Ај и јас да ти пишам. Гледам другиве се фатиле за тоа дека мајката ќе прави проблеми во врската. Ама заборавивте најважното. Пошто ќе одиш на кино со нејзината ќерка, малата има 9 години, јас незнам ти колку години имаш, дали знаеш дека треба многу да бидеш внимателна? Малата може да трчка, да сака едно друго, мајката мора да води рачун кај сте и што сте. Мора да те праша за однесувањето на малечката. Мислам ти ако си доволно возрасна не си требала да прифатиш, цртани можете да гледате и дома. Сепак она е дете, не дај боже нешто да се случи ќе си бидеш крива, и таа како мајка може да го притисне дечко ти. Така да јас би ти препорачала да ја викнеш кај тебе, да си пуштите цртани пуканки од тоа поубаво нема. Бидејќи во денешно време на ризик е секаде да одиш. Тоа е мој совет.
А зошто секогаш мајките на дечковците ги гледате како вештерки? Што има после таа блискост да ја искористува против девојката??? Што има врска што си се слушаат, зошто да не. Утре може и со мајка му да искочи на кафе или пазарување, да спремаат јадење заедно, сите заедно да јадат, а потоа и садовите да ги измие. Значи што има врска? Треба да се бега и да се избегнуваат родителите на дечкото? Зборувам ако врската е подолга и сериозна, не од втор ден одма да се глуми снаа и свекрва ама ова е сосема ок, дружење со сестрата или братот на дечкото/девојката, дружење со мајката... Јас не гледам ништо лошо во тоа, а и не гледам како би можело тоа да наштети на врската во иднина, може само да ја подобри. Ок ако мајка му е е стварно вештерка па да го труе синчето против девојката, сепак мислам дека се модернизиравме малку па нема такви ситуации.
@mims-89 Извини нема да те негирам во ништо само сакам да си го кажам мојот став за ова одење по дома. Јас како родител, а верувам и многу други не би сакала секој дечко или девојка да ми ги носи дома. Денешниве млади посебно девојчињата одушевени се ако дечкото ѓи однесе дома си мислат готово за век и векова е мој. Посебно како горе наведениот пример, шетање сестри, слушање со мајка, со самиот пост искажува одушевување од постигнатото во навлегување во семејството. Денес од 2 дена „одење“( не знам каде не ми е јасен зборот) веднаш се укотвуваат дома, дали на родителот му е мило или не не е важно тие си го тераат ќеифот. Убаво напомна ти ако е подолга врската да па и тогаш со прашалници. Едноставно има луѓе што се врзуваат со личностите од страна па ако не биде ништо од таа врска ќе биде повуци потегни и разни притисоци затоа што на мајката и се допаѓала девојката или обратно. Ќе им се допаѓа се додека не им дојде во куќа после ќе биде што ќе биде.
Точно @Daleron во право си, но тоа многу зависи и од зрелоста на самата личност која прифатила да се запознае со родителите. Во слисла на тоа дали доколку раскинат ќе се треска од земја и ќе ја моли мајката да ја помири со дечкото и од зрелоста на дечкото дали ќе дозволи мајката да се меша во врската доколку ја запознае со девојката. Ако се во сериозна врска која трае повеќе од година две според мене е многу убаво да се запознаат и родителите. Тогаш па и многу работи излегуваат на површина и можеш да видиш дали и понатаму би функционирале добро, го запознаваш дечкото и од друга страна штом ги запознаеш и неговите родители. И врската добива друга димензија, на некој начин ти дава значење и ти укажува почит штом те однел дома да те запознае со неговите и обратно. Секој родител би сакал да знае со кого му излегува детето, секој родител е љубопитен да го/ја запознае дечкото/девојката на нивното дете. Подобро така одколку да ја/го мисли секоја ноќ со кого е излезен/а. И јас сум против тоа сега секој втор дечко/девојка да се носи дома и претставува на родителите, не е пријатно воопшто. Секако дека треба да се држи некоја дистанца, да не биде она пренападно дружење со родителите и вклучување комплетно во нивните семејни активности ама па некако ми е природно да се слушнеш на телефон да ги поздравиш, ете тоа да ја изнесеш некаде помалата сестричка, кафенце со браќа/сестри ако се погодите врсници па и излегување, да отидеш на ручек кај него и тој кај тебе, да и помогнеш на мајка му во пазарување или приготвување нешто. Да им се најдеш кога имаат потреба од помош за нешто низ дома и слично, не терба да се сфаќа толку погрешно, напротив е природно ако ти е стало до дечкото, нема ти биде проблем да го прифатиш неговото семејство и одржувате супер културен однос. Несакам да навлегувам во тоа какви би биле работите кога ќе им влезеш во куќа затоа што тогаш се откриваат вистинските лица да ама несакам да бидам скептична, оптимист сум дека ако уште на почеток воспоставиш супер однос и се обидеш да ги запознаеш ќе си остане тоа така и во иднина. Па валда не се претвараат во злоби луѓево преку ноќ и неможат да глумат толку долго време. Како и да е треба да се одржува дистанца и да се биде умерено близок. Најдете го балансот кој ви одговара меѓу тие работи.
pufchence9559 прво и основно да те прашам, не ти е срам да бараш да ти купува нешто? Не 23 илјади ако сака и 23 илјади евра плата нека зема, негови си се. Тој тебе може да ти купува секој ден подароци ама џабе ако не те сака и почитува. Си имаш родители кои треба да се грижат за тебе и твоите потреби, а не дечко ти. Мене би ми било срам вака да барам. Утре, другден ако раскинете има на нос да ти излезе се што си побарала. Prcule33 како може да бидеш уште во врска со таков човек? Мене некој да ме навредува и понижува во секоја прилика јас би бегала од таков човек, не пак да останам во врска со него. Ако си дозволуваш ќе ти прави, ако покажеш заби и му раскинеш да видеш како ќе се сменат работите. Тој ти е дечко и треба ако некој те навреди тој да те одбрани и застане на твоја страна, а не тој да го прави тоа. Мислам дека ваков дечко не ти треба, заслужуваш подобро.
Епа вака...излегов со едно дете неколку пати..И сега не знам како да го прашам дали ние идеме или само мување...Не ми е јасно,на фејс пишуваме,ама јас сум збунета...
Срцка ако те нема питано за врска, значи не сте, само се мувате, другари сте, свиѓате се и толку. Нема зашо да се мачиш со тоа.
Колку пати излеговте до сега, и од кога излагате? Се слушате ли секој ден, ти се јавува ли? Кога сте заедно, ти обрнува ли внимание или само да се измувате и по дома? Си раскажувате ли, како сте поминале денот, ова-она, или само ти се јавува кога треба да се видите? Кога ќе го сретнеш во јавност, како се понаша со тебе, дали те претставува како негова девојка или? Одговори си самата на овие прашања, и самата ќе можеш да си процениш..... Инаку не те мачи прашањето дали ќе те праша ,, ќе ми бидеш ли девојка,, ако тој ти посветува доволно внимание, ако се слушате секој ден, ако се гледате често, ако не те крие по темници, тогаш мислам има нешто повеќе од мување. Според мене мување е да се договориш со некого да се видиш во толко и толко, се гледате, правите што правите, и после секој по свој пат, и се така во круг.
Zavisi toa "izlegov"na kakvo izleguvanje se misli. Te zema od doma,se cekate nekade,odite po kafici ili se naogate samo posle niv i pretezno na samo. Vo sekoj slucaj ne brzaj,probaj indirektno.Kraj kraeva nova godina za tri dena,ke vidis dali ke saka da e so tebe ili ne.
Епа, нели “селски“ било да те праша: Ке ми бидеш ли девојка, сакаш ли да се фатиш со мене и др такви прашања. Затоа и машките, да не станат “сељаци“ и да се модерни, престанаа да прашуваат, па некое време ке се мислите што правите, на што сте, и ако случајно некаде ве претстави како девојка негова, е дури тогаш ке знаете дали сте во врска, но бидејки и тој не знае дали сте во врска и тој ке си молчи и така, додека да собере некој храброст и да праша: Добро, ние сме во врска или само се муваме? Стварно е вака, освен одредени исклучоци и секоја чест што не мислат дека се глупави и смешни што ке прашат.Или, ако не сакаат да прашат на тој начин, нека се потрудат барем некако да и стават до знаење дека се во врска.
фала ви многу ,иначе кога сме заедно прво разговараме и се тоа ,ми обрнува внимание,секогаш се испраќаме и него воопшто не му е страм да ме баци пред јавност ,или да шета по улица со мене за рака фатен,и не е работата за пола саат или саат надвор само да се измуваме,седиме по 3-4 саати. .а кога ќе ме сретне во јавност не се понаша како да не ме познава воопшто ,иди се поздравува. Сепак ви благодарам многуууу
Пак јас со сериозен проблем Дечко ми има лошо пијанство..Што подразбирам под лошо? Епа..почнува да лумпува, да прави проблеми..да се тепа и доколку му преречам да не пие, јас станувам лоша.! Тој не пие често,еднаш во два месеци,но мене после тоа ми е тешко..Неможам да се плашам секој пат од агресијата негова..Место јас да уживам во вечерта да си се веселам ја после секоја чаша негова се поише и поише паника ме фаќа Повеќето другари го баталија,зошто СРАМ е тоа! Кај и да отиде проблем да направи! Срамота!!!!.Искрено постепено,ми се губи љубовта..Сабајлево зборевме сакав да е толку..ми вети дека веќе капка нема да стави во уста од жестоки пијалоци! Ме молешех уште една шанса да му дадам..РаЗмислив и сватив да му дадам уште една шанса! Каде што ќе видам дека стварно е сменет! Но..ме мачи нешто..како што напоменав секоја лоша негова постапка ме трга од него,прелиена е чашата повеќе..Повеќето од друштво ме прашуваат ШТО БАРАМ сеуште со него..Зошто он кај и да сме иделе правел проблеми а се напие...Јас сакам и верувам дека ќе се смени! Сакам да му помогнам. Но..ми се вртат цело време лоши мисли низ главата како на пример:си мислам дека љубовта нема да ми се врати..дека он убил све во мене од чуства итн..Страв ми е,нејќам несвесно да сумм го отсакала скроз! И на крај да раскинеме и оп го сакам! Како да се преиспитам? ..... Фала Ви што прочитавте,вооедно и се испразнив..
Душо јас те сфаќам ама не можеш да бидеш во врска со човек на кој цело време му даваш шанси и мислам дека ептен лоши мисли ти се вртат во главата заради тоа и не си целосно среќна,не ти е тоа тоа во врската и самата си опиша,кога другите нешта не се на место и љубовта сама си исчезнува затоа мој совет не биди во врска која прави да се осеќаш така,и да го сакаш и да не го сакаш не е секогаш љубовта најбитна работа,мислам дека би била посреќна кога би му раскинала вака само си ја мачиш душичката... Те бакнувам и се надевам дека ќе ти биде подобро
бакнеж и до тебе мила,бидејќи си дадовме збор ќе пробаме и овој пат,но само една грешка и толку ќе е! Дефинитивно Туку сакав да прашам и уште нешто..Му замерувам и на најмалата ситница,значи што и да направи како малце да ми е..Како да го казнувам со ова..Зошто вака? ....
бакнеж и до тебе мила,бидејќи си дадовме збор ќе пробаме и овој пат,но само една грешка и толку ќе е! Дефинитивно Туку сакав да прашам и уште нешто..Му замерувам и на најмалата ситница,значи што и да направи како малце да ми е..Како да го казнувам со ова..Зошто вака? ....
Па лута си му тоа го правиш несвесно,длабоко во себе знаеш дека не си задоволна од него и затоа така ти иде едноставно,скроз те сфаќам и јас сум била во ваква ситуација не се обвинувај себе Кога ќе се разочараш од некого после нормално е така да се однесуваш ако продолжи да те разочарува.