Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Она што ги загрижува твоите родители, не е тоа момче. Загрижени се како тој може да влијае на тебе. Барем јас така гледам на тоа. Секој родител е исплашен за своето дете и се грижи да извлече најмногу што може од животот. Тоа што се постари и многу поискусни, за нив е доволно за да помислат дека го знаат резултатот од таа врска. Можеби и се во право. Но, ти си секако во право што бараш разбирање од нивна страна. Проблемот е начинот на кој ги искажувате тие барања и очекувања еден од друг. Сигурна сум дека и родители и ти самата посакувате едно исто - ти да бидеш среќна и да не направиш грешка во некоја важна одлука. Заатоа мој совет е, кога ќе зборуваш со нив, стави акцент на тебе, на твоите планови и замисли за иднината. Покажи им дека размислуваш здраворазумски, дека момчето е само момче, некој кој моментално те прави среќна, а твојата иднина, факултетот и сите други планови нема да ги занемариш поради него. Сепак, ниту едно момче не е доволно вредно за да си ја упропастиш можноста да бидиш тоа што си посакувала. Мислам дека ако твоите родители се сигурни во воа, ќе можат да направат некој компромис со тебе.
    Имај на ум, љубовта може да не натера да направеме работи кои обично не би ги направиле и кога ќе помине таа еуфорија подоцна да се каеме. Затоа, грижата од страна на твоите родители и не е така безначајна.
     
    На Miss.M5 и Marossa им се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Negovoto skolo netreba da bide nikakva precka.
    Mozebi vo momentov familijata se naoga vo nekoja finansiska kriza i toj saka da pomogne. Toj sto saka da studira moze vonredno, postojat i x drugi nacini. Nemora da znaci deka mora sega odma da bide studen. sekogas ima vreme za da se zavrsi fakultet.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    ако ти веруваш во него ако го знаеш како личнос тогаш борисе за вашата врска бидејки сите грешиме па и твојте родители ако барем малку се сомневаш откажисе од него.Сепак треба да си ги сватиш родителите тие се само загрижени.А и разговарај со момчето нља оваа тема види што ке ти каже а потоа одлучи за се
     
    На SnowQueen17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Многу ме нервираат луѓето, т.е родителите кои по секоја цена сакаат дечкото на нивната ќерка или потенцијален зет, да биде високо образована личност!
    Не е се до таа диплома, има нешто и до паметот што го носи.

    @Ambitious, 4,5 месеци може е премал период за развивање на вистински чувства, но не е мал период за да ги знаеш неговите преференции и амбиции во иднина.
    А за тоа најверојатно имате разговарано, па знаеш како тој се гледа себе си во иднина.
    Ако моментално го напуштил факултетот, не значи дека нема да го продолжи во иднина.

    Знаеш како велат, додека сме под кров на родителите и сме зависни од нив, ќе играме како што ќе ни свираат.:D
    И најверојатно ќе ги послушаш..:D
     
  5. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.110
    Допаѓања:
    11.641
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за одговорите. :) Јас секако разговарав со нив и им кажав се убаво. Дека ми е убаво со него и дека барем сега мислам дека би била среќна со него. А и тој не бара од мене да не продолжам со школување или нешто слично сепак моите мислаат дека ако сум со него нема потреба и јас да студирам и дека не би имала убав живот па дури би ме натерале да бирам помеѓу него и нив. Исто така им реков и дека не мора толку да се секираат сега за мојот живот со него затоа што оваа е само ВРСКА а не БРАК и ако јас самата видам дека животот со него не ми е убав не би продолжила со него, но сепак не разбираат или не сакаат да разберат. А како што кажа sadgirl21 додека зависам од нив најверојатно би морала да ги послушам..:)
     
  6. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    @Ambitious a што сакаат они? Некој со многу пари и некој што е доволно богат и тато ке го запише на факултет и откако ќе земе диплома работи кај тато во фирма? Некој што никогаш нема да заработи свои пари туку секогаш ќе живее од грбот на неговите??

    Супер што работи, напротив треба да го ценат тоа што тој се труди а не седи со скрстени раце. И треба да се гордеат со тебе што не ти е битно човек каков е и што е. Погледнале ли твоите кои се не завршува факултет? Епа да виделе ке знаат дека таа диплома не е веќе престиж како некогаш.

    Јас сметам дека тие што работат и се снаоѓаат а знаат што сакаат секогаш стигнувале до тоа. Додека пак други со факултет па чекаат од небо да им падне работа или некој на врата да им тропне да ги викне да работат а пак постојано кукаат и сите им се криви што седат дома со диплома во раце.

    Генерализации и осудувања на сите страни, има милион примери. Ако некој е способен и снаодлив за да успее ќе го направи тоа со факултет или без него, а дипломата нема никаква врска со интелектуалното ниво. Ако некој е прост без рационално однесување џабе му се и 10 години факултет.
     
    На Vertigo TJ и SnowQueen17 им се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.110
    Допаѓања:
    11.641
    Пол:
    Женски

    Тие сметаат дека би требало да заврши факултет бидејќи денес да бидеш само со средно било како некогаш со осмо, а и би можел да има подобра работа. Додека тој ми има кажано додека зборувавме околу оваа тема "што ако завршам факултет, дали веднаш ке ме вработат?". Им имам кажано и дека не треба да ги судат луѓето само по тоа но џабе е се изгледа.
     
  8. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно да се зборува вака. Имаш твое дете и сеедно ќе ти биде со каков човек ќе заврши? И ова не го мислам за некои си површни работи. Точно е тоа дека факултетот не мора да значи успех, но со оглед на тоа во која земја живееме, доколку немаш цврста финансиска основа за да почниш нешто, + без факултет, искрено нема да стигниш подалеку од тоа да бидиш работник. И секако, има исклучоци и му симнувам капа. Но кажи ми коолку се тие? 1-5% најмногу.... Јас сум за тоа дека треба да се учи поради желбата за знаење но да бидеме реални, дипломата е клуч за многу работи денес.
    И јас размислувам вака - да работам можам секогаш. Можам да се запишам вонредно и пак да работам. Ако сите завршуваат факултет, зошто да не го земам тоа парче хартија што утре можеби ќе ми отвори врата. а?
    Не зборуваме овде за личноста или карактерот на то момче. Тој може да е најмилото, најфиното, најдобро, најзгодното.. ма незнам таму што.
    Зборуваме за тоа колку се реални шансите да успееш без таа е*ана диплома. Зошто како што кажавте денес сите ја имаат.
    И не ги подржувам нејзините родители што и забраниле да го гледа, сепак тоа е нејзин избор и само нејзин, ама да не се правиме мали деца. Родители се и треба да погледнеме и од таа страна малку. Не е само нејзината. Не мислам дека сакат некој богат или ваков или наков, факултетот е повеќе како синоним за тоа колкав ти е мотивот за постигнување, амбициите. Затоа се загрижени. Мора да ги погледнеме и двете страни.
    Интересно е како си толку револтирана од размислувањето на нејзините родители (што го осудиле), па веднаш почна ти нив да ги судиш.
     
    На Daleron и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Само во нашево посрано државиче не те сметаат за човек ако немаш факултет. Жалосно :(
    Треба да сакаш детето твое да е среќно, а не да се фалиш по комшивките каков дечко фатила ќерка ти. Во ред е да ти кажеле свое мислење, ама да ти забрануваат и да те тераат да бираш, мислам нема потреба.
    Па да, ако заврши ќерка им со богаташ со магистерски, па да ја изневерува на секој чекор, или да ја тепа, да ја омаловажува, тоа е ОК... факс има. А ако некој ја сака и ја почитува, не е човек оти нема факултет. Ех, што остана од човековите вредности. Да не си гледан како човек, туку како пара или диплома. Па ќе си се вработи човекот, ќе си заработува. Има доста убави и почитувани професии со средно. Братучед ми си работи во супер маркет, на пример, нема факултет, и шо сега??? Не е човек? Па фала Богу, снаа ми размислувала поинаку, па ене ги си живеат и дечиња си гледаат. И тој си работи, и таа работи, па живи и здрави се. Имам и уште милион такви примери, каде што со средно се амбициозни и успеваат, а некои што завршиле факултет дремат дома и уште од тато чекаат пари. Мм што ако има факултет, кога е вработен со стручната диплома од средно, и заработува скоро 500 евра месечно. А со факултетската само можеше за 12 000 работа да најди.
    Можеби и немаше да ви успее врската, можеби и ќе ви успееше, ама не смееле ултиматум да ти поставуваат и да ти бранат.
     
    На Candid и Daydream им се допаѓа ова.
  10. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Незнам дали е за овде прашањето ама поврзано е со оваа тема. Не излегувам со дечко ми, имам само една дригарка ви пишував тој не ми обрнува внимание цел ден е со другарите од како ќе си дојди од школо оди некаде со нив до вечер до 12,1,2,3 . Имам бифши другарки бевме друштво си разидовме јас останав со една другарка сега и тие другите ми се ама неможан да има кажувам тајни затоа што знам дека нема да ги чуваат. Летото таа оди кај баба и бо друг град јас немам со кога да излегувам се јас прва морам да прашам да излезиме со некоја не баш така верна другарка другите одат на диско мене не ми даваат...имав и една од клас се и кажував ама почна да ме издава и сега си се друштво 4 девојчиња и мене ме викаа да сум со нив ама како 13то прасе сум. Со дечкоми воопшто не ми обрнува внимание, бифшиот секаде ме водеше и ме запознаваше со многу девојчиња меѓутоа сега и тие кај да ме сретнат бе ме познаваат. Кога му речам на него ќе излегувам се лути ме испрашува а тој по цел ден е не покажувам лутина пред него и мисли не се лутам а јас пукам одвантре. Во мене е проблемот и во двата случаи и со дечкоми и со другарките? Кога ги гледам сите си одат на кафе овде онде а јас дома скапувам ми доаѓаат солзи на очи :worried:;(
     
  11. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Мислам дека некаде те посоветуваа да го оставиш овој дечко кој што ти се дере за се и сешто, така би било најдобро.
    Кога тој ќе те остави ќе бидеш сосема сама штом си дозволила да те изолира од сите.
     
  12. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Нене, тој не ме изолира да ги оставам другарките туку тие на некој начин се "дигнаа" а ако раскинам со него што ќе ми остане?
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Така де ти се изолираш поради него, а тој поради тебе не.
    Баш му е гајле да ти кажам според тоа што го пишуваш во постовите. Ама мислам дека си му само за онаа работа и онака никаде не те носи со него, ако добро разбрав. Што бараш и понатаму со тој човек не ми е јасно.
    Едит: Кога би била слободна и да не си само од него преокупирана ќе си најдеш другарки.
     
    На Nausicaa и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.876
    Пол:
    Женски
    Прво ќе ги прокоментирам другарките. Оваа другарката која ја имаш, велиш дека највистина ти е добра и можиш да и веруваш, се надевам кога иди кај баба ѝ не се задржува многу време? Како и да е, пробај да е дружиш со девојчиња од клас и ако има некои девојчиња во сосетството. „немам со кога да излегувам се јас прва морам да прашам да излезиме со некоја не баш така верна другарка другите одат на диско мене не ми даваат“, твоите не ти даваат да идиш во диско или тие не сакаат ти да одиш со нив? Ако твоите не ти дозволуваат, секогаш можиш да излезиш и да се дружиш со нив през дента, и можиш да излезиш со нив пред да одат во диско зошто сигурно не одат од 9-12, туку од 10.30-11 до кај 1-2. Првично за да можиш да запознаваш луѓе, немој секому секогаш да се доверуваш. Држи се на дистанца дури не видиш кој вреди да му кажуваш а кој не. Затоа немој да речиш „имав една другарка од клас ама ме издаде“, туку дружи се со сите во клас, како што викам јас - професионално. Од нив некоја, можеби и која најмалце очекуваш ќе испадни да е таа која вреди да го има името другарка.

    Ајде сега малце да прокоментирам за дечкоти. Сфаќам дека сака да си излегува и со другарите и се тоа, ама тоа не значи дека тој треба тебе целосно да те запостави према ова ти што го напиша. Мене не ми мириса на добро. Не гледај на тоа дека бившиот те носеше секаде и секогаш, не секој обрнува многу внимание и треба да бидиме задоволени со средна големина на внимание, но ова што ти го претстави не покажува никакво внимание. „Кога му речам на него ќе излегувам се лути ме испрашува а тој по цел ден е не покажувам лутина пред него и мисли не се лутам а јас пукам одвантре.“ ако ти мислиш дека меѓу вас не оди и дека ти само криеш лутина - тоа не е решение. Разговарајте. Верувај ми, ако не разговарате за тоа што ве мачи само скокате во црна дупка. И нема право да се лути ако ти сакаш да излезиш некаде. Никој нема право да ти го зема правото на слобода.

    Накратко, послушај ме за другарките и почни да се дружиш колку- толку со тие во клас и од другите класови. Почни така, поарно нешто него ништо. Потоа ако знаеш една покрај неа ќе запознаеш друга и слично.
    Во поглед на дечкото, накратко, разговарајте за тоа како тебе ти смета како тој те запоставува и ти смета кога се лути кога ти излегуваш.

    Тие апсолутно немаат право да одлучуваат за тебе. Како родители, нормално е дека се грижат за иднината на своето дете, ама тоа што тој нема факултет не значи дека тој е бескорисен и дека ти немаш никаква иднина со него. Напротив, тој можи да најди работа, да заработи, да трга настрана, да постигни многу во животот. Не се во животот е диполомата која ќе ја добиеме заслужено или не заслужено на факултет и ако ме прашаш мене, ако навистина се сакате, ти студирај, тој нека си работи, нема врска, и не слушај ги родителите и сигурно мама некаде со пушка ме нишани додека го зборувам ова, но пред се ти имаш право на избор. Да, родителите имаат право да се грижат, но и ти имаш право на твој избор.
     
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека на твоето момче не му значиш ништо затоа не се грижи дали си осамена.А да бев на твое место немаше да излегувам со другарки кои е ме сакаат и да се осекам како тринаесето прасе подобро ке седев дома.Не грижисе кога ке се ослободиш од лошитеработо во животот во овој случај дечкоти и 'другарките' сигурно ке се сретнеш со мн подобри.Во животот не е важно само да имаш дечко и другарки за излегување има мн поважни работи како на пр. некој кој ке те сака и цени а и училиштето.
     
  16. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Девојчињата од клас се повеќете од далечните села и таа само што се дружев со неа и таа седи овде само додека е на училиште си оди за викенд ретко кога останува а кога останува само за диско останува. Најверната другарка ми е од соседството, инаку моите не ми даваат на диско има една друга момичка т.е. бивша другарка ме вика секој викенд ама секогаш ја одбивам заради моите, другаркитр како што кажав одат само на диско неможам да им се напикувам( испаѓа како да ги молам па уште и да ме одбијат таа другарката од клас со нејзиното друштво и тие се од мојот клас ама највеќе со неа се дружев). Еднаш излегов со едни другарки на моја другарка и тие дека ме сретнат само ми се насмејат не се ни поздравуваат неможам веќе вака. А за дечкото збориме 2 дена е добар после пак по истото.
     
  17. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    За другарки ќе си најдеш има време за се, сега си во период на созревање. такви работи што ги прават другарките твои се нормални за тој период од вашето растење, но има и такви случаеви после 18+ год.

    За дечко ти, искрено, незнам зошто се замараш со таков тип, сеуште. може ти треба време малце сама да бидеш и да се посветиш на побитни работи, отколку да се замараш со еден типац, што незнае што сака, и каде тера во животот. Ти си му само една секс играчка и тоа е, не му гајле за тебе дека немаш со кого да искочиш, он изгледа знае дека дома седиш, ништо не прави, а он си тера со другари/ки. А се лути кога сакаш да искочиш, некако ко да му одговара оваа твоја ситуација, да седиш дома и само да те секса.
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.799
    Допаѓања:
    169.876
    Пол:
    Женски
    Сепак обидувај се да се запознаваш со нови девојки и нови, барем уште една ќе се погоди со која ќе можиш да излегуваш без да идиш во диско каде што твоите не те пуштаат. Сепак можеш и да зборуваш со твоите барем еден ден неделно да те пуштаат со ветување дека ќе се вратиш без конзумиран алкохол и во време кое тие ќе ти речат, за да стекнеш нивна доверба и после да ти дозволуваат повеќе.
    А со дечкото, ако и зборување не помогни, не знам зошто сеуште се обидуваш. Очигледно е дека ќор сокак. Не вреди да останиш, и како што видов еден коментар погоре, додека си со него тешко дека ќе најдеш некоја другарка зошто како што напиша ти, се лути кога излегуваш и слично.
     
  19. SnowQueen17

    SnowQueen17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2014
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Сакам на некој начин да се обидам да го зафркнам од една страна е многу добар ме почитува ама тоа колку да ми замачка очи еден ден добар три дена лош. За диско нема шанси да ги убедам моиве бидејќи еднаш таткоми го прашав да ме пушти пола саат покасно ми се развика ми вика биди среќна и за толку.
     
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    а што има да го зафркнуваш само раскиниму и готово.И онака таквите како него не заслужуват да бидат во врска со некоја девојка.Ако сакаш некој ке го сакаш секој ден а не преку ден.