Добро штом е уште во Америка. Па мајку му наместо да се замараш со кого е, како е, како се снашол ти се замараш со Лајкој. Види сеа вака, не е овде од мај, а ти уште го тупиш со пријателства на Фб. Тоа не е добро штом е толку даааааааааааааалеку од тебе. По некое време недовербата ќе си го направи своето. Мислам дека ме разбра.
Znam i kako e i so pravi i od kolku e na rabota i sve znam za tamu i kako se snaoga i sve a toa so lajkojte ne mu e od sega znaci i pred da zamini istoto bese...
Душо концентрирај се на тоа како да ја одржиш врската ако мислиш дека вреди, затоа што љубомората е тивок убиец на секоја врска.
Девојче многу добро сваќаме дека си ослепена од љубов и дека со сила се правиш глупава. (извини вака што ке се изразам ама ај отвори ги малце очите) жал ми е за тебе што толку трпиш, и сигурно душата ке ти ја извади но тој не заслужува за секаква ситница да те малтретира тебе а притоа да не му е гајле дали и тебе ке те повреди истата постапка. Јас многу добро те разбирам дека ти не сакаш да се караш, се трудиш да избегнеш караница, и се тоа. Супер, свативме Ама што со тоа? Дали он од другата страна си вика чекај да не ја нервирам, чекај да не се карам, чекај премногу ја сакам за да ја лутам или пак чекај бе ако и смета, еве ке престанам да го правам тоа бидејки она ми е најбитна???? Биди искрена со себеси.. Едно е да не сакаш да сватиш а друго е да се правиш дека не сваќаш.. Епа извини ако он нејке толку клошар да искочи пред тие што би ги избришал зошто ти да бидеш сељанка? И ти утре ке ги сретнеш тие, зошто они за тебе да го помислат истото? Такви како него знаат да се иживљаваат со девојчиња што се затрескани во нив и си го хранат егото. Ама не се тие криви..
Не е некој голем проблем ама не ми се допаѓа личноста со која сум во врска, мислам на карактерот и некои негови ставови. Незнам дали ќе можам да го сменам тоа, според него жената треба дома да седи и да не работи, мислам какви се тие прости ставови од турското дури. Верува во некои глупости што јас воопшто неверувам за мене тоа се продти работи. Можеби требаше да го запознаам малку подобро пред да почнеме врска, зошто вака со некои глупи изјави ме вади од такт.
Не сфаќам како тоа жената дома да седи .. мислам ако се пружи шанса зошто да не работи? крај краева зошто студираме и учиме? за седење дома? мислам дека тешко ќе го смениш неговото мислење и неговиот став,но сепак разговарај со него за тоа што ти мислеш и што ти сакаш во иднина ..( ако планираш и сакаш да работиш ) тоа е твоја одлука и тој треба да те подржи и да го прифати тоа..оваа не е турско ропство зборувај и види,додека е сеуште рано да не го губиш времето напразно ако имате различни мислења,ставови,сфаќања...
Со такви закоравени не се разговара. Удри му ја клоцата, ако останеш во таа врска ништо нема да промениш само ќе губиш
Е па зависи од ситуацијата.Дали го кажува прв пат,или после раскинување или.....дај кажи нешто повеке
Па се скаравме нешо и ме навреди ама кажуваше дека не го мислел тоа и онака плачеше многу ..вика дека никад не плачел за девојка..
Мажот ретко скоро никогаш не плаче кога ти искажува љубов. Е и тоа никад е толку претерано што на живци ми иде кај мажите.
Мислам дека ме сака по некои дела направени ама според некои негови верувања дечково е сељак значи дно дна.. Сепак ми е дечко и несакам така да зборувам ама ме вади од такт. Многу е перверзн незнае да се контролира само за секс зборува сум имала дечковци што не биле вака загорени како овој, ( апа каква музика слуша да не збовурам, сепак тоа си е работа на вкус).
Да ама ако толку многу работи ти сметаат кај него едноставно не сте на иста бранова должина. Сите тие работи еден ден ќе се одразат на вашата врска. Заеби што те сака и го покажува тоа, разликите во карактерите, немање тема за разговор освен неговото блебетање за секс. Една врска треба да се гради на взаемно почитување и разбирање за потребите на еден од партнерите. Сепак ти си знаеш само не се надевај дека ќе промениш нешто.
Всушност не знам колку е ова проблем само почувствував потреба на некого да кажам и да слушнам ваше мислење доколку сте биле некогаш во иста ситуација.....се запознав со него пред 2 год. Он не е од Скопје и се запознавме кога јас со другарка бевме кај него, бидејќи она му е братучедка. Тогаш он имаше девојка веќе скоро цела година. Само се смувавме и остана на тоа зашо одкако заминав он ниеднаш не ме побара и тоа претпоставувам беше океј зашо никад не ни очекував нешто од него знаев во каква ситуација е (иако не негирам дека не ме повреди тоа што немаше макар ниеден повик)..за цело тоа време, скоро година ипол јас не престанав да мислам на него и нонстоп да се распрашувам..едноставно многу ми значеше, како никој предходно, а од другарка ми знам дека и он ностоп прашувал за мене... Пред 5-6 месеци јас фатив дечко и иако не го сакав многу не беше лошо...Тогаш на него му текна да се јави и може скоро цел месец само правевме муабет..ништо не се деси, никад не би го изварала дечко ми, мегутоа пред 1 месец јас раскинав (што немаше врска со него бидејќи веќе не ми беше тоа тоа и не го ни сакав). Се договаравме нонстоп да се видиме ама он поради работата никако не можеше да дојде во скопје па затоа отидов јас кај него....Значи тие неколку саата ми беа најубавото нешто што ми се десило последниве години...не можам да ви опишам...толку време сонував за неговата прегратка, и иако се лажев дека го преболев сфатив дека не е така...И погодете што се деси откако заминав...Да повторно никаде го немаше да се јави...нејкев да се спуштам на тоа ниво да му ѕвонам јас...отидов кај него нели, тоа не е мал доказ колку ми значи...наредниот ден се стави во врска со друга...Знам дека е идиот но според него тоа го направил зашто знаел какво ѓубре е и дека на крај пак ќе ме повредел, па подобро било вака, барем помалку ќе го мразам...не знам дали е само до мене но имаше работи што нема шанси да ги одглумиш, знам дека не беше се лага...и знам дека вака е подобро..не го побарав и знам дека нема да ме побара...цели две години јас не можам да мрднам од едно место..знам дека треба да продолжам без него...но како првиот пат ми требаа скоро 2 год а сеа што?? Сеа кога толку ме повреди..со ништо не го заслужив тоа, ќе беше многу подобро во очи да ми кажеше дека нејќе веќе да ме види..помалце ќе болеше..никад не очекував нешто од него ниту пак го напињав....никој никад ова ми го нема направено...не е лесно
На неколку наврати ти покажал дека е несериозен. Прво: ја изневерил девојка му со која бил во врска, и тоа не баш кратка. Второ: ако си му значела после тоа и ако си му станала интересна, ќе ти се јавел сигурно поскоро. Трето: после толку време, пак се гледате, и тоа ТИ одиш кај него, и после тоа од негова страна пак несериозност и лабилност. Врз која основа ти кажуваш дека знаеш дека било нешто посебно кога јас не гледам дека има повратен знак од негова страна за истата работа? Нели е подобро да застанеш цврсто и да престанеш да мислиш на тоа. Искачај, дружи се, исполни си го времето со интересни работи. Сама ако не си помогнеш, никој нема. Се уништуваш. На крај краева, ако треба нешто да биде пак, со време ќе си дојде, ако седиш дома и чекаш само, ништо нема да биде, депресијата ќе те надвладее :/
@orchid28, да мислел типот нешто сериозно до сега не да имал работа, на глава ќе застанел за да се видите. Тој ни самиот не знае што сака, ама убаво му е така, да биде со која што му е најпогодно во моментот. Бидејќи мислам дека сакаш врска, не ти препорачувам да го земеш во игра него, затоа што немате исти интереси. Веројтано тој ќе раскине и со таа што се ставил во врска и ќе смени уште не знам колку додека не се случи нешто што ќе го сопре, а таквите ко него не ги сопира љубов, не надевај се. Ретко кога има приказни како во филмовите.. него го сопира егото, неќе да ти се јави а те сака, ти исто така.. приказски за мали деца. Како што спомна и една друга феминка, типот е сосема незаинтересиран и неозбилен. Мој совет ти е да го избиеш од глава што е можно побрзо и да не си дозволуваш повеќе да бидеш втората (нели тој ја изневерувал женска му). За мене тоа е најодвратното нешто што може да постои, подмолно, себично и непромислено. И што? На крај пак си ти таа што е повредена.. Плус, ако ја изневерил првата женска ќе ја изневери и втората и третата и тебе, ако случајно се најдеш во тој лавиринт. Не си губи време и барај начин да се оттргнеш од него. Дури и да успееш да бидеш со него ќе си направиш само полошо себе си.Calm down and carry on...
Имате право и двете ...би благодарам...може единственото нешто што не ми дозволува да се мрднам од место е лутината зашо не можам да му простам за тоа и сеуште не можам да сфатам зашто го направи тоа, но тоа е он секогаш ќе си остане истиот само можеби имаше 2 шанси досеа ама 3 тешко...премногу ме повреди. Он не сфати што изгубил и кога ќе го сфати тоа тогаш ќе дојдат моите 5 минути