хммммм а што значи кога некој дечко а уствари сте другари додека зборите нешто и он онака слатко те фати и ти ја пробушави косата?? дали може да дава некој знак дека мозеби му се свиѓаш??????
карак ти благодарам за искреното мислење ама некаде потајно се плашам дека е така како што ми пиша за синдромот да не бидам сама.
Е па и јас се плашам да не си ја рсипам сегашната врска и на крај да не испадне ништо со бившиов а овој сегашниов ми пружа преголемо внимание убаво ми е со него ама........... незнам ни јас шо да речам во недоумица сум скрос а од друга страна само што почнав да го подзаборавам бившиов и ете ти го од нигде никаде да ми го сврти животов за 360 степени. од тогаш кога се видовме се имаме видено уште неколку пати и имам огромна грижа на совест дека не е правилно ова шо го правам ама не можам против тоа, се слушаме комуницираме преку нет и незнам на крај од се ова шо ќе излезе.
Пред неколку месеци(ама многу месеци!) му позајмив голема сума пари на дечко ми, сеуште ми ги нем вратено! сега работи и кога ќе ја земел платата(а работи сезонска работа, што значи само овој месец) си планирал да си купува нешто, а никако не спомнува дека треба да ми ги врати парите, а мене сега ќе ми требаат пошто ќе почнам да одам на факс... Не знам што да правам и како да му речам дека ми требаат имате некој совет?
Па побарај му ги. Чим он нема срам и си се прави како да не си му позајмила пари и дека нема обврска да ти ги врати, ти не треба па ич да се срамиш и слободно да му речеш дека позајмените пари ти се потребни и да ти ги врати во скоро време...
Види ози...ич да не ти е гајле што ти е дечко или слично.Тој треба да се срами што не помислува да ти врати поголема сума на пари,а ти си таа што се срами.Колку иронично? Изгледа мислиш дека ќе ти се налути ако му ги побараш ама да не ти е гајле ни малку.Наредниот пат кога ќе се видите кажи му дека ти требаат тие пари затоа што не е мала сума,а планираш да одиш на факс и ти требаат.И чао пријатно не се замарај.Поздрав
Нема што да се срамиш,особено ако сте во посериозна врска.На смеа,на шала можеш да му ги побараш парите. Јас кога ми требаат пари и без да му речам дечко ми ќе ми даде..другиот пат јас ќе му позејмам и така си се менуваме. Но никогаш не му било страм. Речи му-само тоа ти е решението.
Кажи му со убаво дека ти требаат пари и дали може да ти врати од тие . Кога зима пари треба да мисли и како ќе ги враќа .
Во потпослност се согласувам побарај ги нема срам му требале си му дала сега тебе ти требаат имаш потреба побарај ги ...ако те сака нема погрешно да те свати а како и да е ти си таа која треба да се лути
Епа зашто вака сега, во последно време претерува, или јас претерувам. Му се јавувам на телефон неколку пати на ден, кога не е на интернет или ако се неаме чуено пола ден, а тој онака ладно ми одговара на телефон, ко у стил мисли дека го проверувам, а тоа нема врска едноставно сакам да го чујам, или досадно ми е па ми се праи муабет, а тој ми вика не се секирај ншто страшно не правам, или ми рече еднаш а што морам на секоја секунда да ти се јавам и да ти кажам што правам????? ова ме извади од контрола, беше пред некој ден и вчера му се јавувам да му кажам да не ме чека на интернет дека ќе спијам и наместо ало да рече „кажи„ ми вика дајте некој совет како да постапам, или да не му вртам веќе, а се слушаме ко секој нормален пар, никогаш не сум го преоптоварувала со повици и никогаш со таква намера за контрола му се немам јавено. Еве сега незнам каде е, а сакам да се стави на интрнет и незнам дали да му титнам, да не искочи пак дека напињам!?
Мимс , можеш малку да олабавиш со повиците .. да видиме што ќе се деси . Зошто мажите не знаат што сакаат . И мојот исто .. кога му се јавував и пишував беше дека го гушам , кога престанав зашто сум престанала .. работава : дечко договори се па кажи ми . Олабави малку , не го барај , не му пишувај ќе видиме тогаш Се сложуваш ?
Можеби сака да му оставиш малку простор и да не напињаш. Чим така ти се понаша ладно му е досадно нон стоп да му се јавуваш. Кога гледаш дека е така остави, не му се јавувај кога тој ќе има потреба ќе те побара и полека работите ќе си дојдат на свое место А и башка гледам долго сте заедно, може едноставно му треба време да избега со мислите. Не му напињај, немора да го бараш цело време. Не му ѕвони, тој сам ќе те побара.
Мимс, олади малку! Не е убаво да го бараш нон стоп, ќе му посмета, ќе се осети напнат и ете го резултатот! Ми се случуваше ова и мене порано и многу се каравме, сега веќе не сум таква па сега дури и му недостигало тоа време кога цело време сум ѕвонела и пишувала! Остави го малку на мира, поретко јавувај се! Да видиш како ќе те бара после...
Да, да се согласувам со вас, но јас не му ѕвонам нонстоп, два три пати на ден да кажеме, и тоа ли му е многу, а сеа ќе види ќе моли за јавување, фала многу
луѓееее хелппп ве молам не знам што да правам се скаравме со децко ми му имам казано ако не ми верувас зс си со мене и ми викаа бравоо акоо ти сметам извини мозес да бидес слободна и се исклуци од мсн и си го исклуци телефонот не знам сто да правам ама многу го сакаммммм
По сево ова заклучив дека имаш љубоморен дечко кој не ти верува,така?Значи убаво си му рекла ако не ти верува зошто е со тебе,ако мисли дека во секој момент ќе заминеш со друг значи нема убаво мислење за тебе т.е нема доверба во тебе.Нема зошто да се лути што си му рекла така.Можам да замислам колку го сакаш и колку му се правдаш ама ќе ти дадам совет да не го бараш.Се исклучил од мсн и го исклучил телефонот и сега изиграва фраер пошто сака да го молиш.Биди сигурна дека на крај тој сам ќе ти се јави ама ти биди таа што нема да крева.Или крени му и прашај го зошто толку лесно се откажува од тебе и не ти верува.Кажи му дека го сакаш многу и криво ти е што не ти верува и така се однесува со тебе. Те молам веќе немој да го бараш,остави тој да те побара.Поздрав.
Ако има иста тема со мојава слободно преместете ја. Имам еден проблем и би сакала да ми кажете и ваши мислења. Одам со дечко ми две и пол години и многу се расправаме. Еднаш сакав да го изневерам со симпатијата ама не го сторив тоа, кога дозна дечко ми мислеше дека сум го изневерила и тој сакаше да ми врати и јас го фатив уште пред тој да ме изневери ( всушност ни двајцата се немаме сеуште изневерено )... Сега повторно сакам да бидам со симпатијата многу ми се допаѓа.... Ај кажете ми што да правам... Дали е тоа во ред???? Фала ви однапред....
Значи прво и основно, НЕ за изневерувањето. Ако мислиш за подолгорочен избор, да го оставиш сегашниот дечко и да се фатиш со симпатијата, тогаш уште еднаш не. Како прво, дали си сигурна дека симпатијата ти ги возвраќа чувствата, дека ќе сака да биде со тебе? Како второ, допаѓање и љубов се две различни нешта. Ако го сакаш дечко ти, а си збунета само поради кавгите со него, тоа не значи дека решение е нов тип. Кој ти гарантира дека со него нема да се карате? Никој не е совршен, не постои ни совршена врска. Во секој случај, доколку го сакаш дечко ти, не го оставај, туку пробај проблемите да ги решавате заедно. Тоа што имаш симпатија е минлива ствар, мислам дека набрзо доколку ги решите проблемите со дечкото, ќе заборавиш дека воопшто постоел.