Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @SnowQueen17, ќе бидам оптимист па ќе претпоставам дека кога сте се расправале некој работи ги рекол во афект и дека навистина не очекува дека ти треба да му купуваш поклони. Од друга страна има поклони и има поклони-едно е да бара да му купуваш парфеми, часовници и новчаници онака рендом, друго е одвреме навреме да го изненадиш со некое чоколатце, провезок за клучеви итн некоја евтина ситница. Што се однесува за барањето внимание, наврати се наназад низ месеците и проанализирај го твоето однесување и види дали дечко ти со право ти префрла дека не си му посветена доволно.

    @oneday, три месеци се сосем доволно да знаеш дали сакаш да бидеш со некого или не. Седни го дотичниот и барај да ти каже што точно правите вие двајца, дали одите или се гледате онака кешуал.

    @Haritiela, најпрво би ти рекла да седнеш и да размислиш каква е вистинската состојба на твојата врска, вреди ли да се обидете да ја спасите или најдобро би било секој да си тргне по својот пат. Каков и да е дечко ти, никој не заслужува да му се набијат рогови. А што се однесува до новиот фраер, да не беше толку заслепена од него, ќе видеше дека му е многу удобно да си седи на две столчиња, ем си има девојка ем си има и швалерка за мување. Ништо добро нема да излезе од се тоа, само ти на крај ќе завршиш сама и со скршено срце.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Вака тој секој ден излегува со другарите, а мене ми дозволуваат од дома само за викенд. Излегувавме петокот со него требаше и сабота значи јас недела дена чекам за да се видиме и да го гушнам и прегрнам а тој ми кажува сабота утрото да ме планирам вечер со него ништо бидејќи со другарите ќе бил.|( Отидов на кафе со другарките тој на пола саат ми пишува ајде кај си кога ќе си отидеш дома за после тоа јас да си отидам а тој да ми кажи дека ќе оди на диско (facepalm). Утрото кога си дојди ми вртел неколку пати ама јас дури послетоа сум го слушнала тел. и се налути. Ми нема секогаш да е вака и ми рече чао и легнал да спие. Значи јас секогаш кога ми пишувал и ѕвонел сум наоѓала време и не гледам некаква грешка вчера наместо јас да се лутам тој се налути дури заплачав кога ми кажа дека вечер ќе е со нив а секој ден излегува со нив. Тој е многу љубоморен и секогаш иако не сум крива ме прави да се чувствувам виновна.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Помина времето за редактирање да дополнам сега му кажав дека ќе одам кај тетин мо летото во друга држава ми вика што знаеш прави не ти се мешам а еднаш на шала така му реков ми вика аха ќе одиш се испонервира ....
     
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Aj нека ми пиши некое машко л.п
     
  5. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    @Haritiela прво раскини со дечко ти. Не е во ред да го влечкаш и маткаш како ти текне додека ти мислиш и си со друг. Биди искрена пред се. И дечко ти заслужува да си најде некоја подобра од тебе и да си најде некоја што ќе му ја возврати љубовта.

    Зошто се мачиш не разбирам? Според мене овој другиот во кој си затрескана те врти како сака, а ти многу нормално му дозволуваш. Типов иде кај женска му и крие ја лаже нејзе за тебе, а од каде знаеш дека утре истото нема и тебе да ти го направи? Многу нормално дека истото ке ти го направи и тебе, бидејќи тој е таков.

    Немој да се навредиш но и ти и тој ми изгледате на недораснати и неизградени личности на кои крајната цел ви е само да си играте некоја игра што само вие ја разбирате и не знаете што со самите себеси. Каде е тука искрената љубов? Пази се, ќе изгориш. На крај сите ќе добијат по нешто ти ќе останеш празна во душата и без никого да се ослониш. Обично така иде тоа :)
     
  6. thebutterfly15

    thebutterfly15 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Прво здраво на сите :hai:
    Нова сум на форумот само што се зачленив па одма со проблемиве мои :tmi:
    Драги феминки сеуште го сакам бившиот,со кој имаме раскинато пред неколку месеци.После мене тој си имаше друга девојка,но по извесно време раскинаа.Пред неколку денови почнавме да комуницираме повторно се до денес кога дотичниот господин од нигде никаде не ми врати повеќе :fubar: Теравме некои општи муабети...Сеуште го сакам,сакам да го вратам некако но и сама незнам како.Секој совет е добредојден :)
     
    На SnowQueen17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Почекај може ќе ти одговори. Ако не почни повторно да му пишуваш, види како ќе се одвиваат работите, потсетувај го на ваши убави моменти и некако индирекно спомни средба. Да не биде она класичното сакаш да се видиме и слично, чисто дознај каде се движи, како е таму, кај ќе оди за викенд, па спомни му може ќе поминам па ќе се видиме, или сум слушнала за местото ама не сум била викаш добро е? Па може ќе му текне да те викне, види прво од страна, оцени го дали и тој има некакви чувства за тебе сеуште и дали уште го интересираш.
    Вимавај да не претераш па да станеш нападна, почекај 2-3 дена види дали ќе ти одговори, потоа пиши му, нешто прашај го да не испадне само здраво, онака ти пишувам.
    Ако неможеш да се замараш и да играш вакви игрици прашај го дирекно, ако имаш храброст секако и си подготвена да се соочиш и со негативен одговор. Според мене најдобро е пред да направиш било што е да дознаеш некако што уште чувстува тој за тебе. Само немој да пушташ муабети меѓу другари/другарки негови или твои, така само се комплицираат работите и се меша и кој треба и кој не терба.
    Среќно! :)
     
  8. bluelagoon

    bluelagoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Некој советник што има време да се јави во инбокс ? :)))) Благодарам
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ba-Gi

    Ba-Gi Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Здраво, нова сум. :hai:

    Па дека темата е проблеми и совети да ви го кажам проблемот. Имам еден дечко, најубав во нашата генерација, сладок е, добар се, само си има една бивша со која одеа пола година. Таа му е прва комшика и со него учи во класот, па дури и заедно седат така ги намести наставникот нивни класен. Има една пола година откако раскинаа а јас и он сме 2 месеци заедно. Проблемот е во тоа што цело време се заедно, не се делат како сиански близнаци се, од наутро кога се викаат за нашколо, па на часевите, на одморите, заедно си одат, потоа заедно учат, пишуваат кај едниот дома. Секој ден прават мубет на телефон по 15 мин на секои 20 минити. Како да не е тоа доволно па секоја недела на фејсбук си ставаат слики, срциња другарски па коментарите... А она бившата му е уште сингл, прв и беше и она му раскинала. И него она му беше прва. И стално нешто му се пика, го задева, се бркаат, си играат... Другарите негови стално му велат да се смират, па ги редат повторно да се заедно, ги задеваат, ги буткаат за де се смират. Неговите другари, неговата бивша ја слушаат си прават муабет, а мене не ме ни забележуваат и покрај тоа што знаат дека сега нивниот другар е со мене. А овој пак, со мене прави само здраво на школото и си пишуваме 2 пати дневно, толку.:fubar: Бивша му и он се на џабест и така прават муабет по телефон, а јас на вип кутрата. Велосно само сабота вечерта сме заедно од 9 до кај 11 часот и дента во недела еден час ќе излеземе. Па нормално секогаш се заедно и имаат многу среќни моменти. Само ме интересира дали и кога е со неа, зборува за мене. И додека сме заедно, мора барем 10 пати да ја спомне таа глупачката, што правела на часот, какво куче имала.. Му се случува и да ме спореди со неа. Еднаш ми рече да си ја растам косата како неа, така било поубаво за да можи да ме куби за коса како неа, на заврканиција на игра така... И сека толку сум изморена од се, ми ја земаат целата енергија, неможам да ги гледам заедно. Размислувам и да му раскинам. Не ми е пријатно кога некој од сожалување ќе ми речи "овој твојов те вара ли?" па уште и ми велат "јас да сум на твое место ќе ја утепам кучката" (се мисли на неговата бивша). А тој вели дека му е само најдобра другарка. :( Инаку за некое врме ќе наполнам 18 години, последна година средно ми е..

    Ве молам за совет, што да правам со нив двајцата.. ???
     
    Последна измена: 23 јануари 2015
  10. Melita-te-saka

    Melita-te-saka Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Раскинувај одма, ваков не ти треба, нека си праваат муабет со бившата, како и да е другарите ќе му ја наместат повторно. Јас да бев на твое место навистина би ја утепав кучката како мува. И најди си некој нов де, од толкава генеравија нема ли некој друг како за тебе. :)
     
  11. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Девојче, ќе ти посочам на некои работи.Мала си, се гледа дека имаш околу 15 години. Дали сериозно се замараш колку време поминувал со бившата? и какви коментари тој дава за неа?
    Разговарај со него, немора веднаш да раскините. Кажи му дека ти пречи што кога сте сами разговара тој за неа. И еден совет плус, немој да бидиш љубоморна. !
    Уживај во тоа што го имаш ;)
     
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    @aways , а што има девојчето за да ужива во него?

    Мислам дека секој што размислува рационално, би рекол дека треба да раскинете.
    Зошто?
    Колку што разбрав се гледате во сабота од 9 до 11 часот, и во недела еден час, значи сума сумарум сами сте околу 3 часа неделно..и ајде, поздравувањето во училиште да претпоставиме дека на неделно ниво е еден час..
    Па побогу, тоа се трошки внимание. Кој би се задоволил со тоа?

    Може дечкото не ја сака, и ја гледа како другарка, ама воопшто не е во ред таков однос.
    Јас на твое место би раскинала со него.
    Ти си во врска со него, а не и со најдобрата негова пријателка.
    Па уште и споредбите со неа?!:o

    Страшно ме иритираат момци кои не знаат да си го разграничат односот со најдобрите другарки, па уште дозволуваат таквиот однос да се рефлрктира врз врската. И уште поиритантно, разговорот со него и укажување каде греши.
    Секој треба да е свесен каде на пиедесталот се наоѓа другарката, а каде девојката.

    Млада си, мислам дека ваква врска во моментов не ти е потребна.
    Поздрав, и се најдобро;)
     
    На Candid, eloves, Daydream и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Duso ne se zamaraj I ponizuvaj....raskini mu ijas da sum na tvoe mesto nema da mozam da podnesam takvo nesto.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    @Ba-Gi неговата бивша не ти е за ништо крива, немора да ја мразиш и да ја нарекуваш со погрдни зборови. Дечко ти е тој кој незнае да и го постави местото или можеби несака, незнаеме. Таа си го тера ќеифот како и одговара и за тоа немора тебе да ти полага сметка или да и биде гајле за твоите чувства и мислење, она си има слобода да си се понаша секако со него и да си поминува време со него колку што сака, а зошто? Затоа што тој и дозволил така, затоа што и на него така му одговара. И така ќе биде се додека ти не пресечеш. Ептен си млада уште од сега да се замараш со вакви врски, проблеми и некој да ти ствара нервози цело време и да ти ја црпе енергијата.
    Јас би те советувала да разговараш со него отворено и да му кажаш што ти пречи. Кажи му дека не се осеќаш како негова девојка, дека сакаш повеќе време да поминувате заедно, дека ти пречат коментарите на неговите другари, дека ти пречи тоа што те споредува со неговата бивша. Прашај го едноставно сеуште да не е заљубен во бившата штом твреме сака да поминува со неа, кажи му дека сакаш да разграничи што сака во животот, кој му е побитен ти или она. Нека се одлучи така мир и за тебе и за него.
    После разговорот ќе знаеш што треба да направиш понатаму, да раскинеш или да продолжиш. Никој не би издржал ваква ситуација но пред да направиш било што однесувај се зрело и разговарај со него дирекно.
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    @Ba-Gi Јас мислам дека дечко ти не ја преболил таа другарката и затоа не може да се откачи од неа.Таа ја има контролата,му раскинала и сега го става во "friend zone",ама истовремено го кочи да има врска со друга,што значи сака целото негово внимание да и е посветено нејзе.
    Ти разговарај си со него,како те гледа,појасни му дека не бива така,ако не изреагира како што треба,знаеш како треба да постапиш/
     
    На eloves и Irrepleceable им се допаѓа ова.
  16. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Твојот најубав лепотан од генерација, те мота на малото прсте. Те споредува како неа, ти вика што да правиш, само да ја гледа неа во тебе. Шутни го, не ти треба таков женкар.
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    @Ba-Gi ситуацијава изгледа како тие двајца да се во врска, а ти само онака, небитна нивна познаничка. Не знам како си издржала до сега да го толерираш ова. Не си дете од 15 години па да си зацапана и да те оправдам, имаш 18 години, би требало до сега веќе да имаш некој изграден став и однос кон нештата. Не толерирај, раскини, не ти треба ваков. Очигледно е дека се' уште ја сака бившата, 24 часа се заедно, и ти се' уште се мислиш. Заслужуваш некој на кој ќе му бидеш единствена. Собери храброст и стави крај. Премногу малку време сте заедно за да се замараш со некој недозреан.
     
  18. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Без навреда ама навистина не ми изгледа како да имате по 18 години.
    Прво зошто ја обвинуваш неа? Според се што си кажала ми изгледа како тие двајца сеуште да имаат чувства еден кон друг, а твое е да го прифатиш тоа. Жал ми е.
    Искрено, тоа што другарите негови се за тој да и се врати, мора да ти зборува нешто... Мислам, моите другарки сигурно нема да ми советуваат да се вратам на бившиот ако јас не чувствувам нешто кон него, сум среќна со друг.
    Јас кога би биа на твое место, не би се ставала меѓу недовршена приказна.
    А, и тоа што е ‘‘најубавиот‘‘ дечко во класот, е нешто што уште повеќе ме натера да мислам дека помала отколку што кажуваш. Секој има различен вкус, детски е да размислуваш на тој начин.
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тие двајца сеуште имаат чуства еден за друг. Ништо чудно и потајно да се гледаат. (знаете за какво гледање мислам) Но, единствено ме буни фактот што тој е сеуште со тебе. Тоа што поминува 2/3 смешни саати во неделата со тебе мене не ми личи на врска. Фактички вие немате никаква блискост. И за тие 2/3 саати тој ти зборува за неа што укажува дека не ја заборавил. Тој тебе не те третира како негова девојка туку само онака, ќе се видите еднаш два пати и толку. Дури ни неговите другари немаат никаков однос кон тебе. И да, не верува дека имаш 18 години, повеќе од 15 не ти давам. Би те советувала да се тргнеш од сега, па ти сега види си најдобро си знаеш.
     
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Можеби имаат чуства еден за друг откажисе!! и те молам не е убаво да ја навредуваш сепак ако некој е крив тоа не е таа туку дечкоти :talk: