Здраво на сите... Имам проблем,значи се осеќам како психички болна да сум........ Де го сакам дечко ми,де не... Со сета сила се трудам да бидам добра со него,да не избувнам,но некогаш неможам.. Што ми е? Не се радувам како порано на повикот негов,на пораките и слично.. Зарем ме совлада монотијата? Еве резервирал да глеаме филмче баш ме интересира како ќе се понашам и дали ова е*ано чуство ќе исчезне.... Бтв сакам да прашам дали е можно вака да ми е зошто периодов он правеше некој лоши работи кој ме разочараа..?! Буквално како болна се осеќам,се прашувам самата дали го сакам....? А зннам дека без него неможам..И цело време ми е во мисливе.......!!!
Самата со себе треба да расчистиш дали стварно го сакаш или неможеш без него зошто си се навикнала на неговото присуство во твојот живот. Некогаш се случува, посебно кај подолги врски, партнерите да се сеуште во врска од навика, отколку поради љубов.
Одиш ли на работа, на факултет, испити...имаш ли низ куќа обврски у стил да и помогнеш на мајка ти со расчистување и готвење, спортуваш ли, членство во библиотека? Може имаш општо монотонија во животот и затоа цело време тоа мислиш. Љубовта ја чуствуваш а односот на партнерот и комуникацијата ти даваат до знаење дали си среќна во таа врска или не. Колку време така интензивно му ја мислиш дали го сакаш или не?
Го сакам,сигурна сум но ете кога ми е досадно тоа се прашувам.. На работа кога идев не ми беше вака,прекинав со работата..Ова ми се дешава откако он направи глупост,што го кошташе него многу и јас тогаш ја осетив љубовта,вистинска и после тоа кога размислив со разумот го осетив тоа.. Има една недела
Предходно си имала друг ритам, исполнет ден со работни обврски за разлика од сега. Во ситуации кога партнерот ќе направи ``глупост`` доаѓа стравот да не се изгуби парнерот и се нафаќа на се и се чуствува таа голема љубов. Кога ќе сплавне бурата тогаш порационално се испитуваат некои одлуки и се преиспитува се од старт. Според мене доколку глупоста не било нешто друго освен детски каприц....имаш вишок слободно време. Ти треба одвлекуавње на мисли со занимација а чуствата за дечкото сами ќе си излезат на површинач
Другарка и е, да не правам нов профил за едно прашање па реков од кај неа да пишам. Имам прекрасна врска со многу смешен проблем. Сакаме и двајцата да имаме секс ама сум невина, а тој мисли дека не сум и не знам што да правам. Можеби е смешно ама мене ми е мн тешко.
Разговаравме и мислам ако останиме јас и тој понатака заедно тоа нема да е продолжение на ова што е сега во никој случај...тоа ке биде нешто ново како нов почеток со поинакво обострано однесување еден спрема друг со поголема блискост, повеќе внимание, емоции и повеќе труд од двете страни. Тој е ладен и секогаш бил затоа и со претходни девојки останал толку кратко како што сам кажува и со другарите е ладен таков тип на човек е. Во овој период се слушаме пак тој сметаше дека треба да продолжиме да комуницираме дури Нова г и празниците да славиме заедно па да видиме како ке се осекаме дали ке сме срекни заедно или веќе ништо нема да може да се направи тоа ќе е КРај. Мора и јас да одлучам што сакам и дали ке се потрудам да се снајдам нешто со работа во Скопје во следен период...
Пробајте ништо не ве чини. Поработете на себе да ја оцврснете врската, а не да се оддалечувате. Па дури ако е изводливо живејте некој период заедно за да видите како ќе функционира сето тоа. Со среќа.
Да земеш и глава во ѕид да ја треснеш, така ќе ти текне што да правиш. Вака од досада многу тролање не е на арно. Ајде иш, иш од тука.
Нормално дека така ќе ти вика за да те излаже да му дадеш за да му докажеш дека навистина си невина. Но има една финта, после тој чин навистина нема да бидеш невина и тој пак ќе биде во право? А, зошто толку брзање за секс? Јас мислам дека вие како млади деца имате широка палета како да уживате ез да се случи самиот секс. Кога девојка еднаш ќе го направи тоа на млади години после нема запирање и ако незнаеш да се исконтролираш а немаш стабилна врска ќе скокаш од еден на друг и ќе те бие лош глас, што воопшто не е добро. Мој совет е, пушти го нека мисли што сака не му давај, невиноста не е за фалење и докажување туку тоа е интимна работа. Дали некој ќе верува или не него проблем. Утре може некој нема да ти верува дека не си невина, ќе им даваш ли на сите да проверат?
Не си психички болна мила, сите ние понекогаш се соочуваме со чувства кои и самите не можеме веднаш да ги разбереме. Тоа е сосема нормално во секојдневниот живот, а посебно во љубовните врски Мој совет е да си дадеш на себе малку повеќе време, да ги тргнеш негативните мисли (како на пример,таа дека си психички болна заради тоа што вака се чувствуваш) и да се преиспиташ себеси, но мислејќи оптимистично. Можеби навистина ти се промениле чувствата и си со него само од навика, и од страв да не останеш сама или слично, можеби едноставно мислиш дека си ги прифатила лошите работи кои напомена дека ги правел, но всушност твојата психа не може или не сака да ги прости. На тие прашања единствено ти можеш да си дадеш одговор Јас само ќе те охрабрам да го оставиш и да не останеш со него доколку заклучиш дека навистина повеќе не го сакаш. Немој да велиш дека не можеш без него, затоа што одлично те разбирам и можам да замислам колку би ти било тешко без него но верувај ми, без секого се може. Не дозволувај ништо да те спречи во пронаоѓањето на својата среќа.
Браво @Portishead супер кажа. Бакнеж до тебе @Yeeah и како болна се слушаш што кажуваш да не се дуплирам убаво ти кажа portishead.
Имам навидум мал проблем.. Го заборавив датумот на стапување во врска. А дечко ми, ми ја напишал најромантичната порака..и забележа дека мене не ми текна на датумот. И сега како да го смирам?
Lugee daj pomagajte znaci vaka mnogu go sakav nz dali me sakase i on isto vremeno idel so edna no ja izvaral so mene dobro raskinaa i sea ja use go sakam pominaa 3 meseci so da praam sea sme samo ko drugari kako da go pridobijam da mu privlecam vnimanie da mu stanam mila ?
Големото чудо што си заборавила ни ја не се замарам со тоа. Овие машкиве како жени почнаа да се понашаат, заборавила датум и крај на свет -.-
Проблемот е во мене знам, тој е многу добар спрема мене секогаш попушта, но јас сеуште не успеав да го засакам за ова време. Не ми се допаѓа личноста со која сум во врска, малку се понаша глупаво и има глупи сваќања како што и пишував еднаш во оваа тема не сме на иста фреквенција. Сега забележав некои промени кај него почна да се менува амаа...
@SnowWhite8 , не станува збор за тоа дали машкиве станале ко жени. Напротив, со таков гест, според тебе паметење небитен датум, даваат до знаење дека врската им значи и секој детал од неа. Кога се нежни и романтични, ко жени ни се. Кога не се, кукаме по форумов како тоа не се романтични и не им значеме. И нзс..
Сигурно веќе си разговарала со него смирено и си му рекла дека ете, понекогаш се случува да се заборават таквите нешта. Претпоставувам дека со тоа малку си го оладила и оддалечила од себе, бидејќи токму ’ситниците’ кои воопшто не се ситни и неважни навистина не усреќуваат и унесреќуваат. Мој совет, обиди се да го доближиш до себе повторно токму со помошта на таквите ’ситници’. Изненади го со неколку малечки, романтични гестови, труди се околу него малку повеќе овој период, и ќе сфати дека ти навистина ја цениш вашата врска, иако си го заборавила датумот. Напиши му некоја слатка љубовна песна, зготви му нешто и покани го на вечера... Можам да одам до бескрај, но само ти си знаеш што највеќе ќе ве расположи и зближи, и во што највеќе ќе уживате и двајцата.
Не знам што се случува помеѓу вас двајца, но можеби он ја изварал бившата затоа што видел дека им шанса да го направи тоа со тебе, но можеби и има нешто друго.
Да те сакал сам ќе те побарал, особено ако те сакал па заради тоа се смувал со тебе и истовремено ја изневерил таа другата... П.С. Ќе биде ли некој доволно љубезен за да ми објасни како ве привлекуваат мажи што ја изневеруваат девојката, и тоа толку многу за да сакате да бидете со нив после??? Ќе ми разјасните голема дилема... Стварно.