Незнам колку време сте заедно, ама ти не можеш да му браниш да има другари и да си ги носи дома. И во право е дечкото извини вака што размислува дали да те земе за жена. Во твоето понашање гледа он дали имаш потенцијал дали ќе те бива за жена да му бидеш. А ти што правиш? Се понашаш детинесто, ете тоа болдот ти е детинест. Значи тој се труди да ти удоволи да те смири и се, а ти упорно продолжуваш со своите ќефови. Еден ден е во прашање ако биде со другарите нема цела вечност. И ти ако си удрила во колата дека тоа што не требало да крене рака не е во ред, но сигурна сум дека тоа го направил од момент на бес и на загуба на контрола. Неможеш да бараш да биде врзан за тебе како куче и да не оди никаде. Не можеш вака да се понашаш.Извини но јас не гледам кривец во дечкото туку во тебе. Дефинитивно треба да се смениш.
Се е тоа океј и ја сосема разбирам.ја неам против тоа тој да има другари па зарем цел живот сами ке бидеме..си има другари кои се океј и ја си ги почитувам и си искачаме и се е најнормално,ама со овие другари има долга сторија која шо вероватно да ја раскажам ке ме сватиш зашто сум против и зашто се лутам.да е некоја на мое место може и полошо ке реагира.ама нема врска ...сепак фала ти.и да подобјаснам не удрив во колата намерно туку го извадив каишот па тој удри,нема врска бидна што бидна
велам дека цел живот сум со него затоа што со него израснав па мислам на мојот цел живот на овие години што ги имам..за лоша не сум лоша и никого не сум понижила може овде пишувам се и си го вадам бесот ама тоа е само овде на форумов незнам по што заклучи дека сум лоша ама ок секој има право на свое мислење.
@Kayley Мислам дека нема причина ти да се секираш,бидејќи според напишаново не си му згрешила ништо. И да бидне нешто помеѓу вас,и да не бидне,мораш да разговараш со него и да видиш што е работата и зошто така се однесува. Најверојатно има нешто за кое што не знаеш ти зад таквото однесување. Дали ќе му ги признаеш своите чувства или не,тоа си е твоја одлука,ма да јас да бев на твое место би му кажала. Според напишаново,мислам дека дефинитивно му се допаѓаш,но можеби грешам.
Немој да мислиш дека не приметува, мажите се приметуваат само така се прават, барем јас од мое искуство неколку пати знам дека приметуваат. Најтазе случка ми е пред неколку дена кога ме шмекаше еден дечко а јас испадната на прошетка со мм до мене и дете во рака па јас мислев дека мм не приметил ама тој и како приметил. Тазе верени бевме на свадба и таму ме шмекаше пејачот на групата кој потоа требаше и кај нас да свири, а мм и тоа го приметил а премолчувал. Јас во такви ситуации секогаш сум му кажувала и тој секогаш ми одговарал да знам видов и многу ми е мило што не криеш од мене. Па можеби и затоа безусловно ми верува. Јас мислам дека најубаво ќе биде да му кажеш, немора директно ама кажи му одоколу
Му кажав пред два дена.Тој ми рече дека го приметил тоа и чекал целосно да му се отворам и да му кажам.Сето тоа се среди со една силна прегратка и една реченица од него:Од сега па натаму се ќе ми кажуваш,и на секој проблем ќе најдеме заедничко решение. Бев истовремено и среќна и со солзи..но сепак воопшто не ми се налути.Фала ви на сите што ми дадовте совет,и ако некоја од вас го има истиот проблем,не чекајте,кажете му.Ве гушкам <>
По подолго размислување решив и јас да си ја пишам маката Во врска сме веќе подолг период,и двајцата имаме седумнаесет години,и многу убаво ни оди. Во нашиот однос нема никакви проблеми, супер си комуницираме,многу сме среќни заедно. Проблемот е што сме од различни градови,и порано многу ретко се гледавме,за викенд одев кај него и преспивав кај него,неговите беа многу добри кон мене,имав супер однос и со двајцата. Меѓутоа,сега се префрлив да учам во неговиот град (Скопје) не заради нашата врска,едноставно така одлучив. На почеток ми фалеа моите (скоро секој викенд сум дома),сестра ми и другарките,но некако се навикнав бидејќи сум од малечок град и тука е многу подобро за мене. Кај тетка ми седам,таа многу убаво ме прифати,и онака отсекогаш ме сакала како свое дете бидејќи не може да има деца. Со него повторно се гледавме само за викенд,но ми беше океј,учи во тешка гимназија и уште на почеток на школска имаше многу за учење. Со тек на време,се’ поретко и поретко се гледавме. Јас разбирав дека има за учење,но се гледавме поретко дури и од кога бев на друг крај на Македонија и тоа ми беше многу чудно. Конечно го натерав да излеземе,и ја искористив приликата да му признаам како се чувствувам,дека не ми е убаво што толку ретко се гледавме. Дури и кога не бев кај моите за викенд,пак не се гледавме. Тој многу ми се налути заради тоа,рече дека премногу сум барала од него,дека бил под притисок од сите страни. Ми рече дека од дома го терале да учи,дека не смеел да излегува затоа што ги расипал оценките. Кога му реков дека,кога веќе не може да излегува барем на Фб да се пушта муабет да си направиме за викенд,и тој ми кажа,дека му го земале телефонот и затоа навечер не бил пуштен. Мене тоа искрено ептен чудно ми падна,затоа што има седумнаесет години а телефон му земаат,мене никогаш не ми земале а кај па на седумнаесет,сега. Од друга страна,чудно ми беше и затоа што ги знам неговите,воопшто не го форсираат за учење и се многу добри и опуштени. Долго време се познавам со нив а и со него,никогаш не сум чула ни да каже дека го напнуваат за тоа,и сега веднаш тоа се променило во друга крајност. Многу нешта ми поминаа низ глава,но му се извинив и му реков дека веќе нема да го напнувам и да му стварам притисок. Отпрвин мислев дека ме лаже,но си реков,можеби се случило нешто дома и затоа го притискаат неговите. Му дадов време,долг период се немавме ни чуено за луѓе кои што се во врска и ептен се загрижив за него. Ако има некоја мака,сакам да му помогнам. Вчера излеговме,и воопшто не беше истиот човек кој што беше порано. Беше многу,многу поладен кон мене и ми делуваше напнато. Го прашав дали има некој проблем,тој само негираше. Колку и да се обидував да разговарам со него,тој се оддалечуваше. Не знам што да направам,стварно ми е тешко да го гледам без насмевка на лицето...
Секој си тераше своја работа... дипломиравме и двајцата, се вработивме, јас имав во меѓувреме сериозна врска која што заврши, истото беше и со него и после толку време решив да се извинам да си олеснам и да немам грижа на совест тој го прифати тоа но неможе да прифати пак да биде со мене
Девојко,довербата се гради со години, а може да се изгуби за секунда. Ако ти било судено да си со него ќе си останала со него. Помири се со тоа и продолжи напред. Тој тоа никогаш нема да го надмине и секогаш ќе биде пречка меѓу вас и да продолжите натаму. Исправи си ја грешката со некој друг, верувај подобро ќе ти биде.
А да го прашаш дечково дали се уште сака да се гледа со тебе, и дали уште ги има истите чувства? Јас колку и да имам проблеми дома кога ќе искочам со дечко ми секогаш се радувам, како прво затоа што во тој момент заборавам на се што ме мачи, и сум многу среќна што конечно го гледам и имам време да поминам со него. Особено ако е после подолго време.
Без разлика што има за учење или дека го напнуваат од сите страни, ти е ефтин изговор од тоа што може он го крие или па не сака да ти каже. Може не му е сеедно што си дошла во ск да учиш, знаејќи дека може и ти да искочиш на места каде што иде он и да го начекаш со Х особа. Кога си била, пред да се преселиш, поинтересно му било, пошто он или ти си идела кај него дома или во ск или он кај тебе и тоа било се. Рече дека неговите не го напнувале за учење или нешто друго, или па телефонот може да му го земат. Или е некаде, или е со некој, или е на фб ама ставен офлајн. Би препорачал убаво да го седнеш и да го ставиш во тесно да ти каже што е и зошто е. Ако има друга, верувај никад нема да ти каже
^ Пред се,ви благодарам. Го прашав дали воопшто сака да се гледаме,ми рече дека се е во најнормален ред,дека се е како порано и така натаму. Се обидов и да го ставам во тесно,но повторно ништо. Секоја варијанта ја пробав за да извлечам нешто од него,но не иде и не знам што да се прави веќе...
И воопшто не му се јавувај, не му пишувај - ништо. Кога ќе те праша зошто речи му па кога веќе ти не се понашаш ко да сме во врска, нема ни јас. Или ако не сакаш толку многу „строго“ кажи му за да види како е кога он тебе така ти прави, а и можеш да му речеш многу имам за учење, ми го земаат телефонот, не можам да искачам. Дај му малце да почувствува како е кога ти вика така.
По просто не може да биде - типов е оладен ама е кукавица (како повеќето мажи кога ке треба да раскинат) и наоѓа изговори, уште па се лути зошто си го напињала. Срце мое, маж што те сака нема да дозволи една секунда да помислиш дека не е така.. ти си знаеш
Еве ќе ти го кажам моето мислење не мора да го земаш здраво за готово. Според мене премногу си млада да се нервираш за незрели дечковци. Јас сфаќам дека си го засакала, си се приврзала и сега ако се разделите милиш ќе биде крај на свет, меѓутоа цел живот е пред тебе. Според напишаново добивам впечаток дека наоѓа изговори да раскинете без тој да биде крив. Не му е изговор учењето, земање телефони и такви глупости затоа што ако сака некој да те слушне ќе најде време и начин. За гледањето ај ќе разберам не може, ама да не може да ти пише ни едно пораче на фб ми е несфатливо. Зарем на него не му е важно како се чуствуваш ти поради неговото отсуство? Јас знам само едно. Не треба да се нервираш за некој на кој му е скроз сеедно дали сте заедно или не. Олади малку, посвети се на учењето, дружи се. Јас мислам дека треба да го ставиш целосно на игнор. Ако му значиш ќе сфати дека грешел и ќе проба да ти се врати. Ако не пушти го не ти треба.
еве ме девојки и мене со нова дешавка..искрено мн ме разочара ама многу али од друга страна и некако ми олесна бар да не ми биде криво и да не мислам дека сум згрешила... прееска на фб пишувавме и луге се изначудев што читам ОН СИ ГО ЦЕНЕЛ ТОА ВО КОЕ ВЛОЖИЛ ТРУД И ПАРИ па затоа ми намавнал ја сум требала да внимавам каишот да не мавне во стаклото јас не сум ценела он тоа колку труд пари и пот вложил во колата.и убаво ме потсети дека и у мене е вложувано и дека ја ценам преемнооогуу повеке од колата и материјалните работи.лелее да не пишувам долго е ама се е у овој контекст и на крај ми вика ако сакаш побарај ме ако сакаш не твое си е ама не си у право.и повеке немал што да се кара и пишува бидејки он си бранел и ценел свое а ја мое. мислам шта речи кај сум го трошела времето?? и коа му кажав а извини незнаев дека мене не ме цениш и ја дека не сум твоја и ми викаа ајдеее се ја баби и жаби сум мешала ..простак незнам веке што да кажам.чекам он да ми раскине бидејки ако му раскинам ја ке ме замара имам лошо искуство затоа ке остаам он да раскине ама дефинитивно е краај
@Jovananana од оваа што го прочитав и што го кажа јас мислам дека ти многу го напнуваш т.е го бараш редовно иако велиш дека му даваш време и простор за се. Дете во овие години ретко се врзува за книга напротив сака да излегува и да се дружи,свака час за исклучоците но колку што знам ретки се. Како што ти кажаа погоре верувај дека ако има друга тој никогаш нема да ти признае. Туку немаш ли ти некои ваши заеднички другари да ги прашаш што се случува да се обидеш да дознаеш нешто повеќе ? Доколку продолжи со такво однесување ти предлагам да се оладиш малку и да свати дека си сериозна и решена да прекинеш со него.Разговарај сериозно и кажи му дека тоа не е тоа како што ви било убаво на почетокот.Дека неможеш така и да не те мачи за џабе ако не планира да продолжи со тебе. Нека свати и почуствува дека те губи па види како ќе реагира
Emily Dora имај на ум дека утре ако ја изгубиш бурмата може повторно да те удри дека ја печалел со пот и не цениш не си пазела. За секаква ситница може да те удри. Прашај го дали тебе те цени повеќе од колата и од било што друго материјално?
да да очигледно така ке биде .. што да праиш луге се мењаат...кој на лошо кој на добро ама овој забегал.колата му е љубов најголемаа за неа живее изгледа ја знаев декА е болен за неа ама до овој степен незнаев порано не беше вака ја бев најбитна али ете..ако бе се се случува со причина ете му ја колата од сеа па натака нека си се гушка со неа и нека си се топли со неа зимово па може и детенце ке му роди .ако ако секое лошо за добро е