Нашата психа работи на начин на кој ние ја поддржуваме да работи,потруди се малце и ке сфатиш дека можеш и без него.. до сега си издржала нели... не си ги уништувај деновите за џабе,насмеј се и уживај во животот најди си нов дечко заљуби се повторно,но едно е сигурно не можеш да очекуваш он да не најде друга и да не продолжи со животот.што и да било поминало,вашето завршило,нормално е да ти недостига еден период ипак заедно сте биле долго време ама ако малку се потрудиш ке си го направиш љубовниот живот поубав.
Се трудам, излегувам... И што? очекувам него да го сретнам Чувствувам дека никој не ме забележува, никој не ми се пушта и тоа прави да си ја изгубам самодовербата... А баш ја имав.. Хаос ми е. Со сите сили пробувам да се средам и таман да речиме ќе почнам да успевам ме враќа нешто назад... Сакам да се смеам... Да не глумам веќе
Излегувај таму каде што нема да го сретнеш, смени нешто во твојот изглед онака ради реда за да се чувствуваш задоволна,нека не ти се губи самодовербата,реши си и ке видиш ако стоиш на зборот колку ке ти биде полесно, плус ако ти не си насмеана и весела како очекуваш некој да ти се пушти?? флертувај дај некој знак на машките забавувај се..прави работи луди кои до сеа не си ги правела...зафркавај се ...
Сум насмеана... fake smile.. пробувам, навистина. и дури некогаш си викам како можам да се тажам по некој кој ме уништил, по некој кој реши и навистина си го продолжи животот без да размисли дека имаше дел од него кој пати... И ете, се чувствувам подобро. Не поминале 2 часа и јас си викам " Зошто си се залажувам? " и пак по старо и пак и пак... Знам. Личам на 14 годишна девојка, но...
^ Драга Скар.Тишју, ако самата не се потрудиш, ни 1 000 постови наши тука на форумов нема да успеат... МОРАШ да се трудиш. Сум била во твоја кожа, прекин на врската без причина... Едноставно некои машки по одредено време се заситуваат од една иста девојка и бараат друга. Немој да те чуди по определен период да те моли. Тркалото се врти, знај. И глава горе
Се трудам мила. И јас мислев ќе ме моли, но не е од тие а и веќе доста време помина. Само се тешам со тоа што someday, someone is waiting for me. Сега морам да сум силна. А вашите совети ме охрабруваат, затоа и пишав тука, бидејќи сум со силна желба да поминам низ ова. Благодарам многу што сте тука.
4 и пол месеци, чинам... Мене еден бивши ме молеше после 8-9 месеци. Па сеа ти види. Едит: и уште ова, немој да чекаш да те моли и да се надеваш на таа страна. Поарно заборави го. Зашто и да те моли, по еден месец ќе излезе повторно некоја „причина“ заради која ќе раскините.
Pomoss!!..Tipot molese 2 meseci,mu prekurci i zede i se vrati na bivsata..Pocnav da go brisam od fb i msn toj uporno davase pokani, zedov go prifatif...I sega ne pise,a segaa sakam da sum so negoo@..Kako bi mozela da go povratam..Sepak prva ne mu pisaam
Не знам колку на мојов проблем му е тука местото,но би сакала да слушнам т.е прочитам ваше мислење. Има едно девојче моја генерација е, не сме кој знае колку блиски , е сега работата е што се однесува многу чудно кон мене. Се познавам со дечко и од поодамна и секогаш кога ќе ги сретнам некако е арогантна, како да има потреба да го брани од мене.Навистина не знам зошто никогаш не сум и дала повод за да помисли дека ми се свиѓа дечко и, а немало такво нешто ниту од негова страна. Вчера сосема случајно видов дека ме избришала од фејсбоок. Како да и укажам дека стварно нема зошто да се грижи? Како да сфати дека дури би сакала и да бидеме пријателки? Сега од септември ќе бидеме во ист клас и мислам ќе биде крајно неподносливо, не сум тип на човек што може да мрази или да биде нечиј непријател,поготово не заради некој дечко што на крај памет не ми е.
Па најдобро ќе биде да и кажеш,можеби таа си има направено филм во глава,дека ти можеби сакаш нешто со дечко и и затоа така се понаса.Пробај пиши и порака да ја поканиш на кафе и да и кажеш што мислиш или пак кога ќе се сретнете на улица пробај да и објасниш.Можеби нема ни да сака да те слуша ама ти треба да се обидеш.Сум имала слично искуство(не баш исто) ама девојчето не ни сакаше да ме суша.Ама ти во секој случај ќе знаеш на што си....
Може дечко и пак те има тебе симпатизирано претходно па затоа и така реагира.Остави има такви идиотки кои некогаш и без причина се однесуваат така.Сметаат дека нивниот дечко е центар на светот и ајде сега сите ние ќе трчаме по него...Е како не!
Фала на советите Ќе пробам со обичен муабет,кафе,за да и дадам можност ако има нешто отворено да ми каже.Се надевам ќе се подобри работата.
Пред некое време запознав момче тој е 21 јас 17 ..Кога го запозав тој имаше женска со која одеше 2 години...Пред повеке од месец дена тој раскина со неа.Али забележав дека сака да глуми фраер да мува девојчиња и да го знаат по тоа..Додека имаше женска ми се пушташе после тоа одкако е single гледам на мсн се распрашува кај шеткам зошто не ме гледал низ град[а јас си седам дома,нема со кој да излезам].Пред некоја вечер си пишувавме на мсн па ми вика како љубовта дали сум имала дечко до сега,му било глупо да ме прашува кој ми биле мувачи па ми вели дасум го прашала јас се што ме интересирало за неговиот љубовен живот..јас така срамежлива не искууусна прво што ми падна на ум да го прашам со женската колку време идел пред да раскине..Па ми разврзе муабет иделе 2 год. а пред неа ко бил на мои години во вечер ги мувал по 2-3..и сега уживал во тоа што бил сингал ...свакам дека е дечко кој сака само мување но сепак ми се допаѓа има нешто што ме привлекува кај него.. Сакам да му се приближам ..но малку ме плаши разликата во годините,тоа што тој е фалбаџија t.e. искористувач на девојчиња...но сепак ме привлекува но не знам како да му се приближам некој совет....
Ако сакаш само авантура за да ти мине убаво времето гоу фор ит.Ама ако си за нешто поозбилно уште од сега откачи го,за да не си ја чукаш главата после.
ДА! убаво велиш ГОЅ ФОР ИТ..но како? Кога тој дава знаци на флертувањ а сепак ништо конкретно...можеби затоа што нашите по дома се добри пријатели и често кога се срекаваме за викенди тој е со неговите јас со моите...а и некако ми глуми недостапност...т.е. ТОПЛО ЛАДНО
ДА! убаво велиш ГОЅ ФОР ИТ..но како? Кога тој дава знаци на флертувањ а сепак ништо конкретно...можеби затоа што нашите по дома се добри пријатели и често кога се срекаваме за викенди тој е со неговите јас со моите...а и некако ми глуми недостапност...т.е. ТОПЛО ЛАДНО Па немој да бидеш толку срамежлива.Опушти се малку.Почни и ти да флертуваш со него.Направи да биде интересно за двајцата.Ама се во своја граница.Искористи го тоа што вашите се пријатели за почесто да го гледаш.Тоа ти е добра прилика за да се зезаш со него
Хихих почнав да ги контролирам моите пред секое нивно излегување од дома КАДЕ ОДЕТЕ? само за да го видам него..почна мајка ми да ме приметува ахахах А во средата случајно го видов со моторот уффф...кога ми текне како ме погледна ...ПОГОЛЕМА МИ Е ЖЕЛБАВА...
Изгледа дечкото сака да глуми фраер и фалбаџија.Уживај женска,зезај се и ти со него.Биди топло-ладно и тешко нека те освои.Ако се труди значи вистински те сака,ако не-тогаш сигурно си пролазна.Знаеш какви се машките,кога ќе се запнат кај некое девојче што потешко добиваат внимание толку повеќе се загреваат.Шармирај го,нервирај го и ич да не ти е гајле.Нека те моли прво.Но доколку веднаш сакаш нешто со него океј е.Летна авантура нели