Љубовни проблеми и совети

Discussion in 'Врски' started by bilkata, Dec 4, 2009.

  1. Nina12345

    Nina12345 Нов член

    Joined:
    Dec 11, 2014
    Messages:
    4
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Во контакт сум со еден веке 6 месеци. Од различни градови сме. Дојде он тука се видовме неколку пати а во петок пак ќе се видиме. Постар е од мене 10 год. Ама проблемот ми е што ми е забрането со него. Да дознаат моите готава сум и јас и он. Мене сигурно од весник ќе ме отпише и ќе ме отера од дома а него ќе го претепа. Тој не бил за мене. Бидејки е мн постар, грд, А јас убава и од богата фамилија. Не сакам да се фалам вистината е таа. Ама верувајте убавината и богатството не ми значат многу и не ми помагаат туку повеќе ми одмагаат во животот. Да тој не е толку убав, нема скапан денар, татко му работи на пазар, мајка му чистачка, тој не работи, не се облекува убаво ама ме сака, прави се за мене, за мене не би јадел, за мене пешки би одел по светот, не дозволува влакно да ми фали. Колку ми е жал што се испотроши за мене за да ми удоволи мене... цвеќиња, подароци, вечера (никогаш не сака гладна да ме остави а му велам дека нема потреба)... и последните пари да му се за мене ќе ги потроши. Секогаш е покрај мене, ми помогнал многу пати кога никој не бил до мене, на него можам за се да сметам, кога сме заедно преубаво ни е. Се наоѓам помеѓу два огна, тој или моите родители. Не знам што да правам ќе спобудалам......
     
  2. Nina12345

    Nina12345 Нов член

    Joined:
    Dec 11, 2014
    Messages:
    4
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
    Татко ми од почеток се ијасни. Треба да си најдам некој наспроти мене а не некој кој нема вода во очите, неќе да сум го срамела со такви, наместо да се гордее туку да се срами од мене..
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Извини колку години имаш?
     
  4. Nina12345

    Nina12345 Нов член

    Joined:
    Dec 11, 2014
    Messages:
    4
    Likes Received:
    0
    Gender:
    Female
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Сепак мислам дека е многу возрасен за тебе. Твоите родители имаат право. Млада си уште за да се врзуваш. Нема да ги коментирам разликите од материјална страна тоа е сосема неважно во споредба со годините. Ти си млада сеуште, а тој веќе е чичко спремен за брак. Не си многу малечка за да не размислуваш. Послушај го и разумот, а не само срцето.
    Едит: Уствари прво распрашај се за него одоколу, бидејќи не сте од исто место на живеење.
     
    Candid and tessie like this.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,803
    Gender:
    Female
    Бев сведок на една многу убава врска (убава гледано од страна нели), таа имаше 17 тој 27. Паметам дека многу ми беше чудно кога разбрав, знам и нејзе и` збореле демек шо бараш со толку постар. Веројатно клучниот момент беше што долго време поминале заедно, мислам како другари прво.
    Да пораснеш така заедно со некого. Фино звучи.
    Само финтата е, дали после ќе ти се допадне она во што се претворил партнерот во меѓувреме.
    Сериозни врски е најубаво да се почнуваат на колку-толку позрела возраст. Разликата во години не е толку пресудна. Возраста, за посериозни врски, е.
    Има исклучоци да.

    некој наспроти мене ≠ не некој кој нема вода во очите
    одам со дечко што е јак финансиски = татко ми се гордее со мене
    одам со дечко што не е јак финансиски = татко ми се срами од мене

    E oва е тоа воспитување... коешто може да доведе до катастрофално погрешни избори. Можеби сум грешка, се извинувам и јас се`уште учам.
     
    Last edited: Dec 11, 2014
    eloves, Daydream, Kala22 and 3 others like this.
  7. Salome

    Salome Популарен член

    Joined:
    Jul 13, 2012
    Messages:
    1,247
    Likes Received:
    10,423
    Gender:
    Female
    Ако имаш толку лошо мислење за дечкото, што правиш со него?!Цел пост го кудиш "грд е, не се облекува убаво, сиромашен" а после викаш дека не те интересирала убавина и богатство.И те молам немој да судиш на некој врз основа на тоа како си го заработува лебот, дали била чистачка мајка му или не, битно носи пари дома за овој триесегодишниот НЕВРАБОТЕН вол да ги троши парите на тебе.
    Да, тие не се негови пари на мајка му се.:!:
    Ќе ти кажам јас најубав совет, остави го оддалечи се од дечкото , не за друго, туку да не ги фрла тешко заработените пари на мајка му и татко му на некоја што не го цени.Најди си некој на твој ак'л и твоја прилика како што викаш ,ем татко ти ќе се "гордее" со тебе и живејте си сите среќно ва вашата малограѓанштина.|(
     
  8. macovska

    macovska Истакнат член

    Joined:
    May 23, 2014
    Messages:
    182
    Likes Received:
    203
    Gender:
    Female
    Иако е битно да имаш покрај себе личност која те поддржува и прави се за тебе.Застани за момент.
    Тоа што твоите ти велат дека не е за тебе има причина.Родителот го гледа најдоброто за своето дете.
    Тебе треба да ти биде битно покрај тоа што ти одговара како човек (те поддржува,те сака,те почитува),
    и иако не е финансиски на твое рамниште треба да се труди.
    Битно,според мене е и тоа да има амбиција.Да сака да работи.Да се труди данајди работа.
    МИслам со тоа ќе докаже дека навистина е зрел. Не го осудувам што на 30 год нема работа,нели државата е таква,но треба да се труди да најди. Не за тебе и за твоите.Пред се за него. Кога ќе има за него,ќе има и за тебе.Признај дека сакаш да те извади на вечера,да те изненади со некое па макар и мало изненадување/подарок и слично.
    Сигурно неговото идење во твојот град е на товар на неговите родители.Затоа се твоите загрижени претпоставувам. Татко ти чинам се грижи да ти обезбеди се.Да се школуваш,да се надоградуваш,на некој начин инвестира во тебе за ти утре другиден да бидеш човек кој ќе застане на свои нозе и ќе можи самостојно да функционира.
    Ако е он за тебе, не се грижи постој начин да го докажи тој тоа.
    И не е воопшто битно што работат неговите,не заборавај неговите поштено заработуваат за живот и тука нема срам.Не се побогу криминалци,него работат поштена работа.Колку толку неговите се трудат.Затоа е битно и тој твојот да покаже иницијатива и да почни да се труди.
    Се надевам нема да ми замериш за горе кажаното,со најдобра намара само сакав да ти доловам што можеби всушност мислат твоите.
     
    fificaaa likes this.
  9. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2010
    Messages:
    1,780
    Likes Received:
    5,946
    Gender:
    Female
    Не знаев баш кај да го напишам ова но ме интересира ваше мислење ако мислете дека е за во друга тема слободно префрлете го...вака таман ја започнав врската се случи нешто..се беше во ред таман почнавме да излегуваме така месец има да речиме и една вечер се договоривме да излеземе тој со другари и јас со другарки ама заедно,е сега морам да напоменам дека е многу јак инает а и јас исто двајцата сме тврдоглави,се случи грешка на несакање,значи кога требаше да одиме во другиот кафич му реков ајде идаш и тој рече да ја допијам пијачката и остана внатре со еден другар и ние сите заедно со другарките и другарите излеговме чекавме и тргнавме за во другиот кафич као демек ке си дојдат и тој и другарот ... дојдоа но тој ми беше љут затоа што не го почекав,и правевме муабет за ова и не ми опростува,дури сега последно бидејќи е во скопје оваа недела а ова се деси минатиот викенд му пишав на фб бидејќи нели не е тука и ништо не ми врати...
    искрено знам дека е тврдоглав и тоа многу но што мислите вие,знам дека згрешив што не го чекав но се извинав сто пати дури и на некое нивно паднав со некои муабети што до сега не сум му ги направила никому.многу ми фали искрено пред да почниме да излегуваме се слушавме редовно секој ден а сега ништо,и не знам што да направам почнав да мислам дека изгледа не му значам толку па ете најде причина да не ме бара и да ми се љути..баш сакам да чујам ваше мислење затоа што навистина ми значи
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,803
    Gender:
    Female
    Работава е што според она што девојчево го кажа, таткото се фокусирал на тотално небитни работи. Друго ќе беше, на пример, да имаше во постот како таткото вели дека момчево не чини оти е:

    * непродуктивна мрза, на туѓ грб живее по своја воља и ќеиф
    * не е заинтересиран за конструктивни нешта во животот
    * троши тешко заработени пари од родителите за пороци
    * се однесува без почит и нема осет за одговорност ...

    и тн.

    Доколку проблемите со типот биле од ваква природа и јас на местото на родител, би го советувала детето. Ако тоа не врши работа, на крајот на краиштата, тоа значи дека советување не му е доволно на детето да научи и можеби искуството и паметот ќе ја научат подобро од моите попувања.


    Наспроти тоа, јас прочитав дека:

    * типот не задоволувал критериуми на таткото од аспект на физички изглед
    * имал 30 години (добро, разликата 20-30 како конкретна разлика и мене малку ми делува така не баш најдобро, но ете...)
    * немал вода во очи
    * мајка му и татко му се луѓе коишто чесно го заработуваат својот леб и не патат од комплекси.

    Ко мене сега, моментално невработена, не по моја вина и ќеф, да ми се рече дека немам скапан денар и дека е срамота од комшиите да се биде со мене... само мене ќе ми докаже колку е всушност срамота за мене самата, не за комшиите, да бидам со таква плитка личност. Знам дека не се мислеше на тоа, но мене ме чуди како некогаш се подзамижува на вистинските проблеми на дечкото/девојката на нивното дете, а се преоптоваруваат со овие, тотално неважни. И Нина, не се фокусирај на тоа од какво семејство доаѓаш oд финансиски аспект. Во суштината на нештата, ти си исто богата колку и тој.

    Кога човек ќе создаде, евентуално наследи (од коишто првово има многу поголема вредност), тогаш може да зборуваме за негово богатство. Башка како можеш да си ги смениш позициите и видикот низ животот, додека да трепнеш, тоа е чудо нешто. Снаодливост, стремеж, борба, вештини, никој не може да ти ги земе. Парите од друга страна, пак... ех...

    Да, дечково треба да се докаже дека вреди, но нејзе треба да и` докаже, не на татко и`. Тоа не се случува
    преку ноќ и не зависи само од едната страна. Ако е за тоа, таткото може да одлучи дека дечково се докажал и вреди кога веќе ќе се испокараат и ќе бидат пред раскинување, на пример. И дечко е. Не мора да значи дека ќе е сопруг. Ќе се срамеле. Добро сеа, секој има своја дефиниција за што е срамота. Некој се срами дека ги познава/се дружи со луѓе коишто дискутираат за бившите дечковци/девојки на комшиите.

    @Nina12345 , размисли убаво, сама. Одговори си на следниве прашање: Дали проблемот е тоа што на татко ти му пречи дечкото од следниве причини коишто ги наведе? Дали всушност тие карактеристики ти пречат и тебе? Дали таквите ставови успеале да влијаат на тебе? Биди си искрена кон себеси и ќе видиш, информациите што ќе ги добиеш ќе бидат бесценети.
     
    Last edited: Dec 12, 2014
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,774
    Gender:
    Female
    Може да појасниш на што поточно мислиш?
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,803
    Gender:
    Female
    - сте го чекале на ладното надвор додека он седел со другарот за уште една пијачка

    - дошле таму кај што сте, сте се нашле, знаеле кај сте, а он бил лут што не сте ги помрзнале коските уште малку

    - игнорира секакво извинување, претпоставувам не сакал ни да те сослуша како што треба, Боже сачувај да ти се извини ОН што сте мрзнеле со другарките чекајќи ги додека они си уживале

    - во друг град е и те игнорира и не ти враќа на пораки со денови.

    Драга моја, мене ова ми мириса на повеќе од инает. А тебе?

    Уште сте биле на почеток на врска, не му се замарај.
     
    Daleron and Candid like this.
  13. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2010
    Messages:
    1,780
    Likes Received:
    5,946
    Gender:
    Female
    мислам на тоа што во пораката се изјаснав максимално за тоа колку ми се свиѓа и слични работи ,значи извинувајње до бескрај ,а како што знаете за нас девојките тоа е малку потешко бидејќи редно е машкото да се изјаснува по очигледно а не девојката.
    да баш и јас мислев дека е инает,но мислам ако му е стварно дојдено до мене,да речам ако му се свиѓам (да не спомнувам одма заљубување и слично) би требало да не ми се љути до толку нели? не знам што да мислам
     
    tessie likes this.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,803
    Gender:
    Female
    Ако сака, ако стварно сака да се видите, да бидете заедно ... најчесто ниту инаетот не е пречка. Лесно е да најдеме причина да се налутиме некому... освен кога ни` годи неговото друштво, ни` се свиѓа, ти реков ми рече. Тогаш најчесто бараме оправдувања да НЕ се налутиме некому. Зборам за вакви ситници, те чекав, не ме чекаше, а знам кај си/ќе бидеш цело време. И ти си можела да се налутиш што ве оставиле девојчиња да чекате на ладно. Никој по ничиј ќеф не сакал да оди и куршлус. И ти си била инает, си решила одма да излезеш. Ама после си му се извинила, си му објаснувала, си се борела за да те разбере. Е тука е разликата.

    Од ова редно/нередно е ____, знаат многу зафрканции да се десат. Поттиснувања, стратегизирања, калкулирања... уживајте си во љубовта бе...

    Да држи една девојка до себе во една врска и да се почитува самата, значи многу повеќе и поинакви нешта од помалку испратени љубовни пораки, секогаш пишување втора, чекање на неговото прво „те сакам“.

    Спонтаност... клучната работа.
     
    Last edited: Dec 12, 2014
    Daleron and lovely91 like this.
  15. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Joined:
    Jan 5, 2010
    Messages:
    1,780
    Likes Received:
    5,946
    Gender:
    Female
    да во право си е баш затоа го прегазив тоа што е редно кој да се изјасни прв баш како што кажа ти,и му напишав колку ми се свиѓа колку ми било убаво сетоа тоа кратко време со него колку ми фали тоа што се слушавме постојано и слично...сепак треба храброст за тоа па мислам дека треба да го цени.
    како и да е времето ќе покаже како ке биде убаво рече ако му значам нешто ќе прескокне преку целиот тој инает.
    Ти благодарам за твоите мислења кои ми дадоа многу надеж и позитивна енергија сега е ред на него да се потруди да биде све во ред моето јас го направив :*
     
    tessie likes this.
  16. friendy

    friendy Форумски идол

    Joined:
    Apr 21, 2012
    Messages:
    4,339
    Likes Received:
    51,774
    Gender:
    Female
    Претпоствував дека е "ниво" ама не бев сигурна.

    Што толку му се грижиш? Знаеш дека постојат момчиња кои не би се налутеле за такво нешто или момчиња кои би го прифатиле извинувањето.
    Ти твојот чекор си го направила, неговиот е следен. Доколку ти значи чекај го, ќе си дојде од Скопје и дури и тогаш ако не се средат работите знаеш што да правиш - барај си некој од тие погоре спомнатите.
     
    tessie and lovely91 like this.
  17. Si-lala

    Si-lala Активен член

    Joined:
    Jun 10, 2014
    Messages:
    49
    Likes Received:
    21
    Има ли некој слободен, неможам повеќе да издржам, многу ми е никакво, а не можам овде да пишувам? Фала ви
     
    tessie likes this.
  18. eloves

    eloves Популарен член

    Joined:
    Feb 6, 2013
    Messages:
    2,669
    Likes Received:
    7,606
    Gender:
    Female
    Нина12345 ќе ми простиш за дрскоста и знам дека премногу си дозволувам ама на ова морам да искоментирам. Ако не ти се допаѓа дечкото зошто му даваш лажна надеж и се влечкаш со него за џабее? Прво викаш грд, сиромав, постар значи го понижуваш дечкото, а за себе викаш убава, богата .. епа немој да се преценуваш до толку. И човек кој лушето ги цени по облекување, пари, работно место.. се што е материјално е тој човек за мене не е човек. Треба да го цениш тоа што на целата немаштија дечкото пак се труди околу тебе, те мисли и самата кажа те сака. Цени го тоа, а не богатството кое е пролазна работа. Самата кажуваш дека ти помогнал повеќе пати, бил до тебе кога ти требал некој епа тоа повеќе вреди од парите мила моја. Дечкото да види што си пишала тука за него у очи нема да те погледне. Прво го потценуваш ваков таков, после викаш меѓу два огна сум. Каков совет бараш кога ти сама рече дека не го сакаш? Извини ама не те сфаќам. А тоа да се цениш многу очигледно од татко ти си го наследила. Очигледно човекот сака ќерка му да се омажи со некој мрсулко кој ќе има пари и се само однесување очигледно не ама битно на ниво ви е. Очигледно тоа му е побитно. Ако се омажиш со некој посиромашен ама чесен во секој случај, тоа е срам за татко ти.


    Разликата во години и не е толкав проблем, колку твоето размислување. Ако е тој таков каков што го опиша и те сака сигурно нема веднаш пред матично да те седне. И никој не бара од тебе да се мажиш, и ништо не е сигурно дека тој сака веднаш да се жени. Секој родител сака се најдобро за своето дете ама па не е се во парите. Твојот иден сопруг може да спие на пари ама сето тоа е џабе ако те малтретира, изневерува, го нема по цел ден дома, сопруг имаш само на име онака го нема и слично. Не викам да најдеш некој несериозен кој на 30 години незнае 2 дрва да исцепи, ама погрешно е тоа што вака ги гледаш луѓето кој колку има.
     
  19. plava.90

    plava.90 Истакнат член

    Joined:
    Oct 16, 2011
    Messages:
    361
    Likes Received:
    556
    Gender:
    Female
    Здраво девојки, имам долга врска 2 години и 3 месеци досега најдолгата што сум ја имала. Немавме досега никакви големи кавги со партнерот, ниту изневерување ниту пак некогаш сме се искарале па некој период сме се оделиле и повторно сме продолжиле....Проблемот е тоа што ние сме по потекло од ист град но тој моментално својата работа ја има во Скопје, значи нашата врска е на далечина одам во Ск во викенд тој доага во родниот град и така.... Од чиста мира вчера вечер ми кажа дека веќе еден период од неколку месеци не се чувствувал исплнето и срекно дека секое доаѓање за викенд кога се гледал со мене му било само мачење, дека воопшто не е среќен и исполент и дека е најдобро да ставиме крај на се сега отколку по некој месец поради тоа што тој не бил сигурен во неговите чувства кон мене ниту мислел дека постои некоја цврста хемија меѓу нас. Во ниеден случај не ме обвини мене иако тој е многу ладен тип па јас колку и да се трудев да бидам поблиска тој не ми дозволуваше многу да си ги покажам моите чувства кон него. Кажа дека нема друга во неговиот живот да не ми паѓа тоа на памет...и некако по долг разговор и анализирање на ситуацијата во која што се наоѓаме решивме да не прекине се преку нок, да си дадеме период од неколку недели да одлучиме што очекуваме еден од друг, што сакаме еден од друг и дали јас би ја напуштила работата тука и би се потрудила да заминам Ск но секако само ако осетиме дека нашата врска може да продолжи т.е. одново да почне затоа што и двајцата свативме дека иако сме поминале толку долго време се било лабаво и дека сме само на почеток и дека врската ни тапкала во место не сме ја зајакнале и сме ја издигнале на повисоко ниво.
    Сакам да останам со него искрено го сакам. кога планирав дека се ке е во ред и планирав иднина со него наедш ми кажа дека го мисли сосем спротивното од мене...
    Кажете ми како да постапам во ситуацијава секој совет би ми бил добредојден од некој што поминал низ нешто слично на ова...за после да не ми биде мака да го испуштам и загубам, а мислам дека е вредно да се задржиме еден со друг.
     
  20. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Joined:
    Jul 4, 2014
    Messages:
    2,996
    Likes Received:
    16,414
    Gender:
    Female
    Ти мислиш, ама тој очигледно мисли друго.
    Има една друга тема ме остави без збор, само што ова не е без збор убаво ти кажал дека е оладен дека нема хемија, колку и да се трудиш мислам дека тој веќе решил да прекине со тебе.
    Тоа да направите малку пауза му е само изговор за да не те повреди.
    Со самото тоа што не сте се труделе да ја надоградувате врска јасно е колку е часот.
    И тоа што го имало помеѓу вас, со неговото заминување исчезнало.
    Некако ми се чини дека дечково не бил сигурен во таа врска штом не си дозволил емоции па дури ни тебе не ти дозволувал да ги искажеш.
    Мислам дека колку и да се трудиш да спасуваш нешто, нема што да се спаси.
     
    plava.90 likes this.