Вчера бевме кај него сакаше да имаме односи ја некев и ми вика да не испадне дека те падам ама јас ќе одам со другарите нема што да правам овде Инаку муабетот ми беше за другаркава.
Боже сачувај, ајде остави го, биди едно време сама, пошто вака само ќе се оништиш. Не ти викам да не фатиш, ама ти треба малце простор тебе.
Може не сум многу постара од тебе , но едноставно ме тера да коментирам.Премногу си мала да се замараш со вакви работи, поточно некој да те замара.Немој да дозволиш едно детиште да те уценува.Пред тебе се години и години.Иако немам искуство во врска со сексот , но доволно сум едуцирана за да ти кажам дека тоа не се случува кога некој те тера, туку кога ќе се чувствуваш сигурна дека тој чекор треба да го направиш.Млада си. Се во свое време.Во ред е да имаш дечко но НЕ таков како што е тој.Размисли добрo.Ти посакувам се најдобро
Многу се нервирам кога некој ќе рече не се замарај, батали... Добро бе луге, како можете да барате од некого да не се замара..Чувства се тоа, не се играчки или нешто друго - Чувства а со нив нема играчка- КРАЈ. Мислите девојчето сака да се замара и и е убаво вака? Не и е сеедно, криво и е и тоа е тоа. Бидете во нејзина кожа ке видиме дали нема да се замарате.
Ми се гледа тука дека нема никакво разбирање меѓу тебе и него. Он се ми иде дека сака да ти го стави и да те шутне, Некој немаат секс и со месеци од врската, некој имаат секс после неколку недели. Очигледно типов само во секс му е паметот и нема никаков разбирање кон тебе. Ако сака да се прави паметен, нека се прави, но можеш и ти да бидеш попаметна од него, и да му речеш чао.
Не знaм дaли мислењевo е нaменетo зa мoјoт прoблем, aмa вo прaвo се пoвеќетo зoштo никoј не зaслужувa дa биде игрaчкa нa некoј, без рaзликa нa тoa кoлку јa сaкaш тaa личннoст. Вчерa дoјде пред врaтa дa ми се извини, нa ниту еден збoр не пoверувaв и нa секoе те сaкaм се смеев. Нoзете ми се сечеa дoдекa гo гледaв и сaкaв дa гo бaцaм и дa зaбoрaвaм се aмa не пoпуштив и гo oстaвив. Еднaш стaвив крaј и не плaнирaм дa пoчнувaм oд пoчетoк. Фaлa ви мнoгу уште еднaш нa сите, зa пoддршкaтa и зa тoa штo ми ги пoтврдивте сoмнежите <3
Без разлика, никој не заслужува да се замараме за некого но сепак колку и да не сакаш сепак не ти е сеедно нели? И не секогаш клин со клин се избива. Некогаш таа одлука да најдеш друг само за да го заборавиш е очајна до не знам каде.
Феминки би сакала да ве прашам за мислење бидејќи самата не можам да се одлучам. Со дечко ми сум во врска 5 години и притоа веќе една година имаме нон-стоп некои проблеми и кавги. Пред некое време дојде до разговор тој да оди да работи на страна,некаде во друга држава,но сега се почесто муабетот оди кон тоа и тој остава на мене да одлучам дали да иде. Јас сум во тешка ситуација од една страна е стравот дека ќе завршиме ако отиде бидејќи е и превише од очигледно дека врската ни е во огромна криза,што во неколку наврати стигнавме и до работ на раскинување среќа беше што се видовме и го решивме тоа т.е. сите овие години само во живо сме успеале да ги решиме проблемите и кавгите,а од друга страна па и неќам да го спречувам во тоа што го сака.... Однапред ви благодарам на вашето искрено мислење
@taznatajbg 5 години не е мал период за да раскинете бидејќи има многу проблеми и кавги последно време, зборете најискрено и запрашајте се што е причината за вашите кавги и дали е толку многу сериозно, што може да поправите, да промените? Инаку за неговото одење да работи во странство јас на твое место би го оставила да оди и да проба, бидејќи ако го спречиш може да се кае и да те обвинува тебе, ти не си му дозволила.. А и мислам дека ќе биде еден плус за вас, малку ќе бидете секој сам со своите мисли, ќе се одалечите малку, ќе размислите убаво, не мора воопшто да значи дека ќе раскинете, можете одлично да функционирате ако имате доверба еден во друг.
Нормално е да се има кавги, барем така мислам. Зошто вие сте биле 5г. заедно. Некои работи се гледаат на почеток дали тераат или не. Да не беше одењето странство, можеби би оделе работите? И мислам дека сепак, не треба ти да одлучиш дали тој да оди во друга држава или не за да работи, зошто вие сте пар и можеби треба без нерви да седните на маса и да разгледате позитивни и негативни страни од постапките. Со среќа
Јас немам искуство, но сум го сретнала тоа кај некои долги врски, едноставно да се презаситите еден од друг и да се карате постојано. Мислам дека треба да си дадете малку одмор и да одморите еден од друг и прво да си расчистите самите со себе. Штом сте заедно 5 год. што не е малку време значи ве поврзува љубов. Што се однесува за работата во странство, тоа би требало да е исклучиво негова одлука, бидејќи ако ти одлучиш место него а исходот испадне лош може да во неговите очи ти да си виновна што си го натерала на нешто. Тоа си е негово, тој нека си одлучи. Обидете се неколку дена да не се видувате и да не контактирате, да видите дали ќе си ендостигате, дали ќе се јави потреба за другиот. Во секој случај, ако постои љубов не се откажувајте. Среќно!
Здраво Вака започна мојата приказна..се за познав со колешка на факс така спонтано се почна со погледи и еден ден се погоди да седнам до незе и малце муабет направивне и ме адна на фб..и се муабет праевне ко да се познаваме 100 г и мн работи заеднички и сето тоа во неколку дена .. но таа не сакаше да излези со мене..ме одбиваше но ми призна дека ми допаѓа и јас неа...но кога требаше да се видиме на факс тотално ме изигнорира зборувајќи со друго момче,ладно се поздрави со мене..јас избиршав од пријатели..ми прати порака,не било така вака онака и ми призна пак дека сакала нешо со мене но во никој Случај не Сакала да брза,полека што било нека било..потоа ме викна на кафе со друштво и убаво поминавне се подруживне..и кога си одевне таа ми праќаше знаци за да ја гушнам бакнам,но јас не избрзав и останавне така другарски,потоа ми призна дека излегувала со еден од друштвото,за да не сум дознаел од други и изгубел довербата..се по 2 дена ми закачи песна на ѕид од кај незе од одма со другаркае љубовна..и јас и вратив позитивно се разбира со коментар.. а потоа преку фб ми призна дека се заљубува во мене и дека полесно ќе и било овде ако сум и признал дека ја сакам,и јас тоа го направив бидејќи не сакав да ја повредам а и имав чуства кон незе.. и потоа на чат триста нежности ..Следната ден конечно излезе се видовне ме бакна одненадеж одсечно и требало да оди кај другаркае..и заминанве заедно држејќи се за рака гушкајќи се итн..поминавне пред мојата куќа да земам и јас нешто и заминавне таму,цел ден со незе ми помина таму кај другарка е и после се разделивне кога си одеше.Потоа од следната ден се промени кога се вративне дома од факс избриша се..јас прашав што е не сне се познавале,карактерите,тоа беше најдолг разг преку моб воопшто..и од одтогаш само на факс се гледавне и на моб не сакаше да се гледа со мене и не ме гледаше во очи мавне некоја ситна нежност,но ми велеше дека ме сака и не сака да ме изгуби,и да не ја прашувам повеќе ништо.Потоа како да и станав неподнослив,не зборуваше воопшто,цело време беше намуртена во мое присуство..Додека еден ден решив да појдам каде што живее да ја изненадам ја барав на моб,ми крена и требало да излегува ми се развика одсечно како да не и затвори.потоа и звонев не крена..па таа звонеше јас не.и главното на крај се искаравне на фб Пак,каде ми рече дека сум предобар со неа и имала друг во мислите,јас сум такви квалитети,тој такви и не знаела што да прави,и реков дека идиот и да и се случи ова што мене ми го прави,..јас ја испратив кај него..и ме праша дали другари ќе останеме,јас не одгворив ништо..потоа ми звонеше не кренав..на факс ништо не ми зборна ни јас незе..после една недела и пишав,и таа ми кажа дека сум ја навредил многу и не сум јас заслужувал и дека само колеги ништо вазла не можиме да бидиме,и дека мн сум ја разочарал..потоа направив уште ден обид да зборував со незе во живо,таа ме одбегна и не сакаше да зборува.Потоа и се јавив на другаркае да ја прашам веќе преку глава ми дојде и ми вика дека ноќта плачела кога сне се скарале,зошто така сум и рекол,не признавала дека ме сака,па после не можела да ме гледа со обични очи (дека ме сака) што знам.. ми пиша на фб да не се повоторело тоа повеќе со зборувањето во живо..јас јас блокирав и од тогаш не зборнавне. Следно кога си одев од нова година ја начекав незе со нов дечко како се држат за рака и незе главата и беше свртена настрана бочно од мене.. А кога почна 2 семестар таа со намерен поглед ме пречека на факс..и уште неколку пати потоа..и сега маки Долга приказна,прво се надевам дека некој ќе научи нешто од незе,а друг ќе пртолкува нешто,малце е долга но тоа е тоа во скратени црти. Би бил благодарен кој би дал коментар на оваа тажна приказна.
Пишете ми доколку сеуште важи понудата. Колку што сфатив кога се запознавте тие таа веќе се гледала со друг и после тоа дојде со тебе и откако дојде со тебе почна да биди ладна со тебе? И како што гледам, приказната зема простор ПРЕД нова година. Во ред, гледај, можеби сеуште ја сакаш, ја гледаш секој ден зошто идите на ист факултет, ама си викам, можеби ако требало вака да биде, треба да поминиш преку неа зошто таа сега како што кажа има дечко. Има некои девојки, исто како и момци, кои имаат малце проблеми со искажување чувства и се многу послободни со некои кој не го сакаат наспроти некои кој го сакаат, ама не знам. Ако не е тоа тогаш таа не ти не сакала и сакала да ти даде до знаење дека неќи повеќе да е со тебе (ова како изгледа од лично искуство знаам само смени полот ...). Во тој случај или тој од Нова Година веќе го имала на ум, или едноставно му здосади или не беше тоа што таа сака. Значи приказнава може да е со две значења. Ако сакаш пиши ми порака подетаљно ќе зборуваме за оваа твоја приказна. Како и да е, сега таа има дечко и се што тебе ти преостанува и да продолжиш напред без неа. Некогаш подобар е животот без одредени луѓе
Девојки збунета сум! Се обидувам да незборам толку со него 2 дена не му враќав на вибер цело време ми пишуваше но неможев да издржам па му вратив.. ми рече дека имало некоја блискост помегу нас, и кога отиде да спие ми рече дека ме сака неможам да поверувам што се случува .. што е ова навистина хаос ....Незнам што да правам зашто вака се однесува, очигледно е дека незнае што сака , да продолжам да се однесувам нормално или да бидам дрска? Секогаш ме познава кога се однесувам дрско, и одма мивика не почнувај да ме нервирааш.. и се обидува да биде смирен и не се расправа, одма ми се извинува иако можеби не е крив понекогаш и јас избувнувам но неможам да поднесам зошто навистина ми значи, но не очекувам ништо, а он така одеднаш коа ке ти рече те сакам -.- не е малку чудно,и за таа блискост постојано што ми збори ццц..помогнете ми!
Мој совет , не се опуштај толку лесно да му веруваш , па како може да те сака кога нема ништо меѓу вас? колку што сватив не сте во врска никаква нели ? изјасни се убаво , плус може да сака само да те потпадне под негово влијание ,не разбирам како некој може да те сака ако само си зборувал на вибер, или тој сака да ти пере мозок или е личност со слаб карактер кој незнае што сака и како да пристапи, во секој случај ако мислиш дека треба да се случи нешто меѓу вас, дај му шанса да се докаже , само не верувај слепо и немој и ти од почеток одма те сакам дрн дрн , ако некој дознае дека го сакаш ќе те врти околу малиот прст , остави ги малку спонтани работите и добро размисли да не излезеш на крај повредена.