Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.827
    Пол:
    Женски
    Што претходно си пишала не знам ама имам прашања ... рече дека сеуште не успеа да го засакаш. Дали тоа значи дка си во врска со некој кој не го сакаш? Друго што сакам да прашам пред да можам да кажм било што е дли твоите чувства кон него се сменија кога почна убаво да го запознаваш или од претходно?
    - Доколку не го сакаш или немаш некои силни чувства за него со тоа што си со него само можиш да го повредиш. Тоа не е нечија цел, но доколку твоите чувства се менуваат откако почнавте да се запознавате, некоја карактеристика или било што, најдобро ќе е отвпрено да зборувате за тоа со него и ќе најдите некој заеднички јазик.
    извини што прво поставив толку пршања ама за да можам да најдам нешто и да кажам "точно" и требаат малце информации за да не испадни судам без да знам ништо.
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    SnowWhite8 освен тоа што не го сакаш виа немате заеднички мислења, сваќања и слично, што значи не се согласувате добро, епа тогаш што бараш сеште во ваква врска? Тоа што тој е добар спрема тебе и ти попушта не е доволна причина да останеш со него во врска, ако ти си несреќна. Иако мислам дека не си ни требала да ја започнеш оваа врска. Ама ајде кога веќе биднало ако не си среќна и исполнета преќини ја.

    Izabela99 а што мислеше ти? ако тој ја изневерил и шутнал бившата со тебе нема да се случи истото? Тој да те сакал тебе ќе раскинел со бившата и ќе бил со тебе. Сега најверојатно и тебе те изварал со некоја друга и шутнал. Тоа е вистината и помири се со тоа веќе еднаш.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    E ружно е кога ќе ти се скрши филм, те разбирам.
    Сигурна си дека не можеш без него, а не си сигурна дали го сакаш. Знаеш, овие две не секогаш одат заедно.

    Ако оваа твоја потреба од него, меѓу другото не е предизвикана од љубов, тогаш секој изминат ден во ваква врска би ти бил мачење.
    Но, не ретко ваквите состојби се лажна тревога и резултат на разочарување, помешано со навлезеност во монотонија, а љубовта се`уште да постои.

    Јас имам некое чувство дека дечково чувствува дека му се лизгаш од раце полека но сигурно. Штом иницира, организира разни нешта, можно е и да се бори да те врати и задржи. Би рекла да разговарате, но можеби во вакви ситуации, преку тишината подобро се разбирате, зависи од вашата комуникација.

    Биди трпелива уште малку, набљудувај како ќе се одвиваат нештата. Kaко и да е, ако сфатиш дека со него те врзува навика и зависност од негово присуство и ништо повеќе, знаеш што треба да направиш. Никој не треба да е во врска којашто му штети на врската со него самиот.
     
    На galapce и Portishead им се допаѓа ова.
  4. Igrata

    Igrata Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Машки
    1 + 1 = 3,
    нема никогаш да го засакаш ти,

    Погледни ме во очи кажи ми дали си искрена,
    Не верувам дека можеш да бидеш избистрена.
     
    На Bokchee и Kartman им се допаѓа ова.
  5. Kartman

    Kartman Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Машки
    @SnowWhite8 Mozhe ti treba nekoj mrsen motordjija sho ke te pleska po gazeto
    I ne samo sho nema da se sekava na datumi tuku i nema da bide tuka se dodeka ne mu pritrebash za da te pleska po gazeto
     
    На Igrata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Добри и попусливи дечковци има насекаде важно е како ти е тебе во врската. Верувам дека можете да се разберете со разговор и ако те сфати да отстапи, ако не ќе биде себичен. Познавам другарки што иделе во фини дечковци, но после некое време раскинале зашто тоа не им било тоа. Најверојатно и твојата врска ќе заврши така порано или подоцна.
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Морее, од тие добрите и мирните да се исплашиш... не се знае со нив. :lol: Се шалам.

    За некоја девојка којашто знае што сака и си држи до себе, да најде добар дечко којшто ја почитува и ја разбира е императив. Услов за двојка/шестка :lol: . Ништо помалку од тоа не смее да си дозволи. Не и максимумот што треба/заслужува да го добие во една врска. За жал, многу жени имаат значително пониски основни критериуми од овој па можеби и затоа се се` поретки таквите дечковци, па се смета на тоа како на премија.

    Друга работа, ние не знаеме дали дечкото на @SnowWhite8 e навистина толку добар или пак таа од чувство на вина поради тоа што не го сака колку што очекувала, ги гледа и прикажува само неговите добри особини.

    Не е баш најлесно да си добар и да почитуваш личност со којашто си во врска а имате толку дијаметрално различни сфаќања што дури ти ги опишува како „глупи“.

    Трета работа, како што жените мора да работат на градење на врската и обновување на сите можни нивоа, така и мажите треба да постапуваат. Тоа што се однесуваат со почит кон девојките е голем чекор и плус, но не и оправдување да се пасивизираат во другите аспекти од врската и целиот труд за тоа да падне на девојката. Истото важи и за девојките коишто мислат дека нивната почит, љубов и примерно однесување се доволни за да се пасивизираат.

    Врската е ваша, вие треба да ја градите. Што ќе излезе од неа зависи само од вас.

    Искрено не знам што е полошо. Да трпиш малтретирање од некого затоа што го сакаш или да си во врска со некого само затоа што е добар со тебе, а ти не го сакаш? И во двата случаи постои насилство од одреден вид.

    Разликата е во тоа што, во вторава ситуација, не е партнерот оној којшто те малтретира, туку самиот се измачуваш, самиот се обезвреднуваш и го издигнуваш оној којшто е со тебе и покрај твоите чувства.
     
    Последна измена: 19 декември 2014
    На Nausicaa, SnowWhite8, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Понашањето му е сељачко вчера се најаде тон кромид па ме смува без осет по грозен вкус никогаш не сум пробала вкусот на кромид и цело време ждригаше па му кажав ај и прди па да биде комплет хаха xD.
    Долго време сме во врска ова ми е најдолгата врска 4 месеци јас никогаш не сум била во подолга врска од еден месец после ми здосадувало а и никогаш не сум сакала некој навистина. Овој навистина е попустлив и фин дечко па затоа мислам одиме толку време а и ако раскинеме ќе ми бидне досадно. Ама не се чувствувам исполнето во оваа врска. Едноставно се плашам да засакам некој да се зближам со некој кога знам какви се луѓето денес.
     
  9. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Како што кажа ти доста девојки како што стареат не раскинуваат поради тоа што се плашат да бидат осамени или знаат дека е тешко да започнат некоја нова врска. Тоа си носи свои предизвици, не можеш да отидеш на секој на кој ќе налеташ па ќе има пропаднати состаноци, момци кои не ти се свиѓаат итн. , но со време секогаш ќе се најде еден.
    Четири месеци и не е така долга врска, но ти си знаеш најдобро. Колку години имаш?
     
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
  11. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Машки
    ХААХХААХАХАХХАХАХАХАХАХААХХААХХАХАХААХХХАХАХААХХАХААХХААХАХАХАХХАХАХАХАХААХАХХХАХХАХАХА
    Умирам жими свееееееееее.хахахаах..
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Тоа со кромидот изгледа те тестирал колку можеш да издржиш без да му раскинеш. :D

    Уште си млада не очајувај :)
     
    На SnowWhite8 и tessie им се допаѓа ова.
  13. pufchence9559

    pufchence9559 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Вака женски имам проблеми многу со мојот дечко во последно време се караме секоја недела...се вработе на подобро место и сега зема окулу 23 000 и само си купва за него многу ретко мене нешто да ми купи еднаш на нервата му го реков тоа ај па ми купи палто исто излезе како јас да го натерав да ми купи...има една роднина негова подалечна често нас двајцата не провоцира и сака да не скара го понижава секако дека јас сум била поубава од него и така натаму...а тој незнај да му се врати туку ја брани секогаш јас ако му речам нешто сега можи да ми се придерва..праевме муабет во друштво во врска со факултеот тој беше добар студент со добар просек но и јас имам засега добри оценки 10ки и 9ки нешто ми зарече неговата роднина дека можам да го стигнам а тој велеше пред сите дека не сум можела ме понижава дека тој е попаметен од мене... и не е само тоа ако му речам нешто ме прави како да сум била многу лоша како некоја познаничка негова која е на многу пониско ниво од мене...и сега се прај дека е тој во право не правиме муабет се мислам дали да му се смирам или не дадете совет ве молам :)
     
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.778
    Сериозно за подвлеченото? Така те третира пошто премногу очекуваш од него материјално. На крајот од денот, тоа се негови пари и тој АКО сака ќе ти купи, не е ОБВРЗАН. Подарокот треба да е од срце а не затоа што ти си го натерала. Не го напви човекот, пред да ти е касно.
     
    На SwanMay, Candid, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Би сакал онака да ти раскине типов. Ти не си за со некој да идеш. Мора да ти купува работи? Ти ко да начека сега поголема плата и мора тебе да ти купи/Јас да бев на негово место ќе си пазарував само за мене. во твое присуство/

    Многу си плитка
     
    На SwanMay, Candid, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Friday

    Friday Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Одамна ме немало на форумов, но сега ми треба ваш совет. Вака девојки, со дечкото сме заедно веќе 6 години, и во последно време (во последните 2 години) скоро секој ден се караме за нешто. Тој стана многу љубоморен и токму поради тоа настануваат караниците.Како прво одамна никаде немаме излезено заедно,бидејќи кога и да му спомнам излегување тој си наоѓа изговор или вели дека нема каде да се излегува во овој град. Еднаш на фб ми имаше пишано едно момче кое не го ни познавав а јас го избришав разговорот за тој да не примети а потоа несакајќи му признав за тоа.Многу се каравме, се сомневаше дека сум се допишувала со него па затоа сум морала да ги бришам разговорите,и одтогаш за ништо не ми верува. Мисли дека го изневерувам, постојано се лути, па ќе ми раскине а јас го молам со часови да се смириме и на крај попушта. И се така. Не знам што да правам, а никогаш ниту сум го изневерила ниту пак сум сокрила нешто од него. Ве молам за совет бидејќи не сакам да раскинеме а додека сме заедно постојано се караме. Однапред ви бглагодарам девојки.
     
  17. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.892
    Пол:
    Женски
    Ќе престанеш да молиш за да се смирите, па ќе видиш како ќе биде. Разговарај со него, озбилен разговор, дека ова веќе не може вака. Секоја ти чест, јас трпев 5 месеци и пукнав, и моите дома ги пукнав од нервози, а ти си вака две години. Знам кој притисок е, и немој да го трпиш само затоа што одите долго време.
    Верувам дека ако престанеш да го молиш, тој ќе биде многу горд и ќе чека пак ти да го молиш и тогаш ќе видиш колку вреди да останеш со него. Престани да му дозволуваш да се изживува врз тебе. Не сакаш да раскинете? Епа он е тој што цело време ти раскинува.
    Зошто му се тресеш толку кога знаеш дека ништо немаш згрешено и му дозволуваш да те малтретира ко да е последен на светов? Бидејќи да, ова е малтретирање. Тој не попушта после некое време, тој уште од почетокот на караницата знае дека ќе ти попушти, само сака да те гледа како се бориш да го задржиш, и тогаш егото му расте, кога те гледа како се измачуваш.
    Мој совет - раскини за да спиеш мирно и без некој да ти врие над глава цело време.
     
  18. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Oва не е ништо ново. Имам другарка која еднаш ми рече : Работата на дечкото е да ти купува поклани, да те опсипува со подароци секогаш. Мила мајко.
     
    На buba4e89, senza.parole и tessie им се допаѓа ова.
  19. Friday

    Friday Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Многу ти благодарам на советот Warrior Angel само не знам како ќе можат да издржам да раскинеме, по 6 години не можам да си замислам нешто такво. Многу сме разговарале за секој проблем ама секогаш излегувам јас виновник за се. Еднаш пробав не му се јавив цели 3 дена а потоа ми пиша порака дека тоа му било доказ дека и јас сакам да раскинеме. Јас веднаш му се јавив и го молев да не раскинеме... на крајот попушти. Внимавам како се однесувам, да не го навредам а то постојано се лути за нешто. Во секој слушај многу ми користи твоето мислење.
     
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.892
    Пол:
    Женски
    ^Леле види го ти него. :x
    Ај те молам, прочитај си го мислењето: "Еднаш пробав не му се јавив цели 3 дена а потоа ми пиша порака дека тоа му било доказ дека и јас сакам да раскинеме."
    Што не ти е јасно одовде јас не знам. Тој сака да раскинете, и самиот ти го има кажано тоа безброј пати. Нареден пат, фино лепо ќе си речеш, епа еве сакаш да ми раскинеш, па, нема што да те молам веќе. Крај краева, па и ќе си речеш, да сакам да ти раскинам, не можам веќе да продолжам во ваква врска.
    Девојче, не си должна ти никого да трпиш, никoj што ти носи негативности во твојот живот, што ти носи нервози. Доста се понижуваш за него, па што оти одите 6 години? Не велам дека се мора да биде розово во животот, ама имај на ум, поарно сега отколку во брак да се решиш на таков чекор - да ставиш крај. Ти не си виновна за ништо, а тој цело време пробува да ти наметне вина за да се чувствуваш лошо и да го молиш. Пробај уште еднаш да ја зачуваш врската, ама ако не се опаметува си знаеш како. :)
     
    Последна измена: 20 декември 2014
    На mims-89, senza.parole, Friday и 1 друга личност им се допаѓа ова.