хахаха имав и јас таков што колата ја сакаше повече од мене. Ене го лута по градот сам, чат-пат ке легне некоја ама нешто слабо му оди... Си најдов некој кој - го цитирам 'срцето на маса ќе го извадам за тебе' А за другиов важи - она возена возена он ќе ја регистрира Нека си ја регистрира во матично ако сака и сречно нека си живеат
Баш така ! хаха.. и баш ми е мило за тебе се надевам и ја ке најдам некој таков што ке биде и на дела така а не како овој само на зборови. Што знае нека си праии од денес ме не занима
Храбра си си удрила по колата, јас не се осмелив знам дека ќе ми се скрараше. Несакав после да ме оговараат по градот за тоа дека ми се скарал. Го доби од мене тоа што најмалку го очекуваше кога мислеше дека таква глупача ќе си ја земе за женичка. Му ојдов за друг
Уште еден "проблем",но овој пат е на другарка ми.Биле излезеи на кафе со дечко и и дригарот.И дечко и рекол сега ќе ти ја покажам мојата.Другарка ми се збунила.Па уште и ја прашал дали сака да и ја покаже на телефон. Прво помислив дека сето тоа било шега.Но другарка ми рече дека последниве денови чудно се однесувал.Потоа почнал да се правда дека таа му се додворувала,а тој ја избегнувал.А од друга страна ја испраќа до дома.Што мислите??Извинете ако има грешки во пишувањето,од тел сум.
Ај за да разберете. Другарка и излегла со дечкото и негов другар. Седејќи така дечко и и рекол сакаш ли да ја видиш мојата (девојка) и да и ја покаже на слика во телефон што ја има. Другарка и мислела дека се шегува. Но тој во последно време чудно се однесувал а згора на тоа пред девојчето се правдал дека таа (девојка од сликата во телефон) го прогонувала и му се додворувала. Приказната не завршуа тука затоа што дечкото ја испраќал девојката од телефонот до дома. Одговор: Дечкото мува 2 девојќи одеднаш .Сакал да и се пофали на првата ама сам си се вплеткал во сопствената мрежа. Девојче!! Другарка ти нека го преиспита и ако се однесува чудно односно невообичаено има нешто. Дечкото сака да седи на 2 столици.
пхх и зарем е потребно совет на ова? ако сака нека си тера така со срека ,...божее се и послужено на тацна и ај да не свати како понатака со тој ?? чудни работи
Мој совет ...кажи и на другарка ти нека биде среќна што фраерот сам си се издал ако не се издал сега ќе правел мајмунка од неа и кога тогаш ќе се научела,верувам поболно ќе и било...Боље спречити него лечити....Таков фраер што сака две останува сам......Јас да сум била на нејзино место би му го плеснала кафето во лице,следен пат да го е страв и кафе да пие....Колку мразам такви!!!!
Еве уште една дешавка... после се што ми се случи решив да почнам да излегувам со друг дечко се видовме 5-6 пати од кои еднаш ми закасни пола саат пошто се успал се извинуваше цело време дека нема да му се повтори ајде викам се дешава ништо не е, нареден пат искачаме пак го нема. Му звонам,му пишувам пораки, го чекав пола саат и си заминав дома као попарена. Дечкото воопшто не се ни појави, а другиот ден у 5 саат сабајле откако се разбудил ми пишува извини многу што и да кажам малку е знам дека сум крив ова никогаш не ми се случило до сега. Значи се осетив толку глупаво да едноставно му реков веке немој да ме бараш ти си премногу неодговорен и јас ова неможам да го поднесам. Ми пиша уште еднаш да се извини јас пак го одбив и од тогаш немаме никаков контакт. Со дечково ми беше прилично забавно,знам дека сега му е криво али сепак...незнам... Како Вие би реагирале? Дали би простиле?
а ТИ А извини девојко по што заклучи ти дека ми е досадно и излегувам со секој? Што треба да седам дома, да гледам турски серии и да тагувам по бившиот? Ај глеј си работа жити се, ако немаш попаметен коментар ќе те замолам воопшто не ни пишувај
Еве ти ги постовите твоите каде кажуваш дека искачаш со еден па со друг. Што совет да ти дадам, не ми се верува дека имаш 26 години. 26 годишна девојка не би размислувала вака детски. Мојот паметен коментар е веќе кажан. Батали го. Ама изгледа не ти оди во корист изгледа, очекуваш да ти кажеме прости му ако си глупава и утре пак чекај го, може ќе дојде. Ама можеби еден ден.
Таа се труди да ти даде совет а ти ја напагаш. Браво. Не, не мора да седиш дома ама и не мора да одиш од цвет на цвет и тоа со првиот кој ке ти се додворува и после сакаш да те сметаат за сериозна девојка. Кој ќе му гарантира на тој типот дека нема да ја направиш истата грешка?
Значи Вие девојки од горе напишаново заклучивте дека јас сум престарена со моите 26 години и сум несериозна девојка. Лично не ме познавате, никого не судам не ни сакам да ми судат. Секој греши и ќе греши дур е жив, грешките се најголем показател во животот, бидејќи од нив се учи многу... ,а конкретно за Вас и не верувам дека сте цвеќиња за мирисање. Али како и да е секој со своето... Поздрав
Не, не си стара ама пак не мораш секогаш да започнуваш врска ако не си емотивно средена и ако немаш средено се уште со претходниот. А и што ке ти биде ако бидеш сама некој период? Ништо. Среди се прво па потоа започни врска за да не бидете двајцата повредени.
Е ова е веќе добронамерен совет и ти Благодарам за истиов. Затоа е форумов за нас жените да си помогнеме кога сме во густо, да се посоветуваме и слично, али очигледно јас бев погрешно разбрана така да сметам дека доволно се објаснував. Поздрав и убава вечер
Женски како би постапиле ако вашиот дечко нема некоја цел во животот или има спротивна цел од вашата ?Јас го терам мојот да се запише на факултет или да почни нешто да работи, затоа што му мислам добро и мислам дека образованието игра важна улога во животот. Тој ми вика дека не сака да учи дека одел на факултет и се отпишал. Покрај тоа што многу луѓе мислат дека не е важно дали партнерот има завршено факултет или средно образование јас мислам дека тоа е важно за иднината. Што мислите дали оваа врска е осудена на пропаст ? Дали имам преголеми очекувања, проблемот во мене е или ...