Немаш преголеми очекувања со тебе се е во ред. Денес ако немаш факултет исто како да си завршил само основно училиште. Скоро секаде за работа бараат виско образование освен ако не си занаетчија. Секако дека во некои гледишта ќе се разидувате што не мора да значи дека врската од тоа ќе пропадне. Школото понекогаш не е мерило за знаење ама сепак тој лист хартија е неопходен за вработување.
Па не е проблемот во тебе,тоа се твои принципи и критериуми при изборот на дечко,ама за тоа требало на време да се мисли,затоа некои девојки пред да се впуштат во врска ги бараат горенаведените цели(што според мене е грешка).Иначе на сила неможеш никому да натераш нешто да направи,ти доволно си направила со тоа што си го советувала,а негово е што ќе прави понатаму.
Што ако мојот го заврши факултетот кога абер нема да побара некоја работа, се што ќе почне не му чини и се откажува, дури и ми вика дека со мене нешто не е во ред што праќам СВ-ја по 10 на ден. Неговото убедување е дека на тој начин не може да се најде работа туку само преку луѓе и пријатели па чека некој да му се јави и да му каже имам работа за тебе, ајде Ама кога си има поддршка од мама и тато тоа е Точно е, факултетот дава некоја предност ама мислам дека ако си видел дечкоти дека не му оди факултетот поубаво што се откажал, за џабе да не си ги фрла парите. Побитна е желбата за работа и напредок и се разбира одговорноста. Различен степен на образование не значи дека врската е осудена на пропаст
Секои има свои очекувања, макар јас мислам дека кај тебе не е проблем тоа што нема факултет. Се ми се чини ова ти е како причина, а има нешто друго што те тера да се замислиш и да ја преиспиташ врската. Иначе и дечко ми нема факултет ама пак многу повише знаење има од некои што имаат 2 факултета, многу е амбициозен и чита се распрашува, може се и сешто да работи и јас многу верувам дека ке постигне многу во животов. Се додека не седи по цел ден дома, не станува во 4 поручек, не ги троши парите на мама и тато нема зошто да ти смета тоа што нема факултет. Побитни се неговите амбиции и тоа што тој го очекува од животот. Сепак си стојам зад мислењето дека имаш поголема причина за да не бидеш со него, но ти си знаеш
Девојки ми треба навистина совет,скршена сум Имав врска од година и пол со дечко постар од мене 6години.Врската беше на далечина ама се гледавме секој викенд бидејки јас си одев дома,а исто понекогаш и тој доагаше во градот каде што студирам. Мене ова ми беше идеална врска ама верувајте ми беше се идеално,секогаш беше тука за мене,секогаш ми помагаше,секогаш наогаше време,ми беше и брат и другар и дечко.Премногу го сакам. На почетокот имавме проблеми,бидејки моите не се согласуваа да бидат со него поради разликата во години-сега јас 20,тој 26,но го надминавме тој проблем. Јас сум на факултет каде е застапен машкиот пол и нон стоп сум во комуникација со машки. Проблемот е што го излажав дечко ми Имав колега којшто сакаше да излезе со мене,мегутоа јас го одбив и 2 пати се сретнавме и правевме муабет по 10-15 мин,ми звонеше,ми пишуваше пораки,но бидејки и јас имав потреба од некои материјали,му звонев 3-4 пати Бев излезена со дечко ми,ми звонеше колегата и јас му реков на дечко ми дека ми звони цимерката,за потоа сам да види дека не е цимерката туку некој друг.Ми се налути доста,потоа виде дека се имам слушано со дечкото повеке пати и му стана сомнително. На фејсбук имав пишувано со една другарка и сум напишала-се видов со......,значи ниедно име овде не стои,не е доказ ова за ништо ама еднаш излажеш ли толку е,не ми верува за ништо,му кажав дека сум правела муабет само 2 пати на 10-15мин макс. ама не ми верува,мисли дека штом сум го излажала имало и нешто повеке,девојки мисли дека сум го изневерила,а не е така,никогаш не би сторила такво нешто,премногу го сакам,но сепак прекинавме. незнам што да правам,како да му докажам дека греши,дека го излажав ама само за повико,за ништо друго,премногу ми значи и несакам да го изгубам,како да му докажам дека не сум го изневерила,ве молам помогнете ми
Епа на лагата и се кратки нозете. Влезе ли црвот на недоверба помеѓу вас тешко дека ќе биде исто како што било, а посебно што сте оддалечени. Стварно не знам како да го увериш за да пак ти верува, не го познавам човекот за да знам каков карактер има. Верувај дека оваа лага за него била болна и тешко дека ќе се помири. Едноставно остави на времето да се олади тој малку од стресот наречен лага од твоја страна. Немој само да му вршиш притисок нон стоп да се јавуваш и да цимолиш, ниту еден маж тоа не го сака. Ако постапиш така како горе што напишав може и ќе ти се смири, ама ќе бидеш потчинета од негова страна. Олади малку истрпи. Јавувај му се одвреме навреме и онака со мирен галас кажи дека си сакала само да му го слушнеш гласот.
Оф леле што се случува со децава, јас сум изгледа падната од Марс. Дечко на 12 год. абе дете што ќе биде од тебе на 20?ЦЦЦЦЦЦЦ ужаси мајко моја
Леа Меси, баш ми е жал што толку глупаво си постапила, но ете се случува,нека ти е памет за другпат. А сега моли го да ти прости, кажи му дека многу си се исплашила да не ти се налути доколку колега ти се јавува и без да размислиш си ја измислила таа глупава лага. Дека многу ти значи и да ти даде уште една шанса. Вети му дека повеќе нема да лажеш и се ќе му кажуваш.
@Lea.Messi Јас не разбирам зошто кога веќе си знаела дека колегата те свиѓа,не си го откачила на фин начин,да си му рекла дека имаш дечко и се по ред,туку ти си продолжила со комуникацијата по телефон.Ако било само за материјали,баш од него ти текна да побараш,немаше никој друг? Не знам зошто,ама имам чувство дека си направила нешто со колегата,па дечко ти те фатил и сега сакаш да се извадиш и бараш совет. Не мора да значи дека сум во право,ако не сум,единствено што можеш да направиш е да му се извиниш на дечко ти,убаво и смирено. Речи му дека си имала потреба од него и затоа си му звонела. Не цмиздри и моли,туку јасно и гласно.Ако упорно се сомнева,а нема причина,тогаш жал ми е,кога ќе нагризе црвот еднаш,толку е.
@Lea.Messi Не е проблемот што си контактирала со колегата. Сите знаеме каква е денешната колегијалност и колкав избор на колеги имаш шо вон факултет „здраво“ ќе ти речат, не пак материјали да ти дадат. Јас додека студирав искрено само од 2-ца можев да очекувам помош од тој аспект во секое време, а и тие од мене. Проблемот е што си излажала. Не поради тоа што имаш задни намери ниту пак на крај памет ми паѓа да помислам дека си направила нешто, туку поради тоа што самата си си поставила толку строги правила коишто многу јасно не можеш да ги испочитуваш. Шо е следно, дечковците да бидат посредници во комуникација со претставници на спротивниот пол? Зашо бе си рекла „цимерка“, си можела фино да речеш „од факултет ме бараат“ ако не сакаш толку да образложуваш а башка зошто кога го чувствуваш само како колега тој да не биде ставен во истата група. А штом по тоа гледал во телефонот и проверувал, значи дека недовербата кај него е од поодамна. На прашањето „Зошто ме излажа?“ во таква ситуација си требала да одговориш „Штом е дојдено до дереџе да ми проверуваш во телефон, зар прави огромна разлика?“ Ма каков е тој однос воопшто? Можеби постојат интимни работи кои немаат врска со вашата љубов и врска и не ја загрозуваат, но не сакаш да ги споделиш со него, ццц. Да беше обратно ќе ти направеше драма у стил каква девојка си ти, за еден муабет толку да си го малтретирала... му се јавила, па што, го свиѓала и му се пуштала претходно „па што бе срце мене ме сакаат ама ја твој сум ово оно, па може ли бе душо некој тебе да те замени“, и такаму натаму јајца... уште ќе ти го сврти умот на крај. Или веројатно ќе беше увреѓен и повреѓен дубоко што си му гледала во телефон. *шмрц* Мора да се пристапува со поголема самодоверба и строгост, како што го прават тоа и машките. Да се направи и машките да се борат да ги задржат жените како некогаш, а не секогаш на жената да биде товарот да разгорува страсти и штознам јас што. Си ја прифаќаме потчинетата улога и им ја олеснуваме работата. Лесно е да се каже, знам. Знам.
@Lea.Messi знаев дека од некаде ми е позната сцената со колегата, сега видов дека било од темата Раскинување без причина и без збор. Сега во оваа тема како што гледам различно ги прикажуваш работите, па не знам на крај која е правата вистина? Ако е дечко ти навистина таков болно љубоморен, тогаш верувам дека си реагирала на тој начин од причина што си се плашела од неговата реакција, и затоа си постапила така и со другарка ти и пред него. Тоа што ти раскинал верувај дека е најдоброто нешто што можело да ти се случи (под услов секако дека е навистина таков болно љубоморен како што го опиша во мислењето што ти го цитирав од другата тема). Меѓутоа ако е навистина таков, не верувам дека толку лесно ќе те остави на мира, еве пробај остави го, не му ѕвони ти некој период, ќе видиш како пак ќе се појави да те прогонува. Не може тој без некој послаб од него над кого може да лечи фрустрации и да изиграва опасен.
Не знам до каков степен ви е сериозна врската.Доколку тоа е долга врска и планирате заедничка иднина и те како ова треба да биде аларм за тебе.Наречете ме материјалиста , ама јас мислам дека дечкото не се бира само со срцето туку и спрема амбициите и финансиите. И мислам дека во многу незавидна положба се врските во кој едниот партнер е многу побогат од другиот, освен ако не станува збор за побогато машко и девојка која свесно сака да ги користи неговите пари.Затоа мислам дека кога веке планирате иднина со некого треба да се запрашате и дали сте на иста бранова должина и со амбициите и материјалните ствари.Да речеме утре може тој ќе сака свадба од 500 гости и на скапо и луксузно место а таа едвај може некоја мала веселба да си дозволи и одма тука ќе настанат караници и во бракот можно е едниот партнер да стане зависен и да голта се поради финансискита зависност. Да не одам предалеку, за мене човек што решил да не учи факултет е сосема во ред ама човек што решил да не учи и не бара работа а е полнолетен е паразит.И дали сакаш ти утре кога ќе дојде ред да се земете и да оформите фамилија , се да биде на твој грб ?Тоа за мене се мрзливи луѓе, да не речам и без осет.Јас да седам дома на 18+ години , да не учам и да трошам пари на моите срам би ми било искрено , еве сум се решила да учам и моите ме финансираат , да не го можеа тоа сигурно ќе побарав и работа иако знаеме каква е ситуацијата и разбирливо е човек да не може да најде работа иако мислам дека ако е доволно упорен и флексибилен ќе најде работа, можеби нема да е работа од соништата, ама кога си без факултет не можеш ни да очекуваш многу. И да , јас таквите мажи никогаш не сум ги сметала за потенцијални партнери за сериозна врска , сосема друго е доколку одите од тинејџерските години кога таквите работи воопшто не ве интересирале и не сте можеле да препознаете, и немаш големи очекувања , за поздравување е што не си заслепена и размислуваш на оваа тема.
Јас многу пати му имам нагласено дека тоа што воопшто не се грижи да учи и да работи ќе му влијае на иднината со мене. Да бидеме реални никој не сака партнерот да му е со средно образование. Знам многу случаеви каде дечкото или девојката дипломира и ја прекинува врската. Јас сум финансиски многу постабилна од него, ама ете ако не превземи ништо си знае дека и јас ќе постапам како многу други и ќе му се скарам. А за материјалист не си само размислуваш правилно
Не знам како размислуваат други, ама мислам дека факултетот не е пресуден, зошто познавам премногу случаи посебно во мојот град кои без факултет со занает заминаа во странство каде што нивниот занает е дефицитарна професија и се снајдоа и живеат многу поубаво од тие со факултет, нема правило , само сепак штом стигнале до таму се луѓе кои се амбициозни , па не му оди на секого факултетот.Како се вели , па не може сите да бидеме директори , мора некој утре да знае и бравата да ти ја поправи Пример на другарка татко почнал како обичен столар во гаража своја да прави столици за сега да има цела фабрика и што уште не... Ама сепак многу е битно човек да има амбиција и да е упорен
@pupi.girl Се согласувам со Лара Соларе за секој збор. Човек без амбиции не е човек според мене,туку паразит.Не мора факултет да учи,можеби не го бива,ама да седи и да не работи ништо и да зависи од неговите или полошо,од тебе,ми е незамисливо. Ако ти пречи неговиот став,сигурно имате сериозна врска и планираш иднина со него.За него,ако е таков отсекогаш, не верувам дека ќе се смени,работата е дали ти ќе преминеш преку тој факт поради љубов или ќе прекратиш. Не сакам да сум остра,ама од мое искуство,ако веќе ти е проблем,во иднина може само полошо. Јас се гледав со еден на кратко време,беше 5 години постар,7 години факултетот го врткаше,не учеше,а не работеше апсолутно ништо и живееше од парите на неговите.Дечкото и фин и прекрасен,се најубаво,ама ете таа маана не можев да ја игнорирам и завршив. Ете јас сум таква личност,и не можам да замислам да делам живот со некој паразит,ти како ќе одлучиш,на тебе е.
Здраво драги мои, би сакала да ми дадете некој совет.Со никој не сум зборувала за ова.Имам дечко, 3 месеци сме заедно,предобар е,културен,фин,смирен,дечко каков сите девојки би посакале.Неможам да кажам дека не бев затрескана на почеток т.е многу ми се свиѓаше,ама со текот на време почна да ме мрзи да излегувам со него,не ми е интересно веќе,го гледам колку се труди,почна да биднува многу љубоморен,а мене пак ништо не ми смета,ни искачање со другарки ни ништо,а кај бившиот за све бев љубоморна.Нејќам да го повредувам, не сум сигурна дека сакам да сум со него.Најголемата причина е мојот бивш Од него добив све најлошо,тој и ден денеска не престанува да ме бара,но не сакам не можам, страв ми е пак ќе ме повреди .Да можам би отрчала и би го гушнала и на се би заборавила но тоа не може.Сите ме гледаат среќна,задоволна, моите супер го прифатија , ама не е тоа тоа Бев долго со бившиот, ама веќе помина година како не сум со него , и пак и пак и пакк само тој ,тој и тој.А не сакам да е така,сакам да го сакам сегашниот, да ни биде убаво, бидејќи заслужува,ама нешто постојано ме враќа назад. Ви благодаам,ве сакам
Мислам дека не си фер спрема него. Како прво, ако немаш разчистено со себе си, не скокај од една до друга врска. Тоа кај тебе ќе ти се мота бившиот, твојов дечко ќе незна на што е со тебе/ Најдобро е да збориш со него што ти е, па што биде биде. Вака ќе се мачиш, а и дечко ти ќе биде збунет и ќе му скурчи./
Благодарам за мислењето, ова ми е втора врска, и прв пат бев заљубена во бившиот и бев со него година ипол, со него поминав многу убави работи,но кога ќе ми текне на лошите се се руши.Затоа сум ваква сегa, сепак благодарам имаш право.Ќе размислам што да правам
А да не ти љубомори на врската и затоа те бара? Твојот нов дечко заслужува фер шанса.Самата кажа дека си била повредена од бившиот, а ќе бидеш уште ако продолжиш да мислиш на него. Не знам дали и предходно те барал пред да фатиш нов дечко, но како и да е не му го давај тоа задоволство да те види повторно скршена.
Јас сум разделена со бившиот година и пол. Немој да ја гледаш само негативната страна. Не мисли на тоа дека ќе бидеш повредена, дозволи емоциите да преовладуваат. Вреди ли да изгубиш такво момче зошто ти е страв да не те повреди ?! Биди со него, колку повеќе се радуваш на него, толку помалку ќе мислиш на бившиот, а на бившиот не вреди ни една милисекунда време да посветуваш во мислење. Потруди се и ти како што се труди тој.