветувам убаво да размилиш,неможе еден да се труди,друг не поготово не во ваква врска.
Врска на далечина успева доколку и двајцата вложувате а не само едниот. Има и таа свои предности. Само не секој ги гледа. Инаку ако некој се однесува така ќе му дадам до знаење колку греши со неговото однесување. Знам како ти е затоа што јас бев во слична ситуација и еднаш морав да го преќинам тоа. Знам дека е и лесно да се каже, но потешко да се направи но никој не заслужува таков третман. Не треба да се понижуваш и да го молиш. Кутриот тој, ќе му падне круната ако ти се извини. Ако сакаш да се измачуваш продолжи со него, ако не сакаш знаеш што треба да направиш.
Девојкиии,незнам по кој пат ми се случува едно исто патење у љубовта. Не идееее, кога не сака не сака у пи*ку матер. Од Август месец почнав со еден тип да се гледам, се беше океј, од убаво поубаво... првин насамо се гледавме, па постепено почнавме да излегуваме,на кафе у кафич, кино,запознавање со негови другари...прекрасни моменти. И забележав 2-3 дена нешто ко да не е он и нормално си прашав. Разговаравме и ми кажа дека веке 2 недели мн ладно се осекал он ни он незнаел зашто така, јас се сум била океј. Ова испага како да мислел дека ке се навикне на мене ама ништо. А не ми ејасно зашто тогаш од Август до ден ден,пак долг период е и наеднаш на него му текна нешто. А кажа демек никоа друга немал, не се гледал, не пишел не му се удварал и удварале ( а и до некаден можам да му верувам во тоа). Премногу се навикнав на него, убаво ми беше и мачно ми е сега многууу,незнам како би продолжила а да сме разделени. Кажа му требало време да се среден психички,макар што неверувам во такви ствари,крпен живот. Незнам не ми иде никако у љубовта се ми трае пос 3-4 месеци. страв ми е, а имам 22 години се мислам дека така ке останам, незнам веке што да правам. Ве молам за совет,искуство....
Јас мислам дека ја преувеличуваш ситуацијата. Дечково бил многу искрен со тебе, камо да бидат другите машки барем 50% како него. Чим така ти кажал така и е, ти почитувај го тоа. Не те лаже, не те вара, не е кукавица бил искрен. Тебе не ти се случило да ти се допаѓа некој па послем едно време без причина уствари сваќаш дека повеќе не ти се допаѓа?? Јас со мојов идам многу подолго од тебе па го молам да биде искрен дека во моментот кога ке почуствува дека не иде да ми каже дека ќе преболам само нека биде искрен. Можеш да продолжиш, само мораш и да го разбереш. Искачај со другарки, не го напињај не му пишувај, почитувај ја неговата одлука. А највише што ми боди очи е твоето кукање дека си имала само 22 години и дека ќе си останела така. Де бре дете, имаш посериозни проблеми во животов, земи нешто работи, прави, биди продуктивна, се друго ќе си дојде ама не ако го бркаш и форсираш..
@Leo-nora Постајано го повторуваш зборот навика, зошто? Каде е тука љубовта, разменувања на нежности. Не очекувај некој да се навикне на тебе за 2-3 месеца, навиката доаѓа многу подоцна. Колку што успеав да разберам од твојот пост нема страст, љубов, емоции туку ја споменуваш навиката. Не си престарена, камо да се вратам сега на твои години ќе ги гушкам дрвјата, клупите абе целиот свет и воопшто нема да се замарам со некој си дечко или навика. Главата горе. Често знам да напоменам дека за секое тенџерче има и капаче, ако не одговара капачето ќе го смениш. Немој упорно да настојуваш да задржиш некого со сила покрај себе, секогаш ќе ти се лизга низ раце.
@Leo-nora Морам да се согласам со Далерон. Ова што го напиша ми даде впечаток дека понекогаш повеќе ја форсираш ситуацијата,а со сила убавина не бива. Љубовта ќе си дојде, без тагување, без секиранции, и без форсирање. Остави ги нештата да си одат со својата природна брзина и да си се одвиваат без планови и навикнување,и ќе се изненадиш колку тоа функционира.
@Leo-nora дали тебе ти е повеќе да не останеш сама, без дечко или пак ти е повеќе за типот и тоа што не си можела да продолжиш напред без него? Де бре, 22 години си.. Не е крај на светот ако не успее со него. Сите сме имале проблеми во љубовта и знаеме дека првиот чекор е секогаш најтежок но кога ќе го направиш после се ќе оди како што треба. И колку да ти звучи клише ниту е прв ниту е последен. И постојано велиш дека по 3 4 месеци преќинуваш врска. Дали си помислила дека правиш и ти нешто погрешно некаде? А можеби и е до нив не велам не. Но пред да почнеш врска треба да го запознаеш прво подобро момчето па потоа. И немаш причина за тага. Дај му време на момаков, не го притискај и остави го да сфати самиот што сака. Биди среќна што барем бил искрен со тебе, не мора веднаш да помислуваш дека има друга. Ах ние женските што чудо сме.
Во врска сум една година.Со дечко ми се сложуваме и ни е супер.Кога ќе бидеме излезени со друштвото неговиот другар постојано ме гледа,ми пишува на Facebook,постојано ми дава комплименти и сл.(Не во пријателска смисла).Кога ќе бидат излезени со дечко ми,му вели да ме побара и јас да му се придружам..скоро секој пат.Незнам како да постапам.Него постојано го одбегнувам.Дечко ми сеуште нема заприметено.Па,девојки...дајте ми совет.Сакам некако да му кажам на дечко ми,но незнам што ќе се случи потоа.
@leona08 Ако со дечко ти е супер,воопшто не се оптеретувај со други. Можеби сето тоа го мисли најдругарски,а ти погрешно го сфаќаш. Ако е пренападно или станува вулгарно во било која смисла,кажи му на дечко ти,а вака ако не ти одговара заради тоа само одбегнувај го и не ја преувеличувај ситуацијата за да не испаднеш ти виновната на крај.
Здраво девојки. Незнаев каде да го ставам прашањето па еве овде зошто сепак мислам се работи за лубовен проблем. Мојата најдобра пријателка во клуб запозна еден симпатичен дечко пред окулу 6 месеци..Јас бев таму имаше преголема хемија, типот немал девојка 2 години и ја избра мојата пријателка или таа него како и да е.Контактираја секојдневно, неможеа да функционираат еден без друг, беше љубов невелам не Правеше се за неа. Е сега од нигде никаде и стигнува порака на пријателката во 7 сабајле : Резил стварно, ти си материјалист, без емоции и чувства,без љубов,се надевам ќе ти помогнат некогаш да ги анализираш овие зборви за тој што ќе биди со тебе да е среќен! Потоа ја блокира од секаде. Правеа СЕ еден за друг и наеднаш бум. Заедно бевме дома да го побараме, небеше, му пиша порака, не врати. Па сега од несигурни извори разбра дека наводно си фатил девојка. Начисто девојчето полуде. Му пиша експлицитна порака на која тој врати '' јас никогаш не се однесувам така со тебе, пази како разговараш,мене мие гајле но тебе не те личи'' . Загрижена сум,знам дека е добро дете но не сакам да ја изгубам пријателка ми, веќе не сака ни да излегва од дома, тотално ништо не ја интересира, само антидепресиви и спиење. Незнам што да правам загрижена сум.
Ќе биде виновна ако не му каже. Мислам дека дечко му треба да знае што се случува. Или пак знае а чека на нејзе да му каже. Туку, не чекај многу.. Кажи му на дечко ти и како доказ покажи му ги пораките кои ти ги пишува на фб, доколку ги чуваш. Не и дозволувај да пие антидепресиви туку не ја оставај сама во никој случај. Јас би советувала да го оставите некој период. Барем недела дена да видите како ке оди работата. Можеш и да разговараш ти со него и да го прашаш зошто се однесува така? Дали можеш?
@JustFun Ако во пораките директно и очигледно и се додворува,тогаш да,ќе биде виновна ако не му ги покаже и можно е да излезе дури и дека тоа на нејзе и одговарало па дури и тој да се сомнева во неверство. Но ако се напишани во другарска смисла, и таа погрешно ги протолкувала,може да излезе дека ја преувеличила ситуацијата. Зависи од тоа до кој степен е дојден таквиот негов однос. Можеби ќе мисли дека сака да ги скара затоа што тој не и одговара и слично. Затоа,се согласувам дека треба да знае што се случува,но само ако се случува нешто.
Знаеш како се вели: Боље спречити него лечити. Ако тоа неговото однесување со тоа што и дава комплименти е зачестено, секој ден и да го тера дечко и да и се јавува и да му се придружи и таа тогаш мислам дека другар му се залетал по неговата девојка. Мислам дека не треба да чека многу. Јас имав слична ситуација и реагирав брзо и потоа тоа се погоди како правилна одлука. Па исто имав и ситуација во која не му кажав на мојот партнер дека друг негов другар "ми се пика" па си направив илјадници проблеми. Мислам дека навреме треба да реагира. Дечко и нека одлучи понатаму во која смисла се.
Оставен беше цело лето, немаа никаков контакт. Јас го имам видено ама ме погледнува грдо и се трга како пријателка ми да му го срушила светот. Незнам стварно, доколку не пие антидепресиви ќе биде полошо и мајка и знае и и дава. Не ја оставам сама во никој случај но ова веќе излезе од контрола. Во живо се немаат видено од кога престанаа да контактираат...