Здраво, јас пак имам проблем. Вчера бевме со дечкоми,отидов прво несакаше да ме бакне,а се немаме видено една недела . Изгледа поради тоа што се каравме дента потоа едвај ме бакна повеќе ми изгледаше како да не испадне глупо и ме бакна. Седевме кај него, јадевме чипс и невнимателно си ги исчукав раците од солта и ме удари полека по главата и ме се раздра што фрлаш тоа не гледаш дека чистев цел ден,ајде помина тоа сакав малце да го опуштам му го земав алатот во раце бидејќи се чуствував дека морам . Помина и тоа сврши после рипнав преку креветот нагазнав на него и рипнав на земјата и ете пак викање што ми распостилаш тоа сакам се да ми е чисто, а јас ништо не распослав се си беше на место. Седнав после на пц се изнербирав и намерно го треснав маусот леле ко се налути ме фати за рака и ме фрли на креветот јас се завртев на другата страна неможев да издржам и заплачав. Ми вика плачи од главата ти е . Го истрпев и тоа чекав да ме прегрне ама ништо од тоа. Почнав да го нервирам па ми се силеше ми вика ќе те удрев до сега да беше машко не ме провоцирај и јас почнав онака нежно да го закачкам со перницата и почнав пак таму да го фаќам и пак се опушти за на крајот да ми вика да легнеме и да се опуштиме да си збориме колку се сакаме поточно колку јас го сакам него . На крајот пред да си појдам дома му реков сега кај другар ќе одиш така. Ми вика да ја викам епа ти ме откачи сега мене види се со другарот ( си зема пари со него незнам зошто би му требале кога дома кај другарот ќе се,а предтоа му побарав 50 ден за такси и едвај ми ги даде ми вика за диско нема да ми стигнат . И после тоа што му реков дека ме откачи ми рече па ја со тебе се видов сега можам и со нив ја викам ти мене како обврска само ме сметаш ми вика како обврска поточно како навика,навика ми е со тебе да се видувам....На крај несакаше ни да ме бакне. Си отидов дома и му се јавив ми вика ајде не си троши пари кајј ***** сум кога ќе сум дома ќе ти се јавам. Во мене е проблемот ве молам објаснете ми има време кога он се понаша многу убаво и кога јас се понашам убаво се е океј ама јаа трпам за да сме добро и двајцата. Ве молам не ме советувајте да му раскинам бидејќи сакам да се обидам да успееме.
Хаха, ги гледам и двете ама ова вчера ми се случи и уште неможам да се смирам. Мислам дека ова баш и не е за смешка ако имаш совет кажи ми а не вака
што да ти кажам кога е очигледно дека треба да го оставиш ако ова е вистина и ако сеуште сакаш да си со него извини ми вака ама лудичка си малце ...
@SnowQueen17 Зачисти му ја собата следен пат мислам дека ќе се смирите и внимавај на солот, те молам. Сериозно, иако пиша дека не сакаш да раскинете не знам зошто трпиш и се понижуваш самата. Ако продолжиш, сама ќе си нашетиш.
добро што ви е на вас девојки ве искористуваат а вие ке трпите оваа врска ако не ја раскинеш ти како и да за неколку дена тој ке ја раскине ама ема да ме чуди да заврсиш во болница од тоа што ке те малтретира раскиниму колку и да го сакаш тој тебе не те сака.
Сакаш совет или сакаш да го слушнеш тоа што ти годи? Проблемот е во двајцата. Тој што не те почитува, ти што го дозволуваш тоа. Без навреда ама какво решение е, да го смируваш со тоа што сексуално ќе го задоволиш??!?!?! Во таква ситуација како твојата тоа е последното нешто на што треба да мислиш во тој момент. Искрено мене би ми било страв да бидам, во твоја кожа во твој момент... како што го опиша по се што направил, ми изгледа како едвај да чека да те истепа. А ти? Место да покажиш дека имаш достоинство и да не дозволиш така да се однесува со тебе, ти велиш.. елеле што уште да направам, во мене е проблемот. Па добро, во тебе е - превземи нешто. Јави му се и кажи му дека не си личност што може да го поднесуа тоа, ако те сака нека почне да те третира така, ако не тогаш дека ќе прекинете. Ќе видиш како ќе се однесува. Можеби кога ќе биде во ситуација да те изгуби ќе промисли два пати пред да направи нешто и покрај тоа што мое мислење е Батали го. Штом уште сега вака се однесува, и во иднина ќе продолжи.
Нај добар совет е да му раскинеш, но прво разговарај и уз муабет прашај го кои навики кај тебе го нервираат, а после ти кажи му што тебе те нервира. Како што рече сама сакаш да се обидеш да успеете , а тој воопшто не се обидува , јас како што знам за да успее потребно е и двајцата да се обидете а не се на твој грб во случајов. Тој си го тера меракот и те врти како сака , зошто му дозвоуваш?Пробај ти биди малку дрска смени понашање и постави и ти правила на игра. ПОвеќе од очигледно е дека ти го трпиш за секој негов испад а тој тебе за најмала ситница ти се однесува лошо. Запрашај се сама дали вреди да трпиш и сама да се бориш за оваа врска не си ги заборавај своите вредности.
Ми велите промени се ама што е она што треба да правам после 1 ипол година врска се понашав како сакав и на почетокот на врската а сега може ми враќа...Како да му забранам како да се знаат моите вредности он ме научил како личност што лесно заборава и брзо се прелутува сега ме замени и со другарите на прво место му сее .
Имам проблеми со дечко ми пред некој ден видов на фб дека ја прифатил повторно таа што му беше мувачка и не можев повеќе да молчам му пререков за неа и тој ми се налути,не сака да ми крени на телефон,не ми враќа на фб не знам повеќе што да направам помош
може би тој се налутил поради тоа што нема ништо се неа те молам раскажи што рече тој кога ти му прекори за нејзе.. раскажи подетално
@nadja29 , бивша мувачица е, не е која било во прашање. Со полно право си му забележила. А тоа што сега не ти се јавува, само ја прави работата посомнителна. Не го барај. И да нема ништо со неа, за никаде ми е реакцијата на типов, ко самиот факт што сте во врска да не е доволна причина за да биде обврзан да ти објасни. Кукавица, најверојатно нема храброст да ти признае па сега се крие зад тебе користејќи обратна психологија. Уживај во неговото отсуство, ти напраил услуга.
не предавај сесеуште има надеж но сепак ти почни да го отсакуваш а ако се се врати во нормала повторно ке го засакаш не е тоа некој проблем
Па и јас со мојот проблем. Имам еден бивш што уште го сакам, повеќе од сегашниот. Со него некако беше поинаку. Е сега се мислам како да се простам со него, како да му пристапам пак. Сега нема девојка и тој и мислам дека сеуште ме сака. И јас го сакам најмногу. И со овој сегашниот незнам што да правам, многу е добар, ама ете не е тоа тоа.
Никако неможам да те разберам. Сега си со еден, а велиш дека сакаш друг т.е твојот бивш. Па зошто воопшто си со него ? Штом е сегашниот добар потруди се да го засакаш или само остави го, а после што сакаш прави со бившиот.
прво пред се раски ниму на сегашниов тој не е должен да страда а потоа разговарај со бившиот кажи му како се чувствјваш и види што ке ти одговори напиши како поминало
Здраво девојки. Долго време ве следам и ги читам вашите размислувања па затоа решив да се зачленам и да пишам за да го слушнам вашето мислење. Прво сакам да кажам дека сум многу затворена личност и не се отварам речиси пред никого и затоа ако ништо друго би сакала да се искажам овде. Не би сакала да бидам многу долга но можеби би морала затоа што сакам убаво да ја сфатите ситуацијата во која се наоѓам. Се гледав со едно момче околу 4-5 месеци, а се знаеме долго време. Навистина ми беше убаво и го засакав, а и тој мене. Но проблемот е што морав да прекинам секаков однос и контакт со него од причина што моите никогаш нема да ја прифатат мојата врска со него. Е сега, да беше причината некоја многу сериозна би ги разбрала но причината е што тој го напушти неговиот факултет и планира да работи нешто а јас би сакала да студирам. Мене не ми пречи тоа но на моите родители да, затоа што тие сметаат дека со таква личност не би имале исти желби и размислувања ниту пак ке ме разберел и подржал. Јас не го делам нивното мислење затоа што многу подобро го знам и знам како размислува а тоа што одлучил да не студира е негово право. Сум разговарала многу пати со нив но не ме разбираат, можеби еден ден ќе излезе дека биле во право но мислам дека немаат право да ме тераат да се откажам без да се обидам, затоа што навистина ми е прекрасно со него.
Оффффф бе. Како прво имате разлика 7 години. Не е до општеството туку тоа е многу на твои години. Да си имала 23 а тој 30 некако ќе можело нешто да излезе од тоа. Верувај никој не ти мисли лошо, и такви врски се обично за да се искористи нешто. Тој на 21 година што мислиш дека сака од врска - секс. Ти на 14 години како што знам и што сум видела од твоите мислења (извини ако грешам), не верувам дека сакаш тоа да го направиш сега. Знам од многу вакви случаи што се случува.. Иако не викам дека е невозможно, поминале 3 месеци, вие се мувате а тој не сака ни врска. Тоа те сакам и јас ти го кажал ради реда, и чим на љубовна порака не изреагирал не знам што очекуваш од него. Тој ако те сакал ќе се израдувал и ќе ти врател нешто убаво. Знам дека ти е тешко и дека си замачкуваш очи мислејќи дека тој те сака и да сака да е со тебе, ама тоа го прави за да не го откачиш. Ако ти каже не сакам врска, ништо добро нема да постигне. Затоа ти вика чекај, одма ли сакаш. Три месеци не е мал период, а ти си се затрескала многу. И да го оставиш овој, заљубеноста ќе ти помине. Размислувај дека на 14 год не ти треба тебе сериозна врска, ќе си се запишеш средно, ќе запознаеш нови деца, ќе сакаш да бидеш со други. Едноставно не се концентрирај на еден. Не ти викам да бидеш „курва“ и да се муваш со кој ќе стигнеш, ама едноставно не си го троши овој период на некој кој не те ни цени, ни сака, ниту пак сака да биде со тебе. Замисли си ја иднината, едноставно и како ќе ти биде да си со него во сериозна врска. Дали неговите другари знаат за тебе? Мислиш дека само со тебе излегува? Сигурно тие имаат женски на нивна возраст, си планираат иднина, брак и сл, споделуваат искуства, поинакви од тие што тој може да ги има со тебе. За него ти си дете. Верувај, срце ми се кине кога ти пишувам вака, знам како е да си заљубен, и како се размислува во таква состојба. Тешко е да кажеш не на некој кој го сакаш, уште потешко да се тргнеш од него. Ама ќе мораш да си мислиш на сопствениот интегритет, достоинство, среќа, иднина.. Знам дека сега нема да бидеш среќна, ама кога ќе ти помине тоа ќе бидеш благодарна што си го оставила. Ако сакаш почекај уште еден месец, и види што ќе се случи. Ако сакаш можеш да ми пишеш во пораки, ако не ти се пишува тука. Мајка ти знае ли за ова? Како ќе изреагира ако дознае? Најверојатно негативно, и знам дека мислиш дека е до општеството ама не е така, таа само ти мисли добро, и не сака да си повредена.