A ти полека со врегање јас сакав да кажам дека од срце не ми купува нешто а не дека јас сум заинтересирана за пари значи наведив и други работи не ми треба такви глупави врегања од глупава личност како тебе
Верувам дека си доволно зрела да не симнеш на земја и да не вреѓаш. Друго, не наведе дека сакаш од срце да ти купува. Така да, никој не те навреди ти сама си нагласи во постот. Немој да очекуваш да ти кажеме така е во право си, треба да ти купи се, бидејќи не си во право. Прво болдот: Што има он да ти купува, а па која си ти да му бараш? Не ти е маж. не ти е должен да те издржува. Извини што сум саркастична ама така е. Каков впечаток ќе му дадеш на дечко ти кога ќе му речеш така? Ќе си рече еее оваа вака така. Тоа што работи и зима толкава плата, не значи дека треба да ги исполнува твоите хирови. Барај си пари од твоите дома девојче, а не од дечко. Како не ти е срам јас незнам. Па мене би ми било срам да ми купи и смоки, а не па палто. И нормално така ќе се чувствуваш, не е должен да ти купува на тебе, може парите си ги дава дома си помага на неговите. А за братучедката ќе си разговараш со дечкото, мада мислам дека он по ова се мисли дали да биде со тебе. Она му е братучедка, а ти си му девојка. Прави разлика помеѓу тие два поими, и може ти го сфаќаш тоа озбилно, а таа да се шали.
Тој знае дека ти си му слаба точка и дека ќе го молиш затоа вака ти прави. Па сега 6 години разбирам период е но некои дечковци кога ќе влезат во долги врски треба да имаат визија дали ќе останат со таа девојка,дали таа врска ќе резултира со брак, ама во денешно време секој има девојка и толку, немаат визии. Тоа е причина што постојано се карате. Дечкото не гледа визија со тебе, недовербата и љубомората се знаците дека тој сака да раскинете ама незнае како да ти каже, и затоа на полош начин ти прави така, тој смета дека тој начин ќе биде помалку болен за тебе.
Јас не те навредив,но ти изгледа не сакаш да ја слушнеш вистината. Ти колку што си заинтересирана за пари, си и толку слепа. Како може ти да му бараш на дечко ти да ти купува? Па уште му викаш да ти земе палто? Сори, али искрен сум, тоа што ти реков значи дека си ти, А ти зошто си бистра, си најпаметна, другите глупи.
Кој сака да ми биде дечко? Сакам да ми купи поклон за Нова година, за Валентин, за 8ми Март... за роденден... Чекај има уште нешто? БАРАТЕ СОВЕТИ А НЕ ПРИФАЌАТЕ КРИТИКИ.
ИСКРЕНО, зошто постојано да ти купува нешто ако има подобра работа? Некогаш ќе види нешто што ќе мисли дека ќе ти се допадни и ќе ти земи. Има денови како роденден, 8ми Март, Нова Година и слични кога ќе ти подари нешто. Не е должен да ти подарува нешто ... дури и сопруг да ти беше. Ова само за делот „купување“. Е сега, за оваа роднината, искрено ако таа толку ви се меша и ако тој паѓа толку под нејзино влијание и те омаловажува тебе, што уште бараш со него? Мислам сфаќам дека можеби го сакаш и се тоа, но некогаш ако не осеќаш дека иста љубов ти е возвратена тебе - испитај и реагирај. Би рекла дека можеби е период, ама ти рече дека ова се случува последните две години. Факт е дека љубомората е нормална ама ова е претерано. Врската ја држи довербата и мислам дека треба тоа да му го кажиш. Дека за една врска да успее мора некогаш да излезите заедно, да гледате филм дома, да комуницирате и да си верувате. Знам дека не е време во кое можиме премногу да веруваме на некој ама сепак ако сме избрале некој партнер пожелно е. Од друга страна можеби месец- два можите да направите пауза. Многу пати имам слушнато дека паузата е пролонгирање на раскинување ама тоа важи, барем према мене за кратки врски. Вашата е доста долга врска и мислам дека ако направите месец- дена пауза и дека после тоа барем малце ќе ви се подобрат односите ама како и да е, ако тој е природно љубоморен, или барем станал таков, овој предлог можи да го сфати грешно т.е. како повод дека сакаш ти да одиш со некој друг. Исто така, ако сте шест години заедно, а само последните две тој стана опсесивно- љубоморен кон тебе, има шанса тоа да настана со зголемување на љубовта АМА и со полнење на главата т.е. ако некој пропеал некои глупости. Со среќа и се надевам дека ако можи со разговор да се среди ќе биди добро Откако напишав горе се го видов ова и никогаш повеќе не сум ја поддржала идејата да паузирате месец- дена. Со паузата ќе имаш време да се сортираш себеси зошто ова не е однесување што се толерира од негова страна. За еден месец ќе видиш дали ти е поубаво или не со него т.е. дали се чувствуваш посреќна или не. Зошто ти трпиш две години и имаш право да бидиш среќна и не, знам дека многу време се шест години,ама те молам немој да гледаш на квантитетот туку мисли и на себе. Зошто ако беше овај период ако тој беше под стрес и се однесуваше така, ај ќе сфатевме некако, ама ако ова оди две години, нема да се смени ни за дупло повеќе. Мора да видиш што сакаш прво за се. Уште еднаш со среќа душо
Здравоо...се караме со мојот дечко секој втор ден и само се нервирам заради тоа...се трудам да му кажам на добар начин дека некој работи што ги постапува не се добри и заради тоа и се караме...а тоа дека често знај да ме мајтапи пред роднини пријатели..незнај да ме цени како негова женска...работата му е поважна од мене и од кога се вработе како повеке да се цени како да не го интересира толку врската...само за неа зборува...само се плаши да не биди избркан итн..кога ќе излезат пробеми за нас..незнае кој збор да го искористи за да ме навреди...многу сум го нервирала...и сега се лутиме окулу 5 дена...секогаш се плашам во друштво да не ме навреди нешто..наместо да бидиме среќни во друштво после тоа се караме заради него..милиони пати му имам кажано дека неќам да ме коментриа да ми игра мајтап пред другите и пак истото..се има случувано кога ќе излезевме да си купам нешто ке се дотерав и мора значи да ми најди некоја замерка...а не сум некоја шо незнај да се дотерва...наместо да ја поминиме убо вечерта излезени расположени ке те изнервира со неговите неубави комплименти.
Понижување,омаловажување и тоа ли е љубов? Седни и убаво збори со него, ако си го смени понесувањето продолжете, ако не откачи го, твоите не те растеле и чувале тебе за некој да си игра со тебе како што сака.
Фала ви на сите многу што ми вративте,јас дури сега се пуштив и сватив што е проблемот..Значи дечко ми кога е лош јас после тоа така си мислам,деновиве е супер и срцево како лудо ми чука кога ќе помислам на него.. Иначе јас сум променлива личност..Вчера додека си седевме кај него при муабет ми рече дека му е страв од варање,страв да не го повредам,да не го поебам кога најмалце ќе очекува...:/ Он има лошо минато со љубовта..Се правел за девојките и го повредувале гадно,сваќам дека се плаши но јас никогаш не би му сторила такво нешто..мразам варање ..........
Фала ви на сите многу што ми вративте,јас дури сега се пуштив и сватив што е проблемот..Значи дечко ми кога е лош јас после тоа така си мислам,деновиве е супер и срцево како лудо ми чука кога ќе помислам на него.. Иначе јас сум променлива личност..Вчера додека си седевме кај него при муабет ми рече дека му е страв од варање,страв да не го повредам,да не го поебам кога најмалце ќе очекува...:/ Он има лошо минато со љубовта..Се правел за девојките и го повредувале гадно,сваќам дека се плаши но јас никогаш не би му сторила такво нешто..мразам варање ..........
Зашто не се познава дека е иста личност, затоа... Девојко, и од пет профили да напишеш иста ситуација со различни зборови, контекстот е тој. Те омаложува, те понижува - едноставно не си среќна. Не се мачи себеси.
Не е некој голем проблем хехе Дечко ми има 9 годишна сестра На почеток кога идев кај него се срамеше многу од мене и немавме никаков контакт што се вика xD Сега во последниов период се опушти и почна да ми плете алки,да ми дава честитки..Кога бев сеа пред некој ден кај дечко ми,пред да влеземме ми вика:сестра ми незнаеш колку се радува што ќе дојдеш Па кога влегов се изнагушкавме хехеехе Мила ми е ептен,утре ќе идеме во кино да гледаме цртан,но бидејќи дечко ми несака да глеа ќе идеме само јас и она..Толку сум возбудена и толку со нетрпение го чекам тој момент незнаете,но и малце срам ми паѓа Незнам што да и зборам толку многу :/ А и ме плаши помислата после тоа кога мајка им ќе ја праша како сум се понашала ова-она.. И сакав да прашам дали може ова да ни смета нешто во врската? Бидејќи и со мајка му се слушам на телефон ..
Чекај сега....значи ова го сметаш за проблем?????? Напротив мислам дека ке биде убаво да се дружиш и со неговите блиски мислам најнормално според мене, е сега ако некој ова го смета за проблем нека те советува а јас негледам проблем тука, многу убаво немора ти да збориш кој знај што со девојчето онака општо. Проблем е ако не те сака а не ако се радува штом слушне за тебе.
Девојче, не му ја мисли толку. Сестра му сигурно нема да ја следи секоја твоја реакција. Башка сама си кажа дека се слушаш со мајка му и веќе те познава. Нема потреба да испраќа "шпиони". (Бидејќи мислам дека така гледаш на ситуацијата )
@Yeeah, јас лично сум против прекумерното зближување со фамилијата на партнерот. Претпоставувам дека ти гледаш на таа блискост како знак на прифаќање и потврда за сериозноста на вашата врска, но утре токму таа блискост може да биде причина за безброј главоболки.
Добро а колку време сте заедно ? Зарем и покрај таквите навреди и неубави критики од него ти сеуште си вљубена и го сакаш ? Еве пример со мене некој така да се донесува ќе гледам да стое што подалеку од мене а не пак да го рачунам за мој дечко. Жити се каква љубов е оваа,ако дечко ти не ти е подршка и не ти дава убави комплименти што очекуваш од таквата врска. Зарем убаво ти се секогаш да бидеш нерасположена и нервозна кога си покрај него ? Мислам дека треба самата да размислиш и да ставиш крај на врската доколку не сакаш да раскинете постави си некоја граница искажи јасно и гласно што имаш,кажи му дека не си среќна и дека таквата врска не личи на ништо.Доколку не покаже никаков интерес и повторно те исмева верувај дека таквиот човек нема љубов кон тебе ,и тргни се на страна со време Ти посакувам среќа и не дозволувај некој небитни луѓе да ја рушат твојата среќа и убавата иднина која е пред тебе,научи да се цениш себеси и стреми се да го имаш тој кој ќе те гледа како капка вода во неговата дланка а не да те навредува и повредува.
Не се секирај, се`уште е мала за да биде золва. Шега, шега... Taкви се децава, се срамат, се срамат, па ќе се опуштат. И обратно. Уживајте си во попладнето, ќе ти годи малку враќање во детството, само, имај го на ум она што ги го посочи Наусика, многу зближување, не. Со никого од негова фамилија. Многу незгодна работа. Јас со на мм родителите во иста куќа сум била, па не сум толку блиска. Почитта е важна, а неопходната дистанца, којашто секако не е пожелно да се пречекори, најчесто и` претходи на истата.
@pufchence9559 Срце мое, љубовта или врската не е натпревар кој е подобар кој повеќе се труди, кој е поубав, кој е центар на внимание? Тие се негови пари и нема потреба тебе да ти се правда каде и како ги троши. Ако е циција и ти се чуствуваш запоставено тогаш тоа е друга работа. Сепак не сваќам ако ти е толку тешко со него и ако толку те понижува како го трпиш? @Friday А да не е малку подлабок проблемот па тој наоѓа причини да се кара со тебе? Слушај немој да се глупираш не е тој Бог па да му се правдаш, крај краева знаеш дека не си му згрешила ништо па уште да го молиш? Не му ли е доволна причина што се понижуваш до тоа ниво да го молиш за нешто што не си згрешила? Ти треба некој што ке ја цени твојата љубов и целиот труд што го вложуваш во таа врска. Па ти сама си му признала за тој што ти пишал, да имаше нешто ќе го скриеше тоа и немаше никако да дознае тој дека другиот ти пишал. Ем искрено им кажуваш ем не веруваат. А да почнеш да го лажеш? Можеби тогаш ке почне да ти верува @SnowWhite8 очигледно тој се опуштил премногу во врска и те сака и смета дека веќе нема зашто да се криете или да се пазите, или како да ти објаснам подобро, се чуствува удобно во твоја близина. Јас тука не гледам грешка баш би ми било мило, сепак твое си е. Немаш причиина да се плашиш да му веруваш некому, едноставно кога сакаш тоа ти е природно и нормално и воопшто не размислуваш но очигледно на дечково не можеш да му возвратиш во иста мера.
Сметам дека тоа воопшто не е лошо, туку ти премногу се оптоваруваш со нешта кои што и не се толку важни колку што ти мислиш дека се. Постави си одредена граница, бидејќи, се согласувам дека прекумереното зближување може да предизвика одредени проблеми во вашата врска, но немој ваквите нешта да ги сфаќаш толку сериозно. Опушти се и уживај во својата врска.
се е ок од пишаново за сестраму убав потег е од тебе тоа што ја носш на кино ама мене единствено ен ми е јасо што има со мајка му да се слушаш и после олеле сега близина а утре ек ја искорист таа близина против тебе и ек плачиш од неа дистанца девоче си чула за тоа