Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Остави го не се замарај зш накрај ти ке бидеш таа што ке биде повредена....
     
    На tessie, Marte95 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  2. peperutceee

    peperutceee Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Девојки како прво вака... Дали некогаш некоја од вас се заљубила во некој кој го нема видено во живо туку само се знае со него преку социјалниве мрежи?! И јас незнам како ама ете изгледа се заљубив и јас... Мислам дека тој сака друга и затоа незнам дали да му признаам дека го сакам... Ама пак да не излезам јас идиот хахаах ми треба ваше мислење вие да сте на мое место што би направиле?! :)
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Не е тоа заљубеност него оптеретување со него ако постојано пишеш. Навика би рекла.
     
  4. QueenOfChaos

    QueenOfChaos Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски

    Јас дечко ми го засвиѓав ПРЕМНОГУ само од муабет на фб, без да знам и како изгледа пошто сликите на фб му беа стари :) еве 2 години идеме веќе, хаха. Мада во твојов случај, прво види со него што како, прашај го, дознај се што треба, па ќе видиш како ќе ти биде ситуацијата. Вака како гром од ведро небо немој :) и иначе, не е глупо да си немала дечко до 1ва средно, ништо не е глупо, се ќе си дојде кога ќе треба. Нека не те понесат мислењата и предрасудите на другите луѓе (ако прашуваш за тебе)
     
  5. peperutceee

    peperutceee Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Ама работата е што сме од различни градови :)
     
  6. QueenOfChaos

    QueenOfChaos Нов член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Не менува ништо тоа. Ако сакаш да бидеш со некој... ехее... Види си ти прво на што си со него, па после другото.
     
  7. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Не е глупаво.

    Дали имаш некој пријател кој те поврзува со дечково, заеднички?
    Некој што може да ти го потврди идентитетот, да ти каже „Да, овој момак е фин, културен, нормален, асален, итн итн итн?“
    Во спротивно, не се залетувај двапати.
    Виртуелното зближување во безброј наврати се има докажано ко меч со 2 острици.
     
  8. peperutceee

    peperutceee Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Има повеќе што ги знам и кажуваат се позитивно за него така да... верувам во тоа :)
     
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Или јас сум заостаната или виртуелниот свет отиде многу далеку. Како можеш да сакаш некого, а не си го видел никогаш, а камоли физички контакт да оствариш.Треба да се видите прво па да знаеш дали ти се допаѓа, а потоа следува заљубување, вака се е лук и вода.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Дали тоа е вљубеност или не - е прашање кое што само ти можеш да си го одговориш. Јас верувам дека е можно да се вљубиш на тој начин, од причина што на безброј луѓе им се има случено и всушност, за емоциите не може да се дискутира затоа што се многу далеку од рационалното и реалното и можат да се појават кон било кого, во било каков облик.
    Само би те советувала да се осигураш дека тој се претставува лажно, и додека не добиеш некаква потврда за тоа дека тој навистина постои не се залетувај. Тоа дека на интернетот има многу психопати, и дека никогаш не треба во живо да се најдеш со некого кого си го запознал на интернет е (до некаде) бесмислица, затоа што психопати можат да бидат и оние кои си ги запознал во реалниот, а не само во виртуелниот свет. Но не велам дека не треба да бидеш претпазлива, туку сосем спротивното. Внимавај кога излегуваш и со оние кои си ги запознала на интернет, и со оние кои си ги запознала во живо. Доколку одлучиш да продолжите со комуникација и во реалноста, нека тоа биде на јавно место.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. peperutceee

    peperutceee Активен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    3
    Ќе размислам :) Фала ви <3
     
    На Portishead му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Katry

    Katry Нов член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Во врска сум скоро 5 месеци (и една година комуникација).За тоа време имаше и добри и лоши периоди во врската нo сега е во ред. Cе плашам да не бидам повредена бидејќи тоа ми се случи еднаш и не би сакала повторно.Малку поладен карактер е не ми изјавува љубов но другото е се во ред. Однос уште не сме имале и ми рече кога ќе бидам јас спремна тогаш.
    Пред 2 недели кога се видовме излеговме заедно,ме држеше за рака,ме запозна со неговото друшто и ми рече дека јас сум првата девојка што ја претставува пред нив и ја држи за рака. За нова година сака да бидеме заедно и ми кажа дека неговите дома знаеле за мене па би сакал и јас да кажам на моите родители.
    Но јас ете не знам дали да кажам на моите дома,некако се ми е како лавиринт во главата.Го сакам ама страв ми е да не ме лаже,на факултет е во Скопје па и тоа мислам да не има некоја таму хххх иако ми дава до знаење што прави.Целта е што не можам да откријам што всушност тој чуствува за мене.Не знам ни како да објаснам,се осеќам како мало дете хх ама мислам дека некој ќе ме разбере.
    Се извинувам што ви одземав од времето, ама љубов се рекло ххх :inlove:
     
    Последна измена: 9 декември 2014
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Катри се оптеретуваш со работи наместо да уживаш во љубовта. Во животот се е ризик и ако сакаш да се омажиш, да бидеш среќна мораш да ризикуваш. Јас те разбирам и јас сум била повредена и сум се плашела, но треба да расчистиш со себе си. Мислам 5 месеци врска и да не кажеш дома, нема зошто да се плашиш. И да студира на крајот на светот нема да бира ни место ни време да те извара. Сепак јас би ти рекла да се отпуштиш и да уживаш. Ако треба да биде,ќе биде, ако не нема. Тоа што си била повредена не давај да те обесхрабрува.
     
    На tessie и Katry им се допаѓа ова.
  14. Katry

    Katry Нов член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ќе се потрудам да променам некој работи во мене :*
     
  15. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Те разбирам во потполност.
    Не си единствената која после одреден вид на разочарување, мислејќи дека на тој начин ќе ги избегне сличните ситуации во иднина, го менува своето однесување на тоа поле. Некои градат ѕидови околу себе, некои (како и во твојот случај) постојано чувствуваат ирационален страв дека тоа ќе се повтори, ги окупираат своите мисли со тоа и токму како што ти и самата опиша, имаат лавиринт во главата кој нема потреба да е таму. Како што разбрав, ти немаш реална причина за сомнежи и толкава љубомора, туку сето тоа се одигрува само во твојата глава. Затоа, сметам дека проблемот не е во него а ниту пак во вашата врска, туку само во тебе.
    Но, знаеш што? Ќе бидеш повредена во животот уште безброј пати. Колку и да се обидуваш да го избегнеш тоа, нема да успееш. Болката мора да дојде, на овој или на оној начин, животот не е мед и млеко а доколку дополнително се оптоваруваш со тоа можеш само да си одмогнеш и да ја отежниш целата ситуација.
    Затоа, дозволи му на животот и да те усреќи и да те унесреќи. Никогаш нема да успееш да избегаш од она кое што треба да те ’снајде’.
    Можеби ќе те повреди, можеби и нема. Се што ти треба да сториш е да не мислиш на негативното. :)
    Ви посакувам многу среќа во врската.
     
    На macovska, Marossa и Katry им се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.963
    Допаѓања:
    90.295
    Пол:
    Женски
    @Katry Не разговарате ли за вас ? За во иднина за односите во врската еден спрема друг ?
    Јас ти предлагам да разговараш со него отворено и да ти каже како се чуствува 5 месеци заедно со некого не е малку :) Но според оваа што го кажуваш мислам дека дечкото е спремен да биде со тебе штом не се крие и излегува заедно со тебе во јавност еве кажал и на неговите родители дека има девојка ..
    .
    Тоа што си била повредена во минатото нека не те запира да продолжиш понатаму во оваа врска.
    Како што кажа членката пред мене се е ризик :) Негативните мисли тргни ги на страна.

    Јас ти предлагам да не му се отвараш премногу и да не му даваш преногу до знаење дека го сакаш или дека те интересира многу,дај му простор да размислува и тој за тебе како што ти за него... да те праша самиот што чуствуваш за него и дали го сакаш.

    Дали ќе им кажеш на твоите родители или ќе чекаш да помине одреден период е твое право,но најдобро би било тоа да го направиш кога ќе бидеш малку посигурна во него и кога мислите ќе ти бидат малку избистрени :lol:

    Ти посакувам што побргу да си ја решиш дилемата и да уживаш во љубовта :)
     
    На Katry и Portishead им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Te разбирам донекаде. Овој не симнува ѕвезди и не лаже како не мал број на други уште на почеток, па затоа ти е сомнително да не ... лаже случајно. :D Се шегувам. Вакви како типов, од искуство ова, се луѓе со коишто ќе имаш најубава врска, затоа што ja градат врската постепено, во секој нејзин чекор. Тоа е прекрасно. Повеќе за загрижување се сакам се` и сакам сега типовите што симнуваат ѕвезди а кажаното си нема врска. Се` што е префинето се користи во последователни мали количини. ;) Уживај си во љубовта, во оваа врска, таа го има текот којшто треба да го има.

    Арно ти рече бубаче, секаде и секогаш постои ризик. Да го венчаш па не можеш да гарантираш. А за неверство, може не во ист град, преку улица да ти се случи.

    За ова со твоите кажување го остаив за на крај пошо не е главниот момент тука, туку тоа е ти да сфатиш како треба да гледаш на врскава. А, голема девојка си и да им кажеш дека имаш дечко. што...
     
    На LaraSolare, macovska, Katry и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Katry

    Katry Нов член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Разговаравме за нас. Тоа беше пред 2 месеци. Ми кажа дека никогаш не имал озбилна врска,туку онака само без обврзување и дека сака да ce промени а со тоа и да му дадам време,не бил навикнат на озбилна врска и декa не сака да ме повреди.Ете од тогаш веќе цел месец има многу промени кај него и ми рече дека постепено се ќе си дојде на свое место.А како пример го напишав горенаведеното дека ме држи за рака,ме претстави пред друштвото и.т.н
    А да прашам уште нешто,сепак девојки сме хххх. Ако сака да имаме сексуален однос што ќе ми кажете како совет дали да имаm?
    Бидејќи тој што ми беше имав еднаш само и раскинавме.Јас уште од порано сакав да му раскинам ,но тој мислеше дека со тоа ќе останам со него,ама ми се згади уште од тој момент бидејќи бев под голем притисок од него. :)

    Поздрав и фала ви многу !! :*
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Во една серија имаше една “мудрост“ за ова, малку е посилен јазикот па нема да ја цитирам :lol: , но најчесто, дали дечкото ќе те откачи или не, не зависи од тоа дали ќе му дадеш на прв или десетти состанок. Ако се чувствуваш дека треба, ако самата сакаш, па пет месеци одите, возрасни сте и двајцата, шо ќе чекате, не е воз тоа па да чекате. Ако не се чувствуваш психолошки подготвена за такво ниво на блискост со него, тоа е друго, а со стеги, ако ме слушаш мене, немој да се замараш. Без стеги, ако дојде спонтано, супер, ако не, твое тело, не смее никој да те притиска, а ете и од типов имаш слобода за кога ќе се чувствуваш подготвена.
     
    На Katry му/ѝ се допаѓа ова.
  20. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Мене ова не ми е јасно. Кој ти забрани? Кој ти рече дека тој не бил за тебе, ако велиш дека родителите не ти ја знаат врската?