Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    @orchid28 типов те држи на Шехерезада принцип. Никогаш не ја довршува приказната. Тоа е и тоа што те мори сиве овие години. Не го ни познаваш доволно, верувам, за да можеш да го сакаш. Не си споделила многу секојдневие со него, само моменти на нежност. Празнините во врска со него ги исполнуваш со идеализирање. Ништо чудно кога би почнала нешто посериозно со него по одреден период да се разочараш и да се оладиш. Слаба си на него.

    Затоа што ти ја научил слабоста. Те користи да си докаже себеси колку може да биде неопходен некому. Не од друга врска да го врати, ако сака и од авион ќе го симне човека среде лет. Докажи му го спротивното. Повеќето (ако не сите од нас) сме биле во ситуација во којашто сме требале да направиме нешто за свое добро иако срцето ни` плачело. Солзи, чоколади, оговарање со другарки, џоа нова ќе бидеш. :lol: Вреди ли еден ден среќа и исполнетост за сметка на една година страдање?

    Со овој само пресек на работите. Џа или бу. Следен пат кога ќе те побара, речи му „ама самиот рече, не сакаш да ме повредуваш, премногу си ми мил за да сакам да те ставам пак во таква ситуација“ :angel:
    :devil:
    Биди упорна, не го барај, биди резервирана ако те бара, ќе видиш, што и да одлучи, многу брзо за нешто цврсто ќе се одлучи. Па не е фер, секој пат ли кога ќе решиш да продолжиш со животот и да влезеш во нова врска тој ќе те користи за да си докаже нешто себеси?

    Ама и заслужува така со тој провиденчетвртоодделение изговор „ја сум ѓубре не сум за тебе, не сакам да те повредувам“ . Демек не му е тешко кога ти се јавува и кога си го прави ќефот, а отпосле му притежнува, кутричкиот.
     
    Последна измена: 29 ноември 2014
    На Miss.M5, Candid, Name и 3 други им се допаѓа ова.
  2. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    @tessie Колку само имаш право...кога ќе размислам точно е се што кажа...никој не е тука за на него да му служи како играчка кога ќе му текне....како и да е и да сакам и да нејќам сега продолжувам без него...А и не можам да му го кажам тоа зашо не ме бара (и ако некад ме побара повторно знам многу добро што да му кажам), а јас не се спуштам на тоа ниво да го барам :)
    Ти благодарам многу :*
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Fool me once, shame on you.
    Fool me twice, shame on me.

    Епа сеа...
     
    На Name, Irrepleceable и tessie им се допаѓа ова.
  4. cofeetime

    cofeetime Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки. Имам еден проблем и веке цела недела се мачам. Што кога маж ти ке ти каже дека му е сеедно и да имаш љубовник? така ноншалантно ми го кажа тоа. Дали тоа значи дека повеке не ме сака???Повеке не ме гледа како жена туку само како мајка на неговото дете. 3год сме во брак па зарем се исчезна за толку кратко време. Ве молам за совет
     
  5. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Сигурно во инает е кажано... Не верувам дека е сеедно да се најде во таква ситуација било кој од нас
    И јас знам така да речам и изреагирам за некои работи, ама да подразмислам није све једно...
     
    На cofeetime му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^Па сигурно девојката нема да пишува ако знае или се сомнева дека е од инат кажано тоа.
    Очигледно е дека бил озбилен иначе немаше да пишува овде.

    Инаку @cofeetime сметам дека треба сериозно да разговарате за меѓусебните односи во бракот. Значи за се е потребен и доволен еден искрен разговор. Кажи му дека те повредило она што го кажал и те натерало да помислиш (барем мене ме натера да помислам) дека тој има друга па ти ја префрла топката да види какво е твоето размислување и твојата реакција на таа тема. Отворете ги картите. Прашај го дали се чувствува затворено, дали сеуште има чувства спрема тебе и те сака. Кажи му ги и ти твоите чувства.
    Во брак, разговорот лечи се. Освен ако се работи за неверство.
     
    На cofeetime му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не сфаќам зошто би требало да разговараат за проблем кој произлегол од разговор. И кога бре жени ќе сфатите дека мажите не сакаат да разговараат освен ако разговорот не е за фудбал?!
    Кога ќе седнете, ќе ви кажат сè што сакате да чуете само за да им се симнете од глава.

    - Како злато тоа не ти пречи да имам љубовник?
    - Така, не ми пречи.
    - Тоа значи дека не ме сакаш, зашто ако ме сакаш, нема да сакаш да ме делиш.
    - Не.
    - Ама како не, јас еве не сакам да те делам, зашто те сакам, зошто ти сакаш да ме делиш.
    - Не ми пречи, разбираш?
    - Не може да не ти пречи, ниеден маж не сака да си ја дели девојката освен ако не ја сака.
    - ...
    - Ме сакаш ли?
    - Да.
    - Па зошто сакаш да ме делиш?
    - Не сакам.
    - Па сега, сакаш или не сакаш?
    - Не сакам.
    - Значи не сакаш да имам љубовник?
    - Не сакам.
    - Па зошто рече дека ти е сеедно ако имам љубовник?
    - Не реков така.
    - Како не рече, сакаш да кажеш дека сум глупава?
    - Не.
    - Кажи ми ако мислиш дека сум глупава и кажи ми ако не су ти веќе убава и не ти е гајле за мене.
    - Убава си и паметна си.
    - И сакаш да имам љубовник?
    - Не.
    - Значи ме сакаш?
    - Те сакам.

    Проблемите во врските и браковите со мажите не се решаваат со разговор, само се пикаат под тепих. Мажите се многу едноставни суштества, за да ве сакаат треба да бидете секси најголем дел од времето, да не ги гњавите со вакви муабети како погоре и уште неколку ситници кои зависат од маж до маж, како убава храна или чист дом или да му попуштате во Текен на Плејстејшн, такви работи. И толку.

    @cofeetime јас би те советувал да најдеш начин и да видиш дали има швалерка, зашто стварно, вообичаено мажите не сакаат да си ги делат парнерките. Може и на Симона муабетот да држи вода, во зависност од тоа дали во афект било кажано. Секако, може и едноставно да е игра на зборови и reverse psychology, да ти рече слободно имај секс со некој друг, не ти е забрането и тогаш немаш баш толку желба, зашто забранетото е послатко.
     
    На Cka, cofeetime, mims-89 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Еве добар совет од машка страна
     
    На cofeetime и tessie им се допаѓа ова.
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    И мене ми мириса како тој да има нешто направено, па со неговата дозвола да се обидува да ја оправда постапката, или пак уште поверојатно да има помислено или да посакува да го направи тоа, па да си вика „камо да можевме да бидеме квит“... шознам, може сум грешка, не мозгав многу туку интуитивно тоа ми дојде на памет.
     
    На cinderella93 и cofeetime им се допаѓа ова.
  10. cofeetime

    cofeetime Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    За тоа дали има друга 100% сум сигурна дека нема проверено ми е. И не беше кажано во афект туку во обичен разговор. И свакам дека се е сменето откако сме во брак. И кога имаме однос се се сведува само на секс без бакнежи милуванја без емоции. Пред една вечер се затворив во бањата и плачев а него ич мува не го лази.. размислувам на развод само ми е тешко за детето.:(
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Можеби си малку и во постпородилна депресија, па работите многупри срце си ги земаш
    И јас исто се чувствував така два пати до сега
    Малку ви е тешко и да се привикнете на новата промена , секоја промена е тешка...
    Треба да си дадете време и се ќе биде во ред
    Јас плачев, се заклучував во соба.. И зошто? Еве не знам до ден денес
    Сватив дека сум грешела и со тоа повеќе го оддалечував од себе
    Во врска со сексот можеш слободно да му кажеш дека сакаш повеќе предигра и да се чуствуваш сакано
    Мажите сакаат да се задоволат себе, но и да нд задоволат и нас
    Позз посакувам кризата побрзо да ви помине и да размислуваш како мене подоцна
     
    На cofeetime му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Штом ти си стигнала до степен да го проверуваш нешто не штима во врската...
    Може онака без причина ти го рекол тоа, сигурна сум дека е онака кажано без да размсили што и зошто кажал, инает, индефирентност, нерасположение, од кај знаеш во каква состојба бил моментално кога го изговорил тоа. Немој да се замараш, наместо да се затвараш и да плачеш внеси возбуда во вашата врска. Направи нешто ново, поработи на својот изглед, направи некоја промена, нешто што ќе му се допадне.
    Прва кавга или неусогласување и одма развод, па неможе така.
    Со разговор нема да постигнеш многу, сигурно ќе ти рече дека си умислуваш и дека е се во ред, затоа преземи ги работите во свои раце. Одвојувај повеќе време за себе, сигурно си цело време околу детето па и маж ти се чувствува запоставен, затоа и односите ви се малку заладени.
    Неможеш да кажеш дека него мува не го лази кога не ни знаел што правиш ти во бањата, па ти си мајка на неговото дете неможе да му е сеедно.
     
    На cinderella93, SimonaTino, cofeetime и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. cofeetime

    cofeetime Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Што да кажам на мои 23год. да немам воља за ништо е жално. Се обидов мн пати да разговараме атој се прави ко демек ме слуша. И знаеше дека плачам но тој си седеше во дневна и си гледа тв. Па можеби и треба да си најдам друг па да видиме дали му е сеедно. Ми ги зеде најубавите години.
     
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    ^^ Aj тоа, ама ретко можеш да бидеш сигурен. А проверувањево е чекор пред бездната. Бездната е да знаеш, претпоставуваш, апла се случуваат работи пред твој нос а тебе не те мори. Е тоа е веќе бездната, кога љубовта и блискоста ќе отидат неповратно.

    И ве молам не ме сфаќајте погрешно, најдобронамерно ви викам за поправилно да ве насочам: немојте со она „ми ги зеде најубавите години“. Сосила ви ги зеде? Вие сте му ги дале. Преземете дел од одговорноста за вашите одлука и избор. Тоа меѓу другото, ќе ви даде и поголема верба во тоа дека вие ја имате моќта да ги исправите работите, штом веќе сте знаеле да ги згрешите. Во спротивно, си мислите дека си олеснувате, а всушност си правите самите да се чувствувате повеќе и повеќе беспомошно.

    И од она „жена не треба да се слуша кога збори, тоа и` е работа“ си патиме. Наместо на време работите во корен да се превенираат...

    И бракот како брак можеби не толку, но основање потомство е огромен чекор, размислете и внимавајте, колку што ситуацијата го дозволува тоа. Бракот може да се поништи, но дете еднаш родено не може назад да се врати.
     
    Последна измена: 2 декември 2014
    На cinderella93, LaraSolare и SimonaTino им се допаѓа ова.
  15. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    133
    Здраво девојки, имам еден проблем ако можам да го наречам така. Значи вака подолго време сум со дечко ми, прекрасен е ама проблемот е што е повисок само 2см од мене па тоа многу ме нервира и ме оддалечува од него.Неможам да облечам штикли на некоја забава и да се чуствувам удобно, се чувствувам како жирафа над него, како сите да гледаат во мене и да ми се смеат:(. Дали навистина има потреба да се грижам за висината или пак треба да го занемарам тоа и да продужам понатаму. Фала, позз
     
  16. Peperutuka123

    Peperutuka123 Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски

    Ако ти е тебе убаво што ти е гајле што мислат другите?? кој му смета нека не гледа во вас,што има да зјапаат и да критикуваат..ич не се замарај,ако ти е убаво со дечко ти биди си со него..сигурно нема да го оставиш за тоа што мислат луѓето кога носиш штикли и си повисока од него..
     
  17. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Де бее.. дечко ми е понизок од мене 2 сантиметри, па тоа ни е најмалиот проблем во врската. Никогаш не сум се замарала со тоа, ниту па ми е битно дали ќе носам штикли или не. Мој совет е да внимаваш малку за да не изгледате нескладно. Облечи нешто пониско, усогласете се некако. Постојат и машки повисоки чевли, влошки за поткревање, постојат и пониски штикли.. Во превод, тоа ти е најмал проблем. Олабави го мозокот од такви мисли ;)
    П.С. Само да знаеш, дечко ти ќе цени многу ако види дека пробуваш да ги усогласиш работите, ќе му значи. Па сега ти види ;)
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Мојот дечко е понизок од мене 5 цм, па многу се замарам. Многу е битно тоа, знаеш и дајле ми вика облечи штикла посекси е. Е ич не се замараме,битно има љубов. Пази со гордост кажувам дека е понизок од мене. :inlove:
     
  19. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    133
    Значи, единствено само мене тоа ми пречи. Можеби сте во право, незнам, неможам да се убедам себеси дека тоа е така. Коа идам кај него пола саат дремеме пред огледало и се мериме. Сиротко го удавуам со глупости. :(
     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ако го сакаш, ќе го прифатиш каков што е.
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.